Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Discussion in 'Коронавирус' started by LovelyGirl3, Jan 26, 2020.

  1. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Joined:
    Jul 4, 2018
    Messages:
    3,686
    Likes Received:
    64,879
    Gender:
    Female
    Мене лично многу повеќе ми е оправдувачки некој да реагира превентивно, отколку после да лечи. И секогаш ќе почитувам повеќе overreacting отколку underreacting.

    Малку ми е парадоксална темава искрено, до пред некоја недела гледавме каков хорор ја зафати Италија, како изгледа преполнета болница во Шпанија и луѓе на под, како умираат млади луѓе спортисти во Иран, како се ова имаше бурен и фрапантен тек. Немаше време како сега со колку толку поизладена глава да се размислува, туку сите бевме во грч. Народов не знам дали колективна амнезија го фати или навистина заборави од што стравувавме крај на Фебруари и Март.

    Чие и масло да е ова, колку и да има превари, лаги и невистини, факт е дека има вирус. Не знам зошто цело време се заборава овој факт. Ич не сакам ни да помислам што ќе беше овде ако не се воведеше карантин. Ја укакаа со скандали работава, тоа дефинитивно, ама самиот карантин и целава ситуација не знам - мене ми имаат целосно логика.

    Сигурна сум дека ако имаше колапс на све живо и диво овде први ќе скокаа сите зошто не се вовеле мерки, ако немаше муабети 'aaaa ние не сме Шведска па да сме како нив" јас е. Дај боже да се тие во право и нивниот модел да е попродуктивен отколку нашиот.

    Карантин се укинува, економија се регенерира, тешко ама не е невозможно. Умрен не оживува. Тоа е разликата.
     
    M.B., WildMk, ohlalalala and 35 others like this.
  2. darcy

    darcy Популарен член

    Joined:
    Feb 14, 2011
    Messages:
    2,177
    Likes Received:
    5,900
    Шведска денес има 790 заразени и 124 починати. Се работи за земја со 10 милиони жители.
     
  3. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Joined:
    Jul 3, 2011
    Messages:
    2,886
    Likes Received:
    31,525
    Gender:
    Female

    Без фика не се живее исто ко во Скопје без кафенцето на кеј и гризењето лажиче не се живее :)

    Најавија минатата недела дека ќе растат бројките, пред се’ заради многу пообемните тестирања што почнаа. Оваа недела се направени 25000 тестови, целта им е за 2 недели да прават 100000 тестови неделно. Бројките како бројки се повисоки, спрема статистиката процентот на заболени не расте, се одржува порамнувањето на кривата.
    Пишав и вчера......уште минатиот месец беше кажано дека другите Скандинавски земји не ги заведуваат случаите од старечките домови. Во Шведска 50% од бројот на починати се од старечки домови, луѓе кои не ни стигнале до болница.
     
    Doozy, Biljarkata, candy.cane and 5 others like this.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Joined:
    Dec 29, 2013
    Messages:
    9,703
    Likes Received:
    134,981
    Дај ми линк за тоа дека другите Скандинавски држави не ги бројат случаите од старечките домови и зошто?
     
  5. darcy

    darcy Популарен член

    Joined:
    Feb 14, 2011
    Messages:
    2,177
    Likes Received:
    5,900
    Не ги броеја ни во Шведска. Има на порталите и сведоштва.
    Во Белгија имаше истражување зошто смртноста таму е најголема во светот, и тие исто тврдат дека се единствени од западните земји што ги бројат старечките домови и од минатата недела почнаа да вадат по две бројки, една во болници, една во домови. Англија вчера додаде 4000+ смтрни случаи бидејќи ги вклучија и домовите.
     
  6. menina

    menina Активен член

    Joined:
    Mar 31, 2020
    Messages:
    36
    Likes Received:
    97
    Gender:
    Female
    Во Шпанија половина а може и повеќе се по старечки домови. Шпанија и Италија се земји со најголем број стари луѓе што е и логично дека ќе има голем број на смртни случаи. 70% од смртните случаеви во Мадрид се во резиденции за стари лица. Инфоримации што не се кажуваат премногу и сеат страв бидејки не знаеш која група на луѓе најподложна е на грипот.
     
