Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. queen19

    queen19 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    1.845
    Пол:
    Женски
    Сите луѓе умираат со корона затоа што КОРОНА им ја влошила моменталната здарвствена состојба како така погрешно сфаќате некои работи? Човекот имал дијабет а короната го докрајчила и не само него туку и тие со рак и со притисок и со срцеви заболувања. Да не се разболел од корона ќе умрел ли сега?

    И со кои блиски отишле за празник дај ве молам друштва комшии братучеди како прво ја не знам дали сум 100% здрава а не па да и верувам на другарката
     
    На темјанушка, ohlalalala, allaround и 17 други им се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Приказната за „неодговорниот граѓанин“ е маска за да има државата како да се „испере“ во случај работите да тргнат наопаку.
    Не зборувам само за Македонија, за многу многу држави важи истото. Со лажниот наратив дека од поединецот зависи, не од општеството, државата ги претвора граѓание во контролна полиција додека вистинската полиција спие, а барем неа ја имаме повеќе од доволно.
    Додека масовно се зголемуваат кражби, додека владее општа хистерија на несигурност, државата смета на „одговорниот граѓанин“ што ќе го пријави својот комшија за непослушност, што ќе обработува за државата.
    Тотално Сталинистички пристап, ама Сталин и кодошите ги третирал исто како оние пријавените.
     
    На christinnn, MissChievous, MarigoldA и 3 други им се допаѓа ова.
  3. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.995
    Допаѓања:
    37.199
    Пол:
    Женски
    Можел да фати и обичен грип и да го докрајчел. Или бактерија, или што било....
    Во врска со твоето прашање упатено кон мене, читни што имам пишувано по темава, таму ќе најдеш одговор.
     
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.459
    Допаѓања:
    190.866
    Твојот страв е многу рационален и оправдан. И се надевам дека некое системско решение ќе воведат, не секоја клиника/ сестра/ административец да измислува свои решенија. Е веројатно ќе треба и системот за закажување да се реорганизира, не може за 5 минути или колку се предвидени, сега да заврши преглед. Ни пазарењето во продавница не е како што беше- дезинификуваш, чекаш кај лебот, чекаш кај пастите за заби, чекаш на каса...
     
    На mimiiiii, CameliaMiller, KateKane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. queen19

    queen19 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    1.845
    Пол:
    Женски
    Ја прочитав само како упатуваш навреди и сметаш дека треба надвор пак дружба да тераме и кафе шема... небитно ајде секој со своето сфаќање
     
    На Цвет88 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.995
    Допаѓања:
    37.199
    Пол:
    Женски
    Цитирај каде сум пишала дека треба кафе шема и дружби да тераме?
     
  7. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.899
    Апарати за бројчиња ќе стават :devil:
     
    На CameliaMiller и Biljarkata им се допаѓа ова.
  8. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.606
    Допаѓања:
    63.329
    Пол:
    Женски
    Не се паника. Ќе има гужви - тоа е факт. А друго е неможност да се прифати дека пак ќе има гужви - твоето. И што ако е јавна личност, кој падна во депресија тука? Сите искажавме сочувство. Искажав и за родилката, и за 31 и 36 годишниот маж, за секој починат пациент. Ниту сум пишала нешто повеќе за Драган, ниту помалку. Оставете ги луѓето да си искажат сочувство, не мора и за тоа да си ги вадиме очите сега.

    И мислам дека стварно е доста со pinpointing и таргетирање на сите ние кои сме загрижени за иднината дека сме хистерични, параноични, дека сакаме да презентираме апокалиптично сценарио или дека уживаме дома да седиме, дури прочитав и еден коментар дека сме сакале да растат бројкиве само за да било по наше. Се читате ли што зборите бе луѓе? Апокалиптично сценарио не е страв дека може да има втор бран од вирусов. Worst case сценарио да, доколку се случи. Исто може да има и best case scenario а тоа е целосно да замине во вечните ловишта и да е релевантен колку ланскиот снег.

    Со тоа што се бара некаков план за понатамошно функционирање на светов не значи дека прогнозирам оти сите ќе умреме.

    За вториот дел од постот си целосно во право. Пломба на болници не е корисна во никој случај и се надевам дека ќе се организира некако да се опреми бар една болница само за корона вирус случаи а во останатите да се примаат регуларно пациенти.
     
