Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.402
    Пол:
    Женски
    Значи само Св.Николе строго почитуваат. Не дека сум од тука, ама дефинитвно све е штама, и пендракот игра ако видат некој. Првиот ден имаше двајца и ги казнија си платија. Хахахахахаха не ме чуди да биде единствениот град без заболени.
     
    На cresa-jagoda, candy.cane, Amelia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.899
    Ме плаши градинката, ама ме плаши и отсуството на деца во околина на син ми, и се што тоа повлекува со себе. Уште повеќе ме плаши што мора да продолжи и со логопедски третмани, таму е сам со логопедот, но таа има куп деца со кои е во близок контакт (многу поблизок и од воспитувачките во градинка). Меѓу чекан и наковална искрено.
     
    На danichap, H.VAGA, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.400
    Пол:
    Женски
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.661
    Допаѓања:
    192.392
    За првиот дел си веројатно во право. Мене реално најголем страв и ризик ми се здравствени установи, впрочем и мк статистиката, ако ме држи памет, вели дека една четвртина од инфицираните се од сектор здравство. Не би одела на лекар во ова време, ако не е нешто ептен сериозно. А обично не е. Нас и онака главно не лечат со воздух, така што ок е. Е сега, не може да тера вака бесконечно, ама мене ми личи дека балонот е пред издишување.
    Денес прочитав дека извесна студија предвидува состојбава да трае до 2022, а како што читам меѓу редови, тоа е слаб обид за кревање тензија, оти реално бројките кај мене стагнираат. И на светско ниво, од 2,4 милиони инфицирани, повеќе од една четвртина се излечени (без непознатите т.е, небитните од ук).

    За вториот дел, дека народот во мк бил ваков или таков, не можам да се согласам. Не оти во мк народот е лепота, ама и другаде не е како што го замислувате. Ако не им се нацртани два метра, не знаат колку се два метра. И сегде има поединци, социјални групи кои се лабави, се групираат, се социјализираат. Така што, не е злато се што сјае и не е баш се црно-бело.
    Експоненцијалниот раст и кога би постоел, со толку малку тестови мислам не би го виделе. Или ќе го видиме :?:
     
    На An-na, jacqueline.s, DraganFem и 5 други им се допаѓа ова.
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.501
    Допаѓања:
    260.673
    Кај нас поединци се кои почитуваат растојание и мерки.
    Аман излезете на улица, не зборувам на памет.

    За тестовите, еве ви сметаат по број на жители. Колку очекувате на ден од држава како Македонија, по 5000 ли?
    И заборавате и колкав е капацитетот.
    Друго, ако бројките да кажеме се драстична поголеми, и нетестираните сепак ќе покажаат симптоми, ќе се видат сите тие случаи.
    Бројот е поголем, секаде, ама не верувам фека е 5 пати поголем. Барем не во Мк каде се знаеме сите. Еве јас ќе знам кај мене ако има повеќе болни, а нетестирани.
     
    На mkdvesna, eli25, Dennings и 2 други им се допаѓа ова.
  6. honey.heart

    honey.heart Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    62
    Видеото е од денес.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    11.801
    Пол:
    Женски
    Истото што ти го пишала @referentka го помислив и јас.
    Слободата не е безвредна, но дали здравјето е?
    Ја потценуваш вредноста и тоа како. Интервенциите кои се многу битни, не се откажуваат, тоа што може да почека, го оставаат за понатаму. И оваа не е само кај нас, туку секаде во светот.
    Имам братучедка, хирург во Минхен, и не, не прават хируршки интервенции, освен тоа што не може да чека.
    Колективен имунитет-можеби. Но што е можно побавно, тоа е и целата поента. Ако сите се зараземе наеднаш, дури тогаш ќе видите што значи колабирање на системот.
    И да, народот ќе трпи значајна финансиска загуба, тоа е јасно, но, зарем и тоа да го ставиме пред здравјето и животот?
     
