Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.759
    Допаѓања:
    172.993
    Пол:
    Женски
    Меѓувремено..барем во карантин ги ставиле тие што беа во контакт со заразените од дебарско.. Веројатно и болницата го добила првото детално чистење откако е изградена:rofl:
    https://fokus.mk/vo-debar-i-zhupa-vo-domashna-izolatsija-osum-zdravstveni-rabotnitsi/



    Не знам како ја правдате докторкава. Не доктор, не професор, не диригент..ма кој сака нека е, ако има ГРАМ МОЗОК и малку свест ќе се стави сам себе во изолација. Особено кога знае дека ТУЃИ животи и здравје зависат од него.
    На страна препораката што ја даде владата да седат 14дена дома тие што патувале во критичните зони. Побогу, јас морав официјален допис до сите што ги имам пријавено во моја фирма да доставам, да сум чиста пред себе и пред нив. Сигурна сум дека и до неа стигнал допис од клиника, ама ете баш ја брига неа.. она ќе си земе парички од зборењето по конференции, од дежурства, од операции..
    Па тие патувања де во Италија де во Романија мора бре некој да ги финансира:D
     
    На Ivan4e04, ivi1987, smooch и 16 други им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.115
    Допаѓања:
    67.094
    Пол:
    Женски
    Не, не, не само за модератори, пишав дека ќе биде за сите темата, само да се одвојат информациите. Може вест со вест да се демантира, а и сите би било пожелно да внимаваат што постираат. И без муабети како слушнав дека отишла ваму, отишла таму, туку само нешто што е потврдено.
     
    На smile:), Purplelilac и LejlaD им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    @RainBow еден од најголемите паничари на темава ти е модератор, така да, кој к*рац искрено...
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Ти постирај, само без ку*ац, ако може :D

    :hug:
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.115
    Допаѓања:
    67.094
    Пол:
    Женски
    Модератор е, ама и човек...
    Затоа, некој што сака да се информира без да чита други преписки и сценарија може само таму да чита.
    Еве, идеја е само, да е попрегледно.
     
    На smile:), Dust, ocicka2014 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Која п*чка :D

    Смртноста на вирусот е многу помала од што гледаме по статистиките, и бројот на заразени е многу поголем.
    Нема ни една земја капацитет да ги хоспитализира сите. Генерална препорака е само изолација ако имаш било какви респираторни симптоми и 24 часа од кога престанат можеш да се движиш слободно. Јавување на лекар ако се влоши состојбата и кажување каква е ситуацијата. Маска се носи за да не заразат други.
    Јас сум тотално во незавидна ситуација, ниту имам можност да се полнам со залихи, ниту можам да сум статичка. Да ме фаќа паника - ме фаќа, ама само рационално.
     
    На smile:), crimson, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    На emiliana, Stephen Amell, Mantub и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.742
    Допаѓања:
    145.178
    Специјализант на стоматолошка клиника нов заразен. Ама не е потврдено.
     
    На kukla21, LejlaD и Mishela им се допаѓа ова.
  9. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
    Што да остане директорка, 64 години има.Да оздрави ке се пензионира.
     
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.013
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    Видов, ама статијата ја прочитав на Курир.мк па не обрнав многу внимание. Веројатно ќе има новости до следните вести.

    Кај ќе биде пресот, или да си чекам на фб?
     
    На duffi и Ava.84 им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.140
    Допаѓања:
    180.977
    Абе и јас сум човек, ама мислам пред да пишам нешто. Оти форумов е отворен, не читаат само членови. Понекогаш како да го заборавате тоа.
    @vitamina од карантинска област со ситуација со сериозни размери е најсмирена на свет, овде вие, кој бил на свадба, кој каква дијагноза имал.
    Да повториме, не е ова муабет на вибер, со другарки- отворен и јавен е форумот, значи медиум. Пренесува и информации и дезинформации, и паника, и све. Така што, избројте до 10 пред да напишете нешто, размислете кој може да го прочита тоа и како може да влијае врз читателот.
     
    На Ivan4e04, candy.cane, KateKane и 11 други им се допаѓа ова.
  12. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.624
    Пол:
    Женски
    Ако пред вирусов ја ставате придавката смртоносен, правете го истото и со грипот и преладата.
    Пошто трите се критични за една иста група луѓе - постари лица со веќе постоечки посериозни здравствени проблеми.
     
