Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.470
    Допаѓања:
    120.121
    Пол:
    Женски
    Им скратија.
    Во 2018та или 2017та не се сеќавам точно.
     
    Последна измена: 19 април 2020
    На Cka, Nigredo Odor и 1209 им се допаѓа ова.
  2. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.240
    @lovestoneddd, искрено, ти ги читам постовите и само кимам со главата.
    Ми се допаѓа што ги нарекуваш работите со вистинско име, без заобиколување и ,,sugar-coating''.

    Кога слушав дека во Куманово бараат 14 дневен карантин... бараат е клучниот збор, мислам дека ми се стемни. Но, не верувам дека ќе ви го приредат тоа лудило, од повеќе причини. Иако ништо чудно да им текне, веќе се' може да се очекува од овие ликови што не' водат.

    Јас сум за итно укинување на мерки, колку побрзо толку подобро.

    Жално е што луѓево следат се' и веруваат дека е за нивно добро.
    Толку ли беше безвредна слободата?
     
    На Lolipop23, lovestoneddd, Ivan4e04 и 9 други им се допаѓа ова.
  3. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.899
    На моите не им скратија, немам чуено и за други. Јас имам увид на сметката на татко ми, не гледам ништо слично.
    Пензиите нема да се даваат во еден ден, туку се стимулира да се подигаат со картичка, за тие што сакаат на шалтер, се прави поделба баш за да не бидат во еден ден.
     
    На JuLleE и fana им се допаѓа ова.
  4. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
  5. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.044
    Допаѓања:
    37.420
    Пол:
    Женски
    Јас ја сфатив поделбава дека еден ден е за една група, втор за друга, трет за трета. Корист од ова кај гледаш? Еве и да не е само еден ден, знаеш како пензионерите ќе ја сфатат? Ако мене не ми е јасна одлукава, нив мислиш ќе им биде? Ќе мислат еден ден имаат за подигање. Знаеш што ќе биде?
    Гледај :envy:
     
  6. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.815
    Пол:
    Женски
    Nema ukinuvanje kratenje na penzii, ne sirete dezinformacii.
    Tocno stigaat,i penzii i socijalno i porodilno i 3 dete i neznam se ne kakvi formi postojat...
    Nisto od toa ne e skrateno.
    Edinstveno vo prasanje se prodolzuvanje na merkite za kratenje na funkcionerite,drugite ne.
     
    На Tatijana1993 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.930
    Допаѓања:
    143.048
    Повеќе луѓе ќе се заразат од акањево на сите по селата, отколку од лажичето, се рашета народ. Сите што ќе чекаа со саати за Грција сега се по селата.
     
    На Igle, Anie93, christinnn и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Harley Quinn

    Harley Quinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2020
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    392
    Пол:
    Женски
    Е добро де што ако се собрале по селата? Ти ако не си отишла нигде не мора да значи и другите дека не смеат. Може отишле фамилија, исто им се фаќа дали ке седат дома затворено или у село. Па таму може само поголем имунитет да стекнат, а не да се заразат. Се морало со омраза и презир.
     
    На Среќичка и Angie1432 им се допаѓа ова.
  9. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.287
    Пол:
    Женски

    Не е само несовесност, треба на тој што му земаат брис одма да доделат решение за изолација, ако чека 7 дена за резултати, на работа како да се оправда? Пример кај нас и да те видат со скршена нога дури не донесеш папир не се важи.:D
     
    На Tatijana1993 и Cka им се допаѓа ова.
  10. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    20.227
    Пол:
    Женски
    Не е лоша препораката да иде еден во маркет. Не знам кој пиша претходно, повеќето држави се со исти препораки.

    Лоши се другите мерки, па и контрапродуктивни, ама веројатно нормални за народ со слаб капацитет (ментален) кој се експонира како слободен граѓанин, а од друга страна тежнее кон ограничување на основните права и слободи и бара да му бидат контролирани од други. Ограничи се самиот побогу! Што ти треба друг да ти кажува што да правиш!

    А можеби и не е толку народот проблем, колку што е државната машинерија, двојните аршини и недостиг на правото, та итаме кон бујна фантазија и science fiction филмови, небаре сме на филмско платно. #СтопКорона! Рестриктивни модификации за масовна контрола/следење на населението.

