Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.661
    Допаѓања:
    192.397
    Ако се тестира повеќе ќе излезат две работи:
    - повеќе инфицирани ќе се изолираат и ќе се минимизира ширењето
    - ќе се намали процентуалноста на инфицираните, веројатно. Кај мене тој процент падна под 5% ама секој ден се тестира повеќе и повеќе
    Ќе сфатите дека не се шири преку асвалт, воздух, кваки... За ширење е потребен близок контакт и подолготрајна изложеност на вирусот, мислам негде дефинираа 15 минути близок контакт, значи не може од супермаркет, разминување и слични сценариа. Имавме случај со позатечен колега, се инфициран од жена му, никој од колегите со кои бил во близок контакт не беше позитивен. Ама, не се бакнуваме ние со колеги, не јадеме и пиеме заедно. Лажичето од причесната е сеуште под сомнеж, ќе видиме резултати набрзо.
     
    На green.eyes, WildMk, cresa-jagoda и 16 други им се допаѓа ова.
  2. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.802
    Пол:
    Женски
    Разбирам да се пријави проблем ама жалење секој ден дека не можеле повеќе вака? Се крева тензија. И зашто мора да имаме мерки за да ги почитуваме? Нели може сами да бидеме свесни? И после се збори за Германија како било. Уста не смееме да отвориме за Германија, а не да се споредуваме. Пошо сме стока од народ затоа ќе си седиме дома.
     
    На cresa-jagoda, ..barbie.., darcy и 4 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    Едно е шо сме стока, втор проблем е што државата нема капацитети.
    Еден мора да биде одговорен.

    Не ги читај ако ти е тешко.:hug:
    Остај ги нека си ја кажат маката.
     
    На Happyinlove, candy.cane и vitamina им се допаѓа ова.
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.501
    Допаѓања:
    260.684
    Следиш дневен биланс колку луѓе ја прекршиле самоизолацијата и се казнети?
    ЈО кај нас работи со полна пареа.
    Покрај тоа има и многу прекршоци за време на полициски час.
    Во комшии имав во самоизолација, проверуваат.
    Ама кажи неразбран народ, како да го стават во ред? Ете и казните немаат ефект.

    Вие среќа не познавате некој што не крши препораки. Еве јас знам, да ви дадам мој фб и Инста па да видете дека 90 % се собрани неколку фамилии, на викендици.

    Не може од држава каде што системот едвај дише, да функционира се' како подмачкано. Имајте на ум дека е и техничка Влада.
    Имајте на ум дека луѓето се' уште се делат на Вмро и Сдсм, па одат дотаму што и болните ги вака делат.

    Затоа, јас сум среќна што и волку се бројките. Оти знам каде живеам и со каков народ.
     
    На cresa-jagoda, friendy, Angie1432 и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.802
    Пол:
    Женски
    Доаѓам тука еднаш на 3 дена да прочитам до кај сме зашто ми се смачи само Венко да го слушам истите муабети секој ден. Се чудам како ретко на кој му текнува да донесе некоја позитива во темава (и тие малку што ги имаше такви ги избркаа). Секоја информација е пренесена со сомневање, со некоја теорија, се е драматично, сите ќе умреме, масоните прават пари, 5Г, Заев, авиони, емигранти итн итн. Фуууу
    Сакам да кажам можеме 'нормално' да функционираме. Си стануваш сабајле, доручек дома, си правиш кафенце од дома и идеш на прошетка сам или со уште некој од домашните. Идеш у маркет, си пазаруваш, си спремаш дома ручек, си средуваш, па книга, серија, игрици и сл. Не е идеално ама ок е.
    Дај да оставиме стручните лица да си ја вршат нивната работа, ние само треба да уживаме. Кај и да е, ќе се вратиме на стариот начин на живот работа-дома, па ќе ни фали овој одмор.
    Секако не реков дека не треба мислење да се изнесе на форум ама дај да не си отежнуваме со песимизам.

    Не ми е тешко да ги читам, ваљда тежок ден имам:D
     
    На Larichka8, mybabymio, Amelia и 10 други им се допаѓа ова.
  6. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.290
    Допаѓања:
    57.253
    Пол:
    Женски
    Не е дека им посакувам армии и полиции. Само сакам препораките и правилата да важат за сите. Инаку се' е џабе. Не може некој да биде над закон. Сега следат и Ифтари, никако не ќе ги задржат муслиманите дома кога еве имаат пример и оправдување. И во таа пригода се дели храна, се собираат многу луѓе и тоа ќе биде секој ден.

