Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.212
    Допаѓања:
    8.698
    Пол:
    Женски
    А баш денес го читав натписов за Италија, вели дека и покрај сите мерки и забрани луѓето си наоѓаат начин да си го заобиколат и прекршат правилото. Премиерот ги повикал да баталат „fubrizia“ - односно според текстов зборот значел лукавства со кои би ги заобиколиле правилата.. Пр. Пензионери сами си кажувале низ смеа дека и покрај затворените патишта тие се искрадувале и по околните, локални друмови си оделе во кафеана во соседното местенце..
    Во оваа смисла ние македонците мислам не сме ништо поразлични очигледно..

    Еве го линкот до натписот:
    https://www.msn.com/en-gb/news/coro...-follow-the-rules/ar-BB10VHZW?ocid=spartandhp
     
  2. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.588
    Пол:
    Женски
    Фала на стручниот и вицкаст одговор.
    Јас знам дека прочитав таква вест, еве и каде
    https://puls24.mk/korona/

    Не за џабе јапонците тестирале лекови за хив и за маларија на болни со корона вирус.
    Јасно е дека ова е грип и дека се пренесува веројатно побрзо од обичниот грип, ама беше создаден за кревање паника и за хаос во политиката и стопанството. Сите се загрижени за корона вирусот што никој не придава значење на новиот бран мигранти.
    Се лекува вирусов, ризичните групи се ризични и кај обичен грип, ама ова е нешто ново и нагло се прошири.
     
    На ocicka2014, Biljarkata и JuLleE им се допаѓа ова.
  3. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    @JoyJoy срам да ми е уште? Или на директорката треба да и' е срам? Не сакам да го сфатиш ова како личен атак на тебе, само знам што зборувам, дури посакав и ти да си во право, али не сме од вчера нели, лесно е од далеку да се збори. На штета на сите оди.
     
    На emiliana му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.588
    Пол:
    Женски
    Не зборувам за општата паника од корона вирусот туку за информацијата која ја сподели дека заразената била асистент. Еве нека потврдат тие што се студенти на медицински, зошто јас не сум па може не ми е од прва рака инфото.
     
  5. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Nigredo каква верба во имуниот систем, не е тоа нешто што работи врз основа на верба. И јас би сакала да е така но...
     
    На emiliana и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.572
    Допаѓања:
    43.039
    Пол:
    Женски
    Смотана една. Како бе толку без осет да немаш, еве јас што зборев самодисциплина е лек за вирусов ама чим доктор ја нема што се очекува од другите.
    Вистина е ова за сопругот нејзин? Сигурно е болен и тој и цела фамилија, скоро време и кај нас ќе има голем број на заболени и тоа нагло. Ма лиценцата да и ја земат одма, крава.
     
    На candy.cane, oblace1, Mr. Right и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.212
    Допаѓања:
    8.698
    Пол:
    Женски
    Точно е тоа што го напишавте - паниката не оди во корист, треба да се остане смирен и да се следат препораките и советите.
    Работата е што на многу од луѓето тука не им е страв заради себе, туку заради своите најблиски со кои се во контакт а кои се постари, поболни или помалку силни. Нив ги загрозуваме..
    И конечно, и јас верувам дека позитивниот став и оптимизмот кога сме болни е подобар отколку песимизмот, ама некогаш тоа не е доволно.. Еве од свинскиот грип пред години, некои мои блиски што го прележаа потоа имаа последици на белите дробови уште во неколку наредни години. Дедо ми почина од обичен, сезонски грип пред многу години.. така да не е баш така тоа - ништо нема да ви биде. Телото си памти се што му правиме и што му се случува..
     
    На Purplelilac, Mrs. Lovett, emiliana и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Ова веќе повлекува сериозен размер на новозаразени, тек допрва ќе се чудиме и нема да ни се верува.

    И така, додека ние обичните смртници носиме маски и за во маркет и ги превземаме сите неопходни мерки на заштита, некое “медицинско лице” кое по дифолт треба да има општествена одговорност, јер нели “пациентите пред се’”, решава да иде на скијање у Доломити, јер е премногу мејнстрим да се иде на друго место. Фенси да се биде, да те види народ колку си кул.

    Суспендирана била. Која црна суспендирана, тоа треба да се избрка под итно и лиценца да и’ се одземе. Ама ќе пројде со ова, и можда 20% од плата.

