Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.402
    Пол:
    Женски
    Од СЗО да земаат повеќе пари. Колку поголем број има на заразени и умрени и не држат затворени, повеќе пари добиваат.
    Еве ризично е и лапај пари.
    Сестра ми работи во телевизија и постојано се со овие, вика се е за пари да земат.
    Паника секако има од народот ама тоа е..
     
    На cresa-jagoda, AthenaAsamiya, Feminka22 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.653
    Допаѓања:
    192.347
    Можно... Интересно...
    Ќе дојдеме на муабетот од пред 900 страни на темава дека it`s all about money:?:
     
    На cresa-jagoda, candy.cane, Feminka22 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.276
    Допаѓања:
    50.910
    Пол:
    Женски
    Немам појма, никој ништо не знае, само знаат дека така давале пари.
    Не знам, така ли зборуваат само да плашат народо или немаат работа па измислуваат глупости.
     
  4. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.402
    Пол:
    Женски
    Јас оладувам веќе, не дека нема вирус. Ама не е толку тежок и опасен. Повеќе умрените што се пишани се умрени од хронични болести и слично. Како и заболените...Се е само бројка...
    Во право се некои што шетаат на улица, а полицијата не ги казнува воопшто..
     
  5. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.802
    Пол:
    Женски
    Јас денеска бев на лекар, се е празно, полиција на секој чекор нема шанси кај и да идеш да ги избегнеш. Ги стопираат сите коли, а пешаци нема никаде.
     
  6. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
  7. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.335
    A вие од воздух живеете само?
    За да бидеш здрав треба редовно да јадеш и пиеш вода. А храна како набавуваш?
    И од глад и сиромаштија се умира. А гладта не се лечи со вакцини и имунитет. Ќе речеш претерувам. Ама финансиски загуби до тоа водат. А знаеме дека не сме богата земја, дека во моментов навистина има семејства што една кришка леб ја делат на три дела да има за сите. И со поголеми загуби, ако вака продолжи или со поригорозни мерки, ни таа кришка ќе ја немаат.
    Можеби ти нема да почувствуваш толку, ни јас. Ама куп откази се дадоа и има куп луѓе што секој денар им е важен во моментов.

    Не знам колку пати се пишуваа вакви коментари. Дека подобро да колабира економијата отколку да умираме од корона. Не треба да си економист за да сконташ што значи колапс на економија, особено во земја како нашата.
     
    Последна измена: 20 април 2020
    На cresa-jagoda, Nausicaa, candy.cane и 11 други им се допаѓа ова.
  8. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Регистриран е 21 излекуван пациент - 16 од Скопје, 3 од Куманово и 2 од Штип, сите се лекуваа во домашни услови. Со ова до денеска, бројката на излекувани пациенти во земјата изнесува 200 пациенти.

    Во изминатите 24 часа потврдени се 18 нови случаи на коронавирус.

    Скопје-2
    Куманово-9
    Штип-2
    Тетово-2
    Велес-1
    Гостивар-1
    Пехчево-1

    Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1225.

    Починати се тројца пациенти позитивни на ковид-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина една пациентка од Лабуништа на 46 годишна возраст, примена на 29 март, а подолг временски пердиод била на механичка вентилација, и еден 71 годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 15 април.

    Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Куманово на 63 годишна возраст, хоспитализирана во тешка состојба на 6 април и веднаш поставена на респираторна машина.

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, примени се 3 пациенти од Скопје, Струга и Прилеп со средно-тешка и тешка состојба. Вкупно се хоспитализирани 56, од кои 18 се на кислородна поддршка, а 3 се на механичка вентилација.

    Во ГОБ „8 септември“ примени се 15 нови пациенти. Суспектни пациенти кои добија негативен резултат се префрлени на други оддели, па во моментов на одделот за ковид се хоспитализирани 34 потврдени и суспектни пациенти. Со потешка клиничка слика се 9 пациенти, а 6 се на респираторна машина.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 14 пациенти потврдени и суспектни на ковид, а на домашно лекување се следат уште 15 пациенти.

    Во штипската болница во мометов се лекуваат 5 ковид позитивни пациенти, сите во стабилна состојба, а на домашно лекување се следат 19 пациенти.

    [​IMG]

    Овие мајтап тераат,ако не нека не тестираат и нема да има заболени,што е по 200 до 300 тестираат?
     
    На cresa-jagoda и Justicija им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.016
    Што е интервенција што не може да чека?

    Јас лично откажував операции на луѓе со карциноми кои можат да чекаат.
    Карциноми кои ги имале со години, па 2-3 месеци не би биле страшни нели.
    Се оперираа само оние кај кои и 2 недели се страшни.

    Не знам дали онака зборите, или стварно знаете што значи да знаеш дека имаш карцином, да се спремаш психички за операција, да направиш куп испитувања и да ти кажат седи си дома, оти поверојатно ќе умреш од вирус него од карцином.

    Од една страна не гледам нешто толку страшно кај оние операции кои не се живот и смрт во прашање, а ги откажавме, или пациенти кои доаѓаат за релативно лесни состојби.

    Но, кога се оперираш од нешто такво, кога стекнуваш доверба во одреден доктор, и тој не смее ни да ти се приближи оти вчера оперирал некој со ковид, не е едноставно. Не е лесно.
    И не е фер да се правиме кому му е потешко.

