Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Discussion in 'Коронавирус' started by LovelyGirl3, Jan 26, 2020.

  1. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Joined:
    Nov 3, 2019
    Messages:
    5,282
    Likes Received:
    42,610
    Gender:
    Female
    Мерките се за такви амеби како нив, поради нив ние совесните страдаме пошо за такви празници знаеме какви групи од 10+ се собираат.
    Најубаво си е ко во некои западни земји, само со дозвола за излегување, да имаш документ, ако немаш казна на лице место.

    Вие ако сакате собирајте се, мешајте се, ама не паничете кога ќе се качува бројката, ако?

    И пак ќе повторам ко што кажав претходно, некои мерки се престроги и не ми се допаѓаат ама размислете поради кој е тоа така и зошто?
     
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Joined:
    Jan 15, 2010
    Messages:
    20,092
    Likes Received:
    266,811
    Кој тоа вели, ќути и не прашувај? Ти?
    Па секојдневно еве новинарите прашуваат се и сешто.
    Посочи ми каде асимптоматски случаи се следат во болница. Секаде седат во изолација и се дома. Контактираат со матичен и ако има промени, матичниот е тој што треба да реагира. Ако нема комуникација со нив, тогаш овде проблемот е во нив.
    14 дена е изолацијата, а оние вратени од странство седат плус 14 заради оние асимптоматски случаи мислам.
    Нафрлаш твои размислување како овде никој ништо да не прави, да не се прават статистики, како да се оставени заразените на милост и немилост. Некој кој не ги знае бројките кај нас, па и состојбата на терен, читајќи ќе помисли дека има невиден колапс, а сликата е сосема друга.
    Еве јас живеам овде и гледам дека она што го пишуваш е далеку од реалноста.
    А пропусти, грешки, има и ќе има. Како и секаде.
    Ова ни се случува на сите, на цел свет за прв пат, и затоа се учи секојдневно, се импровизира. Што е и очекувано.
    Доколку има втор бран мислам дека секоја држава ќе биде поподготвена од сега.
     
  3. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Joined:
    Jan 8, 2020
    Messages:
    9,922
    Likes Received:
    42,848
    Gender:
    Male
    These symptoms may appear 2-14 days after exposure to the virus:

    Fever

    Cough

    Shortness of breath or difficulty breathing

    Chills

    Repeated shaking with chills

    Muscle pain

    Headache

    Sore throat

    New loss of taste or smell


    https://www.cdc.gov/coronavirus/2019-ncov/symptoms-testing/symptoms.html
     
  4. veteruska

    veteruska Популарен член

    Joined:
    May 27, 2014
    Messages:
    1,977
    Likes Received:
    5,800
    Не сме сеуште, пикот се очекува да биде околу 1700новозаболени вкупно

    Од 2.500 заразени пикот се намали на околу 1.700 – си го трасира ли патот власта за брзи избори летово ?
     
  5. referentka

    referentka Moderator Staff Member

    Joined:
    Nov 13, 2012
    Messages:
    14,829
    Likes Received:
    323,982
    Како почна да има по 19 заболени и 56 ИЗЛЕКУВАНИ човек да ни завиди на нашето здравство и социјално воспитување.

    За Максо не сакам ни да кометирам, некои работи се повеќе од очигледни, несогласувањата со матичната партија ќе направат да го втераат во глувчова дупка.

    Јас веќе не верувам во памдемијата.
    Верувам во политички заговор за избори последните денови во јуни.
    Знам дека на многумина ви се чини."зелено" ова, ама ќе се самоцитирам кога ќе дојде време;)
     