  7. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Joined:
    Jul 3, 2011
    Messages:
    2,886
    Likes Received:
    31,525
    Gender:
    Female
    Од кај да знам зошто :)
    Немам линк, одамна беше тоа кога го прочитав.

    @darcy , не би рекла. Заради ситуацијата во која сум постојано следам се’ што се случуваше во Шведска. Уште при првиот смртен случај предупредуваа дека не смее да се дозволи да се прошири заразата во старечките домови, ама не се успеа во тоа. На почетокот кога беа по малку жртви дневно кажуваа години, место и дали имал коморбидитети. После кога почнаа смртни случаи во домовите кажаа дека и таму се проширило и дека не успеале да ја заштитат најранливата категорија.
    За Белгија појма немам како пријавувала. За комшиските земји кажувам она што овде беше кажано, не вадам од ракав.

    Има статистика што се презентира секој ден, бројките за жал се тие.
     
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Joined:
    Jul 10, 2018
    Messages:
    18,866
    Likes Received:
    140,100
    Gender:
    Female
    Screenshot_20200430-134048_Facebook.jpg Screenshot_20200430-134054_Facebook.jpg
    1.Во Инфективната Клиника во Скопје примени се 2 нови пациенти,а вкупно хоспитализирани таму се 49,од кои 2 се на механичка вентилација.
    Во ГОБ-8-СЕПТЕМВРИ примени се 5 нови пациенти,а вкупно хоспитализирани таму се 24,од кои 4 се на респиратор.
    Во Битолската Болница се лекуваат 4 пациенти,а се следат и лица на домашно лекување.
    Во Штипската Болница се лекуваат 2 пациенти,а се следат 5 лица на домашно лекување.
    На инфективните одделенија во болниците во другите градови се лекуваат вкупно 46 лица.
    2.Направен е канал за информации за состојбата со коронавирусот во нашата земја на апликацијата VIBER.
    Денес е направена екстракција на крвната плазма од 2 лица,а примената на озонската терапија во ГОБ-8-СЕПТЕМВРИ ќе започне во текот на следните денови.Во однос на новинарското прашање за тоа зошто новинарите не можеле да го видат и снимат апаратот за озонска терапија кој се наоѓа во болницата иако имале дозвола за пристап во болницата од МЗ,Министерот вели дека веројатно дошло до недоразбирање и тој ќе поразговара со директорот Костов.
    Денес ќе биде назначен нов директор на ЦЈЗ-Велес.
    3.Заболена докторка од Кумановската Болница се пожалила дека платила партиципација и ѝ била скратена платата иако има професионално заболување,а не обично.Министерот Филипче вели дека МЗ ги разгледува овие проблеми и во разговор со МТСП и со Фондот за Здравствено Осигурување одлучено е да има измена во правилник на МТСП и да се покријат платите на заболените доктори.МЗ дополнително ќе разгледува и одлучи за партиципацијата во текот на следната недела.
    4.Во однос на новинарската информација дека лица од Шуто Оризари не ја почитувале мерката за самоизолација и се шетале и не дале точни информации во епидемиолошките анкети,Министерот вели дека ЦЈЗ-Скопје пред 2 недели извршил увид кај тие семејства за да види да не имаат лоши услови,но утврдил дека тие ги почитувале мерките.
    Министерот нема информации за тоа дека доктор од Поликлиника Букурешт позитивен на вирусот,вакцинирал деца.По пресот ќе провери,па ќе ја извести јавноста.Тој повторува дека на сите медицински лица им е дадена јасна насока за носење целосна заштитна опрема.
    Во однос на несогласувањето помеѓу МВР и ИСМ за тоа кога починале мајката и синот од Велес,Министерот смета дека сите институции треба да ги споделуваат нивните информации едни со други и тој чека да биде готов финалниот извештај.
    5.Заболените деца покажале исти симптоми како возрасните и за сега не е забележана посебна специфика.
    Онколошка дијагноза не е за одложување.Доколку е потребна операција,мора и да се направи.
    Матичните доктори заедно со инфектолозите ја контролираат состојбата на лицата кои се на домашно лекување и јасно е кажано дека при влошување на состојбата пациентот треба да се однесе во болница.
    6.Во странство имало поставени вендинг машини во кои има маски и средства за дезинфекција.Министерот смета дека тоа би можело да се разгледа за овде.
    7.Министерот вели дека не се направени разговори за избори.Сè уште мора внимателно да се следи состојбата во земјава.Рано е за поголемо опуштање.И кога ќе дојде време за тоа,тоа мора да се спроведе внимателно и постепено.Се прават планови и се подготвуваат протоколи за функционирање на објекти и јавниот превоз за да нема гужви.
    Министерот смета дека фалењето на Шведска за справувањето со вирусот од страна на СЗО е дискутабилно со оглед на тоа што Шведска има многу висока смртност.Шведска има многу поголема смртност од нас.Нивниот лабав модел е премногу голем ризик во услови кога нема траен имунитет.
    Нашиот менталитет е друг и за нашиот здравствен систем,нашиот модел е идеален.
    8.КОВИД-19 е респираторен вирус.Тешко да исчезне.
    Според досегашните искуства со респираторни вируси,истите се враќаат на есен.Поради ова мора да сме многу внимателни.Наесен ситуацијата ќе биде покомплицирана и поради појавата на сезонскиот грип.
    За сега е рано да се коментира дали вирусов стивнува.Постои можност некаде да има скриен кластер и истиот да се покаже во следниов период.Со оглед на оваа можност и можноста за есенски пик,потребно е да се придржуваме до мерките и препораките за да не ни се преоптовари здравствениот систем.
     
