Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.397
    Допаѓања:
    260.057
    Мања, знаеш во колку општини се раскарани, па вакви работи не прават. Има и поголеми раздори од тој на Максим, па еве не знае цела Мк за тоа.
    Затоа и потенцирав, многу е битно кои избори се, оти различно гласаат. И во Куманово па и во други општини каде има повеќе крила од ис та партија, за време на парламентарните пак ќе гласат за партијата. Е тие фракции може да бидат проблем кај локалните.
    И тоа ми е јасно.
    Максим упорно, а гледам и успешно ја пласира приказната дека се пресметуваат со него. Тој воопшто не е наивен. Убаво знае што прави.
    Види, никогаш нема да дозволам врз основа на партиски симпатии, да формирам мислења.
    Еве, јас уште тврдам дека имаме катастрофално здравство и дека досега ниедна Влада нема денар вложено. Ни овие што се на власт.
    Политички игри има и ќе има. Што се' случува и се прави, многу јасно ми е мене тоа.
    Ама еве јас никако не верувам дека на Максим му е сместено.
    И ова е мој личен став

    За тестовите во Систина знам дека се серолошки што детектираат присуство на анти тела. За да ги детрктира, мислам дека лицето треба да го има прележано вирусот. Негативен може да е ако е во акутна фаза.
    Ова ниту го тврдам, ниту стојам за ова.
    Ова ми е по интернет прочитано, колку е релевантно не знам.
     
  2. Adeline

    Adeline Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    4.715
    Пол:
    Женски
    Кој е тој ПИК бе луѓе?
    Кога, како? Цело време кај нас е горе-доле.
    Дали и ќе има пик.
    Дали воопшто се знае што е пик:!:
     
    На LovelyGirl3 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.793
    Допаѓања:
    41.889
    Пол:
    Машки
    Јас мислам дека го поминавме т.н пик по број на дневно новозаразени.
     
  4. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.899
    Дека има конфликт меѓу Максим и неговата партија е неспорно. Ама за да поверувам во теориите на заговор би требало да има некој ќар. Освен ако Филипче и Оливер сакаа малку дома да одморат, посебно првиов бидејќи цело време беше растрчан, па вака искористија да отспијат, друг ефект не гледам. Напротив, изгубија политички поени за лошата организација, и за самата потреба од таков собир баш на најзагрозеното место.

    Пик е врв на кривата во моментот кога бројот на активни случаи е најголем. Би требало веќе да го поминавме.
    upload_2020-4-27_12-20-51.png
     
    На Ambitious, Bunny2, Ahoy и 3 други им се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    PCR се лажно негативни, ама серолошките се лажно позитивни со доста голема непоузданост. Или тоа што не ви одговара цело време ќе го прескокнувате?

    Сами си оставаат простор и за недоверба и за шпекулирање.
    Немаш на ништо реален одговор. Жалам, ама вирусот не може вечно да остане „нов и неиспитан“.
    Не знаеш колку е среден период на инкубација, не знаеш кои симптоми ги пријавиле заразените затоа што се пратат до позитивен тест и после евентуално ако им се влоши или ако умрат.
    На секое прашање одговор им е или „ама вонредна состојба е“ или напад кон страната што ги „помрднува од столчето“. Не гледате дека исто се понашаат како ВМРО? Ама баш исто?
    Не смее да се преиспитува власта, не. Оти е од Бога дадена.
    А и она, ако сте добри ќе ве пуштиме за први мај. Малку повеќе инфантилизираат, а? Па можеа веднаш да си кажат што им е планот, и онака она колку се добри граѓаните им е колку тие кажат затоа што медиумите и јавноста секогаш ќе бидат насочени кон оние што ги кршат мерките, а не кон оние што ги почитуваат. Ама така е полесно, наместо тебе да те критикува народот за мерката која ТИ си ја донел, подобро да критикува одредена група граѓани затоа што биле "непослушни", па заради нив страдаат и оние "послушните". Што има да те мразат тебе, нека се мразат меѓу себе.
    За чекање, сметање и мерење до пикр еално не може да се зборува. Дали сме на пик или поминал ќе знаеме од кога се случи дури. Кога осетиме сите опуштање некое од ситуацијата. Вака чекање и зборење за пик е само „ќути и трај си, најлошото допрва доаѓа“ муабет.
     