    Последна измена: 19 април 2020
    На mkdvesna, referentka, pdb123 и 9 други им се допаѓа ова.
  8. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.419
    Допаѓања:
    16.145
    Пол:
    Женски
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.639
    Пол:
    Женски
    Нели вирусов не се прележува еднаш, туку можеш повторно да го фатиш иако го имаш прелегано?
    Еве и 3 месеци да имаме рестрикции, зарем не постои шанса после тие 3 месеци, кога во оптег ќе се пушти се, да се испозаразите сите пак и пак да биде масовно?
    Како го кажуваш ова, ни две ни три, блазе ти.
    Или не заработуваш, или дома имаш членови на семејството кои се на државна капа, па гајле им е дали дома ќе се седи месец или пола година. Парки секако ќе легнат.
    Што да правиме ние на приватно со 0 приход, додека вие се осеќате безбедно?

    Животот веќе трпи ради короната.
    Општото здравје веќе трпи ради короната. Но не Короната како причинител, туку ради стравот од Корона.
    Како е тоа допустиво? Како е допустиво да немаш право на преглед, ради паранојата со скапаниов грип ? Одеднаш само тоа е битно и се присутно ?

    Ќе ви биде јасно за некој месец кога пари од европски фондови ќе почнат да летаат навака, зошто се пролонгира неизбежното.
     
    На An-na, Snow-Star, Nausicaa и 12 други им се допаѓа ова.
  10. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.240
    Тргнав да пишувам, @lovestoneddd како да ми ги прочита мислите.

    Да, колективен имунитет ни треба и тоа што побрзо. Што да чекаме, вакцина? Ако не се стекнува имунитет на вирусов, како што викате, која е поентата со вакцината тогаш? Ќе се изредите сите да примате вакцина за која не се знае дали е потребна/безбедна/испитана? Дискутабилна е работата со вакцините, многу опширна тема е... Ајде, друг пат за тоа.

    Или нека ги заштитат ранливите групи, другите да работиме, да функционираме... Мора да се почне од некаде. Не можеме да се криеме зад четири ѕида вечно и да чекаме да умреме.

    Системот е веќе колабиран.
    Што е со хроничните болни? Пак ќе кажам, има многу посериозни состојби што бараат постојани прегледи и контроли.
    А постојаниов стрес и страв во кој живееме? Што ќе биде со луѓето што се затворени по станови и немаат шанса воздух да вдишат? Што ќе биде со децата што сонце не гледаат? Се зголемува семејното насилство со ова затворање во четири ѕида... Се плашам дека ќе имаме ,,епидемија'' на психички заболувања па дури и самоубиства по ова. Знам дека звучи грозно и не сакате да го слушнете тоа, ама фокусот оди на само едно нешто, а друго се' оди во бездна.

    И да, секако дека се плашам и за сопствената егзистенција. Мене па не ми е јасно како го потценувате економскиот аспект. Не се сите во подеднакво поволна положба.
    Колку побрзо се тргнат меркиве, подобро. Денови се во прашање. Секој ден поминат во четири ѕида не' носи поблиску до колапс.
     
    На An-na, Snow-Star, Someonespecial и 13 други им се допаѓа ова.
  11. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    11.801
    Пол:
    Женски
    За повторно прележување, искрено, не знам. Не знам дали има официјални информации за тоа, дали симптомите и последиците се исти, така да, не би коментирала.
    За другото, секако дека и после 3 месеци, ако се се врати во нормала, ќе продолжи народот да се заразува, но, веројатно веќе голем дел ќе го има поминато, и нема да биде бројката толку голема.

    Во право си, не заработувам. Студент сум, еве факултетот ми стои во место. Морам да плаќам и таму кирија и сметки, и покрај тоа што ме нема.
    За другото, не си во право. Ако толку те интересира, моите работат земјоделие, а ништо нема откуп, и тоа што има, речиси без пари.
    И јас секојдневно ги слушам нервозите и стравот, и воопшто не се чувствувам безбедно, ниту јас, ниту моите.
    Едноставно, побитно ми е, да ми бидат живи и здрави, другото ќе го поминеме. :)

    @prominent
    А да не претерувате малку?
    Не можеле воздух да вдишат, сонце да видат, како па да не.
    Да, цел викенд е полициски, но за воздух и сонце доволна е и тераса. Останатирњ денови слободно се движи народот до 4 часот, не знам зошто правите огромни драми.
    За друго нема да коментирам, за болестите и системот веќе се изјаснив.
     