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Joined:
    Mar 19, 2011
    Messages:
    11,211
    Likes Received:
    56,948
    Очигледно и следење на симптоми, посебно при нов вирус, небитна ствар, а?
    Знаеш како се следат симптоми за анализа и собирање на податоци?
    Така што секој ден ќе се јавиш на матичен и ќе кажеш: Еј, абе јас денес пролив имав, се закашлав малку, потешко дишам. Генерално сум добро ама тоа се отстапувања од нормалата. И матичниот ги внесува тие симптоми за понатамошна анализа, за да се знае што се случува со болеста и како реагира.
    Оние од странство седат уште 14 затоа што се смета дека е групен карантинот и можат и таму да се заразат. Ова прашање и беше одговорено од страна на министерството за здравство. Ама пак, наместо да се каже дека заради карантинот мора да седат уште 14 дена, се кажува дека мора ЗАРАДИ ОНИЕ АСИМПТОМАТСКИТЕ (во превод, пак ќе пребациме кривица на народот)
    Па искрено, таква слика имам на пример од тоа што вирусот си харал низ онкологија додека не се заразил некој по посета на онкологија и со тоа не повлекол тестирање таму. Кажи ми, тоа контролирано ширење е?
    Да, малку повеќе. Ама резултатите од тие импровизации се непознати.
    Да, од 2 до 14.
    А не од 2 до 14, ама може и до 28.
     
    jacqueline.s and zhap4e like this.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Joined:
    Sep 9, 2011
    Messages:
    7,414
    Likes Received:
    39,185
    Gender:
    Female
    Пак ќе те прашам, што ги спречува Цаците да се соберат во викендица пред полицискиот час и да истераат викенд таму? Видовме и за Велигден што беше. Тотално непродуктивна мерка. Далеку подобра и попородуктивна мерка е карантинот во Италија или социјална дистанца како во Германија, ама... за тоа треба полицајците да излезат на улица и да се фатат со работа. Лесно е полициски час и готово... Тоа што е непродуктивен, нема врска...

    За бројката... има две сценарија, или полицискиов час бил ефикасен, па немаме голема бројка (иако за мене ова е тотално неверојано, ама ај) или бил тотално непродуктивен, па во најдобар случај не предизвикал дополнителна штета и дополнително качување на бројката со гужвите што беа по маркети, банки и сл.
    Која е вистината? Ти можеш да тврдиш дека заради полицискиот час не ни крахирал здравствениот систем (иако е крахиран, ама ај) јас можам да тврдам дека во најмала рака исти ефекти ќе имаше и социјално дистанцирање со поголемо учество на полиција и војска, која би ги растерувала групирањата и би водела сметка дали се почитува социјално дистанцирање. И кој ќе биде во право?
     
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Joined:
    Mar 19, 2011
    Messages:
    11,211
    Likes Received:
    56,948
    Баш денес читам некој новинар кој се заболел од вирусот застанал во одбрана на полицискиот час.
    Кажува, се заразил откако се собрале фамилијатрно 10 луѓе. Па по тоа што го преживеал на инфективна будали биле луѓето што барале сопирање на полицискиот час.
    Он не бил будала што се собрал со цела фамилија, не.
    Полицискиот час ќе ги спречи да се собираат, ахам... Како овој што го спречил.
    Или ко оној новинарот во Прилеп што си отишол да си ги види родителите.
    Или како уште куп што го расшетаа вирусот.
     
    candy.cane, An-na and Ahoy like this.
  9. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Joined:
    Jan 8, 2020
    Messages:
    9,922
    Likes Received:
    42,848
    Gender:
    Male
  10. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Joined:
    Aug 23, 2010
    Messages:
    3,912
    Likes Received:
    31,675
    Gender:
    Female
    @DAngel како мислиш позитивните асимптоматски никој не ги чепка? Јас лично познавам семејство, маж, жена и дете, позитивни на Ковид, само мажот со симптоми беше и на домашно лекување. Жената и детето асимптоматски, а позитивни. Истите мерки што важеа за мажот важеа и за нив. Строга самоизолација, ако појават симптоми да се јават кај матичен. Не појавија симптоми, ама жената неколку пати ја тестираа и никако не и искачаше негативен брисот. После незнам колку време, битно подолго од мажот и детето и кај неа искочи негативен брис.

    Симптомите најчесто се појавуваат од 3-7 дена. Просечен период на самоизолација е 14 дена, ама пожелно е и до 28 дена (за оние што биле у групен карантин), а плус тоа имавме случај од Цаца позитивните, изглегоа позитивни на 17 ден. Доволна самоизолација јас мислам дека е 14 дена, и лично сметам дека симптоми после овој период се повеќе исклучок него правило.

