Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Discussion in 'Коронавирус' started by LovelyGirl3, Jan 26, 2020.

  1. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Joined:
    Jul 4, 2018
    Messages:
    3,686
    Likes Received:
    64,876
    Gender:
    Female
    Не сакам да се контрам, сакам конечно да земе да се собере еден убав тим составен од доктори, економисти, правници, плус од некој сектор кој сега секако го заборавам. Да дадат сите предлози како може понатаму да се одвива сето ова затоа што вака не иде. Свесна сум дека карантинов не е решение на долгорочен план. Од нешто мора да живееме. Ама подоле ќе ги напишам сите мои грижи за потенцијални опасности ако ја поебеме работава на пола.

    Јас како човек кој дома има медицинско лице кое секојдневно е експонирано на корона вирус можам да ви кажам отприлика како изгледа еден крах во таа здравствена установа.

    Прво ништо не се почитува, доаѓаат луѓе со симптоми на настинка или грип без маски. Не знам зошто го прават тоа, меѓутоа пред докторот застануваат без никаква заштита и воопшто не мислат на луѓето во чекална или на целиот медицински персонал кој работи со заштитна опрема која не е суфициентна. Заштитната опрема треба да изгледа како Кинезите што носат, односно хазмат одело. Не се јавуваат на броевите кои се дадени за тоа, туку трчаат таму каде што ќе им текне.

    Второ лажат. Не сте свесни колку. Никој не дава точен анамнестички податок, туку многу од нив се прават дека се од Марс паднати, дека не знаат дали биле во контакт со некој ризичен човек туку сакаат да им се направат испитувања што е можно поскоро, без при тоа докторот да знае што да очекува. Не научи народов дека здравствена установа и пазар не е едно исто. Докторот нема да иде наоколу да трачари дека некој е позитивен, туку баш напротив, може само да те упати на правилно место.

    Можам до утре вака, ама мислам дека ја доловив поентата.

    Е сега доколку би се укинал карантинот, ова се едни од можните сценарија. Не велам дека така ќе е обавезно, туку дека има реален ризик да се случи ова:

    • Недоволно места кај да се сместат пациенти доколку настане огромен долив на истите. Инфективна клиника работи, Осми Септември работи, не знам уште кои и сега за сега е океј. Ако пукне посилно мислам дека нема да има прво место за сите.
    • Недоволно лекари. Куманово и Прилеп се заразија еден куп медицински лица. Доколку тоа се случи во поголем број нема да има кој да не лекува, буквално.
    • Ако се заразат повеќе души од еден ист сектор, било или не карантин во државата тој сектор е секако нефукнционален.
    • Последен што ми текнува и можеби најлош за нас - можност за мутација. Ова гомно е 8ма генерација на овој вирус. Оваа видовме колку е фатална, за следната не ни сакам да помислам.
    Е сега гледаме дека има држави како Шведска пример што одлучи да игра на таа карта и да не става толку големи рестрикции. Дали мислите ние дека народот ни е приближно ист како таму? Таму дружби како кај нас нема, ора играње за Велигден нема, бакнување у образ за поздравување нема, народ што мисли дека Бил Гејтс сака да го чипира со чип у шупак мислам дека нема. Затоа што сме таков народ, топол, кој се поздравува, се гушка, се допира. Не дека е лошо тоа, ама така заразата се шири. Плус народов уште не научи маска како се користи и дека не треба кореографијата од Vogue на лицето да ја игра.

    Ако би се укинал карантинов, што правиме доколку настанат компликации? Еве толку, да не го тупам веќе.
     
  2. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Joined:
    Mar 5, 2015
    Messages:
    4,882
    Likes Received:
    27,521
    Ај ако не, не излегувајте од дома зошто може кола да ве прегази и да умрете. Мислам, се' додека не ги видите страшните последици од сообраќајна несреќа, ќе си шетате безгрижни како тоа да не може и вам да ви се деси.

    Ако до сега им верувавте на владата и СЗО, зошто да не им верувате во иднина кога ќе речат дека е океј да се патува?
     
