Вирусот стасал во Италија. Со оглед дека се во Малта се носи од Италија на работа нарачале 4 шишиња Destec Bavicid Hand за чистота и сите настинати да не доаѓаат на работа. И сега мене малце страв ме фати ама гледам да не размислувам за тоа.
Зависи од кај доаѓа, кој град.. ризик има кога ке видиш за се од секаде. На мм фирмата 80% роба е од Италија.. Иначе сега дојде од раб и ми кажа слушнал 200 луѓе во Кина што прележале Корона, пак фатиле Не сум прочитала за ова дека може и да повтори...
Не знаат многу работи за вирусот, а и мутираат вирусите, цело време се апдејтираат информации. @mariz ако е како инфлуенца вирус може да се фаќа пак претпоставувам. Уште повеќе типови фалат. Ќе побарам кај еден доктор што го следам дали има пишано за ова. Мажот ми треба да оди во Хрватска во март, се надевам нема и натаму да се прошири. Макар што овие нашиве не направиле викендов контрола на два авиони со патници од Италија, попрво овде ќе почни.
Пишав јас и претходно дека не се внимава ми пишуваа да не се шири паника. Кај нас деца умираат од нормален грип, а тоа зборува на какво ниво е хигиената во училиштата. Замислете земји како Германија и Италија каде што нивото на хигиена е многу повисоко од кај нас, барем во поголемите градови и села па не можат да се справат со ова. Кај нас и да има ќе се крие, крие додека ептен не стане алармантно.
Претежно носат од Сицилија ама не сум сигурна. Овие сите прават шопинг таму, а бродот со храна секоја недела иде.
Ме мава параноја Кај нас културата на нехигиена, не ставање на рака при кашлање во автобус, комбинирана со одење на работа со настинка или грип е супер рецепт за брзо ширење на вируси. Се надевам дека ситуацијата ќе биде сфатена сериозно и ќе бидеме спремни.
Сите сме научени кога киваме, кашламе да ги користиме дланките. Но, тоа било многу погрешно. Јас пред некоја недела случајно прочитав и бев изненадена како било правилно. А сега случајно налетав на фб на овој пост за грешниот превод од англиски на македонски. И после ќе шириме вируси, грипови, епа ќе шириме.
https://www.slobodenpecat.mk/hrvats...gativni-pet-novi-somnitelni-sluchai-vo-rieka/ Искрено додека беше далеку од нас не му се мислев ама сега малку ме фаќа паника. Знам колку сме неспособни да спречиме. Еве вчера 2 авиони од Италија дошле без да ги исконтролираат. Браво бе. А колку со возила дошле?
А колку со автобус дошле денес? Од местре има 6 7 автобуси секојдневно за мк, плус од виница струмица и остали. Неделно знаеш колку автобуси има. Од местре селојдневно одат местре скопје. А местре и мира се едно та исто тука дека е заразата. Ама на вести ова го нема па јас да го кажам дека го знам. Контроли нема никакви. Читав косово и хрватска имало сумњи. Не ме чуди за хрватска бидејки нон стоп доаѓаат хрвати овде секојдневно. И така. Официјално 8 мртви 229 заразени Ние сме втори на листа со 33 заразени а ломбардија најмногу. Маски нема, тестови нема, нема ништо и така. Као контроли имало бла бла маж вика шипки ништо нема лажат. Тој е таму и гледа дека животот најнормално тече. Случајот од кај мене конкретно за пацентот ѕеро е негативен иначе...
Ете немало потреба да бидам видовита за да претпоставам и знаете што? Никаде во земјава нема маски, за разлика од другите земји. Уште министерчено нека излезе пак на тв како тогаш со внука му и да ни продава лаги во сред епидемија. Секое чудо 3 дена кај нас. Уште пред 20тина дена кога кажаа на тв дека ќе имало термална камера на аеродромите прашував дали ќе се применува за сите и што е за оние кои поминуваат граници слободно и така. И тука имаш луѓе ама починуваат само оние што имаат хронични болести, абе а со воздухов кој нема проблеми со дишење? А тие постари лица зар немаат фамилии не се нечии родители? Туку да прашам како мислат сега да се спречи паника без маски како за почеток? Затоа што нели клучно е да не се прави паника. Едит: А исто не беше тешко да се претпостави дека таков народ сме мора да се чека до последно, претходно сите се паметни.
Намерно проширена зараза, кога сакаат ќе го спречат ако сакаат ќе поцркаат извесен процент од популацијата ќе посеат паника и чао џаци.
Точно, но се јавува дополнителен проблем. И кај млади, здрави лица кои се заразени се јавуваат посериозни компликации како пневмонија. Проблемот е во тоа што доколку се рашири многу брзо, нема да има капацитет по болниците да се примат сите заболени. Покритично е да се сопре навремено ширењето отколку што е опасен вирусот сам по себе.
Фала, последните 2 поста ги прочитав каде што не беше јасно пишано затоа и прашав кога пиша кај нас. Сори немам читано претходни од членот.