    За полицискиот час, само ќе споредам дека викендот 21-22 март кога првпат се разубави времето после две недели ни донесе 72 позитивни, после една недела 107 позитивни. Овие бројки што сега ги гледаме се резултат на првиот карантински викенд и општо на сите мерки досега. Разликата е очигледна. Тогаш биле правени во просек по 600 теста. Овие неколку дена се прават во просек по 300 теста, ама пак процентот на позитивни е помал. Саботава што помина биле направени 728 теста, позитивни 41. Озбилно не ја гледаш разликата?
    Бројот на тестови исто е јавен податок, плус се кажува секојдневно. Досега вкупно се направени 15.120 теста, кога ќе земеш процентуално слично како и во Хрватска.
     
    LovelyGirl3, Amelia, KateKane and 3 others like this.
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Joined:
    Jan 15, 2010
    Messages:
    20,092
    Likes Received:
    266,811
    Добро Ангел, не пишав дека контактираат секојдневно со матичните? Пишав. Матичните треба да ги контактираат барем еднаш во текот на денот. Тоа е насока од Министерството.
    Ти еве на пример си заболена, а си асимптоматски, секако кога ќе забележиш симптоми или некоја состојба која ти е нова, ќе пренесеш на матичен. Тоа се насоки од почетокот на епидемијата.
    За карантинот и плус тие 14 дена, каде вината е прфрлена на народот? И да е заради можно заразување од карантинот, е ок мерка, превентива. Државниот карантин беше неопходен и потребен.
    Импровизации има, ама пак ќе повторам, јас еве немам чувство дека работата е излезена од контрола.
    Имаш резултати. Тоа е нешто што не може да се скрие.
    Околу 1300 заболени се. Официјални.
    Состојбата ни најмалку не е избегна од контрола.
    Залудни и млаки ти се обидите да прикажеш нешто друго.
    И тебе и на многу други овде.
    Ко да едвај чекавте да ескалира сутуацијата.
    Можеш слободно до утре да ме цитираш и да се обидуваш да ми докажеш дека во Македонија е хаос, али ете сликите во болниците зборуваат друго. Бројките исто.
     
  12. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Joined:
    Jun 26, 2010
    Messages:
    2,029
    Likes Received:
    2,295
    Гледаме дека деновиве бројот на заболени е опаднат во однос на претходните и мислам дека сега за Викендов Комисијата за Заразните болести треба да увидат врз основа на таа сиуација дека навистина не е потребен 3 дневен целосен карантин.
    Ако толку сметаат дека е потребен нека го направат 2 дена но во Недела да ни дозволат до 15часот на прошетка, па од 15.ч до 5ч понеделник карантин.
    Навистина е непотребно 3 дена да бидеме затворени целосни. Ајде да се големи бројкиве на заболени е океј.
    Нема потреба целосен карантин.Добро се справуваме.
    Или Петок до 16чда направат, Сабота до 15 часот.Па од 15 ч.до 5ч понеделник карантин.
     
    Last edited: Apr 27, 2020
    christinnn and Ambitious like this.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Joined:
    Mar 19, 2011
    Messages:
    11,211
    Likes Received:
    56,948
    Ова е од февруари. Како поминува времето нормално е да се стеснува периодот на инкубација, а не да се проширува. Копана ми е темата. Кога се гушев на 18ти ден, ептен ми беше битно да знам дали може да е задоцнет симптом или сепак е психа од еден куп заплашувања.
    Симптоми најчесто се појавуваат на 5ти, 6ти ден. Воглавно до 10ти скоро сите добиле симптоми. До 14 веќе ретко има некој што не добил и што ќе добие подоцна.
    Плус и линкот твој се однесува на само еден случај. Отстапки од случај секогаш ќе постојат, ама многу веројатно е да имал и втор контакт.

