Форумџика на годината

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. VDT2906

    VDT2906 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.405
    Допаѓања:
    20.156
    Пол:
    Женски
    Леле како извртувате зборови како ви одговара, седам јас на тераса и гледам Трпана колку пати поминала и Трајчо што купил од продавница. Бог да чува зборувам за најблиските врата до врата комшии колку и да не дневно се сретнуваш со нив неколку пати знаеш каква им е ситуацијата не се слуша глас и не ги гледаш подолго време, знаеш каква им е ситуацијата не би се запрашала дали се добро луѓето. Од такви кој " Демек не ги интересира комшиите што прават", луѓево може умреле во агонија без никој да им тропне на врата. Најинтересно таквите комшии први знаат кога некој касно се вратил, во колу саат со каква кола ја донеле комшиката.
     
    На темјанушка, oblace1, ohlalalala и 2 други им се допаѓа ова.
  2. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.674
    Пол:
    Женски
    Ти сакаше да ја извртиш поентата на видеото. Во контекст на претходниот муабет дека треба да се верува на наука, не на рекла казала, да докажеш демек еве јас сега ќе ви покажам научник што вика, и болдираш дел што врска нема со суштината на она што човекот го збори.
     
    На Purplelilac, oblace1 и JuLleE им се допаѓа ова.
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.402
    Пол:
    Женски
    Не ти е малку неубаво да пишеш дека од немарните комшии луѓето умирале во агонија? Дали малку се препрочитуваш?
     
  4. VDT2906

    VDT2906 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.405
    Допаѓања:
    20.156
    Пол:
    Женски
    Ќути ќе испадне дека запишуваме комшијата во колку саат се вратил и комшиката со каква кола ја донеле. Пишав погоре на членката дека едноставно кога знаеш на некого каква му е ситуацијата со што се соочува треба бар колку толку да тропнеш на врата ако не ги видиш долго време. Кутрите луѓе поради тие " Што демек не се замараат" луѓево може умирале во агонија...
     
    На темјанушка, cresa-jagoda и nena2010 им се допаѓа ова.
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.131
    Пол:
    Женски
    Боа, не си го ни ислушала видеото. Сега дополнително да го пушташ и слушаш само за да најдеш оправдување на кажаното...не вреди.
    Не ме навраќај на муабетот затоа што немам време да ви направам транскрипт на видео и конкретните поенти на научникот кои се и те како битни за дискусијава. Твоето парафразирање со додавка за што се трудел да направи новинарот е вадење од контекст. Не она што Ловстоунд го направи - таа стави цитат,не парафразираше. Пробај со муабетот на научникот на 20та минута. Пробај со муабетот на 22ра, на 37ма-38ма итн. итн. Да не се расправаме понатака. Али ако инсистираш, ете, утре, и без тоа јас бар не идам на пикник, не знам вие од другата страна на короната какви планови имате, па ќе ти ги ставам цитатите - не парафразирано како ти сакаш да звучи сето. Или останатите.
     
    На kukla21, An-na и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  6. VDT2906

    VDT2906 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.405
    Допаѓања:
    20.156
    Пол:
    Женски
    Никој не рече дека баш од комшиите, ама комшиите да биле малку емпатични и да тропнеле бар на втара или да пријавеле луѓето може живи ќе биле сега. Џабе ќе се убедуваме што како ќе свтриме ептен друга тема.
     
    На темјанушка и nena2010 им се допаѓа ова.
  7. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.284
    Допаѓања:
    39.816
    Пол:
    Женски
    Поентата е таа која што е, а тоа што ти ја тумачиш погрешно, е конфликт на твоите поинакви ставови и погрешна перцепција.
    Зз.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.473
    Голема грешка, за која лично се каам и мора да напишам овде е што дозволив да ме исконзумира медиумската пропаганда за вирусот. Многу лековерно и наивно од моја страна, негативно се изненадив од себе сѝ. До тој степен да го помати рационалниот ум по цена
    да се посака пристоен полициски час. Се извинувам за тоа, најдлабоко...

