Форумџика на годината

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.835
    Допаѓања:
    135.575
    Пол:
    Женски
    Без разлика дали од Судска нешто кријат или не,микробиологот што збореше за Сител пред некое време добро кажа дека Венко избрза со објавување на случајот бидејќи не се познати сите околности.Се создава простор за шпекулации.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.517
    Допаѓања:
    27.302
    Пол:
    Женски
    Ах бе Камелија, какви работи се прикриваат и се местат, па за една бабичка од Велес ќе правиме муабет.

    Моето е 3 години и нема шанси да носи маска, а и реално мислам дека нема потреба, секако не го макнам по затворени простории и низ маркети.
     
    На NarCis@, ocicka2014, СуперДевојка и 2 други им се допаѓа ова.
  3. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.835
    Допаѓања:
    135.575
    Пол:
    Женски
    Ама ако мораш да го носиш на лекар,тогаш ќе мора да носи маска.
     
    На cresa-jagoda, Biljarkata и candy.cane им се допаѓа ова.
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.210
    Допаѓања:
    38.246
    Пол:
    Женски
    А чуму маската ако ја чепка цело време, ја вади, ја мести, трга итн.... Ефект? Или контраефект ќе има?

    @СуперДевојка Остај не да се жалиме, не гледаш ли дека ни е досадно |( Не сме сите ефикасни како тебе.
     
    На NarCis@, ocicka2014, kukla21 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.517
    Допаѓања:
    27.302
    Пол:
    Женски
    Добро за на лекар да, се надевам ќе немам потреба од тоа, ама на отворено нема шанси маска да им ставам. Во затворени простории не планирам уште долго да ги носам.
    Хахаха ја прочитав Супер девојка и не сфатив дека со иронија и е поставено прашањето. :D
     
    На NarCis@, kukla21, BoaVista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.848
    Допаѓања:
    264.678
    Жабче, може доброволно да идеш на Инфективна, да го фатеш вирусот и ти и како Наум да ни кажете дека е обичен грип?
    Никому не му е убаво да седи дома затворен, но во прашање е здравје и мора да имаме трпение и разбирање за ситуацијата.
    Еве ти пишав ако е обичен, појди, зарази се и да видам на кој став ќе си потоа.
    Не е ок вака да се потпалува народ по социјалните мрежи. Еве ајде да ве остават сите да правете што сакате, ама после никој да не оди на лекар.
    И те молам, еве кажи ти како би постапила во оваа ситуација, чисто да знам кои мерки се исправни.
    Решение имаш? Секаде се вакви мерките. Јас имам што се пере, ја вријам и носам. Ракавици не ти требаат, гелот е сосема доволен и попрактичен.
    Неспорно е дека Дума е професионалец. Сум била на обдукции. Он го пишува извештајот, но не го објавува тој.
    Е така, кој сфати, сфати.
     
    На ocicka2014, cresa-jagoda, oblace1 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. P.S.love

    P.S.love Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    1.079
    Допаѓања:
    9.319
    Пол:
    Женски
    FB_IMG_1587482057874.jpg
    Брат ми во цело Ск не можеше да најди хируршки маски, па јас од Битола му пратив. Не сакаше да купи од памучните, според сликата, не штитат.
    А, ќе има во догледно време достапни ефикасни маски? :?: Затоа што ќе треба сите да носиме почесто откако ќе се олабават мерките. Ај досега дома, само по потреба се излегува,ама ќе се почни со работа... Се надевам дека ќе набават.
     
    На Cka, 1209 и kristina.k им се допаѓа ова.
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.401
    Пол:
    Женски
    Добро, а маскиве нормално е да ги фаќа аптекарката со рака со која фатила милион други работи како пари од болни луѓе на пример, и после јас тоа да го редам на уста? Не може тоа да се регулира некако?
     
    На NarCis@, cresa-jagoda, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  9. queen19

    queen19 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    1.845
    Пол:
    Женски
    Спреми си парички тогаш. Сакате слобода да си го шетате детето ама на отворено маска не ставаме
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.337
    Па нели се збореше нема маски по аптеки, нема маски ни за медицинските работници. Па сега како ќе има за сите?
    И дали само во затворен простор ќе мора да се носат или и на отворено?
     
  11. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.856
    Допаѓања:
    122.996
    Пол:
    Женски
    Шо збориш бе:o
     
    На CameliaMiller и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  12. queen19

    queen19 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    1.845
    Пол:
    Женски
    Па ако биде задолжително носење маска како во Куманово И НА ОТВОРЕНО мислиш нема да има казни?
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  13. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Разбирам маска во затворен простор и тоа да биде обавезно,но на отворено пример парк,планина нема потреба или џогирање,само ако има повеќе луѓе е тогаш да.
     
