Форумџика на годината

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.728
    Допаѓања:
    18.443
    Пол:
    Женски
    Мене ми се чини дека смислените "протоколи" ќе важат недела две и се потоа ќе биде стара песна.
    Ќе се самоцитирам за ова со потврда од реалната ситуација, но вака ќе е знам.
    Кој ќе биде тој редар кој ќе допази секој угостителаки објект да се држи до правилата ширум земјава?
    Кој ќе троши пари за да седи во кафана со маска, да му преседне и храна и муабет?
    До јуни веќе ни маски ни бутур за било каде ќе се носат.
     
    На ines.h, TrinityNeo, mareane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.878
    Допаѓања:
    123.114
    Пол:
    Женски
    За жал или за среќа, тие се најпродуктивен дел.
    Касата на буџетот ич не се полни од тоа дали некој оди или не оди на школо, а од моето социјализирање во кафана или кафич има ќар и газдата, неговите вработени, а со тоа и државата.
    Неспорно е дека е глупо, ама јбг така е.
     
    На Nausicaa, LejlaD, СуперДевојка и 4 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.334
    Во целата оваа ситуација позитивно е тоа, што прв пат во историјата на човештвото, научници од цел свет за краткок период, успеаја толку брзо да се организираат и да почнат да соработуват и да разменуваат информации 'преку граници'.

    Битно е, затоа што е пример за тоа, како може да се обедини светот доколку сака.
    А ништо не обединува луѓе, како заедничка трагедија, затоа што се со иста мака и можат многу лесно да се идентификуваат со другиот...
    А толку многу луѓе (скоро 8 милијарди) може да обедини, само глобална трагедија.
    Штета што е така, но е надеж дека може, можееее и нешто паметно ќе научиме како глобално општество.
     
    На ohlalalala, poppie, queen19 и 11 други им се допаѓа ова.
  4. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Значи,зборам за себе конкретмо.Не ми е дојдено до кафето.Ако сакам да се социјализирам,ќе се социјализирам и без кафич.Ни до диско не ми е дојдено.
    Не зборевме дали придонесуваат на економијата со нивната работа,туку зборевме за сите тие вработени на такви места што се моментално без работа.Добар дел од нив ни мерки нема да ги покријат зошто непријавени работеле.Така да,во очи на државата се-ни до сега не си работел.Како до сега,така и од сега.
     
  5. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.657
    Допаѓања:
    283.494
    Пол:
    Женски
    А каква е состојбава во Италија Франција Германија,се смирува?
    Прочитав Фр продолжи вонредна до 27 јуни мислам.А и некои големи бројки негде загледав за Ломбардија?
     
    Последна измена: 2 мај 2020
    На cresa-jagoda, senjorita-v и mal.ecka им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.334
    Колку што разбрав, ќе има олабавување како кај нас слично, во цел Европа.
    Ама ќе биде бавно и етапно. Нема наеднаш да бидат укинати мерките, а најверојатно, некои ќе останат 'до даљњег', како на пример препораките за социјална дистанца, миење раце и носење маски.
     
    На cresa-jagoda, senjorita-v и mareane им се допаѓа ова.
  7. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.196
    Допаѓања:
    222.285
    Пол:
    Женски
    Не знам дали имало повторно заболени или не, читав и јас за тоа ама на македонски, тука во италија кажаа дека тоа биле луѓе што биле сеуште позитивни. Од ломбардија стигаат вести дека имало одредена група на луѓе што за жал и 2 месеци после заболеноста имале блага темп и доаѓале на контрола, со тоа инфектолозите потврдиле дека освен пнеувмонијата овој вирус остава многу други последици на краток и долгорочен период, меѓу кои имало пациенти со 2 месеци блага темп која што никако не се симнувала и исто така биле сеуште позитивни, значи ова е само дел од се она што го увиделе во овие два месеци, тек ќе проучуваат што поледици носат во себе заболените но секако потврдија дека не е само пневмонијата имало и икс други проблеми со кој што се соочувале пациентите.

