Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.368
    Допаѓања:
    119.495
    Пол:
    Женски
    Мене грижа на совест ми е што се посеедно ми станува. Се понервозна сум со седењево дома. Само нешто не ми чини. А со дезинфекцијата и маските продолжувам... Рацете суви ко барут.
    Ми се смачи веќе.

    Ај сеа почнете со коментарите "како може да ти е досадно, дома си лежиш со телевизија и интернет и храна све тип топ" и да се напијам трамповача (доместос) ! |(
     
    На Amellie13, christinnn, Nigredo Odor и 6 други им се допаѓа ова.
  2. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    Пробајте да си внесете позитива во животот. Шетајте почесто и поминувајте повеќе време на сонце.
    Ако ви е поубаво, чистете се што имате во домот. Ама не мора.
    Паниката си ја правиме сами.

    Знам дека се ова тешки времиња за сите, ама не мора да си ги правиме уште потешки.
     
    На Herrera, *Amethyst*, Ahoy и 5 други им се допаѓа ова.
  3. honey.heart

    honey.heart Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    62
    Ни ја неќам да ти кршам филм али не си во право и те замолувам да не шириш дезинформации а со тоа и паника.
     
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.396
    Допаѓања:
    260.043
    Кои се тие уникатни случаи што се случуваат само во Македонија?
    Тоа што од фамилија само еден има заразен?
    Види, јас знам за такви случаи и во Хрватска, баш кај што си ти. Замисли.
     
    На Dennings, mkdvesna, BoaVista и 3 други им се допаѓа ова.
  5. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    Нели и кај Цаца никој немаше болен во фамилија?
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Еве на пример прашања:
    Кој е среден и најдолго забележан период на инкубација во Македонија?
    Кој е најчест симптом на Ковид во државата?
    Кој е најневообичаен симптом на Ковид во државата?
    Кои тестови се користат и која е нивната точност?
    Кој процент од граѓаните не ги почитуваат мерките?
    Колку од случаите се асимптоматски (ако ги исклучиме оние што развиле симптоми после тестирање и оние кои биле со слаби симптоми?)
    Колку од вистински асимптоматските заразиле други луѓе?
    Колку лица се тестирани?
    Која е проектирана ефективност за полицискиот час? Дали ја постигна ефективноста?
    И да не заборавам, зошто им се земаат пасошите на оние во карантин? Дали одземањето на пасошите имаше ефект во намалување на ширењето на вирусот?
     
    На Milan93, Bunny2, An-na и 2 други им се допаѓа ова.
  7. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Поврзано со ова, преносливост во фамилија.
    Официјалните препораки овде во Шведска се дека доколку родителот на детето е заболен од Ковид, детето смее да оди во градинка/школо. По сите истражувања се докажало дека децата се носители а не преносители на вирусот. Не искажувам мислење или согласување колку е добро или не, само ја дополнувам информацијата во таа насока со она што е официјална препорака во една земја.
     
    На cresa-jagoda, BoaVista, Bunny2 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.396
    Допаѓања:
    260.043
    Овие одговори ги имаш кај ИЈЗ. Имаше точен број кој бил асимптоматски. Кажа Филипче дека од 3 до 7 ден мислам се јавувале симптомите.
    Сите одговори шо ги бараш неколку пати се јавно споделувани. Побарај на нет ќе најдеш.
    Ефикасноста од мерките па вклучувајќи го и полицискиот час се гледа во бројките.
    Не се оптерети здравството, а со оглед на тоа во која состојба е и оно и целиот систем, бројките се одлични.
    И сосојбата на терен ги оправдува бројките.
    Грешки и пропусти има, што е нормално и очекувано. Ама за чудо ете пробуваат да ги решат.
    Пасошите им ги вратија. Уште ги мислеш?
    Мислам дека ти одговорив, што не сум ни должна. Се имаш на интернет.
     