    Па тоа зборам. Не така, ако ви е лошо јавете се. Туку за да се прати нова болест треба да се споредува со базна состојба, за секој симптом да се регистрира и да се обележи, да се реагира на секој сомнеж.
    Тука се расправаме за пролиц дали бил пред некое време.
    Пролив, главоболка, па и осипи. сите се забележани како симптоми на Ковид, а многу е веројатно дека некој ќе се напие апче за главоболка и ќе му помине. Не го пријавил како симптом - не е симптоматски. И готово. Сите сме кул.
    Не знам. Ќе видиме... Чекам уште резултати од Велигденот.
    Не ја гледам затоа што џабе полициски час кога знам цели згради што се собрале заедно да прослават Велигден, затоа што, нели... Не можат далеку па ајде околу зграда.
    Реков, ќе чекаме и ќе видиме. Она со опуштањето на мерките кои ни сама не знам какко се донесени па ич не ми иде. Да, се плашам дека е прерано да се попуштаат, а ќе почнат и после ич нема да е убаво.
    Хрватска известува по тестирани лица бројки, а не по изработени тестови. Значи процентуално бројките не може да се споредуваат.

    Тоа цело врем го зборам. Дека статистиките се срање и џабе се споредуваме со држави кога секоја си води на свој начин. Тотално неспоредливи се статистиките и нерелевантни.

    Не реков дека Македонија лошо се правува, ниту дека е хаос, колку што реков дека не им верувам на статистиките и бројките. И џабе ќе се разубедуваме, тоа си стои. И пак останува дека врз основа на податоците кои и се достапни на јавноста не може да се направи реална слика за состојбата на епидемијата во државата.
     
    Ahoy likes this.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Joined:
    Jan 31, 2019
    Messages:
    22,277
    Likes Received:
    205,245
    Вести од светот- Како се олабавуваат мерките
    https://www.slobodenpecat.mk/pogled...t-edna-zemja-vo-azija-duri-i-ne-vovede-merki/
    Учениците во Пекинг мора да ја измерат температурата пред да влезат во училиште и мора да имаат „зелен“ здравствен код на апликација, што пресметува колку е голем ризикот од инфекцијата за тоа лице.
    :^)
    :drunk:
    Многу хаотичен текст, ама резиме- секаде олабавуваат.
     
    senjorita-v likes this.
  15. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Joined:
    Sep 28, 2010
    Messages:
    6,338
    Likes Received:
    57,604
    Gender:
    Female
    Бил, и тој и новинарот од Прилеп. И го видовме резулататот.
    Проблемот е тоа што се бара враќање во тотална нормала, па ќе имаме мнооогу такви средби.
    Затоа прашував што значи тоа враќање во нормален живот.
    Затоа што според коментариве на форумов, толку им здосади на луѓево што ќе ги видиме кафичите и игротеките полни уште истиот ден кога ќе почнат да работат. За фамилијарни собиранки да не правам муабет, сите испуштени родендени и средби ќе се изорганизираат. Нејќам ни да помислам на фитнес сали со сета таа пот и плунки. Одма ќе ги видиме полни.

    Попуштање на мерките да, но за да одат луѓето на работа. А кај што работат мора да се организира дистанца и заштитна опрема, и да има контроли. И да се организираат некако болниците за да почнат да примаат пациенти со секакви проблеми.
    Другото ќе остане.
    Седење повеќе дома и дистанца во јавност мора, колку и да звучи фашистички.
     
    Amelia, senjorita-v, Nausicaa and 5 others like this.
  16. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Joined:
    Nov 3, 2019
    Messages:
    5,282
    Likes Received:
    42,610
    Gender:
    Female

    Ај ете според тебе што треба да се направи ? Баравме мерки, дадоа, се нешто не ни се допаѓа и наоѓаме маана. Ако немаше мерки, пак ќе се буневме.
    Пошто нели, сите се правиме овде паметни, знаеме се, ја откривме дури и вакцината.
    Незадоволен народ секогаш ќе има. И јас сум незадоволна ама оставете ги луѓето на раат да си ја вршат работата. Може ќе нема 4 дена полициски час, не скокајте пред време.
    Некој ќе се побуни зошто немало пол. час и карантин, други зошто имало.

    Народов не знае што е тоа социјална дистанца, ете денес видов во друштво повеќе од 2ца луѓе без маски, во близина на моја куќа, некои 5 - 6 души, па морав да пријавам.
    Влегов во бутик, да оставам пари, вработената со уште 5 6 муштерии, и таа без маски и сите останати.