  3. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Joined:
    Mar 28, 2017
    Messages:
    2,849
    Likes Received:
    17,205
    Gender:
    Female
    @KateKane се сложувам со твоето, но прашањата кои ги поставуваш треба да ги мисли некој кој раководи со државата.
    Ние, како поединци, можеме само да седиме дома, да носиме маски и да држиме дистанца за да го спречиме ширењето. Нормално дека ако е карантин никој нема да оди на одмор. Ако е некој заразен во сектор, нема да работи секторот. Но, дали ќе правиме шатори или ќе увезиме доктори тоа богами треба државата да го реши.
     
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Joined:
    Mar 19, 2011
    Messages:
    11,211
    Likes Received:
    56,948
    IMG_20200426_223221.jpg
    А надвор убавини.
     
  5. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Joined:
    Jul 4, 2018
    Messages:
    3,686
    Likes Received:
    64,876
    Gender:
    Female
    Точно. Или инфаркт да ме акне. Или некоја друга болештина. Ама мене ако ме акне кола, тоа не се пренесува. Нема трансмисија. Нема други заболени. А ако се шеткарам со корона, може да заразам други. Тоа е главната разлика.

    Не ме сфаќајте погрешно, јас ниту сакам да трае карантинов вечно, ниту пак ми е преубаво дома, ниту пак уживам во ваква ситуација каде се гушам помеѓу 4 ѕида. Тие што ме знаат ме знаат колку шетам и колку друштва имам.

    Ама лично мене ми е многу страв од тотален крах, веќе нема да се повторувам - станувам досадна. По цели денови мислам која би била солуцијата од ваква безизлезна ситуација и глава ме боли затоа што е навистина ќорсокак ситуација. Али луѓе, вирус има и гаден е. Тоа е реалноста. А карантинов каков и да е, дава какви такви резултати. Да се поприбрани луѓево ќе дава уште повеќе.

    Ќорсокак е заради тоа што свесни сме сите дека економијата се запусти. Тука не сум експерт и навистина не сакам да пишувам глупости како може ова да се реши и што да се очекува.

    Едно решение ми беше да се стрпиме сите од секакви задоволства и да седиме дома 1-2 месеци. Освен круцијалните сектори ништо друго да не функционира. Нашиов народ тоа ништо не испочитува. Друго решение за сите што ме тагнавте - не ми текнува. И затоа секоја вечер главата ме боли. Што од што дома имам човек за кој душата ми се тресе да не го закачи гомново, што од што ќе биде со мене и мојата иднина.
     
  6. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Joined:
    Dec 26, 2010
    Messages:
    1,301
    Likes Received:
    1,639
    Кога ве читам некако одите од екстрема до екстрема.Има ли некој како мене што е некако на средина?

    • Не верувам во теории на заговор ама не верувам и во се што ни е сервирано на тв.
    • Верувам дека вирусот постои,но не верувам дека сите тие мртви се од него.
    • Ги почитивам мерките,но сметав дека полицискиот час каков што беше,беше контраефективен.Попрво бев за мерки како во други држави во Европа (пр.Италија).
    • Свесна сум зошто постојат мерки и сум за истите,но исто така сум свесна и дека не можат да не држат долго дома.
    • Не ми е до одмор и славење 1 Мај,ама сакам да можам да си се вратам на некој нормален живот.
     
  7. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Joined:
    Apr 14, 2018
    Messages:
    4,425
    Likes Received:
    40,547
    Gender:
    Female
    Мојот план е да живеам нормално.
    Како што живеев до моментот пред да ја стават Короната на насловните страни.
     