    На candy.cane, prominent, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.115
    Допаѓања:
    67.094
    Пол:
    Женски
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.214
    Допаѓања:
    8.703
    Пол:
    Женски
    Однапред ви се извинувам за долгиов пост. Кој има интерес да разбере нешто од корен, слободно нека чита.
    Многу луѓе прашуваа тука како да се заштитат најдобро, што го уништува вирусот и сл., па се помачив да ви преведам од англиски (се извинувам ако има грешки)
    Значи, чисто за информација ќе ви пренесам што напишал Palli Thordarson кој е универзитетски професор по хемија од Австралија:

    „Зошто сапунот е успешен кога се работи за Sars-CoV-2, корона вирусот и другите вируси?
    Бидејќи е само-составена наночестичка на која најслабата алка и е надворешниата обвивка која е составена од липиди (масти). Сапунот ја раствора масната мембрана и вирусот се распаѓа како кула од карти и „умира“, или поточно, станува неактивен бидејќи вирусите и неможе да се рече дека се навистина живи. Вирусите може да останат активни надвор од телото со часови, дури и денови.
    Дезифициенсите, или течностите, марамиците, геловите и кремите кои содржат алкохол (и сапун) имаат слични ефекти, но не се навистина толку добри како нормалниот сапун. Со исклучок на сапунот и алкохолот, останатите „антибактериски агенти“ во овие продукти не влијаат нешто посебно на структурата на вирусот. Консеквентно, многу антибактериски производи се всушност, само една скапа верзија на сапунот од аспект на тоа како влијаат на вирусите. Сапунот е најдобар, но алкохолните марамчиња се добри кога не ни е при рака сапунот.
    Но зошто токму сапунот е добар? За да ви објаснам ќе ве поведам на мало патување низ супрамолекуларната хемија, нанонауката и вирологијата. Ќе се обидам да ви објаснам со генерички термини колку што можам, што значи дека ќе изоставам некои хемиски термини. Истакнувам дека иако сум експерт во супрамолекуларна хемија и за составот на наночестичките, јас не сум виролог. Одсекогаш сум бил фасциниран од вирусите и на нив гледам како на еден од најспектакуларните примери како супрамолекуларната хемија и нанонауката може да се сретнат.
    Повеќето вируси се состојат од 3 основни градбени блока:
    РНК, протеини и липиди.
    РНК е генетскиот материјал на вирусот, многу сличен на ДНК.
    Протеините имаат неколку улоги, меѓу кои да навлезат во таргетираната клетка, да помогнат да се реплицира вирусот и да бидат клучен градбен блок (како цигла во куќа) во целата структура на вирусот. Липидите тогаш формираат обвивка околу вирусот, и заради негова заштита и заради тоа да помогне во ширењето на вирусот и неговата клеточна инвазија.
    Овие три компоненти се само-составуваат за да формираат вирус. Не постојат силни „ковалентни“ врски кои би ги држеле сите делови во една целина. Значи вирусот се само-составува на база на слаби „не-ковалентни“ интеракции помеѓу протеините, РНК и липидите. Заедно тие делуваат како лепенка и многу е тешко да се разбие оваа вирусна честичка. Но, тоа сепак е возможно (на пр. со сапун!).
    Повеќето вируси, меѓу кои и корона вирусот, се помеѓу 50-200 нанометри - што значи навистина се наночестички. Наночестичките имаат комплексни интеракции со површините на кои се. Исто и вирусите.
    Кожата, челикот, дрвото, ткаенината, бојата и порцеланот се многу различни површини.
    Кога вирусот ќе нападне клетка, РНК на вирусот ја хакира клеточната машинерија како компјутерски вирус и ја присилува клетката да се почне да прави нови, свежи копии на неговата РНК и на разновидните протеини кои го сочинуваат вирусот. Оваа нова РНК и протеински молекули, се само-составуваат со липиди (кои обично веќе ги има вирусот на располагање и готови го чекаат во клетката која ја напаѓа) за да формира нови копии на вирусот. Значи, вирусот не се фотокопира самиот, туку прави копии на градбените блокови кои потоа се само-составуваат во нови вируси! Сите тие нови вируси евентуално ја преоптеретуваат клетката и таа умира/експлодира осободувајќи вируси кои потоа инфицираат нови клетки. Во белите дробови, некои од овие вируси завршуваат во дишните патишта и во слузокожата која ги обвиткува. Кога кашлате, или особено кога кивате, малки капки од дишните патишта може да поминат и до 10 метри! Поголемите честички се сметаат за главни носители на корона вирусот и може да преминат барем 2 метра. Значи - покријте ги вашите усти при кашлање и кивање луѓе!
    Овие мали капки завршуваат на различни површини и брзо се сушат. Но вирусот е сеуште активен! Што се случува наредно е целосно во доменот на супрамолекуларната хемија и како овие само-составени наночестички (како вирусите) стапуваат во интеракција со нивната средина. Сега е време да го споменам моќниот концепт од супрамолекуларната хемија: сличните молекули изгледа дека ќе стапат во посилна интеракција едни со други отколку различните. Дрвото, ткаенините и особено кожата имаат силна интеракција со вирусите, спротивно на челикот, порцеланот и некои видови пластики на пр. тефлонот. Структурата на површината истотака е битна - колку е порамна/помазна површината толку помалку вирусот ќе се залепи за неа. Погрубите/порапавите површини пак може да го распарчат вирусот на делови. Вирусот го држат во целина комбинација на хидрогенски врски (како оние на водата) и интеракции кои ги наркуваме хидрофилни или „како масни“ интеракции. На пр. површината на дрвото или на ткаенините формираат многу хидрогенски врски со вирусот. За разлика од порцеланот, челикот или тефлонот кои не формираат многу такви врски со него. Затоа вирусот не се врзвува силно за вакви површини. Вирусот е прилично стабилен на овие површини но на нив не успева да остане активен подолго отколку на дрвото или ткаенината. Колку долго останува вирусот активен? Зависи.