    Не верувам ниту во броевите, ниту во голем процент од случаите. Вирусот постои, но не во толку мегаломански размери кои се презентираат овде. Професорот Маркоски имаше најточни прогнози кои само се обинистуваат, од ден во ден. Единствениот реален епидемолог кому треба да се врати директорското место. Навистина не знам како е политички обоен, претпоставувам дека е вмро штом имал директорско место пред четири години, но, она што е фасцинантно се неговите точни прогнози - резултати.

    И да дечки, откако ќе слегне прашината за многу кратко ќе се видат можните задкулисни игри кои можеби го
    надминуваат и политичкиот вел. Но, тоа засега се само шпекулации, ќе видиме што точно има
    beyond the surface 50 години подоцна. Живи и здрави, ќе се смееме еден ден на ова.
     
    На Ivan4e04, темјанушка, cresa-jagoda и 11 други им се допаѓа ова.
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.402
    Пол:
    Женски
    Стварно треба срам да ти биде. Никој нема обврска да го проверува комшијата дали дома е жив. Ако го провери тоа е добра воља, а не обврска. Ако жената умрела и некое време комшиите забележат дека ја нема може само побрзо да го пријават телото, а не да ја спасат од смрт, пошо таа може умрела од срцев удар во рок од 10 мин, треба некој на врата да ѕвони секој ден да проверува здравствена состојба? Апсолутно не си свесна како обвинуваш невини луѓе за нечија смрт.
     
    На 1209, Tan4ence и VDT2906 им се допаѓа ова.
  10. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.588
    А каде имал директорско место др Марковски пред четири години? Јас разбрав бил директор на инфективна 2003-4 година негде?
     
  11. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.674
    Пол:
    Женски
    Па Жапче ти лично ми бараше да парафразирам демек не сум го слушнала видеото. Може си го редактирала тој пост, незнам. Како бришат и како ги редактирате мислењата, сега може и ќе ме убедиш дека не си ме спомнала во пост, демек Боа само ја подржуваш Бриџит, не дека си го изгледала видеото.
    Крај на краева, нема што ја да парафразирам или ти или ловстоунд, видеото ете го поставено, секој може да си го слушне. Мојот став е тој, а ако сакаш сега да исфингираш дека незнам што слушам или дека не го сфаќам, тоа си е твое.
    Јас стојам на тоа дека Ловстоунд умешно сакаше да ја изврти вистината од видеото. И се лизна уз пат.
     
    На Bridget му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.473
    2017 бил одбран за професор на Штипскиот универзитет.


    А директор бил многу порано изгледа. Го измешав времето на назначување титули.

    Извадок:

    Во периодот од 1999 до 2002 година е директор на ЈЗУ Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Во периодот од 1999 до 2006 година е национален координатор за горнореспираторни инфекции. Во периодот од 1999 до 2002 година е член на Комисијата за заштита од заразни заболувања при Министерството за здравство на Р Македонија.
     
    На cresa-jagoda и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  13. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.284
    Допаѓања:
    39.816
    Пол:
    Женски
    Нормална и природна реакција е да наседнеш на нешто кое ни беше презентирано како чудовиште кое ќе не изеде сите од првиот ден, верглано сегде и у секоја минута.
    Она што мене не ми е јасно како луѓето сеуште се у тој филм и заземаат улога. Дури и на тужи баби.
     
    На christinnn, kikin, MarigoldA и 4 други им се допаѓа ова.
  14. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Читав на многу места дека парковите се полни. Јас лично не одам, избегнувам блиски контакти со луѓе. Познавајќи ги, не ме чудат сликите, сонце и топло време за жива глава не пропуштаат. Претпоставувам сега полупразно е, пошто зимата ни се врати :D
     
    Последна измена: 30 април 2020
    На Bunny2 и zhap4e им се допаѓа ова.
  15. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.249
    Тоа што ме радува е дека некако паниката се намалува.
    За среќа, веќе се минато деновите кога кружеа баба рога приказните дека вирусот стои 10 часа во воздух, 8 на хартија и 7 на стакло :) И дека не смее да се излезе на воздух, како да има надвор радијација.
    Или веќе полека им се смачи на луѓето. Што е сосема нормално. Откако ќе спадне паниката, многу потрезвено се гледа на работите.
     
