Форумџика на годината

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Машки
    Нема смисла да работат кафичи и молови, затоа што ќе нема и кој генерално да троши таму. Луѓето земале плата за март, а за април или мај огромен дел од популација нема да земе, или пак ќе земат половина плата. Допрва доаѓа тешка економска криза. Мои пола пријатели нема да земаат плата. Не сакам ни да помислам што ќе се случува со пораст на сиромаштијата за 20%.

    Бројот на заболени лица опаѓа или е во стагнација, затоа што и драстично се намали бројот на тестирања, па се манипулира со бројки, за да се претстави дека ситуацијата е ставена под контрола, а не е.

    Словенија има скоро 24000 тестови, а ние 7000 на иста популација.
     
    На ohlalalala, cresa-jagoda, Amelia и 6 други им се допаѓа ова.
  2. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.899
    Угостителските објекти вработуваат огромен број на луѓе и секако нема да ги чуваат затворени до септември кога ќе проработат школите.
     
    На Makedonka007, fana и Bunny2 им се допаѓа ова.
  3. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.997
    Допаѓања:
    2.273
    Ja mislam do Juni treba da se poceka, neka se stisa malku situacijava.
    A za otvoranje na granici takvi rab. smetam deka ne treba da se izbrzuva.
    Treba situacijata da se stavi pod kontolia.
    Ne treba taka lesno da se opustime.
     
    На ohlalalala, cresa-jagoda, темјанушка и 5 други им се допаѓа ова.
  4. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.860
    Допаѓања:
    135.678
    Пол:
    Женски
    Па,рекоа дека и кога ќе отворат угостителските објекти,ќе мора да работат со намален капацитет за да може да се одржува дистанца.
    Лично сметам дека не треба да се отворат до јули.
     
    На ohlalalala, cresa-jagoda, elenaxbbg и 3 други им се допаѓа ова.
  5. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.249
    Не претерувајте ајде. Ај ако не до септември дома да се криеме. (facepalm)
    Кај на 10 метра ќе треба да се седи, сега па и до јули да не се отвореле.
    Свесни сте какви штети трпат овие луѓе? Јас сум за да се отворат што поскоро и да почнеме да живееме, зашто ќе умираат луѓе од глад и депресија.
     
    На Annora, darcy, Ivan4e04 и 16 други им се допаѓа ова.
  6. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.997
    Допаѓања:
    2.273
    Државата донесоа мерки каде што обезбедени средства се за Април и за Мај.
    За јуни ке видиме, веојатно ке отворат ако е стишана ситуацијава.
     
  7. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    13.386
    Пол:
    Женски
    Нека попуштат веќе во угостителскиве објекти како луѓе да излеземе и да си седниме на кафе, убаво да си прошетаме, а не само излези влези да праиме.
    Во Србија читам кај и да е ќе се отвореле кафичите и рестораните но со многу строги мерки. Со дезинфекции, плаќање само со картичка, ама и некорситење на мобилен телефон.(facepalm) :doh:
    И најмногу би сакала да ги прекинат овие полициски часови барем вечер нека е полициски час, а не преку ден. На сите ни се ограничени времињата за обврски и си имаме сите планови кога и како ќе ги завршуваме обврските, кој може да му поремети на некому планот нечовечки е тоа.
     
    На DraganFem му/ѝ се допаѓа ова.
  8. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.249
    Вчера читав нешто ама никако да ми текне дали беше за Србија или за Словенија... Дека на маса ќе можело да се седи само со член од семејството (веројатно само со тие со кои живеете(facepalm))
    Се надевам дека e fake news, зашто знаеме дека нашиве многу сакаат да се огледуваат на северниот сосед.
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  9. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.860
    Допаѓања:
    135.678
    Пол:
    Женски
    Ако гледаме така,нечовечки е и да се отвораат угостителски објекти во текот на пикот.
    А,кој гарантира дека кафепијачите ќе држат дистанца и дека вработените во или газдите на кафулињата ќе пријавувааат непочитувачи на мерката?
    Кој гарантира дека полицијата ќе се накани да ги казни?
    Иако ја скратија бројката за пик од 2.000 на 1.600-1.700,пак е многу,а еве вкупната бројка на заболени веќе е 1.506,тие 100+ - 200+ можат да избијат во теков на месецов или во јуни.Постои ризик да се појави скриен кластер и заради тоа не може сè одеднаш да се отвори.Да не мислеа дека има ризик,ќе ги отвореа образовните институции,ама ете МОН одлучи дека учебната година заврши.
    Башка,донесени се економски мерки за бизнисите.Некои ги прифатија,некои не.А,не се сите бизниси за жалење.Некои пренаменија производство,некои кафулиња,кафеани и пицерии работат со достава,а исто и некои бутици.Некои хотелиери имаат и други бизниси.
     