    christinnn and zhap4e like this.
  8. Milan93

    Milan93 Истакнат член

    Joined:
    Aug 20, 2018
    Messages:
    192
    Likes Received:
    1,103
    Gender:
    Male
    Еве јас ќе ти кажам кои се тие работи кои се преставуваа поинаку и дека некој намерно сакал да влезе вирусот во сите држави а владите секаде ја лапнаа јадицата на СЗО.
    Имаш вирус кој се јавува во Кина, ти покажуваат снимки како луѓе паѓаат на улица, како грозничаво се тресат по болниците под чаршавот и ти втеруваат страв во коски како е екстремно опасен при тоа дека симтомите се покрај другите и зголемена температура. Е сега мене што ме интересира е зарем во Кина немаше асимптоматски заразени кои немаат никакви симптоми? Дали таква информација некој сретна се додека кај нас не ни се случи вирусот и да видиме дека сепак имале и такви. Ако такви информации имале надлежните во државава тогаш која беше шарадата со топломерите на аеородромите и границите кога голема веројатност била да влезат и заразени кои се асимптоматски?
    Мене ми изгледа како припрема на луѓето за масовна вакцинација,без ралика дали некој прележал или не. Затоа и нон стоп добиваме информации како можно е и да прележиш вирус да немаш антитела, дека ете и тие што се излекувале пак се разболуваат. Што правиме со овие 500 кои се оздравени, и тие ли треба да носат маски ако не казна? поточно нив им се малку и 5 маски на нив бидејќи од комшиите и сограѓаните веќе се анатемисани како лепрозни и верувам дека некој ќе ги заобиколува на километар.
     
    zhap4e and lovestoneddd like this.
  9. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Joined:
    Apr 14, 2018
    Messages:
    4,425
    Likes Received:
    40,547
    Gender:
    Female
    Како не е изолиран кога веќе вакцина најдоа ?
    Првин трубеа дека за вакцина ќе се потребни од 2 до 3 години, и бум, за еден месец излегуваат со вакцина.
    Каква е таа вакцина што се спрема за некој месец, зарем не ви мириса нешто ?
    Огромната контагиозност беше уште една дезинформација.
    Ако допреш предмет што пред тебе го допрел заразен, автоматски си заразен и т.и. Ова беше првиот став.
    После излегоа реномирани научници, од светски признаени универзитети и научни центри, значи не збориме за тралалајки, кои со соодветни експерименти докажаа дека шансите да се заразиш од предмет се 1:100000000.
    Како се смета за високо контагиозен кога еден куп примери имаше за еден заболен, а сите останати домашни членови здрави ?
    Не е лесно да навиваш да се врати све у нормала, туку неопходно е.
    Нема последици само од укинувањето на мерките, огромни последици има и од карантинов и екстремните мерки, кои веќе се одразуваат.
    Илјадници луѓе се веќе оштетени, не од вирусот, туку од мерките кои ги донесе вирусот, односно, од други болести за кои никому не у гајле, менталната состојба на граѓаните, социо економската криза.
    Се игнорираат пандемиите кои ги имавме секоја година. Хронични заболувања, срцеви удари, дијабетичари. Сето ова се луѓе кои не можат да добијаат соодветна терапија заради потенцијална зараза од вирус, кој наспроти погоре наведените, има далеку помала смртност.
    Што е со економијата ? Од што ќе живееме скриени во бункер од нашите домови, ради пак ќе напоменам Потенцијална зараза ?


    Имунитет на стадото. Го правевме муабетов.
    Исто како што е планот на останатите Европски земји. Ниту една земја нема план, на сокриј се и хибернирај додека да излезе вакцина. Пошто е просто неизводливо од милион разлози.
     
    Last edited: Apr 26, 2020
    zhap4e, fana, elenaxbbg and 8 others like this.
  10. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Joined:
    Jul 31, 2018
    Messages:
    1,813
    Likes Received:
    13,598
    Gender:
    Female
    Кејт генерално се слагам со се што имаш напишано, ама не мислам дека ќе ескалира ситуацијата до толку ако се ублажат мерките.
    Има несовесни луѓе да. Меѓутоа има и многу кои почитуваат мерки и се свесни за можните последици, нормално, никој не сака да го фати вирусов, за споредба од пред некој месец.
    Вчера на банкомат, двајца зад мене со маски, никој не се доближи еден до друг поблиску од два метри. Во аптека после ред чекав никој не пречекори жолта линија. Еве и 50% нека се луѓето што почитуваат маска и дистанца, пак тоа би значело некоја заштита, помал замав на вирусот и помалце жртви.
    А и кај приватниве компании гледам повисоко ниво на контрола. Тетка ми работи во компанија со 5000 вработени, беа распуштени, па ги свикале на работа, стриктно со маски, ама неа и рекле да си поседи дома уште малце, пошто сопругот и што имал контакт со заразен, додека да добие потврда дека тестот му е негативен, таа да не доаѓа на работа.