    Последна измена: 27 април 2020
    На DraganFem, *Amethyst*, An-na и 2 други им се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.397
    Допаѓања:
    260.057
    Ти верyваш во приказната дека он сега ќе ја земе правдата во свои раце и ќе оди против своите?
    Од друга страна веруваш дека неговите се пресметуваат со него, а овде ја прифаќаш и неговата приказна како точна.
    Тука има некоја фрка со некој тендер, со некоја друга работа поврзана со пари, зад целиот овој цирукс, со превласт кој да е главен.
    Ти велам какви политички игри има и комбинации, аман не паѓај на солзите на Максим.
    Он сега само сака да си ја искористи ситуацијата и да излезе како жртва.
     
  7. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.815
    Пол:
    Женски
    Kolku doktori imame na temata?
    Zosto site se pravime i partiski i politicki i medicinski profesionalcci.
    Ima institucii neka si se zamaraat oni.(i tamu e politika)
    Ama eve vcera kazaa deka ke ja tuzat gospogata sto komentirase i iznese licni podatoci vo javnost,sto e i najmalku sto moze da go napravi.
    Samo kaj nas vakvi glupostibi moze da ima...nikade na dr mesto.
    Samo da se sitime i da se omalovazuvame edni so drugi ...
    Slysajte gi dac i aleksandar i odmorete malku dusa.
    Moralo se co tenzii da se docekuva i ispaka!
     
  8. Ang_ela

    Ang_ela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2019
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    1.179
    Пол:
    Женски
    Не прескокнувам јас ништо. Одговорив на тоа дека Систина имала лажен негативен тест на починат заболен од корона. Затос реков и PCR тестовите некогаш се лажно негативни.

    Ок, еве позитивен серолошки тест од Систина и позитивен PCR тест за вас сеуште е политичка местенка.
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Не ни реков дека е политичка местенка, само реков дека не можат тестот во Систина да го користат како доказ затоа што е многу веројатно дека е лажно позитивен. Ама ти некако пак го скокна тој факт. :D
     
    На An-na и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  10. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.673
    Пол:
    Женски
    Градоначалникот на Куманово уште од сам старт почна политичка офанзива. На секој можен начин он се обиде да се претстави демек ,,спасител,, на Куманово, а овие другите баба роги што неќат да го стават Куманово у карантин. Дека има нетрпеливост меѓу нив се гледа од авион. Лошо е што не престануваат партиските препукувања, барем во вакви ситуации.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Колку ви омекна душата за политичар што до пред некоја година лажел во прв ред за да дојде до власт. И ќе се смират тие кога ќе помине ова, пак ќе се сплотат за да постигнат цел, а ние пак исти мизерни ќе си останеме.
    Него, да не сакате добротворна акција за Максим да организираме да му собереме 300 евра пошо греота го наместија човекот?
     
    На Ang_ela и JuLleE им се допаѓа ова.
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.397
    Допаѓања:
    260.057
    @DAngel од самиот почеток ме читаш како што тебе ти одговара.
    Притоа како тебе ти одговара, а најлесно е нели да се вадете со мојата партиска припадност која вас не треба да ве занима. Исто ко што јас никаде во оваа тема не ја употребувам за други членови.
    Моите ставови се базираат на мои согледувања.
    Еве јас не верувам дека постојат теории на заговор.
    Вирусот е нов и непознат се уште, и тоа е така цела светска јавност освен за вас неколку на форумот.
    Овде се фаќаш за некои работи, па си стварате дискусија, плукате по држава, здравство, доктори, а истите вие сте во други држави каде што тие држави малтене се однесуваат како нашата.
    Еве случајно следам се што се случува кај што си ти, во соседната ти држава, другар ми е доктор кај вас, ама овде треба да се плука и се да гледа низ партиска призма.

    Далеку од идеално е ситуацијата кај нас, и пред короната, а каму ли сега, ама сепак се трудат да менаџираат. Пропусти има, еве не знам како би немало кога претходно имаш уништен систем, сега во вонредна очекуваш да функционира беспрекорно?

