Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Има ли некаде линк од изјавата во живо? Одамна не ми личи на просечно паметен човек, ама ова е врвот досега мислам :rofl:
     
    На Biljarkata и candy.cane им се допаѓа ова.
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.104
    Допаѓања:
    131.509
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20200424-131856_Facebook.jpg Screenshot_20200424-131905_Facebook.jpg
    1.Во Инфективната Клиника во Скопје вкупно хоспитализирани се 61 пациент,од кои 6 се на механичка вентилација,а 19 се на кислородна поддршка.
    Во ГОБ-8-СЕПТЕМВРИ вкупно хоспитализирани се 38 пациенти(38 според објавата на МЗ,а Филипче рече 24 вкупно потврдени),од кои 6 се на респиратор.
    Согласно последните информации нема драстична промена во клиничката слика на пациентите во другите болници.
    2.Пристигнаа 5 илјади N95 маски и 12 од 20 договорени респиратори како помош од ЕУ,помош во вредност од 4 милиони евра.
    3.Заводот за Рехабилитација е дезинфициран и ќе функционира.
    Министерот нема информации за состојбата на заболениот од Домот за Стари Лица во Битола и за втор заразен од таму,па треба да провери.
    Пациентите од Кумановската Болница по потреба се праќаат во Скопје.
    Итните случаи не смеат да се одложуваат поради загрозување на животот.Смеат да се одложуваат само случаи без компликации.
    Владата ќе размислува за промена на концептот за прегледи и третирање разни пациенти во болниците по пикот.
    Владата ги покрива трошоците на заболените од вирусот кои немаат здравствено осигурување.
    Протоколот за крвна плазма е готов,што е веќе кажано,а крвната плазма ќе се дава по индикација.
    Во периодов сè и сешто се објавува за лечење на заболени,а не е сè целосно утврдено и поради тоа се пристапува внимателно.Немаме искуство со алтернативна медицина и поради тоа се држиме до она што е докажано како ефикасна терапија.
    4.Ќе им бидат продолжени договорите на патронажните сестри кои се вработени со договор на дело ако тие се заинтересирани.
    5.ДСЗИ заврши со својот прв инспекциски надзор(наод и извештај) и тој е предаден во МВР,а денес спроведува и втор.
    Министерот не сака да се произнесе со информации за она во Куманово за да не ги наруши постапките на институциите,ќе почека да се произнесат тие по што тој ќе даде негов коментар.
    6.Тестовите не се 100% сензитивни,ама тоа дали ќе ја дадат реалната слика на пациентот зависи и во која фаза е тој,дали е на почеток на заразата или во понапредна фаза.
    7.Препораката за 14-дневна самоизолација е битна бидејќи тоа е инкубационен период и човек може да добие симптоми во кој било од тие денови,а може дури и по тие 14 дена.
    Забележан е раст на асимптоматски случаи и поради тоа мерките мора да се применуваат и понатаму.
    Забележано и дека многу лица не носат маски иако тоа од вчера е задолжително.
    Мора да се носи маска/шал/марама.Носот и устата мора да бидат покриени.Каква и да е покривката,истата не смее да се фаќа ни со голи раце,ни со ракавици.Рацете да се мијат 20 секунди.
    Мерките мора да се почитуваат!
     
    Последна измена: 24 април 2020
    На Biljarkata, poppie, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  3. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.410
    Допаѓања:
    260.132
    Пишувај ти, иако мислам дека е некоја препорака до сите држави, се додека расте бројот на заболени од короната.
    А и дискус хернија многу ретко е итна состојба.
    А итното таму е кога си за операција. Прво се пробува со други начини, операција е крајно.
    Кај се фати за ова баш:D.

    Јас сум од почеток дека мора да се обрнува внимание на другите болести и состојби.
    Се надевам дека набрзо ќе сменат политика и ќе почнат да се третираат и неитните случаи.
     
