Форумџика на годината

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Larichka8

    Larichka8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    F4BC08E1-04D5-49F2-B901-51A2BA02846A.jpeg
    Некој ако разбира Албански ако може да ми каже што пишува во делот што ми е подвлечен. Градоначалничката на Тетово имаше објава за новодонесените мерки, на Google Translate преводот ми нема смисла за подвлеченото. Ме интересира дали ќе биде дозволен приватен превоз конкретно за до Гостивар, ама не можам да разберам.
     
  2. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    Градоначалничката на Тетово не објавува на македонски???
     
    На Rozich, WildMk, cresa-jagoda и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.397
    Допаѓања:
    1.830
    Кај нас во мојот град посебно од моето маало сум задоволна, да сите во дворовите немаше собирање одење по комшии, секој дома со својата скара во двор, во моето мало нема ни големи семејства, обично во просек сме четиричлени. Ни гости ни ништо, никој од комшиите не кукаше што не отишил скара да прави по шуми(што сум и општо голем противник за палење скара во шума), не кукаа што не сунчаа задник во Грција итн. Кај нас скоро во секој реон има полиција и има комбиња што кружат низ цел град.
     
  4. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.131
    Пол:
    Женски
    https://pogled.mk/bigorskata-sveta-...BbEWyFLpWu5jc_LLwINYVPwvjkObH2HCyla8EPeZmRuh0

    „бројот на луѓето што присуствуваа на богослужбите во изминативе денови, вклучително и на синоќешното Воскресенско бдение, го содржат монасите, монахињите и верниците волонтери од нашите четири манстири, штитениците што се лекуваат во нив, градежните и други работници, верниците што се затекнаа во нив кога беа донесени мерките од државата, како и членовите од екипата „2С Студио“, кои како наши долгогодишни соработници, и оваа година, со дозвола од државните власти, присуствуваа во Бигорски со цел да помогнат при вршењето на директниот пренос.“ :)

    Кај и да е, МВР и АРМ ќе им упаднат.
     
    Последна измена: 19 април 2020
    На CameliaMiller, cresa-jagoda и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  5. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.312
    Допаѓања:
    57.403
    Пол:
    Женски

    "Како заклучок, со полна граѓанска одговорност тврдиме дека во ниеден случај не беа прекршени препораките и мерките од државните и здравствените власти за време на богослужбите во Светиот Бигорски Манастир. Згора на тоа, доколку некој и би се одлучил да дојде на вечерашната прослава на Воскресението Христово, во никој случај не би имал можност да го направи тоа, со оглед на засилените полициски контроли по патиштата, а и самото полициско присуство пред влезот на манастирот."

    Јас не знам кој дел од забрането групирање над 5 луѓе (и држење растојание) не е јасен. Препораките и мерките се за сите.
    Рајчица и другите манастири не се баш блиску за да не прекршат полициски час или да не се соберат порано во Четврток, со намера да се организира собирот. Можеби имале дозвола за собирот... а тоа не знам колку е во ред и по правилата.
    Мислам дека си правник, подобро ќе протолкуваш од мене. :)

    Да се живи и здрави, искрено се надевам дека не се направи беља со нивното собирање. За доброто на сите.
    Сепак правилно би било да си седат во самоизолација, ко што баравме совесност од сите што биле во ризик. :)
    Критиките воопшто не се злонамерни и несовесни, и ич не ми е "духовничка" таквата нивна одбрана. Логични се.

    Јас најмалку сакам да ги критикувам. Верник сум, православна. Сум се причестувала многупати и сум го осетила тоа чувство на радост што би им недостигало без литургија и причест. Ама ова е вонредна ситуација. До последно се надевав дека нема да се направи ова. Не е фер кон сите.
     