    Последна измена: 2 мај 2020
    На ohlalalala, cresa-jagoda, Angie1432 и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Луѓе пик е врвот на кривата,не е бројка.Кај нас моментално врвот е оној ден кога имавме околу 100 заболени од тогаш оди надоле.Не викам дека сме го поминале,ама нов пик ќе имаме само ако не дај боже имаме во ден поголема од таа бројка.

    Плус заборавате дека во угостители спаѓаат и дискотеки,луѓе што работат на концерти и не знам има уште милион работни места кои ќе бидат уште долго засегнати.

    И секако не заборавајте каде живеете,дека има добар дел што работат непријавени што ни една мерка не ги покрива.
     
    На christinnn и happygirl им се допаѓа ова.
  11. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    13.386
    Пол:
    Женски
    Епа од каде ќе знаат дали ми е член од семејството и лична карта да не бараат?

    Ако се кажат мерки кои треба да се почитуваат секако дека ќе држат дистанца само на местото каде што е наредено така. А после пак ќе се во блискост. Во тој случај пак е прекршено правилото.
    Тогаш ќе испадни каква ситуација, а луѓево кафе си пијат и мислат како да заработат пари. Нечовечки го сметам тоа што кажуваат лажни вести. Мислам дека е нечовечки да менуваат. Ако нема подобрение нека не дозволат ниту избори ниту ништо од тоа што велат дека ќе дозволат.
    Никој не гарантира се додека полицијата не те начека по улици некаде да те фати.
    И не го гледаат пикот толку многу за да отвараат места. Гледаат дали ќе има периодов заразени или не и дали ќе има голема бројка. И ако нема, на пример да се 2-3 само заразени не ќе влијае.
     
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.860
    Допаѓања:
    135.678
    Пол:
    Женски
    Тоа со 100 беше варијација,не досегање.
     
  13. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Не реков дека е досегање,ама нема да биде ни пик со 1600 или 1700.Само затоа што дошло до одредена бројка не е пик.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    13.386
    Пол:
    Женски
    @Bunny2


    Ако се кажат мерки кои треба да се почитуваат секако дека ќе држат дистанца само на местото каде што е наредено така. А после пак ќе се во блискост. Во тој случај пак е прекршено правилото.
    Тогаш ќе испадни каква ситуација, а луѓево кафе си пијат и мислат како да заработат пари. Нечовечки го сметам тоа што кажуваат лажни вести. Мислам дека е нечовечки да менуваат. Ако нема подобрение нека не дозволат ниту избори ниту ништо од тоа што велат дека ќе дозволат.
    Никој не гарантира се додека полицијата не те начека по улици некаде да те фати.
    И не го гледаат пикот толку многу за да отвараат места. Гледаат дали ќе има периодов заразени или не и дали ќе има голема бројка. И ако нема, на пример да се 2-3 само заразени не ќе влијае.[/QUOTE]
    Имаат можност да работат оние кои добиле дозвола и на кои им е повеќе од потребно. И тоа треба да се земе во предвид луѓето кои што бизнисот им е угостителство и кои зависат од својата работа, веројатно на нив им е дозволено.
     
  15. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.860
    Допаѓања:
    135.678
    Пол:
    Женски
    Ете,Филипче рече дека деновиве ќе одржи прес со епидемиолози за да се појасни како дошле до калкулациите и до кај сме.
    Без разлика на состојбата,тоа што странците си отвораат сè месецов,не значи дека треба и ние.Како што рече Министерот,секоја земја има свои карактеристики.
    Нашиот менталитет налага да се оди полека и постепено.Ако одеднаш се отворат сите места,ќе си направиме белја која здравствениот систем нема да може да ја поднесе.
     