  4. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.378
    Допаѓања:
    119.582
    Пол:
    Женски
    Не до толку бре? М? :|
     
  5. magnolija09

    magnolija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    860
    Пол:
    Женски
    znaes da mi kazes kade i kako se pravi toj test za sprovodlivost na nerv? jas imam slicen problem i so dvete stapala no nemam diskus hernija (od povreda na grbot mi e toa zarasna , no nervot mi e rekoa pritisnat nekako, toa mi ostana ) ako znaes kako se pravi toj test i kade pisi mi ako sakas tuka ili vo poraka ...fala
     
  6. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.056
    Допаѓања:
    9.890
    Пол:
    Женски
    А зошто посебни тимови со најака заштитна опрема скафандери и се не се задолжеа за преглед на сомнителни за корона, а матичните и специјалистите исто така заштитени нека работат со другите болни.... Па испаѓа ги штитиме докторите а не пациентите ко шо имаше пример во неколку града,пациенти починаа зошто доктор не им се нафаќаше или гледаше да ги откачи да ја префрли топката на друго место :puke:....Сите живееме со некој шо си има хроничен проблем, акутен, па ајде, нели им е се дезинфицирано, нели под полициски час сме....Нека бидат построги со тие шо не почитуваат прописи и то да не е во насока на собирање пари од казни и ќе се минимизира бр на заразени.

    Чума да беше досега ќе ја елиминираа ко вариолата во Југославија, ова трагикомично стана и мислам баш зато шо не е многу опасен вирусов лабаво си бијат шега со нас. Да бевме како свет под построг карантин месец дена да речиме, досега ќе беше готово, а и некои животи ќе спасевме.

    И нашиот народ многу прост е шо не почитува социјална дистанца, треба и во нормални услови да не се пикаш на пријателите и останатите во фаца и ќе немаш проблем со зарази. А не ко почна заразава пред месец дена јас со маска си излегувам, двајца пријатели на улица 50 годишни разговараат за банални теми, абе лице в лице зборат ко во геј сцена да се, едниот му се накашла другиот уште си седи. Од вакви сите си патиме.

    Татко ми уште мала ко бев одбиваше да се ракува во сезона на грипови и дома грип само еднаш сме имале, јас на школо се заразив во петто и никој друг од домашните. Треба свесност да се има за основни работи.
     
    На cresa-jagoda и tina2018 им се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Пак серат со тоа "а може и по тие 14"
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.942
    Допаѓања:
    203.234
    Пол:
    Женски
    Работат. И општите матични лекари и матичните гинеколози работат, само матичните стоматолози не, оти аеросолите и директната работа во устата придонесува за полесно ширење на заразата. Во Србија починаа петмина стоматолози од вирусот.

    Иначе јас се сложувам дека здравството мора да функционира и за неитните случаи, ама приоритет е сега да се заштитат здравствените работници. Опремата чини многу, затоа очекувајте дека, кога ќе помине сето ова, големи се шансите да има корекции на цените, поточно зголемување. Во сите ПЗУ кои работат со фонд, како матични лекари. Небитно дали гинеколози, општи лекари или стоматологија. Бидејќи ќе мора да носиме заштитна опрема што подразбира скафандер, калјачи, маски, визир и ракавици за еднократна употреба. А тоа чини. Како пример само ќе ви наведам, обични хируршки маски пред пандемијава ги купував за 150 денари кутија со 50 парчиња. Сега истата таа кутија има цена од 1350 денари. Тоа само маските. Останатото, да не правам муабет. Затоа, ако нема корекција на цените, грото стоматолози целосно ќе се приватизираат, нема да бидат матични, туку ќе бидат приватни и самите ќе си ја одредуваат цената на услугата. А тие што ќе работат државно здравство, т.е со фонд, ќе се бројат на прсти. Можеби и ќе остане само клиника и здравствените домови. А гледам еве, не постигнуваат, пациентите се жалат. Јас сум нонстоп на телефон, ме молат да дојдам на работа да им извадам заб, да им ставам лек, оти немало каде да одат. И револтот е голем и целосно ги разбирам. Ама и јас не можам да отворам, оти ќе ме казнат, 5000 евра е казна за отворена ординација. Верувам дека ќе почнеме да работиме наскоро, ама по која цена, ќе видиме. Многу лесно се фаќа корона од забар, да не речам најлесно се формираат кластери. Доста е еден заразен да влезе во ординација, освен лекарот и сестрата, сите пациенти после тоа се на ризик. Без разлика што ќе издезинфицираш и стерилизираш. Се гледа по примерите од соседните држави дека методите на класична стерилизација не се доволни.
     