    Последна измена: 19 април 2020
    На cresa-jagoda, candy.cane, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.397
    Допаѓања:
    1.830
    Потпишувам од А до Ш. Сите што се бунат што не им е погодено се тие што газот сака да им шета. Што сега кукат што не можат да сончат газ во Грција, демек големите верници за цркви плакат тие плакат за Грција, не им е крива Македонија затоа што на светско ниво се затворени границите. Се бунат тие што сега нема да одат на ефтините велигденски турички преку агенциите, мислиш до црква им е дојдено. Чекајте луѓе плакат држале дома гладен народ да голема економска криза е, ама пак се оди кај нас на работа фабрики колку толку работат, да угостителството е во голема загуба, ама не кука тој народ што остана без леб, туку оној што не може да седи дома оној што едвај чека ЕКСПРЕСО да пие во кафич. Како бе ќе имавте пари за Грција итн, а сега дома што седите немате. Ве молам просветлете ме?!
     
    На cresa-jagoda, Angie1432, nena2010 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.604
    Допаѓања:
    10.963
    Пол:
    Женски
    Ако се сериозни со орвеловскине мерки немам коментар. Ќе стане стресно да излезиш од дома, нека ги санкционираат досегашните непочитувачи а не да ги спроведуваат истите уредби над нас и над нив.
     
    На An-na и No Makeup им се допаѓа ова.
  8. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.105
    Допаѓања:
    41.840
    Пол:
    Женски
    Нас и полиција не може да не оправи.
    Од Вторник и јас ќе шетам, гајле ми е, бев за мерки кои мислев дека народот ќе ги почитува ама кога гледам кој како се однесува сфаќам дека се е залудно.

    Утре е Филипче крив, не бе, не е тој крив туку простациве со IQ на амеба.
     
    На Amellie13, nena2010, candy.cane и 4 други им се допаѓа ова.
  9. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.131
    Пол:
    Женски
    Они ти тврдат дека тоа се луѓе кои седат, живеат во комплексот од почетокот на ситуацијава. Имаш чак и снимателска екипа со која соработуваат која добила дозвола од државата за снимање - значи во време на полициски час да отидат таму и да снимаат. Шо повеќе да збориме?

    @BoaVista сакате да ми кажете дека тоа што имаме малку заразени и сме тука некаде горе-долу со западните земји:))) е резултат на мерките и значи дека добро се справила владата :D Не' зезате? Па кујзнае тогаш какви резултати ќе имавме ако сите тие кои дојдоа од странство беа у карантин од прв ден. :D Можда тек тогаш, стории ќе правеа за нас како најбољи кои чак и не дозволија да дојде до локална трансмисија и луѓе за кои немаме поима како се заразиле, луѓе кои посмртно им се правеше тестирање оти не стигнале до болница и тестирање. Ова само значи дека било ептем лесно да се справи било кој со кризава.
     
    На WildMk, nena2010, Аргентина * и 6 други им се допаѓа ова.
  10. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.674
    Пол:
    Женски
    Па не реков дека е идеално, далеку од идеално е Жапче. И не ми беше поентата дека нашата држава се справува најбоље. Далеку од тоа.
    Само ме иритира фактот што за кај нас се нешто не е ок, еве конкретно, Кондратенко не ги спречиле да шират, потфрлила државата. А реално у секоја држава е така, за што зборат и бројките. Ама не, ние сме најлоши, најнеспособни, ма никакви. Другде сегде е идеално.
    За мерките, лично јас мислам дека имаат накаков резултат. Без мерки, познавајки го нашиот менталитет мислам дека ќе имавме поголеми бројки. Тоа е мое мислење, не мора да е точно. Лошо е што никад нема да дознаеме како би било без мерки.
     
    Последна измена: 19 април 2020
    На Ambitious, Peppermint, emiliana и 2 други им се допаѓа ова.
  11. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.131
    Пол:
    Женски
    тоа ти е истото како што упорно се зборува за народот. А и за една Германија има приказни и приказни за тоа колку се придржуваат т.е. не до мерките. Ама ние мораме да речеме дека сме стока народ. Балканци, пештерски луѓе...
    Везе нема.
     