    На mkdvesna, BoaVista, fana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.494
    Допаѓања:
    191.197
    Што значи тоа носител а не преносител? 8-|:^)

    Инаку СЗО ќе го осуети планот за чипирање :lol: , не се создавале антитела или не значело дека не може да го фатиш по вторпат, што значи џабе имунитетни пасоши(facepalm)
    https://www.who.int/publications-detail/immunity-passports-in-the-context-of-covid-19
    Аха, и следствено, не постои колективен имунитет:|
     
  10. queen19

    queen19 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    1.845
    Пол:
    Женски
    Ја не го измислив ова бројките се од официјална страна :)
     
  11. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    Упс.:D На*бавме?

    Иначе децата можат да го закачат вирусот и да го носат во нив ама не и да го пренесат.
    Како?? И до која возраст деца? до 5 години или 11? Или 18?
     
    На cresa-jagoda, Biljarkata, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.396
    Допаѓања:
    260.043
    Мајка и ќерка, ќерката, девојче околу 5 години мислам беше позитивно на вирусот, без симптоми, а на мајката ништо.
    А мајка и дете секако имаат поблиски контакти.
     
    На green.eyes, cresa-jagoda и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  13. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    Нели велеа дека децата/младите се баш преносители? Дека детето може да го има вирусот, а да нема симптоми, и да го пренесе на постарите дома?
    Нели затоа ги делат младите во еден термин се надвор, старите во друг?
    Или нѐ е*ат во мозок?
     
    На Ivan4e04, christinnn, elenaxbbg и 10 други им се допаѓа ова.
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Филипче кажа и дека асимптоматски ги вклучувале и оние што немале симптоми кога се тестираат, без разлика дали ќе развијат симптоми подоцна. Значи кога излезеш позитивен буквално додека ис добар никој не те чепка. Така не се прати нов вирус, јбг.
    Симптоми од 3-7 ама Филипче кажува на секој прес дека симптоми може да се јават и по 20 дена.
    За другите работи исто, се гледа по бројките е плукни - залепи решение. Површен одговор, буквално „не прашувај и ќути“
    И за другите прашања нема одговор.
    Битно, не смее да се прашува.
    Тоа е најбитно што треба да го запаметиме. Никако не смее да се прашува.
     
  15. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Ај беља работа?:^) Можна е ваква варијанта или си лажат веќе по инерција?
     
  16. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    Не знам како прават и додуша не ме интересира се додека секој ден бројката на оздравени се покачува.
    И да немаше мерки пак ќе се појавеше некој паметен како Цаца и Контраденко да шири вируси.
    Мислам, видовме што се случи нели? Тоа подобро сценарио е?

    И јас не сакам да седам дома затворена, ама вака е само заради несовесните што многу се рашетаваат и не размислуваат за последиците.

    Што е најдобра мерка? Пушти го народот да се меша, да оди каде сака, да работи се и сешто пошто некој не му се седело дома и депре го фатило?

    Пошто вака или онака луѓето се собираат пак, па после се чудат од каде заболиле.

    За овој народ глупав со чест на исклучоци и 4 дена е малку.

    Треба да се освестат тие што не почитуваат. А не попуштање на мерките и веднаш Градски парк фул, да не можеш да се разминеш.
     
