Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    Не знам што да мислам. Од една страна и јас фатив зимава таков страшен вирус каков што 15 години не сум фатила, со температура со сува кашлица. И знам многу што беа така разболени па логично се прашуваш дали била корона. Од друга страна еден доктор од козле вика, лани не ги носеа децата толку многу за сезонски грип на болница затоа што имаше епидемија на морбили па повеќе прележуваа дома без да се запишани.
     
  2. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    7.437
    Пол:
    Женски
    Јас, средина на Јануари, по патување во странство, исто легнав болна.
    Уште тогаш коментирав дека нешто чудно ми се случува, секој од нас си го знае телото и знае да процени кога нешто едноставно не е во ред.
    Немав висока температура, варираше до 38 максимум, но претешко се симнуваше. Пиев антибиотици кои можам да кажам дека ми помагаа само краткотрајно. Кашлицата ми беше сува и тешка, секое ковче од телото ме болеше. Буквално оваа состојба ми траеше три недели.
    Нормално, сите околу мене беа исто болни, вклучително и дечки со кои се запознав кога немав никакви симптоми, баш коментиравме како е чуден вирусот. Мајка ми (претходно никогаш апсолутно немала проблеми со дишењето) денес не може без Вентолин (пумпица за астматичари).
    Не знам дали била корона или не, ама сум сигурна дека послаб организам и имунитет не би можел да го издржи ни тој вирус подолго од недела дена.
    Не сакам да бидам параноична, не сум таков чоек по природа, ама скроз би напраила тест откако ќе се стиши малку ситуацијава.
     
    На cresa-jagoda, elenaxbbg, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.673
    Пол:
    Женски
    Сакам да се обидам да верувам дека имало корона кај нас пред официјалните податоци, ама ми нема логика.
    Еве пишувате сите биле болни јанурари и февруари. Веројатно многу посетиле и матичен. Нели приметиле матичните дека нешто чудно се дешава? Плус па запознаени дека во Кина има Ковид кој се шири накај Европа? Ајде ќе речеш матичните препишале на грип, ама ако било стварно корона, сигурно и тогаш имало лица што биле со тешка клиничка слика и хоспитализирани. Па зарем ренген снимките немале да покажат дека е различно од грип? Еве секаде низ светот, па и кај нас докторите кажуваат дека такви нешто на ренген снимките досега не виделе.
    Плус ако секој втор бил болен тогаш, автоматски тоа значи дека ние тогаш сме го поминале пикот. Смртноста би требало да е многу поголема. Ќе фалеле респиратори, ќе се осетела некаква преоптеретеност на здравствениот систем. Ништо од тоа. Дали тоа значи дека пикот што во буквална смисла ги уништи Италија и Шпанија кај нас минал како мачкина кашлица? Хмм, не би рекла, ми нема никаква логика.
    Реално сметам, дека на секој од нас му е полесно да верува дека сме поминале пандемија на нога и дека сме заштитени и можеме нормално да живееме. Ама дали е тоа вистината? Лично јас не верувам.
     
    Последна измена: 30 април 2020
    На M.B., senjorita-v, rainbowmama и 20 други им се допаѓа ова.
  4. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.582
    Пол:
    Женски
    Како можете да гарантирате дека немало корона кога немаше тестирање? 80-90% од луѓето што починаа сега беа со постоечки болести. Штом немаше тест, тогаш смртта ја препишуваа на постоечката болест. Ете јас со резерва земам дека може имало, може немало. Како знаете вие со сигурност дека немало?
     
    На cresa-jagoda, orevokrsacka, elenaxbbg и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.941
    Допаѓања:
    203.228
    Пол:
    Женски

    Да си ми жива и здрава. Иначе сите лекари сега тврдат дека приметиле тогаш оти вирусов бил чуден... ама оти не пријавија? Освен тоа, децата беа најпогодени, а не возрасните како сега.
    Исто така, уште лани во октомври имаше најава дека сезонава (поради тоа што не се очекува ладна зима) грипот ќе биде од потежок тип со компликации и подолго опоравување и дека е дискутабилно колку вакцината ќе помогне.
    Верувајте дека сте прележале коронавирус, пошто сите сигурно во некој период од животот имате прележано респираторна инфекција од коронавирус, конкретно не овој сега, ама еден од многуте во групата на Coronaviridae. Затоа и серолошки тест да направите, ќе излезе позитивен, што не значи дека сте го прележале КОВИД 19. А еве, што ако се тестирате и покаже дека не сте прележале? Што тогаш?