    На crimson, mimiiiii, An-na и 2 други им се допаѓа ова.
  12. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    5.040
    Допаѓања:
    53.870
    Пол:
    Машки
    Па добро Боа, ние не знаеме за Цаци и Кондратенковци у други земји затоа нашиве си ги коментираме. А Цаци има сегде, немој да мислите дека нашиве се некоја специјална сорта
     
    На WildMk и DAngel им се допаѓа ова.
  13. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.312
    Допаѓања:
    57.403
    Пол:
    Женски
    Ако ја гледаш службата од претходниот ден, ќе видиш дека и да биле тука, не се групирале. Значи можело и така.
    Ама добро, да не зборуваме повеќе. Ко што ќе кажат, така нека биде. И за нив и за сите други.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  14. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.899
    Не сме горе-долу, туку бројките ни се помали од западните земји. Што само значи дека мерките и да не се најдобри (не се, факт, а и феминките поарно ќе ги организираа, читајќи тука), не се баш тоооолку лоши. Да, луѓе умреа нетестирани, знаеш колку е таа бројка во западните земји? Во Италија се смета дека на 4000-5000 пријавени починати во старечки домови, уште 10000 починале нетестирани. Скандинавија тестира само ако/кога стасаш во болница. Бугарија што прави нејкам ни да замислувам. Ние сме мала земја и ги знаеме сите случаи, ако не по име, барем по околности (нека оди на пр. во Геманија новинар да го праша министерот за продавачот од Хановер на пример, како оној за Велес што секој ден за маркетот зборува). Светот е фатен неспремен, ние никако, сме морале од старт да знаеме се.
    А овците (нека се вреѓа кој сака) што не почитуваат секако, не сфаќаат дека за две недели ќе почне попуштањето на мерките и кај нас, па какви и да се бројките, едноставно се мора. Разликата што собиранките и пијанчењето викендов нема да биде во мерките, тие ќе си тераат свој терк како и во останатите држави, туку во бројот на хоспитализирани и починати. Ако сметаат дека седење 2-3 викенди дома (побогу, божем претходно овој народ само со спорт и планинарење се занимаваше, ѓоа Словенија сме) е толку страшно неподносливо (за споредба, Шпанија од утре дозволува децата да излезат од дома прв пат после 6 недели), се надевам дека таа плескавица на ќумур сметаат дека вреди.
     
    На Angie1432, Ambitious, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Јас сум таа што се буни и тоа баш поради тоа што работев во угостителство и сега немам НИКАКВИ примања.
    Не планирам по 100ти пат да објаснувам зошто и како сум против,ама во иднина не генерализирај те молам.
    Лесно е анонимно на форум со плата у џеб,а седите дома да се правите паметни.
     
    На SandStorm, vitamina, orevokrsacka и 6 други им се допаѓа ова.
  16. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.800
    Допаѓања:
    323.809
  17. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.131
    Пол:
    Женски
    Помали чак од западните земји? :) Знаеш дека бројките кај Венко на профил значат регистрирани случаи и не се реален одраз на тоа колку е распространета короната кај нас, нели? Кога правиш пресметка, додај и број на направени тестови иако и тоа не е валидно со оглед на тоа што се прават бар два теста по човек.
    Италија ич не е релевантен пример за број на заразени и починати. За старачките домови, чак и нивна полиција веќе истражува некои од тие кои пријавиле 100+ починати ради корона. Поназад имавме муабет, Витамина, ФриМајнд, јас...краток ама горе-долу зборува на тема Италија.
     