    Има исто така серолошки тестови почнаа да ги прават, колку се точни не знам да ви кажам бидејки не пишува за точноста ама секако се точни бидејки други инфо нема.
    Објективот е да се тестира масовно, ние овде во венето имаме најмногу тестови на дневно ниво од 12 13 000 дневно, за сега толку се регеансите до септ се планираат по 50 000 тестови на ден.
    Битно се тестира навистина многу (не во сите региони) нашиот гувернер вика, не е работа да зборувате како нема заболени бидејки не правите тестови, ние правиме и имаме заболени.

    Тука е очигледно дека епидемијата опаѓа, секој ден веќе 1 месец опаѓаат луѓе од интензивна нега по над 100 на ден, умрените не знам од кај ги вадат искрено, нови на интензивна нема, чудно ми е.

    Тек започнаа во ибститутот во падова да прават истржување експерти за градот Во жителите се подложени по 3 ти пат на тестирање.
    Резултатите за истржувањето на вирусот ќе ги дадат за 6 месеци.
    Што повеќе ќе поминува време тоа повеќе ќе се дознава за вирусот

    Ни одобрија да се движиме слободно низ градот дека живееме, можеме да купуваме детска облека и можеме да купуваме сретства за дома и слични такви работи за домаќинтво, можеме да одиме да си земеме храна од ресторант пицерија или мек доналдс за дома.

    Мерките пополека опаѓаат, има секојдневно протести против власта, кажаа дека нема да имаме веќе датуми за ослободување тулку врз основ на новозаразени ќе имаме олабавувања и стегнувања на слобода

    Решија да одат по региони да отвораат, некои региони почнуваат од 11 мај некој покасно, секој сам сега ќе одлучува, кај нас сеуште е оној датум 18 мај, ни даваат некои си модули со рестрикции што смееме а што не од 30 страни за тумачење па равотава стана шпанско село, не знаеме и ние што смееме што не смееме. Значи не излегоа да кажат јасно у гласно што се смее туку има точки и под точки што смее што не, се е каша попара
    Може смееме да шетаме ид 4 мај во планина ама не е убаво и сигурно напишано, туку одоколу со стручни поими, кога влегов у коментарите никој не знаеше да протумачи дали смееме дали не, можеме исто да идеме во друг град да пазариме.

    Да се надеваме дека уште малку ќе трае инкубот, дека ќе излеземе од ова, дека нема да се повтори, дека ќе се стопира намали и исчезне, така сакам да верувам.
    Мора да има крај.
     
    На ohlalalala, cresa-jagoda, zhap4e и 20 други им се допаѓа ова.
  8. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Е многу ме интересира како ќе се одржат избори со почитување на сите заштитни мерки. Иде Charmed да гласа и прво нешто што и викаат: девојче, давај лична карта и вади тоа маската да те идентификуваме (маска чим еднаш се стави, не треба да се фаќа со раце до моментот кога ќе одлучите да ја извадите скроз и фрлите/исперете), па идемо следно: девојче, вади тоа ракавиците, треба отисок од прст да оставиш, па тоа потпишување со исто пенкало, па гласање со исто пенкало, па ширење коронче на велико :lol: ... (ич не е за смеење)

    Едит: а социјална дистанца со изборната комисија и набљудувачите камо?
     
    На ohlalalala, cresa-jagoda, ..barbie.. и 2 други им се допаѓа ова.
  9. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.677
    Мислам дека генерално ни попушта концентрацијата и посветеноста кон самозаштита. Можеби мислам така затоа што тоа го приметувам кај себе. Сеуште излагам од дома стриктно по потреба, но првите недели кога ќе излезев внимавав панично на се. Денес дури си дозволив да ја заборавам маската во кола кога претрчав до трафика. Тек кога ќе дојдев дома беше прав ритуал, од дезинфекција на патики до директно фрлање на се во машина за перење и директно под туш. Веќе не е така.
    Во продавнициве исто гледам дека се е некако по опуштено. Во тинекс беше еден излага - еден влегува во маркет и се внимаваше да има одреден бр на луѓе во маркетот. Вработен стоеше на врата и им ги дезинфицираше рацете на сите кои влагаа. Сега нема ред за влагање, има средство оставено на влезот...
    Кога ќе ги олабават меркиве тек ќе видиме што е пик.
     