    На mssuniquee, Ivan4e04, 1209 и 16 други им се допаѓа ова.
  16. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.131
    Пол:
    Женски
    .
    Молим ти се, дај кажи ми зашто би те убедувала дека не сум те спомнала? Не туку ми накалемувај карактеристики кои не ги поседувам. Пак истото го правиш :) Инсинуации, парафразирање.. обиди да дискредитираш некого во дискусија и помалку фокус на аргументација. Да, видеото не го имаш изгледано до крај. Кажи ми, кој е ставот на научников за колетивен имунитет? Без твои додавки кога раскажуваш ама.
    Воопшто Ловстоунд не ја изврте приказната. Ама ти и те како. Можда треба и да го повикаме на фемина да ви објасни колку стои на ваша или на наша страна. :) Пошто, не зборува за ништо друго ами тоа што и Ловстоунд го зборува - преголема медиумска покриеност, премалку битни информации кои пак се неопходни за да се направи посериозна анализа на тоа колку е опасен вирусот. Не дека луѓе не умираат, умираат да. Ама колку е битно за да живееме во страв и заклучени дома.

    Стои мојот пост адресиран до тебе и Бриџит патем. Една страна поназад. Тука. Ама ти избираш да внесеш доза на мистерија...можда ќе негирам дека сум те спомнала. Не знам кој кого се обидува во здрав разум. Ама ај.
     
    Последна измена: 30 април 2020
    На lovestoneddd и An-na им се допаѓа ова.
  17. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.674
    Пол:
    Женски
    ОМГ, прво не сум го изгледала видеото, па после не сум го изгледала цело |( Наредно што е?
    Сега па уште и прашања ќе ми поставуваш да видиш дали сум го изгледала? Мислам се читате ли што пишувате. Го изгледав и ги пишав поентите во претходниот пост.
    И не дефокусирам јас. Не ставив јас видео со напишан болд од три минути, а видеото цел саат. За да се изгуби поентата.
    D1C58FC7-8D90-4E9F-A6C2-9CF6E11B9EC6.jpeg
    Еве ти го постот кај ме убедуваше дека не сум го пуштила видеото, па морав да парафразирам што сум чула. Сега ќе ме убедуваш дека незнам и што слушам. Не напишав ја за да убедам некого. Секој може сам да го погледне видеото и да донесе заклучок.
     
    На Purplelilac, JuLleE и Bridget им се допаѓа ова.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.980
    Што зборува за колективен имунитет? Она да се селектираат здравите и да се пуштат во живот а да се заштити на некаков начин ризичната група? Не знае со сигурност дали и каков е имунитетот, а на прашањето како ќе се заштити ризичната група кога се помешани со здрави во семејство пример кажува дека ќе се направи некаков план и по тој план да се функционира. Или накратко да се пуштат здравите во првите борбени линии да направат пат за ризичните. Како ќе се изведе тоа? Секако, уште се нема план.
    @BoaVista и ти не си го изгледала видеото, а? Ц ц ц...:D
     
    На ohlalalala, JuLleE и BoaVista им се допаѓа ова.
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.980
    Ахам, еве ви, ко што реков и наназад, во видеото, односно текстот на линкот ќе пронајдете мислења за ситуацијава од сите аспекти, не завзема конкретна страна да подржува неуки како нас. Ако некој сака да извртува, слободно може да си цитира една, две или три реченици и да мисли дека поентирал, бујрум.
    https://ratical.org/PandemicParallaxView/PerspectivesOnPandemic-III.html
     
  20. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.473
    Околу колективниот имунитет.
    Која е поентата оздравени пациенти да донираат крвна плазма на оние кои се заболени, доколку се водиме по аналогија дека не содржат антитела?

    Штом е специфицирано дека исклучиво пациенти кои прележале донираат значи постои можност за имунитет.
     
    На АнеАце и kikin им се допаѓа ова.