    Матичните доктори ај што се изложени во прва линија секој ден, немаат ни јасни насоки кој каде да праќаат.
    Термини не, нема и нема ни да има наскоро, но и итните треба да знаат точно кај да ги праќаат.

    Се случува човек со ковид да пратат во болница која се смета за "безбедна" и обратно, човек без ковид да пратат во болница која се смета за центар за ковид.
    И не е еден доктор, што ми кажува дека не им се најјасни начините на упатување.

    И додека ние смислуваме што е поопасно, основната болест на човекот или вирусот, да, има човечки жртви.
    Не знаеме дали ќе преживееле, ама требало бар шанса да им дадеме. Знаете, како со респираторите. Веројатно нема да преживеат, ама шанса да им се даде.

    Ништо не предлагам. Поима немам искрено.
    Само знам дека жртвите на ковид не се само оние позитивни на него.
     
    На WildMk, cresa-jagoda, AthenaAsamiya и 15 други им се допаѓа ова.
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.768
    18 новозаболени?:^)

    Целата прииазна е што некоИ решиле да има избори во јуни.
    Па привидно паѓа број на заболени.Да може да се организира се.
    :doh:

    Долга ни е нивата за орање нас.
    Веќе не верувам во ништо:devil:
     
    На WildMk, azelea, cresa-jagoda и 11 други им се допаѓа ова.
  11. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.802
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ради празникот и викендот е вака. Од утре пак ќе има 50+.

    А може и ќе паѓа бројката што би било совршено (fingers)
     
    На cresa-jagoda, candy.cane, Bille20 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.947
    Допаѓања:
    53.218
    Пол:
    Машки
    Прочитав дека од 2ри мај ќе се укинува карантинот и полицискиот час а веќе од 15ти ќе се отворат сите затворени фирми. Све ова е неофицијално, да видиме дали е вистина
     
    На cresa-jagoda, AthenaAsamiya и Bunny2 им се допаѓа ова.
  13. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    724
    Пол:
    Женски
    Има сомнителни работи.
    И целата ситуација со резултатите од заболениот од интерно од Битола е сомнителна, но на крајот секој си верува во тоа што сака, а за жал кај нас тоа е вообичаено нешто крајно екстремно.
    Или црно или бело, трето нема.
    Во понеделник секогаш има помалку, слободен ден имаат, па помалку тестираат. Одземи ги и тие излекуваните и други што по прв пат контролно ги тестираат и ќе излезат двајца без тројца реално тестирани.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.016
    Од колку тестови Рефке?

    Башка, зависи и кого тестирале.
    Ако нема ни еден тест во Скопје, Куманово, Тетово, очекувано е да е мало бројче :)
     
    На cresa-jagoda, candy.cane, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    200 тестирања дневно = смешки.
    По 200 треба да прават во еден град само, а не на цела територија.

    Де 100 заболени, де 18... Некогаш ќе се одлучат да најдат средина, па пик, па крај?

    Скопје само 2ца заболени. Ок.

    Ете изгледа прочитаа вчера дека пишавме дека пумпаат бројки па сега ги намалија да не се сети работата :rofl:

    Ама празник било, ама недела било...и за коронава е празник?
    |-)
     
    На WildMk, cresa-jagoda, Nausicaa и 10 други им се допаѓа ова.
  16. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Грешка си,не се укинува полицискиот час туку место во 16 да поќнува од 20часот,поради притисокот на угостители да работат највероватно ке работат рестораните но ке има растојание од човек до човек,такви некои олабавување на мерките.
    Не верувам дека ке ги укинат до крајот на мај.
     
    На cresa-jagoda, Spidy, Bunny2 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    11.801
    Пол:
    Женски
    Луѓе кои една кришка делат на повеќе имало и пред ситуацијата, ќе има и понатаму. Сиромашна држава сме, тоа е факт, ама изгледа порано не им беревте толку гајле на тие луѓе.
    Немам што повеќе да кажам на темата.

    @CameliaMiller нема да се правам сезнајко.
    Го споделив само онаа што веќе го знам, а тоа е дека секаде се чека и се откажуваат интервенции.
    Кои се интервенциите кои можат да чекат, кои не можат, не можам да кажам, не сум лекар. Се надевам на доволно стручност од лекароте и доволно јасни насоки кон нив за да се постапува правилно.
     
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.016
    Не само угостители, за сите е тежок заеб ова во 16.
    Сфаќам ноќе да држат народ дома, бар од сообраќајки нема да се пунат ургентните.

    Ама во сред ден, па после се гужвале по банки и маркети и аптеки.

    И тие што почитуваа, збудалеа веќе, преку глава им е.
     
    На azelea, cresa-jagoda, Nausicaa и 10 други им се допаѓа ова.
  19. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.335
    И затоа мора да тече економијата и да не се дозволат големи финансиски загуби зашто бетер ќе биде и за нив и за тебе.
     
    На Bunny2 и zhap4e им се допаѓа ова.
  20. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    Малку се тестирани,затоа е помал бројот.
    Или пак вирусот губи на јачина.Кој да знае?
    Веќе не знам што да мислам,ова е -ко не полуди,тај није нормалан.
    Одбивам да верувам дека се игра со бројките,ова не се само бројки,човечки животи се во прашање.

    Од кај па сега избори???
    Како ќе ги организираат?Способни ли се да обезбедат соодветни услови?
     
    На WildMk, cresa-jagoda, Dennings и 7 други им се допаѓа ова.