    Барем изјави за самоизолација нека потпишат, и нека се контролира дека седат дома. Ако испадне дека никој не се заразил, тоа би било прекрасно и за нив, и пример за сите нас. Но за секој случај и за општо добро, секој кој бил во ризик треба да се самоизолира. Ете ја направиле жртвата за да ја докажат својата посветеност. Сигурно нема да им биде тешко да дадат две недели жртва за општо добро.
     
    На cresa-jagoda, duffi, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.795
    Допаѓања:
    41.891
    Пол:
    Машки
    Баш ме радува лекувањето со Озон, изгледа се покажува како успешно.
    Има надеж!
     
    На cresa-jagoda, Bunny2 и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  8. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.471
    Драго ми е што се повеќе алтернативи се изнаоѓаат. Ништо чудо барајќи лек за едно, да најдеме и за нешто друго...
     
    На cresa-jagoda, 1209, Jana06 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Никој повеќе не прашува за прес?Нормално кога се досадни новинариве,а и на сите ние преку глава од кризава.
     
    На cresa-jagoda, Jana06, Bebac и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.379
    Допаѓања:
    5.866
    Пол:
    Женски
    Аосолутно си во право. Баш со тие два часа се прават поголеми гужви и редици и се збираат тие повозрасни лица на купче. Во исто време пазарат оние над 18 години кои можат да им пренесат нешто. И токму ако некој повозрасен има обврска административна надвор од својата општина ќе има само два часа на располагање што е прекратко и недоволно време за било што посебно ако нема автомобил или возачка. Да оди, да чека ред, да заврши и да се врати? А ако задоцни не по своја винс? Зарем казна? Друго, токму и на овие лица сончев зрак им го продолжува животот. Реуми, артритис, треска како последица на старост и да им се скуси животот уште толку. По мене не треба полициски туку целодневно ограничување по бројност на луѓе и растојание. Токму ова е нешто што ретко се почитува тогаш кога е дозволено флагрантно се крши од поединци, а е суштината на одбегнување на вирусот. Друго повозрасните претежно, со чест на исклучоци се побавни со позабавени рефлекси и неретко имаат потреба од повеќе време од млад човек за иста работа. Имаат повеќе потреба од лекарски преглед и почеста посета. Зарем животот да им се сведе на доктор, банка и маркет? И да, никој, ама буквално никој ниту знае до кога ќе трае злово , ни на кој начин ќе се развива па да каже дека до Нова година треба да се бидат ограничени за ,, нивно добро.,,
     
    Последна измена: 19 април 2020
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  11. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.241
    Допаѓања:
    48.654
    Пол:
    Женски
  12. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.752
    Допаѓања:
    13.714
    Пол:
    Женски
    Си се собирале комшииве.
    Каде 10 луѓе.
    Каде 20.
    Сите дворови се полни си прават скара и си уживаат.
    Да земам да пријавам треба цела улица најмалку 20 куќи да пријавам.
     
    На cresa-jagoda, Nausicaa, Sejfullai и 4 други им се допаѓа ова.
  13. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    @1209
    Ич не се објаснувај. Сите знаеме каква е земјава и нормално веруваме дека нема организација, но дното е допрено штом ве оставиле гладни и ви кажале грешно време за излегување.
    Батали ги.
    Овие што јадат трици нека ти се фатат.

    Се надевам веќе сте дома.
    Одморете на раат конечно.
    :hug:
     
    На Ivan4e04, WildMk, CameliaMiller и 10 други им се допаѓа ова.
  14. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.082
    Допаѓања:
    46.152
    Пол:
    Женски
    Фала ви жени, тие што ме знаат одамна сум на форумов и многу ретко се жалам за нешто. Не сум гневна ниту за свадба, ниту за пари, ниту за ништо, ама сум човек што сака кога нешто е организирано , 100% да биде како што треба, со се предвидено. Оти јас кога правам нешто правам до крај како што треба, знам дека не е така со сите. Само што влеговме, еве се мачам со запеков од убавата храна :D Околу 3 излеговме, не знаеме уште зошто чекавме, наводно доктори за преглед ама никој не не прегледа, само излеговме. Имаше и ТВ доле и многу изреволтирни фамилии што чекаа и така. Фала на сите за подршката.
     
    На green.eyes, cresa-jagoda, Alisa22 и 25 други им се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.116
    Пол:
    Женски
    Малта денес само 1 заболен, 19 оздравени, 3 мртви, 2 на интензивна нега (критично стање).
    Ова еден заболен за денес е вест на денот.
     
    На cresa-jagoda, swizzlec, mariz и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    Кој злобен народ сме:x ај што сме злобен па и силен,се нас терории ни прават,не лажат,мислам како може магистер по сештологија тука да го возат со една корона. Да не може раат да тегне ракија со комшијата во двор на маица на рамки и во позадина Гавазова. Како така денес имало 37 заболени кога од петокот никој не мрднал,па прееска се заразил и одма симптоми си доби и тест позитивен. И лажи министерот да не плаши.

