Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. magnolija09

    magnolija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    860
    Пол:
    Женски
    i uste nesto pocnavme da pisuvame gluposti koi nemaat vrska so temata
     
    На DraganFem, Melovera и BoaVista им се допаѓа ова.
  2. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.673
    Пол:
    Женски
    Ама може да биде и лице кое завршило курс или па самоук автомеханичар. Уште има такви, да.
    А стоматолог може да биде само лице кое има завршено факултет. Ќе појдеш ли кај приучен стоматолог, ко што многу идат кај приучени автомеханичари. Нема да одиш, многу нормално.
    Поентата е да се согледаат работите реално, од двете страни, ниту сум стоматолог па да ги бранам, ниту имам некаква врска со стоматологија. Ама мора да се гледа реално. Точно дека има стоматолози што добро заработуваат, ама има и такви кои преживуваат. Да не бидеме офтопик, прекинувам со дискусијата, секако утре ќе не бришат.
     
    На JuLleE, BlackNight, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.307
    Искрено, мислам дека е сериозен проблем ова.
    Да барам сега некој, нема шанси... страв ќе ми е.

    Или би било нешто во стилот: Сакаш да пиеме кафе? Носи со себе извештај од ковид-тест, не постар од 24 часа :drunk:

    :D
     
    На cresa-jagoda, *Amethyst*, PoisonGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Melovera

    Melovera Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2020
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    мислам дека за млади и релаивно здрави личности нема некоја поголема опасност од тежок, потенцијално смртоносен случај...
     
  5. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
  6. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.267
    Допаѓања:
    31.281
    Пол:
    Женски
    Да прошетаме и средиме обврски до 15:00 оти после тоа па се до понеделник ќе шетала короната надвор. :smirk: За први се одлучија што како ќе биде или уште ништо?
    Што се однесува до здравство и прегледи периодов, да стискаме заби да не ни бидне нешто оти тешко нас. Наместо од вирусот, луѓево ќе почнат да умираат од банални глупости оти нема кој да им помогне. Ама битно сите вработени плаќаат здравствено осигурување. Штета што немаме избор баш.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    663
    Допаѓања:
    1.996
    Јас па не ви ја разбирам логиката дека работата на стоматолозите е поврзана со здравје па според тоа е многу важна и треба услугата да биде поскапа..., Па баш цената треба да е обратно пропорционална со важноста на услугата за да буквално секој може да си ја дозволи. Пример за заб мораш да реагираш и мора секој да може да си го дозволи тоа, додека пример ноктите (претходно спомнавте) не се никаква нужност па можат да биде и 3000 па кој му одговара нека си прави.
    За платите на стоматолозите - јас тие што ги знам се платени многу повеке од солидно. Ако не е фер регулирано кај сите тоа треба да се среди со државата ама во никој случај со големо поскапување на цените.
     
    На cresa-jagoda, candy.cane, elenaxbbg и 2 други им се допаѓа ова.
  8. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    За викенд за деца до 18 како беше излезот?
     
  9. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.947
    Пол:
    Женски
    12 до 15
     
    На fana и referentka им се допаѓа ова.
  10. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.271
    Допаѓања:
    57.130
    Пол:
    Женски
    Па добро, сакаш стоматологот да користи најквалитетни материјали, што се буквално истите што ги користат во странство, и ги набавуваат по исти цени.
    Кога сега му се зголемува трошокот за набавки, едноставно е - цената не може да биде иста. Никој не работи со загуба, без разлика колку тебе ти е неопходна неговата услуга.
    Се надевам дека државата ќе им покрие заштитна опрема и матичните нема да поскапат многу, но приватните сигурно ќе поскапат значително.
     
    На Yowannty, Doozy, Purplelilac и 4 други им се допаѓа ова.
  11. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    663
    Допаѓања:
    1.996
    Па да, приватните имаат можност да поскапат па да се соочат со ризикот дали ке им се исплати ако им се намали побарувачката во зависност од тоа колку би поскапеле. Тоа е сосема во ред, како и во секој бизнис. Муабетот ми беше дека не треба да се дозволи за оние што работат со фондот, треба да си најдат решение со државата - баш заради тоа што е неопходна работа и за здравје се работи не треба да има значително поскапување. Сосема спротивно од компарациите со нокти фризери и слично. Здравствените услуги се неопходни и треба да бидат достапни за секој граѓанин.
     
    На cresa-jagoda и candy.cane им се допаѓа ова.
  12. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.163
    Допаѓања:
    40.525
    Пол:
    Женски
    Малку сте нереални со нападите на стоматолозите и споредба со други професии. Ако сакавте ќе сфатевте уште на првиот пост на Аннат дека тие ќе имаат реални трошоци по пациент по 2000-3000 илјади денари. Секоја дејност си го вклучува импутот во крајниот производ/услуга.
    Не можете да споредите со професија како правник, економист... на кои инпут во работењето им е компјутер и го користат за сите задачи и стоматолог кој пред секој пациентот треба да дезинфицира, да стерилизира, да користи специјална опрема, материјали во зависност од интервенцијата.
    И да не е фер за нашиот стандард, ама тоа е реалноста.

    А тие стоматолози што живеат убаво од работата верувајте први ќе скокнат со цените до плафон, сигурно нема да изиграваат социјална институција.
     
