Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.453
    Пол:
    Машки
    Или ќе се врати во многу помутирана и позаебана варијанта. Шпанскиот грип вториот пат покоси многу повеќе луѓе. Почнаа да попуштаат со мерките, затоа што економиите им се распаѓаат, а не дека го локализираа вирусот.
     
    На ohlalalala, темјанушка, cresa-jagoda и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.056
    Допаѓања:
    9.890
    Пол:
    Женски
    Прво сети се пред четири години колку долго имаше техничка.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.307
    Секако целта е да направиме имунитет на стадо.
    Додека не откријат вакцина со заразување, после со заразување и вакцинирање.
    Ама крајниот исход, тоа ќе биде.
    Само да се надеваме дека нема да измутира до толку, па додека ја направат вакцината, нема нов стреин да се појави, кој ќе биде отпорен на нејзе.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.470
    Законот дозволува повеќе од шест месеци да постои техничка Влада, ама прашањето е дали треба?
    Освен тоа, може и електронски да се гласа, ама со нашата системска организација тешко. Европа
    не може да се координира, не па ние.
     
  5. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.056
    Допаѓања:
    9.890
    Пол:
    Женски
    Макрон организираше избори пред неколку недели и тогаш букна вирусот во Франција. (facepalm)
     
  6. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.453
    Пол:
    Машки
    Квалитетна вакцина нема да има во наредните 7-8 години. Се друго ве лажат. За да една вакцина или лек дојде на пазар треба да поминат 9-10 години тестирање.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.639
    Пол:
    Женски
    Вирусот губи на сила, доказ за тоа се бројките во опаѓање низ целиот свет. И тоа е факт.
    Се остало се нагодувања, од експерти такозвани, кои освен дезинформации и параноја ништо добро не допринесоа за народот.
    Животот мора да продолжи без вирусот или со вирусот.
     
    На crimson, zhap4e, christinnn и 5 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.307
    Абе шо.. 100 години :D
    Не претервај и ти.
     
    На Lolipop23, oblace1, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.453
    Пол:
    Машки
    Секоја држава во САД и ЕУ има различни регулативи или clinical trials, како што тие ги нарекуваат, низ кои поминува еден лек од теорија да премине во масовна употреба. Секоја фаза има 3-4 години. Прва фаза безбедност на долги стази, а за да видат дали еден лек е безбеден потребни им се 2-3 години миниум. Потоа следува фазата на ефикаснот, дозирање и така натаму. Да видат која доза највеќе одговара, која доза произведува нус ефекти. За тоа се потребни години и милиони евра инвестиции. Многу лекови низ историјата биле отфрлени, затоа што после 2-3 години пројавувале тумори и други сериозни нус појави. Слободно тестирајте ги новите вакцини за 5-6 месеци.
     
    На BloodElf, cresa-jagoda, Bunny2 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.375
    Допаѓања:
    10.530
    Пол:
    Женски
    Е како тоа сега училишта градинки, кафичи, молови, слушнав и граници ќе се отвараат? Вирусов е помалку опасен од пред две недели кога по четири дена не мрдавме од дома или пропуштив нешто?
    Јас разбирам со полицискиот час што се скрати, тоа ми има логика ама уште не стивнал вирусот, уште нема лек, нема никаква промена на состојбата и сега ќе се отварало се?

    Децата во градинките да спиеме на тоа уше дека разбираат што е 2 метра растојание, аха.

    Ова со вонредна состојба, со полициски час, со рестрикцииве и како живеевме два месеци се ко да беше без врска, испаѓа ко за џабе да ги седевме два месеци дома, за џабе не затворија и не испоплашија, се им паѓа во вода.
     
    На ohlalalala, темјанушка, Lisicko и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.056
    Допаѓања:
    9.890
    Пол:
    Женски
    Во право е, и од добро познати вакцини кај возрасните луѓе се јавуваат нус појави, а не од нешто краткорочно испитано.
    На пример бсж вакцината ефикасно штити 15-20 години, но непрепорачливо е да се ревакцинираме како возрасни.
    Од масовната вакцинација против вариола вера во југославија се појавиле несакани реакции кај многу жители, то неодамна го призна пензиониран српски епидемиолог директен учесник во процесот.