    Sars-CoV-2 корона вирусот се смета дека може да остане активен на попогодни површини со часови, дури можеби и еден ден. Влагата (растворува), сончевата светлина (УВ зраците) и топлината (молекуларните движења) сите тие го прават вирусот помалку стабилен.
    Кожата е одлична површина за вирус! Таа е „органска“ и протеините и масните киселини во мртвите клетки кои се на површината на кожата стапуваат во интеракција со вирусот и преку хидрогенски врски и преку хидрофилни интеракции.
    Така кога ќе допрете на пример челична површина на која има честички од вирусот, ќе ви се залепи за кожата и за рацете. Но вие сеуште не сте инфицирани! Ако се допирате по лицето, вирусот се пренесува од рацете на лицето. Е сега вирусот е опасно блиску до дишните патишта и до слузокожата во или околку очите и устата. Така тој може да влезе внатре.. и voila! Вие сте инфицирани (освен ако вашиот имун систем не го убие вирусот).
    Ако е вирусот на вашите раце вие може да го пренесете преку ракување на друго лице. Бакнежи, епа, тоа е веќе и повеќе од очигледно.. Не треба ни да спомнувам веќе дека ако некој ви ќивне во лице веќе сте преполни..
    Е сега вториот дел - САПУНОТ.
    Колку често се фаќаме за лицето? Излегува дека повеќето луѓе се допираат за лице на секои 2-5 минути! Да, тоа значи дека веќе сте изложени на висок ризик кога вирусот ви е на рацете, освен ако не сте во можност да ги измиете. Да речеме се миете со обична вода. Може и ќе ви успее. Но, водата само се спротивставува на како лепак силните интеракции меѓу кожата и вирусот преку хидрогенските врски. Вирусот е значи леплив и може да не биде отстранет. Водата не е доволна.
    Водата со сапун (сапуницата) е веќе целосно различна. Сапунот содржи супстанци налик на масти, познати како амфифили, од кои некои се прилично структурно слични со липидите кои се во составот на вирусната мембрана. Сапунот се спротивставува на липидите во вирусната мембрана. Молекулите на сапунот истотака се спротивставуваат на многу други не-ковалентни врски кои помагаат РНК, протеините и липидите да се држат заедно. Сапунот успешно го раствора лепакот кој го држи вирусот во целина. Додајте сега на сето тоа вода. Сапунот истотака, е посилен во однос на врските помеѓу вирусот и површината на кожата. Набргу вирусот се откачува и се распаѓа како кула од карти благодарение на комбинираното дејство на сапунот и водата. И вирусот го нема!
    Кожата има доста набори и е груба, затоа е потребно извесно триење и мокрење за да сме сигурни дека сапунот стигнал до секоја педа од кожата каде што може да се кријат активни вируси.
    Производите на база на алкохол, кои содржат дезифициенски и антибактериски продукти содржат висок процент алкохолен раствор, обично 60-80% етанол, некогаш исопропанол и истотака вода и малку сапун. Етанолот и другите видови алкохол се добри растворувачи и се по липофилни од водата и брзо формираат хидрогенски врски со вирсниот материјал. Алкохолот истотака ја разградува мембраната на вирусот и ги нарушува другите супрамолекуларни интеракции со вирусот. Но, потребна е прилично јака концентрација (можеби и над 60%) од алкохолот за да брзо се раствори вирусот. Вотката или вискито имаат околку 40% етанол, и нема доволно брзо да го растворат вирусот. Се на се, алкохолот не е баш добар како сапунот. Речиси секој антибактериски производ содржи алкохол и малку сапун и ова помага во убивањето на вирусите. Но некои истотака вклучуваат „активни“ агенти за убивање на бактерии како што е триклосанот. Тие агенти не му прават ништо на вирусот!
    Да сумираме, вирусите се како мали масни наночестички. Може да останат активни многу часови на површини и вие да ги соберете со допир. Може да ви дојдат до лицето и да ве инфицираат бидејќи сите ние често се допираме по лицето. Само водата не е доволна да се измие вирусот од рацете. Алкохолните продукти се поефикасни. Но, ништо не е подобро од сапунот - вирусот се откачува од кожата и се распаѓа многу бргу од сапуницата.
    Ете ви - супрамолекуларна хемија и нанонауката ви објаснуваат многу не само за како вирусот се само-составува во функционална и активна напаст, туку и како може да ги победиме вирусите со нешто толку едноставно како сапунот.
    Ви благодарам за вниманието. Се извинувам ако направив грешки погоре. Некои детали од областа на вирологијата можеби ги згрешив, сепак не сум виролог. Но се надевам дека ова ќе ве поттикне не само да користите сапун туку и да читнете хемија!“
     
