Јас мислам дека треба да полагаат, дури и ништо дека не треба да им се скрати, мислам и онака се малтене неписмени. Јас пред некое време на фејсбук споделив една објава каде што девојка објаснува зашто не треба да полагаат матура оваа година. И ги имав посочено сите печатни грешки што ги има направено додека објаснувала зашто не треба да полагаат матура, а дотичната се дрзна да ме напаѓа дека ако не сум го имала нејзиниот став не требало воопшто да и реплицирам и тука јас се повлеков, не дека немав што да кажам, туку видов дека нема ефект. Искрено, не верувам дека државната матура ќе ги описмени нешто многу бидејќи се препишува, се препишуваше кога полагав и јас, се препишува и секоја година, и сите имаа по два телефони и професорката ги решаваше прашањата.. Намерно згрешени дел од нив секако, за да не извадат сите петки, и тука се направи разликата. Тие што учеле, ги препознаа грешките и одма се корегираа, а другите што како овци препишуваа извадија најмногу тројки. Сите положија, ама немаа сите петки, дури и мислам имаше 2-3 петки во цела генерација од 350 ученици.
Ама најжално е што професорите гледаат и не реагираат. Мислам училница со 10-15 ученици се гледа кој трепка а не сите со телефони во раце. Мене ми е криво за добрите ученици кои читале и се трУдат на крај ќе бидат згазени од овие снајдувачите, им ги земаат местата на факултет им ги земаат работните места бидејќи снајдувачите имаат кој да ги смести. Баш точно, одете ќе си препишите
И тогаш се со став "кажувајте како најлесно да се препише". Жал ми е кога ќе се сетам дека за 10 години овие исти деца ќе бидат доктори, инжинери, професори.. Инаку матура и пред ковидов се полагаше со по еден ученик на клупа, клупите оддалечени една од друга колку што се има простор, ако ученикот пред тебе седи лево, ти ќе седиш десно итн. Барем во моето школо беше така. Така да, организацијата и следењето на ковид протоколите не се воопшто проблем.
Ни тој Бленди од Средношколскиот Сојуз не збори литературно, ако е Албанец мора да знае убаво да зборува ако планира на македонски телевизии да оди.