    На Yowannty, Ivan4e04, Waverly Raven и 16 други им се допаѓа ова.
  13. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.981
    Допаѓања:
    14.761
    Пол:
    Женски
    Е може после волкава дискусија за цените во стоматологијата ќе сфатите колкав економски ефект има состојбава во државата, па и цел свет. Од старт сме затворени, сите ординации и државни и приватни, зошто државата ни рече дека не можеме да исполниме услови за да работиме со пациенти, најголем извор на зараза ќе бидеме. А бидејќи забите не престануваат да се расипуваат во пандемија, кога тогаш ќе мора да ни дозволат да работиме. И кога ќе ми речат дека не смеам да примам повеќе од 5 пациенти на ден и еден куп плус "реквизити" ќе морам да користам како дополнителна заштита, едиствената опција е да се качат цените или да падне квалитетот.
    И така ќе биде за секој што работи дирекно со луѓе. Зошто ќе мора да се заштитува. А автомеханичарот (или правник, или економист, или што и да е) ќе продолжи да работи само со еден пар ракавици и една маска плус. Епа не е исто.
     
    На eli25, Doozy, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.334
    Ова со Трамп што рекол да се вбризгуваат дезинфекциски средства за да се лечат заболените...кажете ми дека не е вистина:drunk::worried:
     
    На cresa-jagoda, candy.cane, fana и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Ептен е вистина :D Многу се смеев на насловот: Трамп со нов предлог против корона, лекарите во шок! :D:D:D
     
    На Doozy, cresa-jagoda, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Lisicko

    Lisicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2020
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    1.099
    Пол:
    Женски
    Наводно саркастично одговорил на прашање од новинари
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.526
    Допаѓања:
    191.459
    Ако сум разбрала правилно уште пред повеќе од 10 години, примарното здравство е приватизирано. Значи матичен доктор, забар, гинеколог, педијатар, добиваат од фонд некоја сума по пациент за да ги лечат, ама сами си плаќаат наем, придонеси и плата, плус потрошен материјал за активноста што ја вршат. Колкава е таа сума по пациент не знам, ама дека ги покрива сите трошоци не верувам. Затоа добар, читај квалитетен доктор, не мора да работи со фонд, може да работи комплетно приватно. Додека има кој да го плати приватно. А така вие како пациенти немате многу избор, за малку пари, малку музика. И не се криви за тоа докторите, туку тој што го дизајнирал здравствениот систем.
     
    На eli25, cresa-jagoda, Alishan30 и 8 други им се допаѓа ова.
  18. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.002
    Допаѓања:
    37.240
    Пол:
    Женски
    А што е битно има или нема факултет? Учењето, вложените средства? Па и добри автомеханичари, фризери итн. вложуваат средства во наобразба и материјали за работа. И после зошто сите завршиле факултет? Е, за ова! За да бидеш ценет во општеството, инаку не вредиш. На страна што повеќе од половина од академскиве граѓани ни се неписмени, битно факултет имаат |(
    Стручњак си се стручњак и не го менуваш ако го најдеш. Дали тоа бил автомеханичар, стоматолог, гинеколог, фризер итн... Небитно. А најмалку битно е нивното ниво на образование, ако во пракса се дудуци.


    На темава (и таа е офтопик, ама ај) Нели ги ограничуваат и стоматолозите на максимум 2000 пациенти како матичните лекари? Јас знам дека матичен лекар не може да прими повеќе од 2000 пациенти т.е може, ама фондот му исплаќа само за 2000.
     
    На BloodElf, cresa-jagoda, zhap4e и 4 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.307
    Како не, саркастично.|(
    Му ја слушнав изјавата, тука беше линкувана.
    Сериозно го мислеше тоа идиотот.
    Предложи и УВ светла да сме ставеле во телото и така да сме го убивале вирусот.
    А за дезинфициентот да се инјектира или некако да се исчисти со него... ко демек, да му ги извадиме белите дробови на пациентот, да ги замиеме со доместос и да му ги вратиме назад.

    После го има пеено некој, затоа изјави дека бил саркастичен.
    Типот нема капацитет за сарказам, глуп е ко точак.
     
    На Yowannty, Doozy, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  20. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.673
    Пол:
    Женски
    Е баш така. Тоа ми беше поентата, дека стоматолозите немаат опција да работат под државна капа, туку со фондот или без фондот од државата.
    За приватните ординации кои работат без фондот, се согласувам дека имаат далеку подобар квалитет (на материјали пред се), имам и лично искуство, ама реално се и далеку поскапи. Ако за лекче ти земаат 300 денари овие со фондот што работат, приватните земаат 1200. Значи пак се сведува на тоа колку пари толку музика. И овие приватните 90 посто од нив работат претежно работи што и не се покриени од фондот односно естетика, кај што реално има највеќе пари. Освен стоматолози, имаат и протетичари и орални хирурзи и ортодонти. Цела поли клиника, што реално колку и да си квалитетен ако немаш средства тешко дека ќе можеш да отвориш и да почнеш нешто такво. А и они реално работат повеќе со странци, наши иселеници или пак грци, затоа и повеќето такви ординации освен во Скопје се шират и во Гевгелија, Сртумица.
     
    На eli25, LivingGlam, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.