1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    И јас имам некој оптимизам дека вирусов се повеќе ќе слабее, ќе ја губи агресивноста.
    Всушност, како што слушав некаде, на почетокот ковидов бил "млад, глуп и неизживеан" и не знаел дека со преголема штета направена врз домаќинот, си го скратува и својот (наречи го) живот. А со време, учи да биде помалку агресивен за да преживее. А доказ би биле милионите вируси и бактерии кои живеат во нашето тело, а притоа сме си во одличен соживот со нив. Така да, не гледам причина зошто и короништево не би научило нешто паметно, па на крајот да добие статус на обичен потстанар.
    А може и преку ноќ да исчезне, како вирус на грип, зошто да не? Што не значи дека нема пак да се појави еден ден, ама до тогаш многу работи ќе ни бидат појасни.
     
    На cresa-jagoda, L.i.n.a.a, Feminka22 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Другарка ми прееска ист муабет ми кажуваше.
    Нејзина фамилија (мед. сестра) и кажувала дека вирусов постои, дека го има и кај нас, ама не е толку страшно и лошо како што кажуваат. Пумпаат бројки.
    И кажувала дека имале пациент од Струга за друг проблем итно пратен, а тие на семејството им викале ќе го водиме како да има корона и вие на блиските ќе кажувате дека има корона.

    Им рекла внимавајте, мијте раце, држете дистанца ама немајте гајле. Преувеличуваат и тоа мноооогу.

    Не знам што е вистина и не знам зошто вака би правеле.
    Зар сите мед. лица се имаат договорено така да прават? Да лажат за бројки од цел свет?
    Некако нема логика, ама се повеќе го слушам и читам истиот муабет дека лажат за бројки.

    И пред некое време со доктор од Австрија зборував тој е опуштен премногу. Вика ич не се замарајте.

    Значи постои вирусов, не е измислен како што викаат некои, ама може да манипулираат со бројки.
    Камо да лажат, камо да се помалку заболени и починати.


    Инаку читав дека во Пехчево прв заболен е доктор и човеков на фб ги моли да го остават на мира.
    Го нападнале со негативни коментари, го колнеле и навредувале, а некои биле среќни дека е болен.
    Објаснува дека се заразил одејќи насекое со пациенти во Скопје, ама одма се изолирал после првите симптоми. Вика свесен бев и спасив многу луѓе да не се заразат. Имам голема совест.

    Значи ужас се луѓево. Неизживеани сељаци.
    Па уште со име и презиме бараат да се објават заболените.(facepalm)

    Ете го знаат сега докторов верувајте и после пандемијава ќе бегаат од него. Ќе бегаат и од сите што прележале пошто сме такви проклети и неедуцирани.
    Како што бегаат од лица со аутизам, така и од овие ќе бегаат и кога ќе бидат потполно здрави.
    Засекогаш ќе носат прекар оној со Короната.

    Ете затоа кријат симптоми од страв и срам, и затоа не се открива идентитет.
    Премногу е глупо да се пише: -Ајде кажете ги со име и презиме да видиме...(facepalm) (facepalm) (facepalm)
    Не бидете сељаци аман. Оставете ги луѓето нека си оздрават на раат.
     
    На azelea, VDT2906, cresa-jagoda и 28 други им се допаѓа ова.
  3. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    Мене не ми се верува да е вистина ова.. зошто би ви кажувале на вас да е стварно така? Па за 1 ден цела Македонија ќе дознае. Т.е веќе ќе дознаевме од овие 1000 дека само дел се стварно болни.
    Повеќе ми личи дека барале да потпише дека има корона за да имаат изговор да го примат.
     
    На Bezimenka90, mkdvesna, Ambitious и 4 други им се допаѓа ова.
  4. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Појма немам. :|
    Може лажат, може не....50-50 :D
    Никогаш нема да дознаеме што се случува штом не сме директно вработени таму.

    Таа само и рекла да пазат, ама да не се плашат толку.
    Дури се колнела дека не се толку пациенти и дека се претерува со бројките.
    Барем малку психички да се опуштиме, ако ништо друго :lol:
     
    На cresa-jagoda, candy.cane и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  5. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    724
    Пол:
    Женски
    deaths.PNG
    https://www.worldometers.info/
     
    На cresa-jagoda, lovestoneddd и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  6. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.795
    Допаѓања:
    39.172
    Пол:
    Женски
    Во контекст на муабетов за вирусов и измислиците да речам, луѓе,навистина нас обичните граѓани психички не оптеретија,додека некој дебело изгледа заработува.
    Имено, во едно село( каде до сега нема случај на корона)неодамна починува стара жена од старост,живеела сама и замислете му ѕвонст на синот( мислам од Мин.за здравство) и му кажуваат дека ако ја ,,заведат,, дека починала од корона,семејството ќе добие одредена сума на пари.Исто вчера, другар на мм, се јави да честита празник, веднаш се разврзаа за вирусов, и тој му вика абе се слуша дека на фамилии нуделе одредена сума на пари само починатиот да биде заведен дека смртта е последица од Корона.
    Зар им треба бројка само, можеби има некоја дебела заработка од сево ова, не знам веќе во што да верувам.
     