    А заразени ќе има и вака и така. Еве сега може да се направи подобар план, со оглед дека и бројот на оздравени расте, и за тековните активни случаи, колку од нив се хоспитализирани, колку на домашно, колку асимптоматски, и до каде може да оди здравството, па да се направи некој баланс во мерките, да има рестрикции од типот маски и дистанца, ама да си работи се нормално, да не дојде до тоа да не може некој децата да си ги нахрани.

    И да сакаме не можеме со строги мерки повеќе од два месеци, веќе дојдовме граѓаните повратот од ддвто да го донираат, ко којзнае колку да се земаше од ддв повратот. Нема да дозволат буџетов и онака што е на штеки да секне скроз, па да треба на административните плати и на пензиите да скратат, од каде гласови после, и за тоа водат сметка. Дури мислам дека свесно лека полека почнаа со ублажување на мерките и тоа баш неколку дена откако имавме трицифрена бројка со новозаразени, таман мислевме дека пред мај нема шанси да намалат полициски час, ама ете, изгледа да видат како ќе се одвива ситуацијата.

    Друго, сум за да се прави поголем број на тестови, ако има капацитет за еден ден да се направат 700, зошто другиот се прават 300, не е валда од немање капацитет и опрема? Тестираат кластери, нели некој што имал контакт со заразен, меѓутоа еве во деновите кога планот предвидува помалце од тие со контакти, нека тестираат некој што сам осетил мака, без разлика дали имал контакт или не, можеби имал контакт со нетестиран асимптоматски случај, а не знае. Дали уште се спроведува таа истата анкета? Пошто апсурдно е да прашуваат дали си имал контакт со некој од странство, а бројката тука надмина над 1000. Не знам како е сега и по кој основ тестираат, ама би било подобро повеќе тестови да се прават, со цел појасен увид во ситуацијата.
     
    1209, fana, candy.cane and 3 others like this.
  11. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Joined:
    Jul 8, 2016
    Messages:
    4,605
    Likes Received:
    19,788
    Gender:
    Female
    Имаше, уште на почеток на март имаше статии дека има многу асимптоматски, само зависи од каде читаш :)
     
  12. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Joined:
    Jul 8, 2016
    Messages:
    4,605
    Likes Received:
    19,788
    Gender:
    Female
    За сезонскиот грип: не знам дали кога имаш грип се рашетаваш, кашлаш во други а особено пред постари и пред бебиња и деца, пошо јас не. И тогаш сум ги пазела сите и сега се пазам и себе и другите :) а дека поисплашена сум за вирусов, многу јасно, нов е, неистражен доволно, човечки е повеќе да внимаваш. Медицинско лице сум и за секој еден ми е жал, така да не ти држи муабетов вода со мене :)
     
    dayla likes this.
  13. VDT2906

    VDT2906 Форумски идол

    Joined:
    Aug 4, 2017
    Messages:
    4,453
    Likes Received:
    20,522
    Gender:
    Female


    Малце да се развеселиме.
    Корона чао ајде чао... :)
     
  14. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Joined:
    Jul 4, 2018
    Messages:
    3,686
    Likes Received:
    64,876
    Gender:
    Female
    Се најде тема за која со @lovestoneddd не се согласуваме, ајде аирлија :D Многу ми е смешно овде што се цитираме, али сепак мислам дека на арно ја тераме дискусијава.