    На An-na, vitamina, orevokrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Оти да не дознаеш? Барем симулации лесно се прават. Една од тие веќе ја ставив во форма на видео, еве ти ја и во форма на текст повторно истата.
    https://www.washingtonpost.com/graphics/2020/world/corona-simulator/?fbclid=IwAR0grcfB6vEEurT-lRhPHIX-WdUPc3aIGQEfhAONXPsQGqyRTKfvmgrHcRo&utm_campaign=INTL_Engagement_Clicks EEA_6666&utm_content=Article_Health_Coronavirus simulation_03-16-2020&utm_medium=fb&utm_source=acquisition
    Погледни ја разликата помеѓу карантин и социјално дистанцирање.
    Ќе приметиш можеби нешто. Ни еден модел не смета дека СИТЕ луѓе ќе ги почитуваат мерките. Тоа е невозможно. Потребно е само доволно голем процент да ги почитуваат.
    И да, секаде има Контраденковци, и секаде има луѓе кои не ги почитуваат мерките. Само што јас уште не сум сретнала случаи што со недели влечеле измислена приказна дека не патувале вон државата. Тие ги знам, за тие ќе коментирам. Кога дознаам од друга држава такви, ним ќе им се смеам. Ама мене ми се блиските во Македонија во неповолна ситуација, и затоа се грижам за Македонија. Јас сум тука речиси сигурна дека нема да го фатам. А замисли, денес од 2 до 6 бев излезена, цели 4 часа.
    И уште нешто. Како тоа секаде има Контраденковци, а само нашиот народ бил нецивилизиран и никаков па морало посебни мерки. Или за оние што ви одговара до народот е, ама за оние што не одговара секаде е исто.
    Стојам до тоа дека проблемот доаѓа од тоа што не се контролираат и казнуваат "битните" фаци. Дека најголемите проблеми дојдоа од фаци за кои не важи закон во ни една друга ситуација. Дека не сме сите исти пред законот, па затоа има опуштено Цаци и Контраденковци кои си мислат дека законот ништо не им може, па се шеткараат.
    Човечка грешка, заборавија дека вирусот не знае за тоа кој ранг се тие во општеството.
    Да, на крај и овој вирус е една класна приказна. И не сме сите исти во ситуацијава, ниту сме сите заедно.
     
    На CameliaMiller, candy.cane, Lianna Anna и 2 други им се допаѓа ова.
  19. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.477
    Допаѓања:
    8.895
    Пол:
    Женски
    Читајќи ги тука некои коментари, си помислувам на момент збунето дали тоа живеам со некој високо свесен народ или со нашиот знаеме каков е.
    Па да не беа овие мерки, вклучувајќи го и полицискиот час бројката на заболени ке беше пута 3.
    Цел месец се збори на тв, се пишува на интернет колку е опасен вирусов, како да се заштитиме, препораки за социјална дистанца, умираат млади, стари, здрави, болни секакви и народот пак и пак користи секоја прилика да ствара непотребни гужви. И ваквите се мнозинство за жал. Некои не ни веруваат дека корона постои.

    И како да се постапи со ваков народ? Препораки множат со нула, секој совет исто, не ги гајле ни за сопственото, ниту за колективното здравје.
    Е затоа имаме полициски сат. И треба да имаме, друг начин нема.

    Можеби кај свесен народ нема потреба од рестрикции, ама кај нас има и те како. И никој не кажува, како да го натераш да се свести, туку само се зборуваат и критикуваат мерките, кои се сосема на место.
     
    На Angie1432, Ambitious, candy.cane и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.397
    Допаѓања:
    1.830
    Напоменав и сама дека угостителството е во голема криза. Но повеќе кукаат оние шетачите отколку луѓето што останаа без леб. Што е тука е скоро никаде во светот не работат угостителски објекти , но во развиените земји им е платено на работниците, за жал кај нас не е не знам дали ќе покрие нешто државата аврм, бидејќи не е фер. Но и да почнат со функционија овие објекти нема да е исто ќе се прима половина помалку гости, ќе има многу мерки не знам и колку угостителите како економски тоа ќе го поднесат. Но има нема логика кафич и дискотека да работат, а школо да не работи.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.