Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    И за приватно кажуваа дека кога е јавиш за тестирање и да сакаш да платиш не те тестираат без сомневање затоа што тестовите не беа скапи, реално. А не дека ги имаат на претек и во неограничен број, ниту пак неограничен капацитет.
     
  2. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.710
    Допаѓања:
    6.001
    За оние брзите на систина сигурно не бараа симптоми и баш кога они прв пат објавија резултати објавија и процент на околу 30 посто без симптоми. Ама тие секако не ги бројат. Мислам дека и другиве тестираат без симптоми, сигурно немаат таков строг алгоритам како матичните. Инаку зашто некој би давал пари. Не знам за сигурно, претпоставувам. Ама како и да е, процентот на позитивни без да знаеш од каде се заразиле е загрижувачки. Се надевам дека се тоа оние увезени од странство или како што реков фронтлајнерите.
     
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.114
    Пол:
    Женски
    Двајца нови вчера. Добро е не е лошо,нема смртни случаеви.За сега сеуште стојат на тоа да ги олабават мерките само за кафичи и ресторани. Ви реков многу се радувам кога кажаа дека немаше ниту еден завчера.Бројката на оздравени се зголемува.
     
    На cresa-jagoda и DraganFem им се допаѓа ова.
  4. Milan93

    Milan93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2018
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    1.103
    Пол:
    Машки
    А зошто би контактирале луѓе од Германија и како нивните 3,8%(160К-6К) смртност се супер резултат а нашево 4,6%(1400-65) смртност не е добро. Општото нели е дека Германците се дициплиниран народ а ние сме стока а ваму бројките се слични?
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.469
    Имам роднини кои живеат таму и тие ми имаат кажано. По продавници, паркови дека нема многу блискост, а тоа дека во групи ќе си се дружат мислам многу нормално, не очекуваме ниту пак реков дека сами тотално живеат сите. Ама можи не го демантирам ни тоа ти што го велиш, можеби во некои делови е така. А за тоа дека кај нас е подобро не знам баш, јас колку што гледам ич ама ич не се држат до правила. Дај Боже да грешам!
    Поздрав
     
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.674
    Допаѓања:
    126.531
    Пол:
    Женски
    По она што го видов викендов богами освен пред маркетите каде стое во ред, на друго место никаде не се држеше дистанца. Мајки со деца во колички испоседнати заедно, млади собрани на клупи .. Ама па може и да им има дојдено преку глава веќе на луѓето па викаат што биде нека биде. Не знам што да кажам, не сакам да се правам паметна. Ова веќе прерасна во психичка тортура на луѓево а знаејки го македончето дека на се оди контра ..
     
    На Makedonka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.972
    Допаѓања:
    14.734
    Пол:
    Женски
    Ама ние имаме далеку поригорозни мерки од Германците моментално. Значи они без мерки се исто како ние со мерки. Тоа е дисциплината.
     
    На cresa-jagoda, Makedonka007, Nausicaa и 7 други им се допаѓа ова.
  8. marlonbrando69

    marlonbrando69 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    5.519
    Пол:
    Машки
    Има некој заболен вистински од Covid-19? Бар да слика медицински извештај, име презиме нека го прекрие, да видиме чисто дали постои на писмено или само во воздух го има и на раце, па со сапун и маски ќе го спречиме?
    Не прашувам за другарка, за мене лично, да си запишам у нотес.
     
    На Makedonka007 и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  9. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.316
    Пол:
    Машки
    Веќе некое време не гледам прес на Венко,филмови без крај се неговите причи,опасен филозов станал.