    1. Вакцинацијата е нешто што е неизбежно (барем по мое мислење). Оваа не е прва болест што е инфективна, ниту ќе е последна. Огромен број на болештини сме ги пребродиле благодарејќи на таа вакцина и секако дека сите напори ќе се вложат за да најдат. Ова сега што се тестира е пробна верзија за тоа како имуниот систем ќе реагира на ваков вирус, целосната генетика на вирусот уште не е позната. Ова е пробно нешто кое не гарантира ниту сигурност, ниту решение. Тест благо речено. Може ќе биде, може не. Сите мислат дека вакцината е одлично платен бизнис, ама многу малку се дискутира за тоа колкав капитал треба да се вложи за да се прават тие испитувања. Огромни влогови на пари треба да се дадат а како резултат на тоа можеби и нема да има фајде. Еве статија за економијата поврзана околу вакцинирањето, не сум знаела дека само 6 проценти од кандидатите со продукт вакцина можат да ги продаваат. Убаво е да се прочита и вакво нешто, дека многу бизниси може да пропаднат ако не им успее, а не дека вакцината е производ на сатаната и дека пуштаат вируси и вакцини за профит (ова знам дека не го мислиш ти, ама има такви што тоа го мислат).

    2. Не постои ниту еден едини доктор кој досега не погрешил. Нормално е дека ќе има еден куп презумпции за вирусов, иначе да - се согласувам дека многу неадекватно го прават информирањето околу истиот и дека има милиони фејк њуз. Како што го проучуваат и го студираат нормално е дека ќе се менува и мислењето и ставот околу него. И ова не е ниту прв, ниту последен пат. За Шпанскиот грип прво се мислело дека е од бактерија, дека е од Фајферов бацил (прави други болештини тој), за после да почнат да мислат на поинаков начин дека можеби е вирусна инфекција. Грешки се случуваат, ниеден доктор не е нажалост доктор Менхетен па да е пост хуманистички Господ и да е сезнаен за ова. На секој доктор ова му е новост. Го нема во книга - нема од кај да прочита за него. Научниците стартуваат од 0.

    Кога веќе го спомнав Шпанскиот грип, да не заборавиме дека имал 3 бранови и дека вториот не бил воопшто наивен, наидов на податоци дека бил уште полош од првиот. Се што напишав досега е реално, worst case scenario. Не значи дека ќе се случи, ама не значи ни дека нема да се случи. А.к.а. ќорсокак како што веќе се изјаснив.

    3. Апсолутно сте се во право за економијата. Пак ќе напоменам дека тоа е сегмент од живеењето што никако не смее да се игнорира. Имаме давачки за телефони, за интернети, за милион глупости освен за струја, вода и храна. Затоа ме боли главата бре луѓе, затоа што сум свесна дека нема правилно решение. Ако седиме дома и превенираме крах, мутации и огромен број жртви ни пати економијата. Ако отвориме се свесни сте и самите што може да биде. НЗС-то е некаде измеѓу, е сега уште да се најде.
     
  15. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Joined:
    Mar 5, 2015
    Messages:
    4,882
    Likes Received:
    27,521
    Истово ќе ти/ни биде на ум и ќе претставува реална опасност уште многу долго време. Буквално се' додека не пуштат вакцина, секогаш кога ќе излезеш надвор можеби ќе заболиш или ќе пренесеш некому.
    Јас лично, оваа година не планирам да патувам, од повеќе причини (меѓу кои една и вирусов). Но исто така не планирам повеќе да се самоизолирам и во време кога нема полициски час. Но исто така планирам да продолжам да внимавам, со избегавање гужви и редовна хигиена. Сето тоа значи: животот продолжува понатаму.
     
