Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.268
    Допаѓања:
    31.290
    Пол:
    Женски
    За олабавување на мерки ќе се одлучува дури наредна недела. Во меѓувреме ама баш ич нема да ме изненади ако се напумпа бројката па да ги појачаат. Тој што не внимава ни милион рестриктивни мерки нема да го опаметат а тој што внимава и без полициски часови и заклучување по дома пак ќе си внимава.
     
    На candy.cane, swizzlec, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  2. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.768
    Ма какво олабавување.
    Само пол.час ќе биде место од 16 -од 18 или можеби од 20.
    Маски ќе се носат и никаде нема да смее да има гужва.
    Кафани ќе отворат ради притисокот што има го прави угостителството со отпуштање, ама ќе има услови( два метра оддалеченост маси, повеќе пд теојца на маса не...)
    Во јуни ќе отворат граринки зашто никој неможе да те плаќа за ти да седиш дома.
     
    На cresa-jagoda, candy.cane, smooch и 17 други им се допаѓа ова.
  3. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    724
    Пол:
    Женски
    Можеби, ама ограничување на времето за во маркет не би требало да е тоа.
    Можеби, и во ред е и да се прифаќа и конструктивна критика од народот, ама таканаречени експерти не би требало да дозволат да се донесуваат одлуки само затоа што трајко и трајанка рекле така. Ако е така, тогаш која е нивната функција таму?
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.675
    Ако навистина пациентите кои заради х причини одат во болница ги тераат да потпишат дека имаат корона, според мене тоа е заради оградување од одговорност. Веројатноста кога ќе излезат од болница да бидат заразени е голема, па навреме се обезбедуваат.
     
    На cresa-jagoda, Mrs. Lovett, candy.cane и 5 други им се допаѓа ова.
  5. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Секаде има мерки,е сега некаде се полабави тоа е затоа што свеста на народот е поголема,да не беа овие мерки тука како полициски час којзнае каде ке ни беше крајот,ниту ти ниту јас сме експерти за да знаеме,ете епидемилозите така одлучиле и навикни се.
     
    На Amelia, oblace1 и poppie им се допаѓа ова.
  6. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.899
    Ех, да беше така за се подобро ќе беше. Ама и само експерти да слушаш, ќе видиш дека нема двајца со исто мислење. И Вело Марковски, и Даниловски и Караџовски се неспорно експерти. Првиот би не пуштил слободно да шетане, вториот би ни вовел 24 часа карантин, третиот нешто измеѓу. Во Шведска Тегнел ја води официјалната политика и ги остави со минимални мерки, 22 нивни научници потпишаа петиција за локдаун бидејќи им починаа многукратно повеќе луѓе од околината. И експертите се само луѓе. Кога на нив ќе додадеш политика, моќни фирми, интереси, меѓународни односи, добиваш една таква каша попара на светско ниво каква што не верував дека е можно да доживееме.
    Убаво рекоа дека астронаутите што завчера слетаа после 200 дена во вселенската станица, се спуштија на сосема друга планета.
     
    На candy.cane, Doozy, ph.orhideja и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.653
    Допаѓања:
    192.347
    @1209 Бројче стигна ли конечно дома?
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.489
    Допаѓања:
    260.633
    Приказниве со парите за да те вбројат дека си болен од корона ми е врвот.
    Вака луѓето се убедуваат дека вирусот не постои, па слободно ќе си шетаат. Еве им совршен изговор.
    Од сите теории на заговор оваа е врвот.
    Кои медицински лица велат дека не е толку страшен, кога доктори од Инфиктивна, доктори кои лично работат со вакви пациенти велат дека вирусот воопшто не е наивен и не се знае како едно лице ќе го помине. И тоа не само доктори од овде туку од секаде.
    Има доста асимптоматски, ама има и млади кои завршуваат на респираторни машини.

    Бројките не осцилираат само кај нас, ваква разлика приметив и во Словенија. Еден ден имаа околу 20, друг околу 60.

    Ама, се' мислам дека Македонија е избрана земја за епицентарот на заговорот да се случува баш овде|(.

    Сега јасно ли ви е кој отиде на црква и се причести?
     
    На azelea, AthenaAsamiya, Nausicaa и 17 други им се допаѓа ова.
  9. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.301
    Допаѓања:
    1.734
    Во другите држави плаќат, мислам во развиените, немат полициски час, но во Австрија и Англија им е платено, а не одат на работа никој. И што сега ако отворат кафичи сите како неизживеани ќе полетат. А и со тие мерки нема да опстанат кафичитр поарно вака со полициски час побрзо ќе е, а вака се во нормала нема до догодина да биде се како што треба.Ако се зголеми бројката, остајте вие тај колективен имунитет, ние немаме капацитет ако се оптеретат болниците
     
  10. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.402
    Пол:
    Женски
    Затоа што зимаат некој профит ова државичето наше кои го водат личностите.
    Знаете само колку малку се заболени од корона, мислам само креваат паника.
    Јас повеќе не верувам во бројките на заболени од вирусот, а помалку на умрени од самиот вирус.
    Кога дознав од близок за баба му која почина и немала корона, му нуделе 2000 евра кој секако не ги земал, само да кажат дека умрела од корона.
    Се замислив многу...
     