    Него друг ми беше муабетот,само јас ли не гледам ефект од Карантини и затварање по дома?Незнам која е филозофијата да бидеме 24 часа 3-4 дена затварани,а претходните денови сите надвор?што тие 4 дена Короната ке дојде?Ке речете ама тогаш ке биде хаос за 1 мај,ако се сите по излети и собиранки повеќе заболени ке има,напротив не.Баш кога сме затворени дома,после тоа сме како куче од ланец пуштени,е тогаш се најголемите зарази,гужви насекаде,хаос по маркети,општ хаос.Затоа треба да се укине све,и да се остави на народот да одлучи како ке живее,кој има акал во главата ке пази,кој нема ке си фаќа вирус и ке го јаде стапот,само на овој начин ке научиме како се живее со вирус,а не како сега,само прават контра ефект.

    Јас од кога е почнат вирусот се пазам,држам секаде дистанца,маска носам иако незнам колку ме штити ама ете ја носам.Правам често дезинфекција на рацете,кога има група луѓе во близина,одма одбегнувам контакт.Оној кој е свесен за себе и за другите,ке се држи до сите препораки,оној кој не е,се знае местото каде му е.
     
    На PoisonGirl, mareane, poenta и 5 други им се допаѓа ова.
  10. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    Да, сеа на форумов некој ќе се правда дали е заболен или не е, или негов близок. И извештај ќе слика и печат на сликата од доктор ќе стаи, за вас да ве увериме.

    Дечки, верувале ние или не, ситуацијава е таа на глобално ниво. Нема да заврши зашто Трајко и Петко не веруваат, а Митре се докажува на интернет дека е болен.
    Кој сака нека се чува, кој не, јбг, не мора. Ќе плаќа казни за непочитување и тоа е се. Евентуално може да заболи. И ако има покревко здравје и да умре. Мада сите ќе умреме, кој порано, кој подоцна. Така да, уживајте. Запишете си во нотесите дека во 2020 ве држеа затворени, чисто онака. Седнаа државиве и рекоа ај да праиме нешто ново, интересно да е. И измислија дека има вирус и дека треба сите да се чуваат. И после рекоја ќе ги чипираме. Сакаме да знаеме Митра колку компир става во манџата и Трпе да го пратиме кога оди кај швалерката.
    Тоа запишете го и во ред е.
     
    На Grasiela**, Dennings, Ivan4e04 и 25 други им се допаѓа ова.
  11. marlonbrando69

    marlonbrando69 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    5.519
    Пол:
    Машки
    да ти дадат 2000€ ќе кажиш дека имаш корона ??
    јас да
    и компир манџа ќе јадам на село
     
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.744
    Пол:
    Женски
    По таа логика од кај знам дека им давале 2000 евра? Нека слика извод да видиме цел на дознака дали постои на писмено или само муабети кружат.
     
    На Ivan4e04, mkdvesna, candy.cane и 9 други им се допаѓа ова.
  13. elena <3

    elena <3 Нов член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Koga ima denes press?
     
  14. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    Јас не се продавам.
     
    На candy.cane, bicycle, Anie93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Milan93

    Milan93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2018
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    1.103
    Пол:
    Машки
    А како тогаш германските стручњаци ќе не натераат на дисциплина. Јас постот ти го разбрав во смисла на малку умрени во однос на заразени. Ако имаме ние 5 пати повеќе заболени нормално е и 5 пати да има повеќе умрени но процентот на умрени во однос на заболени ќе си биде ист.
    Ние сега само можеме да нагаѓаме дека ако не беа овие полициски часови ќе имаше повеќе заболени меѓутоа реално немаме со што да споредиме. За да можевме да споредиме и да имаме вистински увид на разликата со и без полициски час требаше Дебар кога го затворија да го остават без полициски час, граѓаните слободно да се движат и да почитуваат препораки за социјална дистанца. Е тогаш можеше да кажеме еве овакасе шири вирусот со полициски а овака без полициски час
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.582
    Пол:
    Женски
    Кај даваат 2000 евричиња, јас ќе се пишам :) хаха
    Него, дај бе олабавете со муабетот за македонскиот народ, ја претеравте веќе. До законите е, до државата, не е до народот. Истиот тој народ кога ќе се се пресели во странство, почитува закони. Значи не е до генот, не е до менталитетот. Кажав претходно, државата ни е крш, секој има да фати врски за да не плати казна, и тоае тоа. Да си беше стабилна државата казните ќе функционираа, народот ќе слушаше. Во оваа напатена државичка само сиромавиот може да го искрка.
    Него знаете што е вистински македонски менталитет. Да ги пратиш сите комшии од џамот кога излегуваат, кога се враќаат, колку души биле и сл, и после да ги оговараш на форум. Да излезеш надвор за да ги сликаш луѓето кои исто така излегле, и да ги објавуваш на интернет и нарекувајќи ги стоки. Ти да си совршен, безгрешен, а другите сите да се заостанати македонци, и сите не еволуирале, освен особава која ги оговара.
    Инаку да, и ние имаме роднини и пријатели во странство, и таму шетаат, се дружат, кои во групи, кои сами, ги вадат децата да возат точак да прошетаат. Дај олабавете со муабетиве.
     