    На ohlalalala, pdb123, Ivan4e04 и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.937
    Допаѓања:
    164.013
    Не е маска, факт е.
    Викендов колку луѓе се собраа и при тоа не одржуваа дистанца?
    Во маркет исто, особено маркети како жито, стокомак и кам?
    Колку луѓе гледате по клупи испоседнати еден до друг?
    Колку луѓе викендов не повикаа да сме шетнеле? Или па колку слушнав - абе само они и ние, дома сме цело време, ништо не ни е.
    Можда делумно е параван, за некои други земји, ама за нашава тоа е само факт. Не сме одговорни.

    Изјавите со политизирани и окарактеризирани како Сталинистички се претерува.
    Кражби? Хистерија? Да не прететуваме.
    Треба да пријави одговорниот граѓанин.
    Зборуваш за Сталинизам, а очекуваш полиција и војска да маршира по улиците за да не изигрувал граѓанинот тоа. Па посалинистички од тоа амин.
     
    На candy.cane, ohlalalala, pdb123 и 11 други им се допаѓа ова.
  10. queen19

    queen19 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    1.845
    Пол:
    Женски
    Се расправаше во дискусијата за први мај што луѓето живееа како да е обичен ден надвор кои сме ние да им браниме да се дружат не мора да барам кога таков став имаш
     
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.995
    Допаѓања:
    37.199
    Пол:
    Женски
    Ама е паника, не знам како не го согледуваш тоа? Зошто луѓево би правеле дополнителни гужви? Која е разликата што починала јавна личност од било која? Тоа ми е муабетов. Ај ако не да правиме гужви кога ќе почине било кој, а скоро секојдневно има починати.
    Едно е да правиш разумни сценариа и претпоставки за иднината, а сосема друго е муабети од типот: ”ништо нема да биде исто, којзнае уште колку ќе трае ова, ќе изумреме сите, не се радувајте пред време, бројкиве што се намалуваат се нереални итн” Јас знам дека ќе има промени во секојдневниот живот кои ќе траат извесно време, ама едно е промени во однесување, претпазливост, следење на мерките, а сосема друго се очекувањата кои ги прочитав тука да се затвориме уште месец, два, до Нова година и сл.
     
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Корона има.
    Никој не е имун на болеста.
    За никого нема 100% гаранција дека нема заврши со смрт, ако се зарази.
    Не... не се 'умира' ако не се видиш со: брат, сестра, мајка, татко, пријатели, роднини.
    Но од Ковид-19 се умира.

    Ама викендов... сите беа со некого на скара.

    На сите ни е смачено.
    И на Сараево 6 години под опсада им беше смачено.
    И во Светските војни на сите им беше смачено.
    И за време на Шпанската треска и колерата и полиото и што уште не... на луѓето им беше смачено.

    Затоа и отворија бесплатни линии за разговори со психијатри и психолози.
    Оти и пред да почувствуваме ние, стручни лица знаеја како може да влијае карантин.
    Оти е како затвор.

    И мене ми е смачено...
    Ама не ми се ризикува некој да го доведам до смрт... дали себе си, или друг-небитно.

    Паника не помага. Игнорирање и банализирање на ситуацијата не помага.
    Се додека се придржуваме до препораките, придонесуваме да се заштитиме и себе си, а и тие околу нас.
    Толку е едноставно.
     
    На rainbowmama, темјанушка, candy.cane и 17 други им се допаѓа ова.
  13. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.995
    Допаѓања:
    37.199
    Пол:
    Женски
    Е фала, јас не си го знаев ставов.
    Не испревртувај муабети, ти барав конкретен цитат, те молам цитирај каде сум рекла дека треба да тераме кафе дружби?
     
  14. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.638
    Пол:
    Женски
    Грубо земено 2 000 000 народ.
    1511 вкупна бројка на заболени.
    Збориме за процент 0.08 на заразени лица.

    Каде ја гледате неодговорноста ?
     