    Јас откако паметам, секогаш кога сум била болна од грип, чувството за мирис и вкус ми исчезнувале целосно. И тоа траело 4-5 дена, после нормално се враќа. И кога бев болна на почетокот од март, исто немав чувство за мирис и вкус, два дена бев во кревет и толку беше, кашлицата една недела ми траеше.
     
    На senjorita-v, KateKane, Ambitious и 15 други им се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.976
    Едните не знaaт сo сигурнoст декa немaлo, други декa имaлo, и чему тупење мoзoк дaли имaлo или немaлo? Пa сo мртвaтa женa уште вести aктуелни, пo тoa дaли пуштaле струјa вo стaнoт ќе се вaди зaклучoк кoгa умрелa пa требa нa рaспaднaт леш дa им верувa нaрoд декa нaшле трaги oд кoрoнa. Штo сaкaте дa слушнете, декa сте гo прележaле сите и не е ништo стрaшнo? Тaкa е, излезете сегa нaдвoр нa сoнце.
     
    На Ambitious, Purplelilac, ocicka2014 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.582
    Пол:
    Женски
    Што и да слушнам, не ми менува, јас не ги носам законите. Така да дискутираме само, за тоа е темата. Или да пишеме работи само кои тебе ти се интересни оти гледам испод нивоУ ти сме, некако.
     
    На Milan93, kikin, An-na и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    Не велиме дека сите болни зимата биле корона. Ама дека можно е првиот случај да не бил баш прв, секако дека е можно. Епидемиолози низ цел свет тврдат дека многу мал процент на заболени се всушност регистрирани. Сериозно мислите дека сите ги фаќаат на време? Не зборам за кај нас. За цел свет. На толку асимптоматски, на толку со лесна кл слика, ние мислиме дека сите заболени се регистрирани.

    За тестирањето конкретно ете тестовите не биле веродостојни баш за ковид 19 така што веројатно џабе е да се тестираш. Ама од муабети со пријатели што би се тестирале кога би постоел тест сензитивен на ковид 19 викаат дека би се тестирале за ете можеби да донираат плазма доколку можат. А не за да се рашетаат бидејќи секако никој не знае колку време трае евентуалниот имунитет па на никого не му се ризикува да заболи пак.
     
    На 1209, kikin, fana и 3 други им се допаѓа ова.
  9. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Не, дека министер кој патем е и докотор излезе на прес со информации ко да е бетер од жута штампа. Тоа значи приказната. Друго, дека ако не совпаѓа периодот на смртта за цели факинг два месеци, некој можда лажел во документи. Тоа е цела една институција и кариера. Вака како ти се чини? Можам и да продолжам на темата али чуму да се докажуваме на форумовов, уопште.
     
    На candy.cane, An-na, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.002
    Допаѓања:
    37.235
    Пол:
    Женски
    Ако патува како пратките од Алиекспрес, да, во март ќе стаса кај нас, ама ако на пример некој од кај нас бил во Кина, закачил корона, па дошол тука, многу веројатно е да се раширила тука ;)

    Не знам зошто толку ви е невозможна оваа теорија?
    Само затоа што немало на вести? Сите лекари со кои контактирам тврдеа дека има многу, многу лош вирус сезонава.
    А зошто не помислиле на корона? Ај, вратете си ја меморијата наназад и сетете се што се збореше за коронава? Дека е иста како грип. Ништо посебно. Затоа и матичните не кренаа посебна паника. Плус, претседателката на здружението на матични лекари тврдеше дека се крева непотребна паника околу вирусов. Повеќето беа со тој став, ништо посебно, обичен грип.
    Мене па наивна ми е убеденоста и верувањето во Кинезиве дека корона се појавила во декември, на пазар во Вухан. И дека од декември и требаше цели три месеци да стаса до Европа :?: А границите беа ширум отворени :^)
     
    Последна измена: 30 април 2020
    На cresa-jagoda, Sejfullai, elenaxbbg и 10 други им се допаѓа ова.
  11. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Конкретно за тестовите во Систина... Еве ние не веруваме во нивната точност дека потврдуваат антитела. Но, како докторите и самата болница веруваат во тестот за да прифатат или не прифатат пациент да се лекува таму? Ако е веродостоен тестот за болницата зошто да не е за пациентите?
     
