Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.639
    Пол:
    Женски
    Многу добро знаеш која ми е поентата со цитираното.
    Без разлика дали вирусот ќе е присутен или не, никому нема да му чуе за истиот. Знаеш зошто ?
    Пошто тогаш ќе го нема Венко да излегува на прес и да ви соопштува лаги за смртни случаи ( под околности со знак прашалник), ќе го нема да ви кажува за успехот на нашето здравство преку бројката на ИЗЛЕКУВАНИ ( односно 90% од луѓето кои биле пуштени дома и кои се лекувале со чаеви и витамини, кај кои контролниот тим нема поминато да ги види дали се живи ама битно ги излекувале,) ќе ги нема медиумите со корона во насловот, и тогаш се ќе биде ок.
    И да остане вирусот хипотетички, ќе видите како нормално ќе се живее и со него, како и со еден куп др вируси со кои живеевме досега.
     
    На jacqueline.s, Frosty!, vitamina и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Е така. Значи прекинете да пишувате глупости од типот 'Слушнав', 'Се збори', 'Од сигурни извори', 'Од прва рака', а тоа уствари дедовците по дома на глас што си размислуваат. Сите шпекулации искочија од празноглавци.
     
    На candy.cane и Spidy им се допаѓа ова.
  3. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.453
    Пол:
    Машки
    САД 960.000 заразени до денес.
     
  4. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.713
    Допаѓања:
    6.012
    Освен ако членката живее во Индија и кога вика "vozduhot vo nasata zemja se iscistil" се однесува за Индија и те како е за чудење.
     
  5. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.341
    Допаѓања:
    15.838
    Пол:
    Женски
    Со реченицата да си го одживееш нешто не ти е во ред :) 3месеци во животот не ти менуваат нешто многу. А што иритира што се рашетаваат? Иритира што гледаш колку луѓе не се замараат за своето здравје а после ќе треба докторите да се грижат, па на крај се докторите ви се криви. Друго може да го пренесат на некој само што до маркет оди или на работа. Трето пошо се амеби :)
    Не знам бе која душа ја имате да се рашетавате, а притоа да знаете дека може да се разболите и да разболите некој друг. Најди контакт со некој што работи на клиника жити се и вииди каква е состојбата, многу е пострашно од што мислите!
     
    На ohlalalala, Cutiepie1, BlackNight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.334
    Сериозно можеш да седиш дома три месеци? Ама стриктно да седиш, дома. Пошто нели не ти менуваат.
    Зашто јас не верувам.
     
    На candy.cane и fana им се допаѓа ова.
  7. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.341
    Допаѓања:
    15.838
    Пол:
    Женски
    Па можеш да прошеташ сам каде што нема луѓе, во ливада, парк, тоа не е забрането. Важно е да не се групираш . Можеш да правиш прошетка и со луѓето што живееш
     
    На BlackNight и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  8. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Слика од Шпанија денес откако дозволија деца под 14 години да се прошетаат и слика од Германија вчера.
    Од Шведска каде што нема ни мерки не ни се трудам да најдам.

    Вие пак зборете дека кај нас се мерките такви какви што се зошто ние сме недисциплинирани,а они се.

    Додека светот се враќа во нормала вие уште зборите за некакви си пикови кои што никој не може да ги предвиди.
     

    Прикачени фајлови:

    На jacqueline.s, candy.cane, anastasijaki и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.395
    Пол:
    Женски
    Веста со Хималаите заради исчистен воздух не е лажна вест и не знам зошто и враќаш така на членката.
    Едната реченица и беше дека воздухот во нашата земја се исчистил што не е ништо за неверување со оглед на тоа што цела држава е под полициски час.
    Другата реченица и беше дека некои ги виделе хималаите заради исчистен воздух. На светско ниво се бележат опаѓања на загадување заради вирусов.

    Не е малце можно дека уствари ти не си разбрала што сака да каже членката?
     
    На cresa-jagoda, L.i.n.a.a, H.VAGA и 4 други им се допаѓа ова.
  10. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.713
    Допаѓања:
    6.012
    Од контекстот на целиот пост шансите да сум ја разбрала погрешно се минимални. Очи ми, 6 пати го препрочитав. Знаев за веста од Индија колку што знаев дека веродостојноста на истата е исто под знак прашалник. Од читано недочитано и пишано недопишано си патиме. Ама еве јас сум проблемот, членката само малце невнимателно направи прелаз од воздухот во нашата земја до оној во Индија.
     