    Не велам да затвориме очи пред реалноста, туку само да ја согледаме вистинската страна. Сонце и воздух се потребни, за здрав нормален живот и нормално функционирање на организмот на индивидуата.

    Не гледам потреба од масовна изолација, ами само почитување препораки/живот со вирусот со поинакви навики од досегашните, барем додека се пронајде соодветно решение што се вика вакцина.

    До таа (не така) далечна иднина, банирање масовни собири, забрана за групирање повеќе од двајца, со исклучок на семејството (оти која е логиката да живеат заедно, а да не смеат заедно да шетаат). Надвор, кој кога сака и колку сака, со соодветна заштита (маска) во затворени простории и социјална дистанца од другите.

    Македонче од Република Тимјаник да си ја насочи енергијата на правото место, не на барање за уште построга контрола, како војска и полиција по улиците, 14 дена карантин. Полицијата тука, би била единствено во функција да растура групирање и да пишува опомени/казни.

    И веќе аман ми е мене од тоа мајкички шетаа со децата, пензионери се бутаа по банки и маркети. Сигурно не очекувате дека за толку кратко време нема да има гужва или пак дека деца во стаклено дома ќе се чуваат и воздух нема да вдишуваат. Не е тоа доволно, па зашто и кучињата биле надвор, па и децата имале потреба. Земете си куче и ќе видите зашто!

    Има несвесен народ што не почитува, не велам не, ама кој процент е тоа? Мал и него го има во секоја една држава, иако мене побројни ми се чинат овие што бараат полиции, војски, карантин. Доволно е останатите да почитуваат и следат препораки, за да продолжи колку толку нормалниот живот. Веројатно посекако ќе се случи колективен имунитет, ама полека, освен ако претходно не изумреме од други болести кои во меѓу време изгледа исчезнаа.

    Сонце, воздух, природа, живот! За оние кои го бараат спротивното, ќе продолжам да се убедувам себе дека тролаат.
     
    На green.eyes, M.B., monibejbi и 15 други им се допаѓа ова.
  11. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.584
    Пол:
    Женски
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.505
    Допаѓања:
    260.715
    Нешто што оддамна се препорача и замисли совесни луѓе во Македонија тоа и го прават уште кога започна кризата.
    На пример јас одам само на пазар, кај братучед ми само тој, и неколку фамилии кои ги знам, одат по еден член.
    Се води евиденција за самоизолација од прв ден, полиција ги проверува неколку пати во денот. Знаете оти прекршуваат? Знаеш колку казни се изречени?

    Не бранам никого, ама мерки има, мерки се воведоа, ама ретко кој почитува.
    Се остави на совесност, ама овој народ сака да го репресираат.
    Кога воведоа построги ограничување, пак не чини.
    Еве и вас ве читам, сега не чинеле меркире лабави биле, ќе заостраат, аа пак не чини.
    Дали се читате некогаш колку самите сте контрадикторни?

    Инаку овој број на заболени, овој тренд е поради мерките. И покрај целото прекршување и непочитување.
    Ама со овој народ, со ова дисциплина, со луѓе кои веруваат во заговори и дека корона не постои, бројките се и повеќе од одлични.

    Изгледа заборавате каде живеете и со каков народ.

    И мене ми е тешко дома затворена, јас бев најгласна против Вонредна, полициски час, мислењата ми стојат, ама кога видов дека народ се понаша лабаво, кога дома не можеш да го прибереш, сменив мислење, иако трпам и јас.
     
    На oblace1, *Amethyst*, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.864
    Пол:
    Женски
    Ако до некна велев едно, сега мислам друго. Оти човек му пука филм од се и мења мислење.
    Стварно ми е пукнат филмот од 2 месеци седење дома. Ама буквално дома.
    Имаме излезено, брои на прсти од една рака колку, плус у двор само.

    Садо мазо си играат со нас. Ја не знам дали има народот 3 чисти да се крене више у бунт.
    Мајка му, не сме стока бре. ( ова чисто онака го кажав)
    Еве читам америка протестира, бразил и грманија. Ние седеме дома со 600 евра милост што не ги дадоја само зборат, и чекаме милост.
    Зборувам за луѓе што не работат. (Пола италија)
    Изгледа не им се работи.
    До тоа ќе е.