  9. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Joined:
    Apr 14, 2018
    Messages:
    4,443
    Likes Received:
    40,705
    Gender:
    Female
    " Кога зборуваме за „јавното здравје„ да не забораваме дека всушност такво нешто не постои освен во општествена и политичка смисла, реално, има само индвидуално здравје, во смисла на тоа што зад сето тоа, зад сите бројки, се кријат животите и здравјето на индивидуи, нивните семејства, другите човечки врски, итн. Бројките ни требаат, податоците ни требаат за да ги толкуваме правилно и за да ги осмислуваме најдобрите пристапи за заштита. Но, ни требаат и за да не губиме контакт со реалноста и да не ја губиме перспективата. Умираат луѓето во илјадници дневно, во милиони годишно, но ние не слушаме за тоа катадневно и за секое од тие умирања, од несреќни случаи, сообраќајки, хронични болни, претежно стари лица, но и млади. Со 24/7 часа корона- вести и медиумски фокус, точно е, може да се падне во замка на искривена и пренадувана слика за овој еден конкретен ризик. Кога такво покривање би се правело за секој од другите водечки причинители на смртност, речиси е извесно дека ќе ја добиете истата реакција, што е оваа епидемија на грип, рак, мозочни и срцеви удари, самоубиства, итн. Но, разликата е во концентрацијата, временска и просторна,немање на сите податоци и на сите параметри, па оттука, дел од различната реакција и пристап кога станува збор за вирусни епидемии/пандемии е за очекување; "

    Рече еден др.Дејвид Л.Кац, основач и прв директор на Центарот за истражувања Од областа на превентивна медицина на Јеил универзитетот.
    Ама што разбира он нели ;)

     
  10. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Joined:
    Feb 15, 2012
    Messages:
    4,165
    Likes Received:
    20,588
    Gender:
    Female
    Шарлатан, имбецил. Сигурно со врски завршил факултет :rofl:
    Штом не мисли како Филипче, не го бива.
     
    orevokrsacka, lovestoneddd and zhap4e like this.
  11. Мецаа91

    Мецаа91 Истакнат член

    Joined:
    Oct 22, 2018
    Messages:
    981
    Likes Received:
    2,194
    Gender:
    Female
    Здраво за градинките имаат ли неш кажано.. Т.е за мерката родител еден да биде дома за чување дете.. До 5ти сум на одмор а после да знам дали продолжувам дома како до сега
     
  12. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Joined:
    Apr 14, 2018
    Messages:
    4,443
    Likes Received:
    40,705
    Gender:
    Female
    Да де, ако напишеш мислење кое не е со поддршка кон авторитетот кој го наметнува државата преку домашен притвор, ако мислењето не ти содржи доза на параноја како ова е високо контагиозен и смртоносен вирус, автоматски си дел од 5г фелата и се правиш доктор.
    Не. Никој овде кој не е медицинско лице меѓу кои и јас, не изнесе свое гледиште и докторска дисертација, пошто погодете, не сме стручњаци у таа област, туку изнесуваме усвоени ставови од високо еминентни и признаени научници кои многу подобро се држат во прогнозите за разлика од оние кои ни влеаа страв во коски на почетокот.
    .
     