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.097
    Допаѓања:
    131.410
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20200427-143501_Facebook.jpg Screenshot_20200427-143516_Facebook.jpg
    1.Во Инфективната Клиника во Скопје примен е 1 нов пациент,а вкупниот број на пациенти таму е 61,од кои 18 се со потешка клиничка слика,а 5 на механичка вентилација.
    Во ГОБ-8-СЕПТЕМВРИ примени се 8 нови пациенти,а вкупниот број на пациенти таму е 32,од кои 4 се со потешка клиничка слика,а 7 се на респиратор.Во оваа болница денес е донесен апарат за озонирање на крвта за третман на пациентите со најтешка манифестација на болеста.Ќе се вади крвта,ќе се озонира,па ќе му се врати во циркулација на пациентот.Оваа терапија ќе се применува кај лица чија крв не се оксигенира доволно.
    Во овие 2 болници се и респираторите кои пристигнаа пред некој ден.
    Во Битолската Болница хоспитализирани се 7 пациенти,а се следат 8 пациенти кои се на домашно лекување.
    Во Штипската Болница се лекуваат 2 пациенти,а се следат уште 9.
    На инфективните одделенија во болниците во Куманово,Велес и Прилеп се хоспитализирани 50 пациенти,од кои дел се суспектни,дел потврдени на КОВИД-19.
    2.Поради направени пропусти при тестирањата,утре ќе се назначи нов директор на ЦЈЗ-Велес,а таму веќе е направена прераспределба на кадарот за да може да функционира.
    Утре ќе биде направена првата екстракција на крвна плазма на ИТМ.
    На донациската сметка отворена од МЗ собрани се близу 90 милиони денари за набавка на заштитна опрема и апарати.
    Направена е детална анализа што е потребно да се набави(респиратори,аспиратори,ехо-апарати,мобилни рентген-апарати,кревети за интензивна нега,перфузори и друго)за инфективните одделенија во болниците,а веќе е спремна и документацијата.
    Во однос на новинарското прашање за тоа дека докторка анестезиолог од Куманово била оздравена и негативизирана,па пак позитивна на вирусот,Министерот вели дека прв пат слуша и треба да провери.
    Првиот тест на починатиот 66-годишен Битолчанец бил негативен,а вториот позитивен.И покрај првичниот негативен тест,тој бил изолиран во болницата поради укажувањето на неговата клиничка слика дека е заболен од вирусот.
    Во изминатите 24 часа направени се 289 тестирања,а вкупниот број на направени тестирања до сега е 15.409.
    3.За секое починато лице може да има сомнеж дека било заразено од вирусот и дека вирусот е директна причина за смртта,а сомнежот се потврдува или отстранува врз основа на неговата клиничка слика(наодот на белите дробови,белодробните проблеми) и земениот брис.
    Погребалното Претпријатие АД Бутел се согласи да ги намали цените за погреб.
    4.Вработени со договор на дело во Клиниката за Детска Хирургија се жалат дека нивните договори не им се продолжени.Министерот треба да зборува со Директорот на оваа клиника за ова.
    Карантинот за лицата вратени од Италија е 21 ден бидејќи Италија е една од земјите со највисок ризик,а за лицата вратени од други земји е 14 дена.Сите лица кои се во карантин,се должни по карантинот да поминат 14 дена во самоизолација.
    Министерот потсетува дека мора да се почитуваат решенијата препишани и издадени од ДСЗИ и епидемиолозите.
    Ничие мислење за справување со вирусот нема тежина како мислењата на епидемиолозите.
    5.Прогнозата за пик од 2.000 до 2.500 заболени е направена врз основа на утврдени параметри(кој колкумина може да зарази,појава на локална трансмисија,нагло качување на бројката...).
    Министерот забележал голем број на прекршувања на мерките.
    И да не се достигне бројка од 2.000,2.500,граѓаните мора да се придржуваат до мерките.
    МО прави анализира како да се организира образовниот процес од септември натаму.
    Рано е за отворање на образовните институции,фабриките и рестораните.
    Комисијата за Заразни Болести и Министерството за Здравство понатаму ќе се произнесат со нивни предлози.
    Министерот ги видел и реакциите на социјалните мрежи за викендот.Тој вели дека е свесен дека не секој сака да седи 3 дена затворен дома,но со оглед на ситуацијата во која сме,Владата ќе мора да донесе некаква одлука.
    Комисијата за Заразни Болести доставила свој предлог,но не значи дека истиот ќе биде прифатен.
    Владата на утрешната седница ќе одлучи за 1 мај.
     
    Последна измена: 27 април 2020
    На elenaxbbg, cresa-jagoda и Biljarkata им се допаѓа ова.
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.793
    Допаѓања:
    41.889
    Пол:
    Машки
    Секаде е така, симптоми најчето се појавуваат не подоцна од 14. ден, но се случува симптомите да се појават и до 28. ден,
     
  19. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.002
    Допаѓања:
    37.236
    Пол:
    Женски
    А што ги спречува Цаците и ним сличните да шират вируси вон полициски час?
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Не ве научил никој што значи инкубација до 14 дена изгледа.