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Joined:
    Mar 19, 2011
    Messages:
    11,211
    Likes Received:
    56,948
    Македонија, додуша, не прави разлика на асимптоматски, претсимптоматски и симптоматски што не пријавиле симптоми затоа што биле преблаги или сметале дека не се битни.
    Затоа, било кој муабет за асимптоматски ми е бљуваници.
    Исто и за тестовите, изработени се 300 теста и тестирани се 300 лица може да е 200-300% разлика.
    Верувам дека си ги вртат статистиките како што им одговара.
    А за непослушниот народ, кажав. Секаде има луѓе што не ги почитуваат мерките, и ни една проекција не зема во предвид дека сите луѓе ќе ги почитуваат мерките, апсолутно е нереално и невозможно. За колку вреди полицискиот час - само ќе кажам дека има регии што граничат со Италија а веќе со денови немаат ни еден заболен, без полициски час. Ама таму власта си ја гони работата, ни во локална власт, ни во кризен штаб, ни градоначалник не се бира колку реда да помине.
    Граѓани кои веруваат во власта, масовно тестирање и анализа и следење на инфекцијата, идентификација на нишките итн им помогнало и да го сопрат ширењето на инфекцијата, ама и да заклучат преку анализи дека инкубацијата им е до 9-10 дена, па можат слободно да попуштаат секоја мерка на 10 дена и да бидат спремни за да се носат со ефектите од попуштање на мерката.
    Ете план, @KateKane што бараше. Ама план се прави врз основа на анализи и врз вистински и реални податоци. Додуша, на основа на анализи се носат и мерки, а јас анализи ни за ефектите на полицискиот час, ни за споредба на очекувани/проектирани резултати и добиени не видов никаде.
    Дали полицискиот час ја постигна ефикасноста што ја предвидоа? Дали беше успешен? Не знам јас, а не знаат ни тие затоа што носат мерки на слепо, на "мижи Асан да ти барам".
    На пример, кај нас можеле да извадат кои се најчести симптоми, среден период на инкубација, најчест начин на зараза. Ама јок... Шо ќе ни се кога можеш сета вина врз "непослушниот граѓанин" да ја префрлиш.
     
    1209, Milan93, zhap4e and 9 others like this.
  17. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Joined:
    Oct 20, 2013
    Messages:
    2,055
    Likes Received:
    3,812
    Gender:
    Female
    Елиса Гранато (32) е првата жена во Европа која ја прими потенцијалната вакцина против корона вирус на универзитетот во Оксфорд пред четири дена.
    Таа и самата е научник, микробиолог, и голем борец за правата на животните, а набргу по примањето на вакцината изјави дека со тоа што волонтерски ја примила истата, сакала да го поддржи процесот.
    Но, денес во повеќе светски медиуми се објави веста дека Елиса починала од последици од пробната вакцина. Веста исто така беше пренесена и кај нас во одредени портали.

    -Се будиш и гледаш лажна вест за својата смрт. Јас сум добро, да знаете сите. Ве молам да не ја споделувате лажната вест, да не им давате внимание и кликови. Наместо тоа, вдомете си некоја слатка мачка – напиша Гранато на Твитер.
     
  18. Amelia

    Amelia Популарен член

    Joined:
    Sep 12, 2010
    Messages:
    2,485
    Likes Received:
    1,928
    Луѓе што ќе се прави сега, за 1 мај најверојатно ќе нема полициски час,тоа значи колпас, збиранки уште што не, нашиот неразбран народ ќе ја расчури скарата во некоја шума. Од утре скоро се почнува да работи фризрници, козметички студија уште што не. А после 1 мај и локалите. Значи дека може да се очекува втор бран масовно заразени, Куманово нема да ни бега во секој град, ако се случи ова, ама и ќе се случи кафичите се спремат веќе за работа. А со тоа и луѓето веќе се спремаат за враќање во нормала. А државата знае дека ова не е во ред, ама мора очигледно државната каса е празна. Јас мислам не ова во ред рано е да се враќаме во нормала, страшно ќе биде. Во Англија ништо не работи никој не оде на работа ни фабрики ни ништо не работи, а нема шанси да почнат до 15 мај можеби и 1јуни ќе терат.
     
  19. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Joined:
    Nov 3, 2019
    Messages:
    5,282
    Likes Received:
    42,610
    Gender:
    Female
    Кој кажа дека ќе нема полициски час? Се уште не е разгледано тоа.
     
    Amelia and Cutiepie1 like this.
  20. Amelia

    Amelia Популарен член

    Joined:
    Sep 12, 2010
    Messages:
    2,485
    Likes Received:
    1,928
    Е сега е економска криза плачат за пари за одмор ќе им се оствари одморот. Кога ќе се вратат, во септемвти вирусот кога ќе коси, кога ќе снемат пари за леб, за лекувањр ќе ги видиме, а и додуша ќе снемаме здраствен капацитет Италија не ни бега.
     
    Angie1432 likes this.