    Последна измена: 20 април 2020
    На mkdvesna, Ahoy, happygirl и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.002
    Допаѓања:
    164.563
    Не држат затворени тука, за да си вршат работа, пари да земат, да наместат 5г мрежа, не лажат, цел свет нормално живее...бла бла бла...
    Њу Јорк:
    https://www.facebook.com/newyork/videos/234997037712530/
     
    На smooch, Peppermint, LivingGlam и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.400
    Пол:
    Женски
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  14. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.864
    Пол:
    Женски
    Пак го глеав видеото на ириски доктор виролог или не знам што е ако сакате да прогуглате да го најдете на англиски.
    Дека после 70 дена, или 2 месеци вирусов сам се гаси по себе, и нема да има веќе заразени.
    Тоа што го зборував оној пат ако се сеќавате.

    Исто така еден тукашен инфектолог исто кажува, дека ваква пандемија веќе нема да има, вирусот се става под контрола и тоа е тоа, се опремуваат болници се разоткриваат лекови, да така кажа дека лека полека ќе се вратиме во нормала од секогаш, искрено не смири сите нас, објаснуваше обаво човекот.

    А не како оние инфектолози и виролози аман веќе ништо нема да биде исто вирусот ќе се врати пандемија пак ќе има.
    Искрено и не ни верувам во тоа ама ај.

    Штом почнаа повеќе стручни лица да даваат оптимизам дека се ова наскоро ќе се смири тогаш им верувам.

    И сега пак читав за топлото време што иде и вирусот, дека нема шанси вирусот да владее на толкава топлота.

    Сакав да кажам дека тука 14 дена нема ниту еден пациент на интензивна нега, буквално ниту еден, може и повеќе денови околу 15 16 дена, тој податок е одличен бидејки покажува дека агресивноста на вирусот драстично се намалува, знаете што значи тоа?
    Дека за две три недели ќе нема ниту смртни случаи бидејки нема буквално ниту еден случај на интензивна, а случаите што се полесно хоспитализирани се по 5 6 на ден.


    Оваа теза, ја кажуваа и инфектолозите тука, дека вирусот слабее и губи на агресива, баш истото што го кажува докторот од ирска и му се намалува силата за да целосно исчезне.
    Се поклопуваат тезите на погорните ставови што ги прочитав од докторите

    Кажав дека ќе биде се во ред нели?
    Дај боже да биде така.
     
    На AthenaAsamiya, green.eyes, smooch и 25 други им се допаѓа ова.
  15. BlackHole

    BlackHole Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    722
    Пол:
    Женски
    Кога се повикува на колективен имунитет за Covid-19, најчесто се прави споредба на истиот со вирусот на сезонски грип, иако се работи за болести предизвикани од два сосема различни вируси, а освен тоа за едниот постои вакцина. И аргументот најчесто е, од грип умираат и повеќе луѓе отколку од коронава, нешто што го кажа и д-р Вело Марковски на пример, кој еве толку луѓе го цитираат и доживуваат како врвен авторитет од областа.

    Кога веќе упорно се инсистира на таа споредба, и мене ме интересираше па проверив, и еве што велат бројките и статистиката за тоа колку луѓе умираат од грип годишно кај нас. За да не се расфрламе со бројки од ракав. Извор на податоците е ИЈЗ при РСМ и секој може да ги провери. Ги зедов за споредба 3те последни сезони на грип кај нас бидејќи за нив најдов податоци.