    На WildMk, babydust, Biljarkata и 4 други им се допаѓа ова.
  15. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.054
    Допаѓања:
    225.402
    Пол:
    Женски
    долгогодишна докторка под заклетва дека ќе се грижи за општеството отишла да се шлае у време пандемија, ти за модератор се фати што пишал на форум!?
     
    На Ivan4e04, Lolipop23, LivingGlam и 17 други им се допаѓа ова.
  16. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    @Cosmic Girl

    Сеуште ти го читам постот. Дали ќе може да го редактираш и посочиш референца, (извор) од каде е преземен?
     
  17. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.742
    Допаѓања:
    145.178
    Не знам. Само ова го видов. Искрено се надевам дезинформација да е.
     
    На LejlaD и Mishela им се допаѓа ова.
  18. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Пресот во 16:30h би требало да е.
    А министерот ќе гостува во вестите на Сител во 16h.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  19. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Ајде мала дигресија.

    Како се справувате со паниката што владее по медиумиве во врска со вирусов? Колку и да сакам да се дистанцирам, се чувствувам оптоварена и од вистински и од лажни вести. А некогаш е тешко да се разграничи што е вистина а што не е.

    Убаво што не' информираат ама како да не се води сметка за психичката состојба на луѓето. Секој гледа само да пише нешто... без да провери, без да наведе извор итн.
     
    На Biljarkata и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  20. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    26.368
    Не е страв во прашање, арогантност е. Доаѓа од богата фамилија и се добивала на тацна цел живот. И она и сестра и се сп став дека нив куршум не ги бие, не па една корона. Она била убедена дека не може да се разболе. И си се шетала меѓу народ, се гушкала со колеги, си организирала симпозиум... Дала листа на 150 луѓе со кои била во директен контакт. 150! Не, не е страв во прашање, тешка глупоќа е. И треба да го јаде кога ќе излезе од инфективна, а зошо е арогантно говедо и добро ќе пројде. За другите што ќе заболат ја заболе....

    Инфективна нема капацитет да се справи со многу случаи на корона кои очигледно ќе ги има . И во време кога секој еден доктор од било која клиника може да затреба за лечење, една идиотка става преку 100 колеги во карантин и потенцијално ги разболува..

    И да.. Приватните болници не примаат инфективни пациенти. Се е оставено на таа една клиника со мал број доктори и мал број места за критични пациенти.
    Да не зборам дека и тие доктори имаат фамилии и ќе го ризикуваат животот за да спасат туѓи.
     
    Последна измена: 9 март 2020
    На Ivan4e04, WildMk, babydust и 17 други им се допаѓа ова.