    На candy.cane, Amellie13, renata77 и 6 други им се допаѓа ова.
  15. queen19

    queen19 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    1.845
    Пол:
    Женски
    Нареден пат кога ќе ги браниш скараџиите ќе те таг/цитирам
     
    На Kimberly11 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Женски
    Да тргнеме од едно друго стојалиште. Можеби тие што ги гледате еден до друг живеат заедно? Можеби се пар кој се штити од други и си разменува нежности? Можеби фамилија? Можеби, можеби е се.
    Некако предолго трае ова се. Ние сме од Март во самоизолација. Во меѓувреме научивме како да се заштитиме и во скоро време ќе се вратиме на социјализација, бидејќи сфативме дека и ова не е здраво за нас. Следна недела ќе имаме и гости дома, пар кој е во самоизолација како нас од Март. Како што ние сме сигурни во нашата заложба да останеме здрави (миеме раце, држиме растојание, користиме маски, дезинфекција) така и они. И они како нас сфатија дека треба да живееме со вирусов. На што ќе се темели нашиот однос ќе праша некој. На доверба? Добар дел. На оддржување мерки и дома? Зошто да не просторно не сме ограничени. Нема да се гушкаме ќе седиме на две страни од шанкот. Ќе се луфтира од прозор на кипање.
    Знаеш како? Доста ни е. Да научиме сега да живееме и вака додека не се појави лек. Ова е исто болна ситуација. Не заговарам да се фрлиме во “дечурлана” филм туку како возрасни да се обидеме да функционираме и вака.
     
    На candy.cane, Ambitious, Amellie13 и 12 други им се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Да го цитирам Филипче: "На социјалните мрежи" :D
     
    На candy.cane, orevokrsacka, christinnn и 3 други им се допаѓа ова.
  18. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.638
    Пол:
    Женски
    Штом Филипче вели така, така мора да е.

    Процентите кажуваат се.
    Сликата за неодговорноста не се гледа преку приказни од разузнавачки служби од комшивки, кои немаат друго работа, па водат евиденција кој кому отишол на гости, кој расчурел скара, кој каде се тагнал, кој колку се задржал надвор.
    Сликата може да ја добиеме исклучиво преку проценти.
    А процентот е 0.08.
    Едноставно смешно е да се збори за неодговорност и непослушност.
     
    На candy.cane, MissChievous, fana и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.937
    Допаѓања:
    164.013
    За да се оправдаме себе си, не треба да ги оправдуваме однесувањата.
    Човечки е да кажеш абе не се придржуваме, не се издржува, отколку да го оправдуваме нашето однесување. Мислам ок е сериозно. Најчовечки е. Не секој може да издржи, па одма еј па и ова не е здраво. Па кој рече дека е?! Не е, ама тоа е.

    Па кажаа, ќе има "нов" живот и ништо нема да е по старо. И тоа се зборува секаде во светот. Не би рекла дека е болно кога човекот е флексибилно и свесно суштество.
    Да не звучиме ко американската кандидатка за сенатот: Амерканскиот народ бара одговор до кога ќе трае ова, зошто повеќе не е одржливо?
    Мислам втф?!
    И кажаа од СЗО дека до 2022 год ќе биде вака веројатно.
     
    На candy.cane, ohlalalala, oblace1 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.459
    Допаѓања:
    190.866
    Не знам дали намерно погрешно се читате или ви е досадно.
    Да, неодговорниот граѓанин е маска. Ама доброто справување со кризата не оди како пофалба кон одговорниот граѓанин, туку кон пофалба на спремната власт и способното здравство. :)

    Го изгледав вчера видеото од Вело што го постираше Жапче. МК имала поспособни епидемиолози отколку западот (не велам не, не знам дали е така), затоа МК поминала подобро. Значи МК поминала подобро отколку богатиот запад. Е сега, здравството и властите се супер, граѓаните пак се неодговорни?
    И друга работа кажа видеото. Споредено со искуството од претходната епидемија, бранот на вирусот поминал за 3 месеци мислам. Не знаеме ни кој бил тој вирус, ни кога се случил. Затоа што не сме епидемиолози и затоа што тој вирус немал ваков маркетинг. И тогаш имало фатални исходи и здравството си ја работело работата. Ниту граѓанинот бил инволвиран во индивидуалните трагедии, ниту бил одговорен за нешто. И претходниот вирус бил роднина на Ковид, чисто информативно.
    Да повторам- вирусот поминал за 3 месеци. Не дека не постои и денес, само не крева црвени знамиња на секој регистриран случај во светот. И да повториме- не дека денес вирус не постои, само маркетингот му е на најјако.

    Превисоко се крена топката, нема сега човек што може да ја симне.Уште долго ќе живееме со последиците, економски, општествени, здравствени, психолошки.
     
    На candy.cane, elenaxbbg, orevokrsacka и 4 други им се допаѓа ова.