Чаир и Куманово зема замав Дебар се намалува епидемијата, скоро и да нема новозаразени а излекувани има.
кога би направиле 14 дневен карантин како во Дебар. Да се затвори цел град ќе има многу голем бевефит
Друштво, потенцијално добра вест. Клиничка студија покажува дека лекот за кожни болести - ивермектин во лабораториски услови покажал резултати при сузбивање на covid-19 за неверојатни 48 часа до 99,8%, додека за 72 часа во потполност го уништува вирусот. Сеуште е прерано да се даде прогноза околу тоа во кои количини би се давал на пациентите бидејќи е во експериментална фаза. Но, се смета за релативно ,,безбеден". Стискам палци за успех! https://www.sciencedirect.com/science/article/pii/S0166354220302011
https://www.vrabotuvanje.com.mk/Ves...lovot-stariot-odmor-da-se-iskoristi-do-31-maj Убаво објаснето, да нема забуни.
Имам едно прашање. Нели пикот на коронава се очекува крајот на април?? Па како сега крајот на април полека ќе се враќ се во нормала?? За наеднаш да се расшири вирусов и побрзо да помине? Кина 3 месеци немаше раат кај нас за месец ли ќе помине?
Дечки некој да не работи на бензинска или да знае дали маркетите што се во склоп на бензинските ќе работат викендов?
Пред мај нема шанси враќање во нормала. Од велигден ќе видиме може и построго да е, па после ќе одлучат што и како... Неофицијално, многу луѓе зборат дека ќе затворат се... Но останува да видиме, многу работи се кажаа.
Коронава се однесувала како волк во јагнешка кожа. Во тоа шилците имала шеќери со кои ја мамела човечката клетка да ја пушти внатре. Ова било корисно сознание за научниците кои бараат вакцина, и ооп - на крај пишува дека ова истражување било поддржано од Здружението на Бил и Мелинда Гејтс. Значи како систематски и педантно си го спремаат теренот... https://www.independent.co.uk/news/...-southampton-sugar-coating-wolf-a9455616.html
јас па некаде заслушав по телевизииве као и угостителските објекти ќе се отворат ама ќе работат со ограничување. Како и да е тој начин воопшто нема да е поволен за вирусов да не се шири. Исто по порталиве читав дека декември и јануари имало многу случаи во државава каде поставената дијагноза била пнеумонија и исто проследена со висока температура. Сега се сомневаат дека всушност тоа може да било корона. Кој ги знае. Веќе човек да не знае во што да верува
Не знаев во која тема да го сместам ова ама сепак е инфо па за тука се решив. Маж ми имаше итна потреба од медицинска помош, некое воспаление на жолчка или камења на бубрегот кои тргнале да излегуваат, вчера го зедоа со брза помош и го однесоа во 8ми Септември. Не се сомневаат дека има вирус, нема температура и никакви други симптоми ама сепак не сметаат за потенцијални и затоа таму го примија. Веднаш дојде брза помош и го зеде ама имало некој дедо таму што не го примиле и умрел на место, ќерката изреволтирана се карала со сите, (нормално) ама и рекле доколку нема симптоми не примаме други пациенти тука ама одма ги упатиле каде, штета касно било. Инаку сите биле со заштита скроз целосна и општо не владеел хаос во болницата, се течело во ред. Благодарна сум и што реагираа толку бргу, тој беше со страшни болки. Среќа во несреќа тука бевме, оти ако бевме дома до утре немаше ни да го снимаат и кој знае што ќе се случеше. Да знаете дека не примаат таму пациенти, ако е нешто итно не се упатувајте таму воопшто само ќе губите време.
Во принцип 100 денари ама мислам дека зависи од која населба си. А тинекс зависи од цената, ако е повисока сметката, тогаш е бесплатна доставата.
Не знам во која тема да прашам ако некој знае нека го пренасочи коментаров. Вонреднава состојба завршуват на 18ти а децата не продолжуваат на школо. И што со законот да седи еден родител дома со деца до 10 години?