Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Има официјален извор за ова?
     
    На Cka и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  2. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.899
    Вчера имаше во извештајот од инспекторатот.
     
    На cresa-jagoda, Ang_ela и Jana06 им се допаѓа ова.
  3. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    18.000
    Јуле, во случајов ептен ама ептен сте партиски пристрастни според мене ти и уште некои членки.
    Не знам како наоѓате оправдуваање во случајов со Максим дури го правите и пресмешничко да е демек еве баш некој ќе му намести беља на грб на некој небитен како него.
    Пропустиве во однос на градоначалникот се срамни и големи, и мислам дека е јасно кој во случајов заслужува казна а според мене Максим не е тој.
    Човекот уште од прв ден е осуден, критикуван за да на крај излезе лажно позитивен. Уште и казна му натоварија да плаќа, бруки!
    Апсолутно во случајов има потполно право и да драми и секој ден да ги плука и да мисли дека му е сместено се, одговорност знаеме кој треба да понесе ама за нив вешто пронаоѓате изговори. Да се десеше ова у време на Груевски којзнае какви вселенски теории на заговор ке смислевте, ама се работи за вашите симпатизери па ќе се смееме на солзите на Максим и ќе се тешиме дека туку така оздравел само.
    Објективност на темава со кумановскиот градоначалник немате, тврдам.
     
    На Cka, cresa-jagoda, темјанушка и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Епа сега јас да сум на местото на Филипче една тужбичка убава кога ќе му спремам, да не знае на кој адвокат да се јави попрво. Еб*те преварантите.
     
    На Ang_ela му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ang_ela

    Ang_ela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2019
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    1.179
    Пол:
    Женски
    Да, вчера директорката на државен санитарен и здравствен инспекторат на прес кажа
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.397
    Допаѓања:
    260.058
    Еве, и ова ли е неточно, кажано на прес.
    Максим си е бил позитивен.
    Еве да сметав дека стварно му местат ќе си молчев.
     
    На candy.cane и Ang_ela им се допаѓа ова.
  7. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.316
    Пол:
    Машки
    Ние сме дефинитивно најмрднатата вукојебина на Светот.
     
    На Cka, Ivan4e04, cresa-jagoda и 9 други им се допаѓа ова.
  8. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    18.000
    Нели резултатите од Систина треба да се земат со резерва и присуството на антителата не може со сигурност да значи дека е ради прележана корона или присуство на истата.
    Ако не се лажам до пред некој ден се плукаше по тестовите од Систина дека даваат лажно позитивни резултати.
    Не е работава да го бранам, има пропусти и Максим ама во случајот со него нешто опасно смрди од самиот почеток.
     
    На Cka, cresa-jagoda, zhap4e и 4 други им се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    @JuLleE
    Во меѓувреме имаше некое истражување за серолошките тестови кое кажуваше дека се крајно неточни во овие фази на епидемијата и дека ако добиеш позитивен серолошки тест во моменталната ситуација веројатноста дека е лажно позитивен е над 90%.
    И министерството, кога им одговара веднаш спремни да ги користат тие тестови, а кога не им, тогаш се нерелевантни и неточни.
    Патем, апсолутно појма немаме колку се веродостојни тестовите во Систина и Систина си заслужил тужба за загрозување на јавното здравје затоа што ги рекламираат нивните тестови како 99% точни за идентификување на заболени и тоа на активно заболени, а не прележани.
    Доволно е што после негативен тест од Систина на новинарот од Канал 5 завршија Мицковски и Заев во самоизолација.
    Уште не верувате дека се искористува моменталната состојба за големи политички игри?
     
    Последна измена: 27 април 2020
    На Cka, Ivan4e04, cresa-jagoda и 10 други им се допаѓа ова.
  10. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    И кај гинекологот од Плодност беше позитивен, па негативен ама никој не го коментира зашто е небитен за политички поени нели?
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.394
    Пол:
    Женски
    Зошто да се земаат со резерва тестовите од Систина, кој кажал такво нешто?
     
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.397
    Допаѓања:
    260.058
    Мања, тестовите се серолошки за присуство на антитела, а не дали во моментот го има вирусот.
    Затоа не ги зимаат во предвид овие резултати. Штом има антитела, значи го прележал вирусот.
    Значи дека најверојатно тогаш бил позитивен.
    Вакви тестови се најавени за скрининг на населението. Мислам во Дебар почнаа.

