Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    19.657
    Пол:
    Женски
    Може ќе звучи глупаво ама ова со заразениве како со првиот случај и докторкава ми личи како намерно. Ќе кажете е зошто па првиот случај со жената две недели била болна во Италија кога доаѓала навака на граница не кажала ништо како божем ќе ја стрелаат, така свесно ги ставила во ризик и луѓето со неа и нивните блиски, а за докторкава шта речи 100 студенти, нивните семејства и пријатели, медицинскиот персонал нивните блиски... и уште којзнае колку луѓе... Работава е зошто само јас да сум болна... Колку треба да имаш акал во главата и да си шеташ ноншалантно меѓу луѓето и твотите блиски, а си свесен дека можеби или пак знаеш дека си заразен.. Жими се некогаш ги разбирам овие од северна Кореја..
     
    На candy.cane, ocicka2014, Cherry333 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Оти ако кажи, треба прво сама на себе да си признае дека е можно да е заразена и да почине.
    Ставете се во ситуација вие да се соочувате со таква реалност....

    Затоа треба да се трудиме да останеме што повеќе рационални во вакви ситуации.

    Во земјотресот во Битола во 94та, имаше луѓе што во паника рипаа од балкон.
    А земјотресот ништо не руши... дома да останеа, никој немаше да биде повреден.
     
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Не, најмногу се пренесува кога имаш симптоми. Мислам настрана тоа дека е најопасно кога немаш симптоми пошо не знаеш дека си заразен, ама бидејќи прашањето на членката беше кога е најпренеслив, а тоа е во фаза со симптоми
     
    На SwanMay и Elaine им се допаѓа ова.
  4. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    @WildMk споредбата ти е како пожарникар да бега од пожар зошто може паника да го фати за својот живот.

    Едит : или сценариово на докторкава ми е како да пратиш невакцинирано дете каде што има епидемија од сипаници и да очекуваш дека нема да фати само затоа што родителите му се доктори.
     
    На Ivan4e04, candy.cane, Waverly Raven и 18 други им се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.140
    Допаѓања:
    180.977
    ^Де бе Вајлд, нема толку длабоки психологии овде, ниту скриена злоба, незнамшо... Лежерност до даске, ете само тоа.
     
    На Ivan4e04, candy.cane, KateKane и 11 други им се допаѓа ова.
  6. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.599
    Акo oни лaжaт вирусoт не лaже, тoa aкo не билa нa свaдбa не знaчи декa не е вo кoнтaкт, пo пaртиски сoстaнoци и сл.
     
  7. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Нема инфузија дома, нема електролити, нема апарати за дишење (ако затребаат). Првите две ќе мора да се купат доколку ситуацијата ескалира.
     
    На smile:) и LejlaD им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Да.
    Пошто и пожарникарот е човек, и никој не може да предвиди, како некој би реагирал во животозагрозувачка ситуација.

    И за да нема вакви изјави:
    Мора се' да биде законски спроведено.
    Да биде санкционирана, законски!
    А не каменувања, и Северни Кореи.
     
  9. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    @WildMk Не Вајлд тоа ти се вика професионалност и пожарникарот не бега од таква ситуација затоа што сам бил свесен за истата кога одбирал.
     
    На Amellie13, orevokrsacka, Nausicaa и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Те сфаќам ама тоа е во момент на паника кај што времето за реакција е кратко, а оваа имала денови да размисли и да постапи правилно.
    Плус прочитав дека ја пријавиле колеги, а се заканувала со откази. Не ми е гајле за причината поради која не постапила така како што требало да постапи. Докторка и директорка очекувам да биде присебна и пример за другите.
     
    На Ivan4e04, Lolipop23, glosipgirl и 11 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Да.
    И јас бев свесна цела година унапред, дека татко ми ќе почине.
    Па тоа не го смена исходот.
    Сега сум во депресија.

    Пак да повторам: Не ја оправдувам!
    Објаснувам од психолошки аспект.

    Толку за муабетов.
     
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    го паднавме серверот :D
     
  13. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.059
    Допаѓања:
    118.954
    Пол:
    Женски
    Вајлд човечки е да не одиш на работа, по враќање од места со премногу заразени.
    Не е совесно ова, нема морал, згрозена сум и разочарана од вакви однесувања.
    Страв, ние не треба да имаме страв, туку треба да се изолираме за да не заразиме други луѓе.
    Препораки постојат, секој ден човекот апелира на прес конференции, да се пријават по враќање во државава, да седат дома барем 2 недели.
    Која човечност е ова?
    Никаква!
    Хипократова заклетва?
    Лекарска комора ги нема, молчат.
    Прва борбена линија сме, ејј, и од нас да се заразат други.
    Срамота.
    Катастрофа сме, и онака имаме дефицит од медицински кадар, сега уште ова фалеше.