    На здравје нека ни е (tumbleweed)
     
    На Mr. Right, smile:), Doozy и 22 други им се допаѓа ова.
  9. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    На директорката отказ под итно и нека се гони. Ненормална уште била во контакт со 100 други лекари. СТО.
    Ами пациенти? Сестри? Останат персонал низ болница?
    А сите тие што биле во контакт со семејството и пријатели? А нејзините домашни?

    И сите жени што заминаа вчера во Италија на екскурзии нека се затворат во карантин. Никако пуштање да се мешаат со народ.
    3 недели затворени чувај ги таму.

    Толку несовесни луѓе никаде нема.
    Па оваа докторка еј...:x
    Заради неа сега може триста проблеми да се направат во цела држава.

    Малечка држава сме и можевме подобро да се заштитиме, за разлика од Америка пример.
    Само да не постоеа толку прости кои одат директно во жариштето и се враќаат како ништо да не било....И Кина заминете да ви се плукнам во глупите.


    Туку никаде не ми излегува за Русија? Има таму воопшто заболени? Толку голема земја а баш се заштитени.
     
    На Ivan4e04, oblace1, Jane.Birkin и 17 други им се допаѓа ова.
  10. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.387
    Допаѓања:
    25.029
    Пол:
    Женски
    Докторкава баш е добар пример иначе :):fubar:

    За две недели весела бројка на заболени ќе имаме.
     
    На emiliana и Ицолгудбејбе им се допаѓа ова.
  11. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    26.477
    17 заболени, од кои 3 оздравени.
     
    На emiliana, Tajnaotrovna и JollyGirl им се допаѓа ова.
  12. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Ако добро разбрав пак ќе има прес:wasntme:
     
    На Tajnaotrovna му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Што друго да пишам? Паничете, плашете се и онака нема лек? Мислиш дека е тоа конструктивен совет и оди во прилог? Не.

    Освен тоа, ние ги гледаме само црните статистики. Треба да се осврнеме и кон оние добрите. Колку преживеани луѓе има од вирусот. Побројни се и тоа е единственото нешто што е важно.

    И дечки, не сите 60+ со дијагнози ќе умрат. Верувајте нема, и ќе помине ова.
     
    На Ivan4e04, Lella, smile:) и 11 други им се допаѓа ова.
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.013
    Допаѓања:
    81.349
    Пол:
    Женски
    Ставајте линк ако имате, плс. :)
     
    На Nigredo Odor и Tajnaotrovna им се допаѓа ова.
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува. Докторка и директорка. Па ако не и доделат јака казна, луѓе бегајте од државава, со трчање.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Во 16:30 ќе има, слушнав на тв кажаа.
     
    На Tajnaotrovna и Mishela им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Не е лошо, да се затвори темава, и да се отвори нова, која ќе биде чисто информативна, заклучена, и само модераторите ќе постираат, исклучиво информации од официјални извори, препораки за заштита, и информации поврзани со нови откритија, светски вести и препораки од СЗО.

    Може грешам....
    @RainBow ?
     
    На Stache му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Stache

    Stache Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Машки
    Супер е идејава, само нека остане темава да си лупетаме. Нека си има друга информативна, вака побрзо стигаат информацииве за прес и слично.
     
    На smile:), kikin, Tajnaotrovna и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    Од таа причина ние прекинавме да идеме на практична настава,е од вакви дебили како докторкава.
     
    На smile:), Purplelilac и Mantub им се допаѓа ова.
  20. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    1.980
    Место да се убедуваме тука дали има или нема потреба од паничење треба само народов да биде претпазлив, да се информира и да се заштити колку што може повеќе. Самото тоа што е нов вирус, треба да биде доволен факт да сме претпазливи па дај боже и да не е нешто сериозно.
    Срамота и разочарувачки за докторкава и нејзиното ниво на свесност за нешто што треба таа биде пример.
    Чувајте се, и зборувајте со лугево околу вас, може барем некој ке освестите. Ако имате некој што сака да патува или слично (заради поефтини карти на пример), потсетите ги дека не се работи само за нив туку и за тие во околината. Штета што мора да се потсетуваме за вакви работи ама тоа е.
     
    На candy.cane, Purplelilac, emiliana и 2 други им се допаѓа ова.