    На BlackNight му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Milan93

    Milan93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2018
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    1.103
    Пол:
    Машки
    А од каде знаеш дека ќе бидат само 3 месеци? Оптимист си дека едноставно вирусот ќе го снема? Се додека вирусот кружи низ народот ќе има смртни случаи, а до кога ќе биде присутен вирусот? 3 месеци, 1 година, 2 години, засекогаш? Од почеток слуша ме постојано “ќе“, ќе биде лошо ако направиме овака, ќе биде лошо ако направиме онака, ќе се рашири со космичка брзина ако не се затвориме скроз дома а оваму испадна дека е голема веројатноста да си го имало вирусот и пред официјално да не заплашуваат само што ете немаше таква експанзија на заразени. Колку има заразено досега од престој во маркети? Колку од буткање на старите пред банка? Направија народот да се плаши од самата помисла на зборот позитивен, ако некој е позитивен дека безмалку треба да се стави во самица, да се убие да не ја рашири заразата затоа што нели ептен е опасна. А колку е навистина опасна? Моментално околу 900 активно позитивни од кои 60 во болница, 15- тина со тешка слика и само 5 на респиратор. Значи над 800 си седат дома и се лечат со витамини, парацетамолче и по некои со сумамед. Зарем не умираа луѓе и од сезонски грип, и тие што умреле од сезонскиот се заразиле од некој кој лесно го прележал грипот и му пренел на тој што е ризична група. Па никој кој има грип не нози маска за да ги заштити овие кои умираат и од грип. Тогаш не ви е гајле дали некој ќе го заразите со грип ама сега ептен се грижите? А знаеш зошто? Оти кај грипот сте убедени дека ќе си поминете со лесно а сега сте смртно преплашени дека ако се разболите од ковид19 ќе имате тешка слика и ќе умрите. Затоа сте сега демек загрижени за старите, болните а поточно вие се плашите дека некој ќе ве зарази вас и многу ви е гајле за другите.
    Ако сакаа нашите власти и стручни лица да знаат дали дали ако немаше никакви мерки ќе букнеше вирусот до енормни граници можеа да пробаат со Дебар. Го изолираа и требаше да го остават народот да си функционира како ништо да нема. Сите кои ќе се пожалеа на појаки симптоми правец во болница , другите остави ги нека си се лечат како и сега тие што се на домашно лекување. Сигурно немаше да ни колабрира системот од 14000 испитаници. Тогаш ќе можевме да речемме дека ако нема мерки еве како ќе биде а со мерките еве како е. Овака само сме слепи послушници на СЗО кој е најголем кривец за раширеноста на вирусот, како намерно да сакаа да се рашири низ сите држави па потоа даваа совети за карантини. Малку нема логика: ем нов вирус, ем ништо не знаеме за него ама сме сигурни дека ова што го правиме е најдобро. Да не заборавиме и дека во средниот век тие што го воделе народот викале дека постојат вештерки и дека тие се спалувани пред јавноста која и тоа како верувала дека властите се во право и дека тоа е најдоброто решение.
     
    На Cherry333, Spidy и An-na им се допаѓа ова.
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.395
    Пол:
    Женски
    Членката не направи прелаз. Јас како ја разбрав? Особено ако си знаела за веста во Индија одма требало да ти текне што сака да каже.
    Ама јас мислам дека некогаш ви е тешко да признаете дека не сте сфатиле нешто, ама затоа е многу лесно да се расфрлате со навреди на сметка на интелигенција, како можеле да ги видат Хималаите, па знаат ли кај се Хималаите, наназад прочитав некоја пиша мапа да си отвореле.
    Членката со коментарот сакаше малку позитива да внесе. Не мора на се' препирка. На сите ни е доволно тешко од ситуацијава
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.114
    Пол:
    Женски
    Дечки кај нас денес ниту еден заболен :party:
    Поздрав од Малта
     
    На cresa-jagoda, Anie93, L.i.n.a.a и 15 други им се допаѓа ова.
  14. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.713
    Допаѓања:
    6.012
    Прво: Не знам кај виде навреда во мојот пост.
    Второ: Се извинувам што вакви постови ме тригерираат.
    "Zar mislite deka ova so virusot e namestena rabota da vidat kako kje reagira narodot vo cela zemja ili ima sosema druga pricina
    Poso gleam ima i takvi nekoi mislenja
    Jas da kazam ne bi veruvala ama te tera da razmislis"
    Трето: Замисли уште 100 што не отвориле мапа да разбрале погрешно како мене и да се шири муабетот?
    Али доволно е офф топик. Се потсетив зашто ретко пишувам било што.
     
  15. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.103
    Допаѓања:
    131.498
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20200426-182200_Chrome.jpg Screenshot_20200426-182212_Chrome.jpg Screenshot_20200426-182231_Chrome.jpg
    Еве на што мислела членката.Нема потреба од рипање.
    @le.soleil
     
    На cresa-jagoda, *Amethyst*, Mantub и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.346
    Допаѓања:
    19.856
    Пол:
    Женски
    И хималаите се гледаат и озонската дупка почнала да се затвара. Туку ова американциве стварно се идиоти, поверувале на Трамп дека со сретство за дезинфекција ќе го уништат вирусот и масовно поцнале да го пијат...:x(facepalm) и сега имаат и еден куп затруени.
     
    На CameliaMiller, cresa-jagoda и ohlalalala им се допаѓа ова.
  17. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.375
    Допаѓања:
    10.530
    Пол:
    Женски
    Дали може да се пријават комшииве што цело маало го реметат со музика пуштена на најгласно во двор?

    Не можам на раат на балкон да испијам кафе, а да не ме дави со турбофолк и народно. Аман веќе не можам да ги трпам овие безосетниве!

    Што е најтрашно и внатре кога ќе влезам во соба пак се слуша, што е на друг крај од куќата. Не знам што мерак им е цело маало да е принудено да слуша музика без нивна волја. Може некој сака да спие, да се одмори, може некому не му е до музика? Можеби некој работи од дома, му треба концентрација, деца пишуваат домашни.

    Најмногу мразам луѓе без осет према другите..
     
    На ohlalalala и Anie93 им се допаѓа ова.
  18. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.687
    Допаѓања:
    25.266
    Пол:
    Женски
    Сите што доброволно прифатиле вакцините против коронавирусот да се тестираат на нив сите починале.
     
    На Cutiepie1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.375
    Допаѓања:
    10.530
    Пол:
    Женски
    Од каде ова?
     
    На cresa-jagoda, BoaVista и Jana06 им се допаѓа ова.
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.395
    Пол:
    Женски
    Каква врска има ова со коронава? :D
    Иначе може да ги пријавиш, на 192
     
    На mkdvesna и Sarrra@@ им се допаѓа ова.