    На kikin му/ѝ се допаѓа ова.
  12. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.899
    На нешто ќе мора да се верува. Начелно испаѓа дека игМ се најбитни - ако ги има е моментално позитивен на коронавирус (не мора Сарс-Ков-2), па мислам го третираат ко позитивен, иако не го бројат во официјална статистика.
    Дури и т.н. здравствени пасоши на некои земји што решија да ги воведат за туристите ќе се базираат на овие серолошки тестови, бидејќи се побрзи и поефтини, и бараат помалку лабораториски ресурси. Колку тоа има логика, не навлегувам, важно секој си бара некој начин на справување.
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.254
    Допаѓања:
    13.903
    Пол:
    Женски
    Значи три пати им се јавив до сега по се што изначитав овде. Прашањето ми беше дали серолошките тестови преку крв покажуваат игм и игг конкретно за ковид 19, не за било кој вирус или било кој вирус од фамилија корона. Одговорот беше да, покажуваат конкретно за ковид 19. Ако лажат - нека им е на чест. Ама сепак мислам дека овде повеќе ја тупиме.
    И да, ќе се тестирам. Не за да се расшетам туку едино ми е за да појдам кај моите родители. Зошто, само јас знам.

    Да се редактирам.
    Верувам дека имало и пред 9 март овде. Како некои што веруваат дека немало. Секој имаме право да веруваме во што сакаме.
    @Jana06 извини што те цитирав на цел муабет. :)
     
    Последна измена: 30 април 2020
    На tina2018, Izaabella, An-na и 2 други им се допаѓа ова.
  14. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.543
    Допаѓања:
    11.752
    Пол:
    Женски
    Која цената на овој тест, ти кажаа?

    Искрено и јас размислувам за ваков тест, секако ако е стриктно за ковид 19.
    Пошто прележав нешто што не знам што беше во февруари непосредно после контакт со личност вратена од странство во Мк и затоа ме копка.
     
  15. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Баш затоа и пишав. Не сакам да верувам дека болницата лаже. Може не верувам на политичари ама од тие луѓе сум што веруваат во наука и во доктори. И не верувам дека на Систина и е дојдено да прави пари од тие тестови.
     
    На kikin му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.254
    Допаѓања:
    13.903
    Пол:
    Женски
    1200 денари.
    Screenshot_20200429_193048_com.android.chrome.jpg
     
    На cresa-jagoda, tina2018 и MarigoldA им се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Се е со можеби, ништо не е сигурно. Само ако ги добиеш сите три + тогаш е сигурно дека си во активна фаза.

    На темава можам само да кажам дека по она што го дознав вчера, никој нема да ме разубеди дека Македонија добро се справува со инфекцијата... Останете си среќни и игнорантни.

    Има тема за интересни информации за коронавирусот? Се зачитав вчера за акко се прави епидемиолошко следење на контакти. Би било фино и нашите епидемилози исто да обајават.

    И како изгледа обработка на податоци во апликација по GDPR стандарди, и изјава за обработка и кои податоци се прибираат. Нешто што нашата корона апликација исто го нема.

    Исто било секаде... море марш :puke:
     
    На kikin му/ѝ се допаѓа ова.
  18. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.639
    Пол:
    Женски
    Не фрлајте пари на тестовиве од Систина, кои потфрлија х пати и тоа само за случаи за кои јавноста знае.
    Препорака од матичната ми е плус.
    Дубаре за паре.
     
    На cresa-jagoda, Sejfullai и DAngel им се допаѓа ова.
  19. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.254
    Допаѓања:
    13.903
    Пол:
    Женски
    А ссмо игг со плус, си го прележал. Можеби де. ;)
    Не бидете песимисти.
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.254
    Допаѓања:
    13.903
    Пол:
    Женски
    А матичната од кај знае. Значи стварно не знам како може ваков народ да сме. Сите сте 100% сигурни дека лажат од систина, така?
     
    На Purplelilac му/ѝ се допаѓа ова.