Нема потреба од ова, матура генерално се полага во сабота и после 10ти јуни, сите средни и основни училишта се слободни, спортски сали, се може да се искористи. Клупи секако има, бидејќи и во стандардни услови мора еден матурант на клупа на растојание.
Ако школото нема доволно капацитет по неколку ученици да стави во училница тогаш не знам која ви било друга опција. А училишната нема да биде во исти термини со државната. Да може и така, зависи сега владата како ќе одлучи.
Ти лани со изгубени два месеци не сакаше да полагаш матура, каде 90% од материјалот ви беше поминат, а овогодишните матуранти само лежат дома и не учат? Премногу лесно менуваш ставови, или ако не се работи за тебе, пу, пу, не се важи. Како што можеа лани за два три месеци онлајн учење да не полагаат, така можат матурантите од оваа година да не полагаат оти имаат "изгубено" повеќе од една година.
А на што основа ти е прашањево кога имам завршено средно и знам што сум учела? Може да искулирате малце
Лани твојот став беше "моето здравје е побитно од една матура, има 100 заболени, бла, бла, бла". Сега здравјето на матурантите не е битно?
Лани ти одговорив дека и студентите се битни, а ти ми реплицираше со "ама не мора да полагаме матура".
Нема шанси тоа, шо беше учење иначе? Прости и неписмени генерации ни доаѓаат. Ама како само се изборија за да им изостават два предмети, капа им симнувам. Ќе се свестат кога ќе почнат да студираат, со испит од 500 стр ќе ја бараат матурата со фенерче. Нека се порадват сега, уште се деца.
2 се тоа технички, екстерните се потешки, 2 интерни се ништо, тестови од вашиот професор од школо, ништо страшно, ќе ве насочат, ќе ви дададт комбинации на прашања и топ ќе поминете.
Имаше време, имаше можност, ама желба да се спроведе немаше. Полесно беше да не се одржи, а во меѓувреме и политички поени си добија, демек еве ние ги слушаме матурантиве. Во јуни месец, кога требаше да се полага матура, течеа испити со физичко присуство.
Бре какви времиња дојдоа. Одиш да полагаш матура и наместо "среќно" или "со среќа" ти викаат, "ќе си препишете ајде". Кога ќе ми текне јас кога полагав матура како си ја трескав главата од учење. Едно полугодие семинарска/проектна праевме, друго полугодие учевме. Па дополнителни часови за консултации, па ово па оно. Сега сè е отидено у пичку матер. Со извинение на изразот, ама бегајте си деца од тука. Нема потенцијал за никакво подобрување во оваа држава.
Тоа го кажав знаејќи ја заинтересираноста и вложеноста на самиот образовен систем(политичарите) бидејќи тоа тие требаа да го направат и осмислат. За разлика од факултетите каде што секој за себе си одлучува и секој факултет различно работи и постапува.