Ако мене ме прашуваш подобро не. Воопшто не е наивна состојбата и самиот вирус. Расте многу брзо бројот на заболени ако ме прашаат мене требаше до сега летот од милано и тревизо да се затворени веќе. И после се ширел е ќе се шири како што се рашири овде пошо ниеден лет не беше и не е затворен. Не ни треба да не чуди зошто се шири толку брзо од земја во земја.
Пробав да ставам линк од фб ама не бива Не знам како да го прикачам за да не се апдејтирам нон стоп со пишување
Не ни можат да стигнат до кај што сакаат како и да е, за до таму како што го разбрав маж ми требаше низ двата градови што се затворени да поминат. Нема да одат 100% Е сега друга паника за работата имаме, ама здравје пред се.. Ни роба нема да може да стига од таму најверојатно... Ама се надевам нема да стане до толку
Ние треба на крајот на Март во Рим да одиме на продолжен викенд. Има ли информации дали има заболени во Рим? Барав, ама ништо не најдов на интернет.
Јас се надевам дека ќе се стиши. Еве мерки се превземаат луѓето реагираат. Останува да се стрпиме малку. Пр Сега за сега ситуацијата е лоша, ама лоша, денес еве официјално над 200 заболени значи за рок од 24 часа бројките се дуплираат. Во Рим за сега нема, но како што тргна работава доста вероватно ќе биде да се рашири. Јас сега за сега на твое место не би ишла ни под разно, ќе видиме дај боже се ова да се стиши наместо да се шири уште повеќе. Но како ден за ден се зголемува бројката богами страшно е. Апдејт. Еве и кај нас прв случај на корона вирус, се сумња дека е пациентот ѕеро а како ќе откријат дека е пациент ѕеро не знам битно се пријавил во болница во лоша состојба а бил токму во тој бар и со тир луѓе што веќе починаа. Се чекаат резултатите од тестот. Официјално над 200 заболени и 4 мртви. Починатите се лица над 70 год.
Фала за информациите витамина, и јас викам да почекам. Откажување нема, ќе чекам до крај па како ќе биде ситуацијата ќе одлучиме дали ќе одиме. Направивме само осигурување во случај ние да сме болни. Ама и да пропаднат картите и хотелот големо чудо. Инаку проблемот што се рашири толку е што претходно се мислело дека е сезонски грип и не се сфаќало како сериозна ситуацијата. Се надевам ќе се стави под контрола во сите држави овој опасен вирус.
Пациент зиро се смета само оној за кој се верува дека од него започнал вирусот без претходно да има заболено друг човек, така да пациент зиро е некој кинез. Ако нашиве така го нарекле пациентот е срамота како доктори така да се изразуваат. Ме интересира кај виде тоа дека е заболен од Корона? Имаше негде на вести или?
Прво превенција, па после се' друго. Јас сум исплашена малку, признавам, ама па стравот ништо добро не носи. Претпазливост да, паника и страв никако. Гледам да си го чувам имунитетот, да јадам квалитетна храна, хигиена на највисоко ниво, и лична хигиена и хигиената во домот. Џабе се', ако не се мијат раце редовно (да не речам, често). Подобро почесто ќе ги мијам, нека им изгледам на другите како фрик, ама уште се запрепастувам кога ќе видам дека некој си излегува од тоалет без да измие раце. Не Корона, црна чума ќе дојде така... И нормално, спиење, опуштање, смеење, љубов. И тоа е добро за имунитетот. Баш за смеењето читав во последно време. Пуштете си некоја комедија и опуштете се, јас мислам дека ќе се стиши и ова. Повеќе е кревање паника отколку вистинска опасност. Ама ај да видиме.
Пациент ѕеро го кажувам оти тука така го нарекуваат цело време дека не е најден и тоа најмногу отежнува. Имаше сомнежи за кинези ама сите тие се негативни на над 10 испитувања што и правеле нон стоп. Се верува дека е овој павиентот бидејки бил во близина кај милано неодамна на некој состанок знаејки дека областа кај милано ломбардија е најзаразена и таму се 80 посто од жртвите односно инфектирани. Потоа пренел на човекот што почина незнајки самиот дека е заразен бидејки седел се дружел и движел баш во таа област дека настана епидемијата во венето односно кај падова, знаејки дека вирусот не е наивен се верува дека го носел ама не знаел и немал веднаш симптоми бидејки за разлика од 78 човек што има дијагнози овој е 60 и бил здрав. Баш сега за ова читав и преведувам како што е пишано и на крај се останува да се видат резултатите за 2 3 часа и да ги потврдат или поништат претпоставките. Иначе човеков е од нашата зона. Нон стоп читам се информирам поготово за нашава зона венето и пишувам тука. Вестите не се ми од мк портали .
Не мора иначе да значи дека е кинез. Бидејки во областа емилиа ромања сам италјанец се врати пред 2 3 недели од вухан заболен од вирусов.
Да де ама вирусот не е од пред 2-3 недели туку од декември 2019. А пациент зиро е првиот човек од кој почнало заразувањето, т.е. првиот заболен или да речеме првиот човек во светот што се пријавил во болница со симптоми на тој вирус, а колку што знам се збореше дека првиот бил кинез кој работел на тоа пазарот. Каде слушна за тоа дека и кај нас имало некој со симптоми на ковид 19? Едит: Сега видов оние пациент 0 го нарекуваат тој што го донел вирусот кај нив во Италија. Нз зошто така го викаат, уствари они го бараат првиот кој дошол во Италија заболен. А пациент 0 до сега и во сите книги и документарци е како што кажав погоре.
Епа јас ти го зборам тоа за кое што ти си се едитирала. За пациентот ѕеро за кај нас во венето дека не е пронајден а ти друго си сфатила. Зборувам за тукашниот пациент ѕеро за во венето дека сеуште не е пронајден.
Сега кажаа 150 патници од Италија дошле во Македонија авионски. Никакви проверки немало на аеродромот...
Наречете ме ширач на дезинформации,јас не верувам во нашата спремност за вирусов...Страшна работа....господ да не чува..
Абе секој ден идат, вчера ојдоа од венето од тревизо у среда има лет пак. Романија ги ставала у карантин мк абер нема како и секогаш за се
Е па Господ нека ни е на помош Јас не знам какви несовесни луѓе се овие што во ек на вируси, постојано патуваат од држава во држава, и после нека си го добива некој ни крив-ни должен оти на господата им се шетало бе Едно здравство спремно што имаме ние, едвај на крај со морбили излеговме, а не сега со Коронава, која си коси и коси наоколу... Не сакам да ширам паника, ама лично самата јас сум многу исплашена, познавајќи си го имунитетот кој едвај ми се справува и со мала настинка...не сакам ни да помислам што би било..... Не е се само до миењето раце, 100 пати на ден се мијам и раце и храната добро ја обработувам, ама што ми вреди тоа кога некој друг несовесен слободно може да ме зарази Кај нас нели во Кичево двајца Кинези се чуваат во некоја куќа, се фалеа на вестите дека биле негативни, ај тие се може под ред ставени, ама што правиме со напливов на туристи и нашинци кои постојано прават иди ми-доџи ми, а знаејќи какви се нашите контроли на аеродромот....тешко ТЕШКО нас!!!!