    Со овој капацитет на здравството и кадарот, резултатите се одлични.
    Бројките исто.
    Јас очекував далеку полоша слика.

    А заговорите, теориите, шпекулациите ви го оставам вам, да има што да си дискутирате.

    Се надевам ќе почнеш да ме читаш како што треба, и ти и другите, и тоа што освен што сметам дека добро се држиме со кризата, сепак во добар дел од моите постови секогаш пишувам за реалната страна на системот.
    Да беше партиски постот, се' ќе беше во суперлативи.

    И Вмро да беа на власт, ако исто се однесуваа, ќе кажев исто, дека добро ја изменаџираа кризата.
    Исто што секогаш ќе велам дека Ставрески е најдобриот министер за финансии што сме го имале.
     
    На Dennings, *Amethyst*, darcy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Ang_ela

    Ang_ela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2019
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    1.179
    Пол:
    Женски
    Вака кога се насмееш друго значење добива мислењето:D

    Не реков ти дека рече е политичка местенка, затоа и ги одделив речениците.

    И не го скокнав фактот де, што правиме со позитивниот PCR тест на Максим?
    Оф, местенка беше, заборавив:D
     
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Не реков ни дека е местенка. Ама апсолутно никаде. Не знам што се случило со Максим, не коментирам работи за кои не знам доволно. Дали е местенка или не, се надевам ќе се дознае.
    @JuLleE исто како што никаде, ама апсолутно никаде не те нападнав политички, ама... кој си ја има мувата на капата... (Јбг, тоа е :D)
    И да, основни информации недостасуваат. Без разлика ситуација било каде. Кажав куп работи за кои нема податоци, а можело да има. За да не е вирусот толку нов и неистражен, па да не сме како муви без глави. Ама најлесно на тоа е да се одговори со "ама ти мене политички ме напаѓаш".
     
  15. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.375
    Допаѓања:
    10.530
    Пол:
    Женски
    За одењето во Охрид, има доста диви плажи, може да се оди и на нив.
    Сигурно популарните плажи ќе работаат по принцип на кафичите, и тие летово сигурно ќе се отварат.
    Ќе има растојание меѓу масите, лежалките и така е логично да се тера туризмот.
    Само не знам што ќе биде со журките во клубовите и слични дешавки навечер..
     
  16. Ang_ela

    Ang_ela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2019
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    1.179
    Пол:
    Женски
    Ти се надоврза на дискусија што ја имам со друг член со зборови дека прескокнувам нешто, претпоставувам без да прочиташ на што се однесува моето мислење. Во ред е.
     
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Сеедно, пак останува дека не реков дека е местенkа. Ама нели, освен „политички“ друг аргумент не ни имаше.
    Пак ќе го ставам смајлите што ми го рапви мислењето поубаво :D
    Форум е, јбг. Ако не сакате да ви одговараат или не сте способни со повеќе од еден да одржите дискусија, отворете си приватен разговор.
     
  18. Ang_ela

    Ang_ela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2019
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    1.179
    Пол:
    Женски
    А од кај па сега дека не сакам да ми одговараат?:D
    Ги извртуваш работите и на дискусиите им даваш друг тек. Друг пат убаво прочитај па реплицирај.
     
  19. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.673
    Пол:
    Женски
    Да, да ич не ја напаѓаш политички. Од сам старт сакате да и ги дискредитирате мислењата, само зашто била искрена некад и пишала политичка определба. И сега ради тоа ваљда ни нема право да има мислење |( Многу, ама многу ниски удари.
     
    На Dennings, buba4e89 и JuLleE им се допаѓа ова.
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.397
    Допаѓања:
    260.057
    Ангел, колку пати напишавте дека сум политички пристрасна од почетокот знаеш?
    Која мува си ја имам? Јас не кријам, ама ниту пак моите ставои ги градам врз тоа.
    Моето мислење е мое.
    За вирусот конкретно, па кажаа дека со оглед според тоа што го знаат е дека најверојатно е излекуван, според времето на тестирање и претпоставеното заразување во периодот на двата теста.
    Не ви одговара тој податок изгледа.