    Што да смрди? Максим прави драми, плаче по телевизии, и ајде да не се правеме сега како ништо да не знаеме, далеку е од наивен и невин он.
    Бил неодговорен, не кажал дека е тестиран, ајде и да нема позадина, ама се уште стои фактот дека е неодговорен.
    Јас не верувам дека му е подметнато. Ако се докаже поинаку, еве ќе кажам дека сум погрешила.
     
    На Ambitious, candy.cane, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.
  13. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    18.000
    Гинекологот не е политичар кој што го мразат тие неговите од матичната партија, и од никој друг не се бараше дисциплински мерки, понесување одговорност и парични казни.
    Може вас ви е се случајност а ние кројачи на теории ама некогаш појасно треба да се гледа целата слика.
     
    На zhap4e, An-na и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  14. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.639
    Пол:
    Женски
    Тестовите од Систина не се веродостојни пошто имаат друг начин на тестирање. Тестираат присуство на ИгГ и ИгМ. Упатуваат на прелажана инфекција но не нужно само на ковид. И ова е нешто што се има верглано од медицински лица стрници уназад. Можете да проверите.

    А да. Ќе заборавев.
    Истата ли Систина која на починатиот Кумановец од "корона" му извади негативен резултат ? :)
     
    На Cka, cresa-jagoda, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.002
    Допаѓања:
    37.236
    Пол:
    Женски
    А нели имаше информации дека тие тестови од Систина не се точни? :^)
    Работава е, кога им одговара релеванти се тестовите, кога не им одговара не се |(
    И после не сте биле пристрасни... да, да... :nod:
     
    На Cka, cresa-jagoda, Bunny2 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.397
    Допаѓања:
    260.058
    Неспорно е дека во целата ситуација си собираат и политички поени. И од двете страни. Плус пред избори сме...
    Мене тоа ми е јасно, ама еве со Максим мислам дека не се пресметуваат на овој начин. Нема зошто, не се локални избори.
    Да не одам офф, ама има разлика кои избори се, начинот на гласање на народот е поинаков.
    Неспорно е дека и Максим малку повеќе драматизира.
    Целава оваа игра за жал само повеќе ги збунува граѓаните, создава недоверба и во онака катастрофалното здравство.
    Не е во ред ова, и мора да прекинат ваквите шпекулации во време кога имаме епидемија од непознат вирус.
     
  17. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Па тоа го реков и јас, дека е небитен за собирање политички поени. Зошто не го ожалуваме него, дека му згрешиле, му подметнале итн. Јас бев и за гинекологот да си одговара кривично, Цаца, Контраденко... Поточно, сите тука бевме за тоа. И сега тој Максим е поразличен дека го 'мразеле'? Ич не ме интересираат нивните политики. Ако си бил тестиран или веќе си имал позитивен тест (подметнат или неподметнат он примил позитивни резултати) ќе си седиш во самоизолација. Филипче и Спасовски беа во контакт со позитивни лица. Сеедно ќе ви е да ги гледате како се шетаат? Ќе сакате казна за нив или ќе ги браните на форум?
    Пред да наметнете политичка определба на сила, погледнете се себе.
     
    На candy.cane, Nausicaa, mkdvesna и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Ang_ela

    Ang_ela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2019
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    1.179
    Пол:
    Женски
    Па и PCR тестовите некогаш се лажно негативни. Ете првата жена од Куманово што почина имаше два лажно негативни резултати. 100% точен тест нема. Ако серолошките тестови укажуваат на прележана инфекција зошто таа да не биде од ковид -19 со позитивен PCR за истиот потврден од ИЈЗ. Или поубаво ни е да живееме во убедување дека се некој нас не лаже, се некој нас не мести.
     
    На candy.cane, Anie93 и darcy им се допаѓа ова.
  19. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.639
    Пол:
    Женски
    Јуле,градоначалник не би излегувал у јавност со вакви информации против своите, освен ако не е 100% сигурен. Размисли :)
    Не сум симпатизер на Максим, ама сум симпатизер на вистината.
    И нема проблем еве. Нека сноси казна Максим, ама нека сноси и државата за неквалитетни и неверодостојни тестови. Којзнае колку луѓе има кои се пратени дома со позитивен тест а дс не се заразени, само не се во можност дс преиспитаат.

    Тестовите од Систина не се ни вредни за коментирање, дубаре за паре.
     
    На cresa-jagoda, Stache, zhap4e и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.336
    Допаѓања:
    15.792
    Пол:
    Женски
    На починатиот од Куманово, тестот во Систина му беше прерано правен, немаше сеуште антитела создадено. Затоа беше негативен