    Неможи бе еве со наш човек во љубљана збориме вика тука нема полициски час,оставено е на нас и сите сме свесни. Работиме од дома,пазариме еднаш неделно со заштита,ако до вчера нарачувавме online , оставаме на постарите сега да не чекаат тие да си нарачуваат. И само меѓуопштински забрани имаат,но ке ги олабават за скоро. Народ што почитува мерки,што не е сештолог. А наши се,од тука од Македонија,ама таму не се натискани во дворови,како крадци трчаат за на ракија нашиве тука.
    Што повејќе...

    @1209 ич мува да не те лази за предхотниве коментари.
     
    На fana, darcy, anastasijaki и 2 други им се допаѓа ова.
  17. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.240
    @1209, се надевам дека се' e во најдобар ред. Ништо не го оправдува тој лош третман! Имаш право да се пожалиш. Сепак, најлошото заврши :hug: Имаш целосна поддршка од мене.

    Секогаш ќе има некој на кого му ,,излегуваат змии од устата'', но тоа дава слика за нив, а не за тебе. Твое е да не обрнуваш многу внимание и да се фокусираш на твојата благосостојба.
     
    На CameliaMiller, *Amethyst*, fana и 5 други им се допаѓа ова.
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.920
    Допаѓања:
    127.487
    Пол:
    Женски
    Ве читам скоро секој ден, некогаш пишувам ама едно знам. Многу кукање. Многу жалење. Ништо не ви чини. Запнавте за полициски час. Па нели народот бараше полициски час? Нели од 21 беше касно? Нели не чинеа тие мерки? Еве ви построги. Сега ви бодат очи кучињата, па децата не ви се доволно шетани. Добро бре се читате вие? Каде живеете ало? Што толку ви е тешко да сте дома. Што толку ви падна тешко седењето дома со семејство, со маж со деца? Што толку многу пропуштивте што не се акавте по кафиња деновиве? Достава на храна од ресторани има, достава на лекови има, достава на намирници од маректи има, достава на храна за животни има, интенерт, тв, занимации милион, привремена состојба, вонредна состојба. Што сакате?? Кажете ми што сакате? Не биле сите како вас, дисциплинирани? Што ве боли?? Вие бидете си дисциплинирани, за да не ве читаме во не дај боже статистики.

    @1209 бараво за тебе што секогаш си 100% организирана, те молам во името на даночните обврзници од чии пари ти е платено карантин во хотел наместо во некоја сала како во цел свет што ете си почекала некој саат надвор. Навистина извини, што прв пат се соочува светот со вакво нешто па не ве испратија со конфети и цвеќиња дома.

    Не сте отишле никаде за Велигден годинава. Е па еве ви wake up call празниците се за семејството, а не за да се акате по Грции и да се клацкате низ европа за 100 евра со автобус.

    Олабавте се малку и не се правете многу паметни. Прилагодете се на оваа ситуација. Од 23 март од како работам од дома сум излегла само 1 до маркет на пола саат. Зашто сум од 8 до 16 на компјутер а после има полициски час. И имам анкс и имам панични напади ама ете издржувам. Има мајки чии деца се на болница, има болни од канцер што примаат хемо, има многу поголеми проблеми од вашето е***о седење дома!!!

    Слодбодно фрлајте по мене сега со дрва и камења. Ајде повелете.
     
    Последна измена: 19 април 2020
    На Macito007, k.frosina, mydrug и 31 други им се допаѓа ова.
  19. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    Амин сестро.

    @1209 ти се восхитувам колку издржа. Од сега само подобро, подршка.:hug:
     
    На buba4e89, 1209, queen19 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.728
    Допаѓања:
    18.443
    Пол:
    Женски
    24 часоврн карантин е само психичко заболување за луѓето кои живеат во стан, а немаат викендица или родители кај кои би отишле во куќа(или пак од др причини почитуваат и не одат). Три дена сум кај моите, 10км од центар на Скопје, во куќа. Не важи полициски час, комшии се групираат, ко нормален велигден е. Полиција не помина ни еднаш, во двор сме до 8 навечер со малото.
    Греота е ова, ќе настрадаат само тие кој најмногу почитуваат. Гарантирам дека во ниедно село или приградска населба не важи ништо од меркиве деновиве.
    П.с од кај комшииве ечи зона м1 радио, пуштете да слушнете како одат поздрави во живо за весели друштва... се е јасно.
     
    На WildMk, cresa-jagoda, Ivan4e04 и 11 други им се допаѓа ова.