Ме чудиш. Го едитирав претходниот пост. Кога ги исплатија во Мај ли, за отпуштените прашувам ? Од тооолку луѓе, еве немам зошто да лажам, никој нема земено ништо, а аплициравме сите. Ти викам и по интернет само поплаки гледам, не видов никој да напиша дека како отпуштен земал надомест.
За април зеде на 7 ми мај. Еве некни исплатиле за мај. Кај нас се ажурни од АВРМ. Решение ти стигна ли?
Значи можно е нашето аврм да затајува. Немам уште решение добиено, ама не се ни надевам. Еве го Јуни е а за април е надоместокот. Ќе одам утре. Инаку, не ме чуди ништо од овие овде од центарот. Утнале професија дефинитивно. Знам за група женички од конфекција што отишле да поднесат барање, им рекле немаме обрасци, потполнете рачно, и у моментот штом заминале, службеничката згужвала се и фрлила у канта. Од жив гре.
Барањето електронски се поднесува. Дефинитивно е до вашето АВРМ. Нему решението во април му стигна и на 7 ми мај му исплатија. Имате право и без Уредбата. Оддамна е ова мерка.
Јас потполнував образец, барање за остварување надомест во вонредна состојба. Ќе летат пердуви утре значи. Фала ти Јуле.
Мене меркава ми е смешна пишуваше надомест само за отпуштени од 18.03 до 18.04 одприлика еден месец така нешто. Ако добиеш отказ после овој датум како да не е од короната туку од кеиф. Има луѓе допрва им завршуваат договорите и сега ги отпуштаат. Глупости.
Како ја отворив темава, како нарачана за мене. Дојде ред и јас да се изјаснам. Штотуку известија моја блиска личност од семејството дека следен месец ќе отпуштат од работа. Од јули натака ќе бидеме на една скромна плата четири члена, со која едвај дали сметки ќе платиме. Бел ковчег е сешто сакам, бар последната работа да не е црна во овој проклет живот.
Јас денес поднесов барање во Агенција за вработување бидејќи останав без работа поради вирусот, рекоа дека ме следува 2 месеци 50% од последната плата. Сега кога ќе ги исплатат ќе видеме.
Здраво. Навистина не знам каде да си ја олеснам душата не знам ниту ова што ќе го кажам дали е за оваа тема ако не е слободно ставете во друга тема. Јас и сопругот работиме во иста фирма во која последнава недела се појавија четворица позитивни на корона од кои едниот беше со сопругот цело работно време. Тој испаничи што е нормално имаме деца а тука е и неговата мајка која спаѓа во ризична група. Со консултација на матичната докторка си закажевме термини за проверка на корона вирусот да видиме дали има некој позитивен од нас. Кога го дозна тоа нашиот газда изреагира бурно како демек сме немале симптоми џабе ќе идеме на тестирање на што доби одговор дека одиме заради наше добро и доброто на тие дома. Сепак отидовме ги направивме тестовите на враќање дома доби повик од нашиот газда да седиме дома дури не добиеме резултати уште и агресивен дека ќе не избрка од работа бидејќи многу сме користеле боледување а тоа се однесува на мене бидејќи имам мало дете кое нема ни две години и пред три недели се оперираше. Значи многу сум изреволтирана зарем е можно да постојат такви газди искрено не го очекувавме тоа од него да се заканува со откази бидејќи ќе одиме да се тестираме кога и самиот тој се тестирал повеќе од десет пати Значи не знам што да кажам просто сум замена како може да постојат такви луѓе.
Значи вака астматичар сум и со влошена состојба, моментално сум на боледување дадено од специјалист од првостепена и второстепена комисија ме одбија а работам на место каде што не е возможно да држам дистанца колеги си се шетаат без маски и немам друг избор освен да дадам отказ дали нешто ќе ми следува?