    На Ivan4e04, Doozy, cresa-jagoda и 14 други им се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Тие за челинџ на социјални мрежи Тајд капсули јадеа, а не ако мислат дека ќе ги излечи
     
    На fana, candy.cane и Biljarkata им се допаѓа ова.
  10. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.056
    Допаѓања:
    9.890
    Пол:
    Женски
    А заборајв, зошто да се заштитат матичните ко и така не работат со луѓе шо немаат температура над 38?:rofl:(facepalm) Досега ќе прележеа лол. Ко грипот шо се пренесува, толку и ова.

    Мене ме нервира шо сме ни ваму ни таму. Јас сум за локдаун ама или нека не затворат асално дома, или нека не пуштат слободно да се стекни колективниот имунитет побрзо. Вака пролонгираме агонија. За да не се оптеретеле капацитетите во болниците, болниците се празни. Личи ко некој на одмор да е.
     
    Последна измена: 24 април 2020
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.526
    Допаѓања:
    191.478
    Леле :rofl: :rofl: :rofl: видеото е уште посмешно отколку транскриптот(facepalm)

    Можело и внатрешно УВ зрачење да тестираат @fana :worried:
    The sky is no longer limit...

    Ако ме снема, да знаете, тајните служби ме собрале заради исмевање на угледот на прецедникот:worried:
     
    Последна измена: 24 април 2020
    На Stache, WildMk, fana и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.056
    Допаѓања:
    9.890
    Пол:
    Женски
    Тој барем на почеток затвори граници за Кинези исто ко Путин.

    Други западни држави ја поматија водата и пак Трамп е крив ко секогаш.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    3.162
    Пол:
    Женски
    Супер уште здравствените услуги да ги покачат, како што народов и сега нема пари и некои останаа без работа како јаготка на шлагот ќе биде. Малку кредити до сега земаа за операции и постоперативни третмани. Супер. Не дека до сега не дереа ехо иако не треба да се плаќа тоа сега за се ќе си наоѓаат причина плус за пари да собираат.
     
    На cresa-jagoda и candy.cane им се допаѓа ова.
  14. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум го сметала за арен во главата...
    Што не си се задржа за бизнисите што ги има, си ја срами цела нација вака (не дека се нешто поарни па).
     
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Да, да, затоа не им стигна вирусо ич :D
     
    На Stache, fana, JuLleE и 5 други им се допаѓа ова.
  16. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.971
    Допаѓања:
    2.233
    Не не да не биде како за Велигденот, нека го затворат само Петокот, Сабота нека си биде до 3 па до понеделник.Како што е викендов.Многу беше претходниот викенд. Шашардисавме.
     
    На DraganFem му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.056
    Допаѓања:
    9.890
    Пол:
    Женски
    Од Европа претежно.

    Европа е крива, гушни Кинез.
     
  18. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.971
    Допаѓања:
    2.233
    За Вакцинава стварно мислам дека фармацефтите мораат да бидат птетпазливи.
    Убаво да се испита нека помине и ако треба малку подолг период но прво убаво да се испита.
    Може ке има и нус ефекти.
    Ја мислам дека не би била задолжителна, туку само за Повозрасните и тие со до други заболувања.
    Другите мислам на избор ке остават.
     
    На нина122 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Не е битно. Мерка што не вродила плод е глупа. Требало цела Америка да ја затвори, а не само да забрани влез на Кинези. Требаше, додуша, еден ѕид околу Америка. Башка, се шушка дека вирусот многу порано им влегол, со нивното здравство - не ме ни чуди.
     
    На candy.cane, JuLleE и green.eyes им се допаѓа ова.
  20. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.056
    Допаѓања:
    9.890
    Пол:
    Женски
    Јас го рачунам за битно затворањето на границите, Америка и другите држави не се моја грижа но проблемот со вирусот ни дојде од Европа која им е репер за одлуките на нашиве власти, каде па вирусот дојде директно од Кина и ги десеткува пензионерите во Италија. Европа требаше да мисли за доброто на своите жители не да прави атер на Кина или со Трамп да се занимава дали е неспособен или кловн или расист, исто како што ние требаше да се грижиме за свое добро наместо слепо да копираме западни држави.

    Сите да ги затвореа од почеток границите со Кина сега лесно ќе беше.
     
    Последна измена: 24 април 2020