    An-na, Bunny2, GirlRose and 4 others like this.
  13. prominent

    prominent Форумски идол

    Joined:
    Mar 8, 2014
    Messages:
    5,399
    Likes Received:
    61,246
    Повеќе еминентни експерти се изјаснуваат за вирусов. Штета е што ги нема многу по медиумите, но затоа, ете, разбираме странски јазици и можеме да погледнеме и нешто друго освен Канал 5. Интересно е што дури и од Youtube видеата ги снемува брзо. Ми мириса на лов на вештерки.

    https://www.youtube.com/channel/UCM2YmsRUeIbRkqjgNm0eTGQ

    На каналот од видеото што го постирала @lovestoneddd има многу експерти што зборуваат за вирусот, вреди да се слушне.
     
    lovestoneddd likes this.
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Joined:
    Dec 29, 2013
    Messages:
    9,703
    Likes Received:
    134,981
    Без целосен текст и прашање поставено не може да знам за што конкретно зборува, мене ми личи дека збори за големата медиумска покриеност и како тоа влијае на прифаќањето на вирусот, реакции на народ и реалната слика.
    Не верувам дека сака да спореди самоубиство и рак со вирус од овој тип од медицински аспект, би било пукање во колено. Само треба некој да укапира, не да побрза да постира и болдира нешто што очигледно не разбрал.
     
    oblace1, JuLleE, candy.cane and 2 others like this.
  15. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Joined:
    Aug 23, 2010
    Messages:
    3,912
    Likes Received:
    31,675
    Gender:
    Female
    А не се ни сите што веруваат дека вирусот е сериозна опасност, игнорантни ни ограничени како што често знае да ви се провлекува низ постовите. Ниту пак се политички обоени, како што упорно затскриено алудирате и упорно наметнувате политичка определба ако некој не се согласува со вашето размислување. И после кога некој ќе ви врати со иста мера, се наоѓате погодени и навредени.
     
  16. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Joined:
    Apr 22, 2016
    Messages:
    9,167
    Likes Received:
    28,805
    Gender:
    Female
    Само што го гледав, со тоа што ги прескокнав деловите кај што го тупи на амерички начин и скроз е различна поентата од болдираното. Не знам што сакаше да постигне ама скроз е извадено од контекст.
     
    Purplelilac likes this.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Joined:
    Dec 29, 2013
    Messages:
    9,703
    Likes Received:
    134,981
    Така и ми се чинеше.
     
  18. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Joined:
    Apr 14, 2018
    Messages:
    4,443
    Likes Received:
    40,705
    Gender:
    Female
    Го имаш видеото одоздола каде што ако разбираш англиски ќе увидиш дека нема никакво парафразирање на неговите ставови како што ти упорно правиш овде со моите.
    Погледни ако сакаш,ако не, исто ми доаѓа.
     
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Joined:
    Dec 29, 2013
    Messages:
    9,703
    Likes Received:
    134,981
    Добро зошто вака се срамотиш не ми е јасно? 20 мин изгледав од видеото и иако уште во првите 5 ми стана јасно дека или не ти е гледано па си го препишала болдираното од некаде или стварно сакаш да не направиш будали сите рачунајќи на тоа дека нема никој да гледа видео од 1 час? После твоето напишано има едно огромно НО по кое се објаснува што и како, ако сакаш да ти кажам од која до која минута е да го изгледаш? Од 14та натаму е твојот срам.
    Ај не ми губи време и оди со мали деца да се докажуваш.
     
  20. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Joined:
    Apr 24, 2019
    Messages:
    8,675
    Likes Received:
    47,353
    Gender:
    Female
    Зошто одеднаш почнав да гледам како секој втор е собран надвор со друштво, или во двор на скара ?
    Нешто наеднаш ја снема коронава а јас сум пропуштила да слушнам или амнезија доби народот?
    Нели нема групирање повеќе од 2, задолжителни маски....или само туку така е тоа напишано ,а вака во реалност истиве што до пред една недела насекаде трубеа stay at home сега не издржаа да не излезат со пивото во парк?
     
    oblace1, ohlalalala, kikin and 3 others like this.