    Овој нашиот премиер вика до 3 мај ништо нема да мрда точка.
    Демек нашиот гувернер се бунеше ама ништо работа нема сила он да не пушти.

    И сеа како што иде работава изгледа од 3 мај ќе можеме да излеземе околу улица !!
    Пази само околу улица.
    По тоа што збори Конте.
    Сконтав дека кој знае што ќе биде со нас.

    А јас веќе немам сила дома да седам и да се чуствувам мизерно.
    Ми пукна филмот.
    Не здрав живот, начин на живот.
    Ај јас ами детето?

    Што и е бе?!

    И тие починатите зарем навистина се толку? Почнав и јас да сумњам.
    Еве на пример у бергамо кажуваат најлошо било, гледав интервјуа видеа плачат.. навистина имало многу смрт.

    За други места еве не знам, се потсмирува. Бекои региони бројат по 3 случаи некои ич.

    Не знам веќе што да мислам.

    Конте не сакал пакет МЕС туку сакал ЕУРОБОНД и не се откажувал за тоа ли не држи затворени?
    Може стварно се у право Германците што излегоа во весник дека Италјанската мафија сакала да земе од Еу? Мхм.

    Не знам кои политики се тераат. Ама ова е невозможно веќе, ние страдаме, навистина страдаме.

    Преку глава ми е веќе.

    Веќе не ни читам ништо скоро.

    Дај ако е така нека ги разоткријат да помине теророт врз низ нит криви нит должи нека не спасат :(
     
    На green.eyes, duffi, orevokrsacka и 9 други им се допаѓа ова.
  14. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.899
    Ќе им биде јасно бидејќи и минатиот месец исто беше, само што тогаш банките пратија известувања, сега владата. Татко ми уште за таа пензија доби порака дека во секое време може со картичка да ја подигне, а од кој ден на шалтер (беше подоцна некој ден). Не е еден ден само и не се сите пензионери неуки.
     
  15. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.044
    Допаѓања:
    37.420
    Пол:
    Женски
    Препораките кои сега ги даваат требаше на почетокот да бидат дадени. На почетокот требаше да се контролира кој почитува самоизолација, кој не. Не се контролираше, да не се лажеме. Не, се додека не се донесе закон со кој почна да се казнува непочитувањето. Се оставаше на свеста на луѓето и се пополнуваа прашалници на граница :^) Заборавивте ли како беше |( А можеше со мерките, кои на почетокот беа одлични, да се затворат граници порано, да се контролира кој влегува и да носат во карантин... Ова сегашново сценарио немаше да го имаме ;)

    И од што им беше јасно, минатиот месец имавме митинг пред банките :)
     
    Последна измена: 19 април 2020
    На H.VAGA и 1209 им се допаѓа ова.
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.930
    Допаѓања:
    143.048
    Ама одат кај нивните родители, ако се они заразени и нив ќе ги заразат. Одат по вили со други фамилии. Одат по бензиски, одатпо локални дуќани, место да седнат дома.
    Не е проблем за тие што имаат САМИ куќа у село толку колку оние што се акнаа, баба да го видела внучето. Епа повели гратис со јајцето и корона.
     
    На referentka, BlackNight, oblace1 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.675
    Јас не знам кој ги прекршува правилата? Навистина немам такви пријатели, па ни комшии, колеги. Сите се по дома.
    Комшииве седат по дворови фамилијарно. Се довикуваат , музика трешти, преку огради си прават живели.
    Моите се во викендица сами, одкако започна ова лудило. Ни јас, ни сестра ми не отидовме.
    Ќе издржиме луѓе.
    Само да останеме здрави, се друго ќе се заборави.
     
    На crimson, Jana06, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  18. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    Ова карантинот ги поремети сите, ама ја слушам другарка ми која верува на се и сешто па слушнала некаде дека границите ќе се отвориле догодина во март. |(
    Добро, до кога ќе се јаде се што ќе се сервира?


    Мене веќе ми е преку глава да слушам и да читам за коронава.
     
    На Jana06, vitamina и candy.cane им се допаѓа ова.
  19. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.815
    Пол:
    Женски
    На jacqueline.s му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.795
    Допаѓања:
    41.891
    Пол:
    Машки
    Денешен биланс: 37 ново заболени, 15 оздравени и 2 починати.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.