    Не е.безбедно така само да се пушти нова вакцина во оптек. Вакцините против свинскиот ги повлекуваа.
     
    Последна измена: 25 април 2020
    На cresa-jagoda и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  12. Stache

    Stache Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Машки
    Упс, фактите се малку на стаклени нозе месециве, а и тоа што го спомна не е факт. Не велам дека ќе стане полошо или губи на сила, но бројките се намалуваат бидејќи ништо не е како претходно, луѓето не патуваат, не работат итн.. Не знаеме што ќе се случи..
     
    На темјанушка, cresa-jagoda, oblace1 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.650
    Да, процесот на вакцинација бил преку скарификација. иначе интересно што го спомна ова, баш Никола Бура медицински инжинер има објавено на оваа тема книга Без обдукција. По разгласувањето на епидемијата биле вакцинирани од 18 до 22 милиони жители на тогашна Југославија. Интересно е да се направи и паралела како тогашна Југославија ја победи епидемијата и стана пример за успешно справување според сзо. Има и филм
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  14. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.037
    Допаѓања:
    45.969
    Пол:
    Женски
    Како мислиш за џабе? Не е за џабе, сите мерки беа за да не дојде нагло многу заболени и да не можеме да се справиме, не за да чекаме да го снема вирусот затворени дома. Не ми е јасно како планирате да живеете вие оти вирус ќе има се додека не се измисли вакцина, која патем е со месеци минимум далеку, па планирате да седите затворено со месеци? Мора да почне светот да функционира, мора да се научиме да живееме со вирусов. Јас не планирам, а не ни сакам да живеам во страв, не е живот тоа.
     
    На mal.ecka, Ivan4e04, SuperGirl24 и 11 други им се допаѓа ова.
  15. Rebele

    Rebele Активен член

    Се зачлени на:
    11 април 2020
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Ми се смачи веќе од театаров.
    Како во Шведска не се затвори апсолутно ништо и си живеат нормално а и таму го има вирусов?
    Мене стварно не ми е јасно што прават
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.453
    Пол:
    Машки
    https://www.centerwatch.com/clinical-trials/overview

    Секоја фаза има по 2-3 години времетраење. Тоа е само кога се тестираат луѓе, а да не зборуваме од теорија, тестирање на глувци, па се тоа да го донесеш во фаза да го тестираш на луѓе. Експериментите врз глувци многу често покажувале други резултати врз човекот.
     
    На cresa-jagoda и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  17. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.375
    Допаѓања:
    10.530
    Пол:
    Женски
    А што, од сега одеднаш има многу капацитет и можеме да си дозволиме нагло бројот да порасне?
    Не живеам во страв, само кажувам дека чим може вака од сега понатаму можело вака и до сега, без трајни последици да има поготово врз економијата.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.650
    На овие пак не им се работи во сабота, сеуште нема резултати.
     
  19. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Министерот Филипче денеска нема да одржи прес-конференција
    25.04.2020 11:54
    Прочитано : 2,558

    [​IMG]
    Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска (сабота, 25.04.2020 година) нема да ја одржи прес-конференција, но Службата за односи со јавноста ќе одговори на сите поставени прашања од страна на медиумите.
     
  20. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Ве читам два месеци, со некои се согласувам со некои не, иако горе доле сите сте во право. Па се замараме дали сме доволно заштитени, седиме дома, бришеме производи, переме алишта после едно носење, дискусии за вакцини, смртни случаи... И искачам надвор се гледам со еден, втор, трет и слушам не постоел вирус! Луѓе, не сте свесни какви ствари слушам надвор, па за пари било, па вмро, сдсм, па глобална економија. Не можам, ми се повраќа од луѓето.
    Е сеа, ни свински грип не постоел, ни птичји сигурно и тоа било измислено... Од вирусот научив како да се заштитам туку како да се заштитам од вакви луѓе?
     
    На темјанушка, WildMk, oblace1 и 3 други им се допаѓа ова.