    На ohlalalala, cresa-jagoda, oblace1 и 21 други им се допаѓа ова.
  10. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.899
    Во Словенија е тоа правило, не верувам дека ќе контролираат премногу, туку ќе се ослонат на самодисциплината на луѓето. Секако се гледа ако е собрано друштво, ама за пар никој нема да праша дали е жената или швалерката :)
     
    На green.eyes, LejlaD, prominent и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.491
    Допаѓања:
    18.823
    Во моментов седам во кола паркирана на бит пазар,пред мене тезга со јагоди.
    1. Продавачот не носи ни маска,ни ракавици
    2. Со голи раце ги фаќа јагодите и ги дтава во ќеса, купувачите го гледаат тоа
    3. Со истите раце,недезинфицирани фаќа пари,наплаќа
    4. Со истите раце ги префаќа јагодите од гајба во гајба,да ги нареди да бидат лични
    5. Во еден момент ги извади парите од џеб ги фрли во гајбата да си ги здипли.

    Шо корона?!
     
    На ohlalalala, cresa-jagoda, oblace1 и 15 други им се допаѓа ова.
  12. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.574
    Допаѓања:
    17.804
    Пол:
    Женски
    Стегите кога-тогаш мора да почнат да олабавуваат, вирусот нема да исчезне. Сите треба да научиме да функционираме покрај него додека не се најде лек т.е. вакцина.

    Превентивните мерки треба да останат, и поважно- да се почитуваат од луѓето, бидејќи ќе биде препуштено на совеста на личноста. А бидејќи знаеме какви сме како мнозинство, притоа и да не знаеме, тука во темава можеме да прочитаме, тешко ќе биде. Па кога ќе прекине вонредната состојба, супер ќе биде да не се пројави синдромот "пуштени од ланец".
    Оти ако некој не е на јасно дека потешкото сега претстои, во тешка заблуда е.
     
    На Peperutce1115, ohlalalala, oblace1 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.418
    Допаѓања:
    1.845
    Истото и кај мене пишав пред некој ден, не знам дали е на добро дали на лошо!?
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.875
    Допаѓања:
    42.546
    Пол:
    Машки
    5 новозаразени.
     
    На queen19 и Bunny2 им се допаѓа ова.
  15. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.117
    Допаѓања:
    41.876
    Пол:
    Женски
    Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациенти во: Скопје-32, Куманово-38, Прилеп-16, Тетово-2, Велес-7.


    Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Куманово на возраст од 94 години, хоспитализиран на 28 април, а денеска институтот регистрира и пациентка од Струга на возраст од 69, која починала на 29 мај на пат кон болницата во Охрид. Од страна на ЦЈЗ Охрид е земен постпортем брис кој покажал присуство на вирусот.

    Во изминатите 24 часа направени се 249 тестирања, а потврдени се 5 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-2, Куманово-1, Прилеп-1 и Тетово-1.
     
    На Stephen Amell и fana им се допаѓа ова.
  16. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.875
    Допаѓања:
    42.546
    Пол:
    Машки
    2% позитивни случаи, супер.
     
    На fana, mal.ecka, Sejfullai и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    27.455
    Да не е март?
    Инаку во овие 249 тестирања се и овие оздравените или?
     
  18. queen19

    queen19 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    1.845
    Пол:
    Женски
    Не треба да се опуштаме...
    Вие правете ме луда и параноична ама ако од 249 дури 95 се негативни контролни колку има уште кои се контролни а луѓете уште се позитивни, а колку остануваат за тестирање на пациенти со симптоми? Зошто не кажат од тие 249 колку теста се направени за детекција на вирусот а колку за контролни?
     
    На ohlalalala, cresa-jagoda, ..barbie.. и 2 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.334
    И да носи ракавици, сигурно нема да менува секој пат кога место пари, ќе треба да ги фати јагодите-и обратно.
    Еден тон ракавици нема да му стигнат.
    Нема како поинаку освен со раце да работи.
    И во продавница со раце ги редат производите на полици.

    Е маска што не носи, тоа друго е.

    Дома ќе ги пребришеш пакуваните производи, а непакованите, остави ги на сонце еден саат-па измиј ги.
    Ние така правиме.
     
    На zhap4e, green.eyes, jacqueline.s и 2 други им се допаѓа ова.
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Да, и тие се бројат.
     
    На cresa-jagoda, WildMk, bicycle и 2 други им се допаѓа ова.