    На No Makeup му/ѝ се допаѓа ова.
  11. BlackHole

    BlackHole Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    722
    Пол:
    Женски
    Јас пишував за во нашата држава бидејќи тука живеам и ме интересира бројката, ама да, ја погледнав и таа статистика на истиот сајт.
    Сега е веќе 147194 смртни случаи од сезонски грип во светот оваа сезона, наспроти 165741 смртни случаи од Covid-19 во моментов.
    Смртноста од Covid-19 ја надмина смртноста од грип за оваа сезона.
     
  12. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.276
    Допаѓања:
    50.910
    Пол:
    Женски
    И јас слушнав нешто такво, дека на некои луѓе им умрел близок човек од фамилијата и им давале 2000е за да кажат дека починал од корона.
    Што сакат со тоа да направат не знам, да го плашат ли народот, што ли кој ти знае што се работе.
     
  13. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    724
    Пол:
    Женски
    Сепак недоволно голема разлика за да ги оправда последиците од мерките кои се воведоа.
    Инаку кај нас само не знам колку доверлива статистика можеш да најдеш.
    И за починатата (од Кумануво мислам) прво пишаа срцев удар(или што беше), па после поправија корона ... и од грип има такви, кој од старост, кој од срце ...
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.375
    Допаѓања:
    10.530
    Пол:
    Женски
    Цц ова многу почнаа луѓе да го зборат.

    Рекла-казала е се, но и јас имам слушнато дека колку поголема бројката на смртност од корона, толку повеќе пари добиваат. Гнаси.

    Па колку луѓе посмртно ги броеја од корона, ми смрдеше случајот со мајката и синот во Велес, еве една теорија ;)

    Луѓево веќе од други болести не умираат
     
    На LaDyDoLl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.947
    Допаѓања:
    53.218
    Пол:
    Машки
    Најјаки ми се овие што го релативизираат вирусов као нешто што не постои, па триста заговори. Не драги мои, за жал вирусот постои и луѓе стварно умираат а лек(вакцина) уште нема. Затоа мора да се стави под контрола ширењето пошо ако излезе од контрола можеби вашите баби или дедовци ќе ги остават у ходници по болници и место нив ќе примат помлад пациент.
    Ни мене не ми се свиѓаат меркиве, преку онакво ми е веќе и ме утепа психички ама мора да се издржи.
     
    На Nausicaa, oblace1, rainbowmama и 17 други им се допаѓа ова.
  16. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.802
    Пол:
    Женски
    Ми се свиѓа објективно гледање на стварите и размена на информации и да речеме дека ете можно е такво нешто да се случува.
    Само ме интересира дали може некој да каже кој ги нуди тие пари? Еве да речеме дека е така, зошто тие фамилии што им се нудат пари не кажат јавно, не знам ете на телевизија? Кога мене би ми се случило такво нешто одма ќе пријавам и ќе исконтактирам добар новинар и адвокат. Се е некако 'слушнав', 'се збори'... А има наивни луѓе што веруваат во се што се сервира.
    Или муабетите дека не може да се најдат болни од корона. Толку многу луѓе јавно се пишуваат со име и презиме и сеа не можело да се најдат... Хмм.

    Не се однесува ова на тебе, само се надоврзувам.

    А за вакцината, не знам дали се сеќавате уште на првите пресови на Филипче он кажа дека ако евентуално се пронајде лек не би било пред 2021 и затоа треба сами да се заштитиме колку можеме.
     
    На cresa-jagoda, candy.cane, Anie93 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.268
    Допаѓања:
    31.290
    Пол:
    Женски
    93646689_2329606734004782_9120761961028517888_o.jpg
    Јас велам ќе удри оваа ситуација на психа...Како мисли чичево, у логор да ги пикнат и да им скратат пензија? Јасно е одамна дека на некои од власта (не само кај нас туку и во свет) изгледа им се болни точки пензиите. Убаво им е само придонесите кога ги лапаат од вработените. Изгледа најфина опција е да умреме сите на последниот работен ден па и да не дочекаме пензија воопшто. Ај овој и не е некој битен лик ама со кој памет Филипчево се осмелува вакви нездрави мерки за дома до крај на година да предлага? Сериозно се загрижувам каде тоа живеам! :worried:
     
    На An-na и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  18. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.202
    Допаѓања:
    4.651
    Пол:
    Женски
    И јас такво нешто слушнав. Само не ми е јасно кој им нуди пари. Кој им дава толку пари?
     
    На cresa-jagoda и Jana06 им се допаѓа ова.
  19. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Па од сам почеток народот го слушаат зошто народот е тој што треба да ги гласа.И после демек експерти ги носеле меркиве.Се што се пишуваше на форумов како мерки што ги бараа ги донесоа.

    За париве инаку што плаќаат сите имаме слушнато,ама не верувам зошто не ми е јасна позадината.А дека случаи со пеумонија по автоматизам ги ставаат во корона во тоа сум се посигурна.

    Полициски час таков како што е на прсти се брои во кои држави го има.
    Во теории на заговор не верувам ама чудно ќе ми биде ако некој не ја искористи ситуацијава.Без разлика дали е за 5г,мигранти или некаков криминал додека сите сме дома и цел свет е на друго фокусиран.
     
    На Snow-Star и Zaljubena26 им се допаѓа ова.
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.653
    Допаѓања:
    192.347
    Сарказам се вика тоа:).
    Стилска фигура;)
    Инаку меркиве не се така невообичаени, имаме ние и во фолклорот песна, Го пратиле дедо в планина, мечките да го изедат. Е сега пошто мечки слабо, мора вака. (#сарказамповторно)
     
    На Nausicaa, candy.cane, DAngel и 4 други им се допаѓа ова.