    На CameliaMiller, candy.cane и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.835
    Допаѓања:
    135.575
    Пол:
    Женски
    Венко на пресот рече дека ќе мора да се носат маски и на отворено доколку нема можност за држење дистанца,па сега...
     
    На ElenaOfRivendell, cresa-jagoda и queen19 им се допаѓа ова.
  15. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.856
    Допаѓања:
    122.996
    Пол:
    Женски
    Претпоставувам тоа ќе е инаку регулирано. Теоретски и правно ќе е за казна, меѓутоа знаат сите дека на мало дете не можеш да му ставиш маска ниту можеш да му објасниш да не ја допира :(
     
    На queen19 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Комисијата за заразни болести до Владата ќе ги достави следните предлог измени во однос на времетрањето на полицискиот час и носењето на заштитна опрема на граѓаните.

    Полицискиот час да започнува секој работен ден во 19:00 часот, наместо во 16:00 часот, како што тоа беше досега.

    За возрасните граѓани да продолжи времето на движење, од 08:00 до 12 часот, наместо од 10:00 до 12:00 часот.

    Продолжување на периодот во којшто се движат и младите до 18 години, во периодот од 13:00 до 16:00 часот.

    Полицискиот час за време на викендот да остане, но со скратено време и да почнува во сабота во 13:00 часот и да заврши во понеделник во 05:00 часот наутро.

    Да остане целосно исто како и досега забраната за групирање на граѓаните и сите други мерки кои се во однос на физичката дистанца, користењето на јавните површини и парковите.

    Граѓаните ќе треба да носат лична заштитна опрема на лицето при движење во затворени објекти и на отворено. Заштитна опрема на затворено треба да се носи при движење во сите јавни места од затворен тип, како маркети, продавници, банки, пошти, чекалници, здравствени установи. Сите затворени објекти во коишто има повеќе лица.

    Во однос на отворените површини заштитна опрема мора да се носи на места каде што нема простор за дистанца од 2 метри. Задолжително заштитна опрема се носи на пазарите.

    Исклучок за носење на заштитна опрема на отворено се прави само ако 1) лицето носи заштитна опрема на работа, која е пропишана со работното место како во погони, фабрики, производство 2) ако лицето престојува во двор на станбена семејна куќа 3) вози велосипед или спортува на отворено, но ја држи потребната дистанца од 2 метри и не го прави тоа во група согласно постоечките рестрикции 4) при возење на патничко моторно возило со лица со коишто лицето живее во заедница или домаќинство. 5) При движење на јавни места и површини од отворен тип и целосно го одржува дозволеното минимално растојание од најмалку 2 метри од другото лице коешто е во непосредна близина.
     
    На cresa-jagoda и Bunny2 им се допаѓа ова.
  17. queen19

    queen19 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    1.845
    Пол:
    Женски
    таа самата вели дека на отворено нема шанси маска да му стави не дали може или не туку не сака, ако не сака нема ни да го носи надвор кукање за слобода ама маска моето дете нема да носи , ме сфаќаш ваљда што сакам да кажам ако сака надвор со детето ќе мора да се привикне на условите
     
  18. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.131
    Пол:
    Женски
    Се наоѓаат маски. И по фб ми излегуваат чат пат дури реклами и за хируршките и платнени и други. Јас памучна имам и веројатно со такви ќе останам. Пред некој ден баш се зезнав со прашок ја перев па си го надразнив носот. Ракавици ми се непрактични и никого не штитат реално. Доволно е во секој простор да има средство за дезинфекција ко што има по супермаркетите на влез..така и по други.
     
    На CameliaMiller, cresa-jagoda и BoaVista им се допаѓа ова.
  19. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.210
    Допаѓања:
    38.246
    Пол:
    Женски
    Ај, ти размисли кои глупости ги кажуваш, па после збори тука.
    Еве ќе му ставам на дете маска, ќе ја чепка, мести, вади.... и што ако носи?
    Или битно е да ја запазиме процедурата...


    Ова сликава погоре што е постирана за маскиве ако е вистина на крајот излегува дека џабе ги носиме.
    Ние дома имаме од платнените и едни други што се перат, ама не се платнени. Медицински му рекле на маж ми.
    Значи треба да ги вријам? Јас ги перев до сега :x
     
    На Lolipop23 и fana им се допаѓа ова.
  20. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.233
    Допаѓања:
    10.163
    Јас до сега состојбата во светот со ковид ја следев на апликацијата на AirCare, дали некој знае зошто на некој од странство би му сметало да имаме увид во статистики низ сите земји? Или за нешто друго станува збор? 98B24B9F-C07A-48DF-AF39-A4DDA3844A68.jpeg