    Во сезоната 2019/2020 до 05.04.2020 (тие се последни податоци на ИЈЗ) во нашата држава регистрирани се вкупно 3 смртни случаи асоцирани со сезонски грип. Заболени се вкупно 33042 лица.
    Линк https://www.iph.mk/grip-14-nedela/

    Во сезоната 2018/2019 во нашата држава регистрирани се вкупно 29 смртни случаи асоцирани со сезонски грип. Заболени се вкупно 21531 лице.
    Линк https://www.iph.mk/sostojba-so-grip...kedonija-sezona-20182019-zavrsna-informacija/

    Во сезоната 2017/2018 во нашата држава нема смртни случаи асоцирани со сезонски грип. Заболени се вкупно 23954 лица.
    Линк https://www.iph.mk/sostojba-so-grip-vo-republika-makedonija-sezona-20172018-zavrsna-informacija/

    Значи, ако ги сумираме сезоните 2017/2018, 2018/2019 и 2019/2020 во нашата држава починале вкупно 32 лица од сезонски грип од вкупно 78527 заразени лица. За споредба, за неполни 2 месеци во 2020 од Covid-19 починаа 51 лице од 1207 заразени лица. Досега. Со сите преземени мерки.
    И реалната бројка на заразени од Covid-19 да е 10 пати поголема, пак е голем процентот на починати.

    Не знам дали ако не се преземеа мерки или истите беа полабави сега ќе имавме 51 починато лице или повеќе. И дали ако се одеше на создавање колективен имунитет во држава во која поимот социјално дистанцирање е непознат, каде најчесто повеќе генерации делат еден дом и не е можно да се изолираат лицата од ризична група, истото ќе беше рамно на жртвување на лицата од ризичните групи. Секој сам нека процени.
     
    Последна измена: 20 април 2020
    На Bezimenka90, Ahoy, Jana06 и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Leviosa2503

    Leviosa2503 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2018
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    1.233
    Пол:
    Женски
    Многу ми помага кога ќе прочитам нешто вакво, многу е охрабрувачки и ме крева психички.
    Се надевам дека така ќе биде. :hug:
     
    На AthenaAsamiya, Jana06, crimson и 7 други им се допаѓа ова.
  17. ladymici

    ladymici Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    824
    Пол:
    Женски
    На моја блиска личност и прсна слепо црево. Ја однесоја Скопје и таму несакаа да е примат дури не потпише дека има корона вирус.
    Она се збунила, им рекла што зборите, испратена сум со прснато црево хитно. Ако сакаш да те примиме мора да те водиме како со корона.
    Зошто??? Дали некој знае зошто така прават. Зошто им се бројки
     
    На AthenaAsamiya, Sejfullai, tina2018 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.864
    Пол:
    Женски
    :o :o :o :o :o
    Не ми се верува ова што читам
    Ако е стварно вистина.....:|:|:|
     
  19. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.675
    Денес прв пат го искористив џокерот да го прошетам кучето. Мислев дека нема никакво движење.. Прво покрај мене прошишаа 3ца на ел.тротинети (?), понатака една жена фрлаше ѓубре (4м. од нејзината куќа има контејнер, па ок), двајца мажи оправаа нешто што бутнале тротинетџиите, се разминав со 3ца кои шетаа кучиња. На раскрсницата имаше 2 пол.коли и вршеа контрола (не носеа маски и ракавици). Помина кола на мртв, таксист, неколку коли цивилни, претпоставувам возачи на камиони од блискава фабрика или вработени и еден проблематичен кој се докажуваше со полицијата.
    Попладнево помина и една кола во нашево слепо црево уличе и искрено шубе ми дојде, како да прават скрининг која куќа е празна...
     
    На cresa-jagoda, LejlaD и candy.cane им се допаѓа ова.
  20. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.881
    Допаѓања:
    7.460
    Колективен имунитет тешко дека ќе има.Знаеме колку здрав народ сме. Без разлика на возраста.
    Процентот на смртност е висок за да може да истрпиме колективен имунитет.
    Останува само да ги почитуваме препораките.
     
    На sanjaeva му/ѝ се допаѓа ова.