    На cresa-jagoda, AthenaAsamiya и tina2018 им се допаѓа ова.
  7. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Вакви прикаски знаеш од кога се збори? ти веруваш во тоа?Кој дава така пари,рекла казала,луѓево си немаат попаметна работа и си измислуваат.
    5г го правел вирусот свашта:x
     
    На candy.cane, Tatijana1993 и Jana06 им се допаѓа ова.
  8. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    724
    Пол:
    Женски
    @LaDyDoLl Grouper еве си го прошири бизнисот ако не друго, ама не знам, мене ова со јавувањата ми е премногу за да е вистина.
     
    На LaDyDoLl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.795
    Допаѓања:
    39.172
    Пол:
    Женски
    Не реков дека верувам, туку дека не' пореметија психички.
    А впрочем, пари може нема да дадат, ама дека ќе го заведат случајот како Корона,што знам...
     
    На BloodElf му/ѝ се допаѓа ова.
  10. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Не се случува само туку,ова е глобално.
    Ке издржиме без гајле,ке излеземе посилни :muscle:
     
    На candy.cane, queen19 и LaDyDoLl им се допаѓа ова.
  11. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.899
    Во Македонија починаа многу повеќе од 51 лице во минативе 2 месеци, така што не е точно дека таму кај што нема корона го заведуваат така. Плус, 70-80% од починатите кај нас починаа на инфективна и 8ми септември, каде што и беа третирани за корона.
    Држи тоа дека некои од нив починаа со корона, односно таа ги влоши коморбидитетите што ги имаа, па можеби и онака ќе починеа, ама тоа е веќе друга дискусија.
     
    На AthenaAsamiya, candy.cane, queen19 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    724
    Пол:
    Женски
    Ама нема мерки кои повеќе изгледаат како намерно да сакаат да се заболат луѓето на глобално ниво, туку кај нас.
     
    На queen19 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.471
    Џоли, трезвено размислуваш, критички, тоа ми се допаѓа.

    Инаку, доколку ова е ,,колективна теорија на заговор" која случајно е почната минатата година во октомври, и каде секоја земја има три ипол месеци фора да ги напумпа медиумите и болниците, се поставува прашањето зошто. Кој е вистинскиот бекраунд на ситуацијата, какво е тоа платно зад пештерата кое ние бевме доволно дефокусирани за да го видиме? Психокошки експеримент во цели на подготовка за нешто друго? Рецесија? Ама зошто и рецесија, нема pattern тука.

    Да не шпекулираме, за три недели ќе го осетиме heat-от, и тогаш вистински ќе знаеме за што станува збор.

    Овој пост го напишав апропо бројките и чудните ups and downs на кривата, кои веројатно се должат на нетестирани пациенти како што веќе востановивме, ама сепак...
    Не се јасни некои работи поврзани со вирусов. Ме плаши на крај, според дописките кои ги читав меѓу амбасадите дека е ова договорена стратегија за неколку базично цели. No sense...
     
    На candy.cane, An-na, elenaxbbg и 5 други им се допаѓа ова.
  14. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.899
    Мерките сакаат да ги разболат луѓето, а не лажичката во црква и орото вчера на улица, да.
    Ептен не не бива кога со намерно заразување стасавме само до 1000 случаи, а еден Луксембург помал од нас има 3500. Белгија има 3300 заразени на милион жители, ехехеее уште колку ни треба за да ги стасаме. Португалија 1900 на милион. Ама таму не сакаат да ги разболат, само кај нас.
    Следно веројатно ќе ни речат да лижеме држачи во ЈСП или да одиме на екскурзии во инфективна, инаку маф ни е работата, светскиот примат ни бега од раце.
     
    На candy.cane, christinnn, JuLleE и 4 други им се допаѓа ова.
  15. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    724
    Пол:
    Женски
    А полицискиот час со сите собрани пред маркет си е баш таман, од таму не се фаќа корона, само од оро се фаќа.
    Се си има свој придонес.
    Реално, кај нас немаме баш туристи како во другите држави, кај нив и тоа е фактор. Плус имаме бесплатен надзорен систем(ака комшики) што пола работа на епидемиолозите е веќе завршена, комшиката од спротива и што ручал ќе ти пренеси.
    Немавме толку многу заболени, да тестираа како што треба уште од почеток и да не го воведеа полицискиот час каде-каде подобро би било.
    Мене стварно ми се сомнителни откако го воведоа полицискиот, па сеа ти си знаеш за тебе.
     