    Овој народ ништо не почитува.
    Нема да се изненадам да каже Филипче - Преку куров правете што сакате.
     
  17. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Joined:
    Jan 31, 2017
    Messages:
    2,356
    Likes Received:
    31,618
    Gender:
    Female
    Многу интересно е како на некои не им одговара ако има помал број на заболени и едвај чекаат да бидат под клуч со денови. Никако да им докаже човек дека никој со сила нема да ги натера да излезат надвор. :fubar:
     
    Bunny2, black-angel and fana like this.
  18. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Joined:
    Aug 23, 2010
    Messages:
    3,912
    Likes Received:
    31,675
    Gender:
    Female
    Ама и ја ти пишав дека имаат упатства ако појават некој симптом да се јават на матичен. Пишав симптом.
    Не ако им се слоши или незнам што. Значи ако има пролив, температура, болка во муслули ( се ова нели се симптоми) да звони на матичен.

    Бројките ги пратам овде и сметам дека се веродостојни.
    https://www.worldometers.info/coronavirus/

    Во теории на заговор не верувам. Во политика и политиканство исто. Не ги исклучувам сто посто, ама ми е надвор од здрав разум некој да си игра со вака осетлива работа. Може грешам, ама одбирам да верувам на епидемиолози, инфектолози и секој еден кој е стручен во таа област и кој реално се бори со проблемот. А сите познаваме по некој лекар лично, да ни пренесе инфо.
    И баш сметам дека најгомема среќа у несреќа е што во моментот имаме министер за здравство кој е лекар, не како досега правници, економисти итн. И не е лично кон Филипче ова, и Таравари да беше исто ќе мислев.
     
    KateKane, JuLleE and mkdvesna like this.
  19. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Joined:
    Jan 25, 2015
    Messages:
    1,190
    Likes Received:
    11,963
    Gender:
    Female
    Аман. Сте се фатиле за тие 2000-2500 како слеп за стап. Чекате да се достигне таа бројка и да кажете оп, пикот е поминат, сега веќе готово е.
    Никој со сигурност не кажа, ниту пак може да каже колкава ќе биде бројката.

    Јас сум оптимист, бројот на заболени намалува, на оздравени се зголемува, со тоа бројот на активни случаи секој ден е се помал и помал.
    Се надевам дека не се лажам, и полека ќе почнеме да се враќаме во нормала.
     
    Amellie13, Bunny2, mkdvesna and 3 others like this.
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Joined:
    Mar 19, 2011
    Messages:
    11,211
    Likes Received:
    56,948
    @LivingGlam тоа и јас зборам цело време. Дека не ми личи дека попуштање на мерките е некоја разработена стратегија. Дека не ми личи дека во Македонија е до тој степен контролирана епидемијата за да може безгрижно да се попусштаат мерките. Дека сакам план некој, ама не ми личи дека го има.
    Бројките овде ги внесуваат по тоа што државите репортираат. Како ги бројат државите - не знаеме. Останува дека од држава до држава се разликуваат масивно.
    Патем, практична страна ама не е официјална, нити тотално безгрешна. Приватна компанија е која води статистики.
    Не веруваш дека некој би си играл со таква работа? Оти така ги преценуваш политичарите?
    За Филипче, да. Секоја му чест. Ама министерството за внатрешни работи ни го газеа скандали и деновите пред короната, па не беше баш на чисто.
    Оригинално, Филипче беше против полициски час.
    Филипче беше и против смалување на возниот ред и бројот на автобуси.
    Филипче имаше подобри идеи, ама тука веќе почна министерството за внатрешни работи сам да носи некои одлуки, Шилегов исто, и Филипче мораше или да прави скандали или да ќути и да бира политикарство или здравјето на граѓаните. Да, Филипче го избра здравјето на граѓаните пред политикарството, секоја му чест за тоа. Ама тоа значеше дека Филипче треба да преќути и прифати мерки со кои не се согласува за да не се прави политички скандал во време на корона. Оти поарно и мерки какви што се, отколку никакви и дополнителни политички кавги. Оти така слаба меморија имате?
     
    senjorita-v and LivingGlam like this.