    На ohlalalala, Angie1432, oblace1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Имаат можност да работат оние кои добиле дозвола и на кои им е повеќе од потребно. И тоа треба да се земе во предвид луѓето кои што бизнисот им е угостителство и кои зависат од својата работа, веројатно на нив им е дозволено.[/QUOTE]
    Јас секако пак на нив оставам.Се надевам ќе смислат начин како тоа да го направат најпаметно.
    Како и да е,да гледаме малку позитивно.Ситуацијата како што е моментално е надежна така да може да се почне да се размислува за враќање во нормала веќе.
     
    На elenaxbbg му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.877
    Допаѓања:
    201.780
    Две работи.
    Што е пик. На англиски врв. Кога се следи кривата на дневни регистрирани случаи, највисокиот број инфицирани во еден ден/ период е пик.

    Второ- кафичите и ним сродните објекти, тешко да се продуктивен дел од една економија. Продуктивно е она што нешто произведува, угостителството тешко дека произведува. Угостителство е дел од сегментот социјализација, а социјализација е препорачано да се избегнува. Значи ако прескокнавте еден дел од образовниот процес ќе скокнете и стандардна социјализација по кафичи. За дискотеки може да заборавите, исто како што бундеслига ќе заборави на утакмици со публика. А бундеслига е бизнис, не вашите дискотеки. Една Хрватска која добар дел од својата економија го базира на туризам, ќе мора да измисли варијанта без келнери, ќе преживеете и вие без кафето и лажичето. Ако ништо друго, може корзо ќе видите како изгледа летово.
     
    На Grasiela**, ohlalalala, cresa-jagoda и 22 други им се допаѓа ова.
  18. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.728
    Допаѓања:
    18.443
    Пол:
    Женски
    ^ е па, по ново економија во мк е кафичи и останати угоститрлски објекти зошто добри 30-40% од луѓето живеат потпирајќи се на гранкава.
    Производство во земјава умре како дел од економијата оддамна, странските инвестиции кои произведуваат не се баш по дефиниција производствен сегмент на земјава...
    Сакале ние или не, факт е дека Македонија е од тие малкуте земји кои парите ги заработува во кафана и ги троши во друга кафана.

    Народот да се освести и да функционира на дистанца треба, а не да се молиме молови, кафичи и продавници да останат до јули затворени...
     
    На candy.cane, Nausicaa, темјанушка и 9 други им се допаѓа ова.
  19. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.657
    Допаѓања:
    283.494
    Пол:
    Женски
    Мене навистина не ми е јасно како тоа во кафиќи и ресторани ќе се држи дистанца.По двајца на маса од 2 метра.И ќе се довикуваат преку маски.А како ќе јадат пијат?И колку луѓе на тој начин ќе се примат во ресторанот.Значи ќе треба да си закажат резеревација пред една недела.
    Работава тешко на тие што живеат од тоа А и дружбата ќе се префрли по паркови,кејови а може и корзото да се врати...А и многу малку од дружби и другаратва ќе опстанат.
     
    На ines.h, Angie1432, mal.ecka и 3 други им се допаѓа ова.
  20. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.860
    Допаѓања:
    135.678
    Пол:
    Женски
    На почетокот,Министерот збореше дека се очекува бројката да дојде до 2.000-2.500 во пикот,дека се прогнозира пик од волку-толку-онолку.Нејсе ај,претпоставки се.
    Подоцно тој рече дека тоа што еден ден биле 100,друг ден 20+,понатаму повеќе,па пак помалку,се варијации и дека рано е да каже тој или да кажат епидемиолозите дали и кога бил достигнат пикот.Спомна и дека во периодов може скриен кластер да избие на виделина.Ради тоа последната недела од април и првата недела од мај ги смета за клучни и дека тој и епидемиолозите постојано ја следат состојбата.Ете на најавениот прес со епидемиолози може ќе ни стане јасно до кај сме.
    Како и да е,поарно полека и внимателно да одиме него ли брзо и после оф леле...
     
    На ohlalalala му/ѝ се допаѓа ова.