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    @darcy кога споредувате со Белгија, Холандија и Луксембург споредете и како им се добиени тие случаи и колку нивното население патува за разлика од Македонија.
    Белгија и Холандија уште на почетокот имаа над 300 случаи кои се увезени, и долг период 70-80% од случаите им беа увезени, затоа што таму кажи-речи цела држава патува. Го немаме ние нивниот стандард. Ете, за среќа.
     
    На candy.cane, queen19 и BloodElf им се допаѓа ова.
  17. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    838
    Допаѓања:
    3.165
    Пол:
    Женски
    И кога немаше полициски час пензионерите беа во маркетите и во автобусите во период кога се оди на работа или децата на училиште. Едноставно таков ни е менталитетот. Еднаш барем вината да ја побараме во нас самите, а не да обвинуваме некој друг затоа што нема култура. Да бидеме реални во метрополи каде што има премногу народ никогаш никој не се удрил во мене, а сите брзаат. Во Скопје и во нормален ден еден сугурно ќе се гурне во мене, дали од автобус во автобус во Сити Мол, на работа, во маркет, во болница или на некој шалтер и обавезно ти дишат во врат. Не е тоа од сега да се гураат луѓето и да ствараат гужви. Зарем не сте виделе на први што е кога чекаат лекови или пензија па не беше тогаш полициски час и имаше лекови и друг ден. Инаку кај мене во маало старите лица не почитуваат мерки, кога сакаат си одат да пазарат. А тоа што не се внимаваше на почеток уште и се пропуштаа на граница го коментирав уште во февруари. А за полицискиот час имам поделени мислења. Не знам дали е продуктивен или контрапродуктивен.

    Туку што е ова што се повеќе кажуваат дека иако немале корона биле така заведувани? Некако не верувам во теории на заговор но се повеќе луѓе така кажуваат?
     
    Последна измена: 20 април 2020
    На candy.cane, queen19, Bezimenka90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    724
    Пол:
    Женски
    Точно е и тоа, не велам не, баш за тоа се жалев и јас, пензионерите се баш и посебна приказна. Сепак не го менува фактот дека мерките се контрапродуктивни и дека бројот на првозаразени беше доста мал за тоа да има големо влијание.
     
  19. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    838
    Допаѓања:
    3.165
    Пол:
    Женски
    Не знам, сметам дека за овој народ треба диктаторски, не се разбираме од збор. А и здравствово ни е сведено на клиниките во Скопје, за разлика од други земји каде што има поспремен кадар и поголем капацитет. Мораше да се размислува како за посериозно сценарио. Можеби грешам но тоа е мое мислење.
     
    На BloodElf му/ѝ се допаѓа ова.
  20. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.899
    Од старт сум против полицискиот час, за него нека се изјаснат тие што и тука пишуваа дека треба да се направи. Мислам дека беше реакција на притисокот од јавноста, да не биде после кај нас ништо не се направило. Па пола фемина беше во филм Вучиќ вака, Вучиќ така, па 21 часот било многу, па не знам што.
    Реагирав на твоето напишано дека намерно сакаат да не разболат, а другите не. И да, ние немаме туристи, ама имаме многу иселеници, кои тука пораспуштено се однесуваат отколку туристи ако дојдат (што е и нормално), а и наши луѓе што во февруари/март беа туристички надвор, па имаше кој да го внесе вирусот.
    И јас имам идеи што можеше да се прави, ама после војна сите може генерали да бидеме. Што ќе беше ако беше не можеме да знаеме.

    И да, во тие земји повеќе се патува, имам живеено по неколку месеци во Франција и Германија и знам што таму значи викенд и скијање, ама па во Германија социјалната дистанца е многу поприсутна и без мерки, плус нема живеење пет генерации под ист кров па ја имаат таа предност. А нивните здравствени системи ни за 100 години нема да ги стасаме. Делумно и затоа се поостри некои мерки.

    И да, пак останува и нашиот менталитет дека ништо не ни чини и наместо да извлечеме нешто од ситуацијата, најлесно е да плукаме, мрчиме и изиграваме жртви на глобални и локални заговори. И да лижнеме лажиче зошто никој не ни забранил, плус да правиме и пола работи од тие што ни ги забраниле.
     
    На candy.cane, Doozy, JuLleE и 7 други им се допаѓа ова.