    И милион пати сум кажала, и овде ќе пишам: Не одете за подкивнување и за подкашлување на лекар, седете дома, пијте витамини, телефонски контактирајте со матичните лекари.
    Чекајќи во ходник, имате ризик за било каква дополнителна зараза.
     
    На Ivan4e04, KateKane, Lolipop23 и 30 други им се допаѓа ова.
  14. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.588
    Пол:
    Женски
    А кој ќе гарантира дека баш тие информации што модераторите ќе ги постираат се исправни?
    Што, другите глупи сме не знаеме да читаме сајтови или не знаеме да расудуваме што би било вистина?
    Ете кој има повеќе информации може да го демантира другиот. На пример некој истресол дека докторката била асистент и контактирала со студенти, па муабети дека колегите сакале да ја пријават а она им се заканувала со откази. Некој многу гледа турски серии.
    Добра си е темава, секој како сака нека ги прима информациите, негов избор на кој сајт ќе верува. А не сега посебна тема само за модератори, па посебна тема Филипче што кажува, па посебна за Италија итн...
     
    На Elaine и Mrs. Lovett им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    НЕ ЈА ПРАВДААААМ!!

    АМАН!

    Ко бебиња сте на моменти.
    Читајте со разбирање.
    И кај министерот пишав пост дека треба да се направи истрага и соодветно да се казни.
     
  16. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    19.657
    Пол:
    Женски
    Не не ги каменуваат туку стрелаат... ( така се збореше иако не е вистина) ама сепак човечката себичност нема граница, пак ќе кажам типично балканско " Зошто само јас да сум болен".
     
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.140
    Допаѓања:
    180.977
    Ај уште еднаш да повториме, што знаеме.
    Заразеност со вирусов не е по дефиниција животозагрижувачка ситуација. Да, смртност постои. Не, не умираат сите. Сто пати е кажано, луѓе со претходни дијагнози, над 80 години, тие се најкритична група.
    Најголем број од пациентите се на домашно лекување, ниедна земја нема капацитет да ги хоспитализира сите. Ниту сите имаат потреба од истото.

    Уште нешто- Градинки и училишта се затвораат, затоа што децата најлесно го пренесуваат и најлесно го поминуваат, тукуречи без симптоми. Значи, заради тоа што се преносители, не затоа што се загрозена група.
     
    На Ivan4e04, candy.cane, KateKane и 14 други им се допаѓа ова.
  18. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.085
    Допаѓања:
    77.113
    Пол:
    Женски
    Вајлд, свесно отишла на скијање а знаела каква е ситуацијата со короната. Или како, од сите само она ќе се врати здрава и ништо нема да и биде.
    Не е ситуацијава од вчера или завчера па не знаела. Не и било страв кога тргнала натаму дека е голема веројатноста да се зарази и да го рашири тука вирусот?
    Плус, и како доктор ама и како човек требало да се пријави и да седи во домашна изолација за да спречи понатамошно ширење на заразата што очигледно се шири страшно брзо.

    Џабе препораки, џабе прашалници кога народот е несовесен. Прво, затоа што одат во најкритичните места на одмор, скијање, прошетка и тура за 8 Март. Второ, затоа што не се искрени на граница и лажат па шетаат лабаво и шират зараза.
     
    На Ivan4e04, KateKane, Mr. Right и 28 други им се допаѓа ова.
  19. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    @WildMk Вајлд дај бе не мешај ствари. Докторка е во прашање. Никој не може да прифати смрт и да се соочи. Ама ако е докторка треба внимава и за останатите околу себе прво. Нема да се соочи со стравот од смрт заразувајќи други. Башка кој збори за смрт, со навремен третман ќе избегне влошување на состојбата. Башка сама отишла во заразена област ради ќеиф.
     
    На candy.cane, Lolipop23, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Јас шо зборам, вие шо зборате :D

    Ве сакам сите.:inlove:

    Мијте раце, не се мешајте многу со луѓе, и не ставајте се' и сешто во уста. :hug:
     
    На babydust, AlicaInWonderland, Stephen Amell и 3 други им се допаѓа ова.