    На Ivan4e04, duffi, candy.cane и 11 други им се допаѓа ова.
  17. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.002
    Допаѓања:
    37.236
    Пол:
    Женски
    Не дека и Германците се сите дисциплинирани, да не се лажеме. Читнете ја темата за Германија, ќе ви стане јасно. Ама... таму има полиција по паркови и други јавни површини и ги предупредува луѓето за држење дистанца, кај нас дремат по коли или станици |(

    Во врска со чипирањево и моменталнава светска ситуација.... Дека ќе не чипираат, не верувам (барем не се додека не докажат спротивно) ама дека се претера со паникава, да. Е сега, некој ќе рече зошто, која е користа од тоа? Просто е... Вакцинација. Како ќе натераш народ да се вакцинира со непроверена и многуверојатно неделотворна вакцина ако не кренеш паника? Никако. Ама сега, како што не преплашија сите, ако СЗО ти рече вакцинирај се, сите ќе се вакцинираат. Барем повеќето, јас не :wasntme: иако сум ризична група, според СЗО.
    Некој претходно пиша дека нема корист од вакцините, бидејќи се вложувале средства за нивно истражување. Да, ама за вакцините кои даваат траен имунитет. Вакцините за грип не се такви. Секоја година се примаат, а ефикасноста е дискутабилна. Таква би била и оваа вакцина.
    Така што... еве ја причината зошто некој би филувал бројки, ситуација, сериозност и би кревал паника.
    Плус, штом чичко Били е вмешан некаде, јас автоматски сум на штрек. Не го сакам, ниту му верувам :!:
     
    На cresa-jagoda, zhap4e, Biljarkata и 5 други им се допаѓа ова.
  18. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.543
    Допаѓања:
    11.752
    Пол:
    Женски
    Не верував дека некогаш ќе звучам олку антиваксерски, ама утре да излезе вакцина ни јас не би се вакцинирала со вакцина создадена во рок од 2 месеци. Барем не додека не се вакцинира барем пола од населението.
    Друго, ако може повторно да се закачи вирусов и ако мутира, џабе вакцина. Подобро на измислување лекарства нека работат.
    Истово го имам размислувано, не сум нашла само некој стручен да ми подобјасни подлабоко.
    И прележани од грип може пак да го фатат, исто и вакцинирани. Пошто и вирусот што предизвикува сезонски грип мутира и антителата во организам што иако го прележал не го "препознаваат" пак како ист вирус.

    Така да, што и да „се враќа“ и се прележува пак не е 100% по состав истиот вирус што бил прележан веќе еднаш.
    Ако траен имунитет не постои, тогаш што фајде од вакцина?
     
    На bicycle и Цвет88 им се допаѓа ова.
  19. marlonbrando69

    marlonbrando69 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    5.519
    Пол:
    Машки
    се се решава со пари. Ако не со пари, тогаш со многу пари. Дури и covid-19
     
  20. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    Милиони да ми дават, не се продавам.
    Ебате продадените души.