Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. queen19

    queen19 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    1.845
    Пол:
    Женски
    Зошто сме неодговорни? Хм епа вака
    - На почетоко беше обичен грип никој не веруваше со инка им се сипуваше на луѓето у глава
    - Намалија работно време на кафиќи народот пак ги пунеше
    - Ги затворија кафиќите отидоа одма на Водно и по села
    - Пред полициски час по маркетите хаос
    - На фејзбук 90% од коментарите се дека не веруваат и дека нив ќе ги чипуваат и ќе ги контролираат со 5г
    - Редици правеа пред банките
    - Трчаа у црква кога им викаа немојте
    - Само чекаа мало олабавување за да се соберат и да прават скара
    * Ова не е конкретно само кај нас и Италија и Шпанија и Америка и сите потфрлија ама јас можам да кажам дека луѓето од мојата околина се неодговорни да почнам од комшиите стари луѓе нив не ги фаќало полициски час ги ограничиле намерно па пензија ќе им земале намерно нив некој сака да ги краде, видов небројан број групи по стори кои биле заедно за први мај без маски и гушнати по слики
    Не велам дека само народот е неодговорен ама барем малку дисциплина барем малку
     
    На темјанушка, candy.cane, ohlalalala и 9 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Цк.
    Од сите зависи.
    И од власта, и од здравството, и од народот.
    Секој придонесува кон подобрување/влошување на ситуацијата, во рангот на неговите ингеренции.
     
    На candy.cane, ohlalalala, Angie1432 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.002
    Има смисла и има логика, затоа што состојбата може, и веројатно се искомплицирала поради вирусот.

    Да, тој е терминален, но компликациите се директна последица на вирусот.

    Затоа и ги бројат, но тоа треба да биде појасно образложено, за да не доаѓа до забуни.

    Речиси сите се со коморбидитети, болест која дополнително се искомплицирала поради ковид19.
     
    На candy.cane, Dennings, allaround и 7 други им се допаѓа ова.
  4. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Женски
    Ова е само потврда на се она досега кажано. Маестрално се справува Македонија со вирусот. Не дека не ги сакам вемеро (не ги сакам ич ги сметам за едноклеточна партија), ама маестрално одиграно од власта.


    Моето однесување во случајов фрла една нова страна во социјалниот живот во иднината. Јас лично сметам дека сум созреана до степен да можам да расудувам и лично и општествено одговорно. Созревањето во случајов идеше постепено како доаѓаа информациите и мерките од државите. Би рекла и така како што ја поставуваш тезата доколку не понудам адекватна заштита во ова време. Али не сум неодговорна по природа. Доста ми е али не по цена на загрозување лично и општествено здравје.


    Новиот живот го манифестирам на тој начин. Барам решенија кој би го минимизирале ризикот на заразување од една страна и би допринеле на социјална сатисфакција од друга. Знаеш ние сме социјални битија по природа, за да бидеме функционални мора да ги изместиме параметрите.
     
    На candy.cane, DraganFem, zhap4e и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    Од каде 0,08 кога епидемиолози тврдат ширум свет дека не се сите откриени и регистрирани?
     
    На candy.cane, Angie1432 и WildMk им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.458
    Допаѓања:
    190.860
    Ок. Моја одговорност е дали ќе се гледам со баба, другарка, кумашин. Со колку луѓе комуницирам јас во животот? А со колку луѓе доаѓам во контакт на работа или во средно училиште или во болница?
    На државата е да го регулира работењето на големите образовни институции, со голема фреквентност на луѓе, и да дозволи или забрани големи собири на инаку општествено неповрзани индивидуи, како концерти и утакмици. Толку. Не да ми кажува кога да одам да купам леб.
     
    На candy.cane, Sejfullai, christinnn и 6 други им се допаѓа ова.
  7. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.638
    Пол:
    Женски
    Мојот дедо на времето беше тежок дијабетичар, го фати тежок грип и почина недела дена отпосле пројавување на симптоми на грипот.
    Зошто беше воден како починат од дијабет, а не од грип ? Сепак грипот довел до одредени компликации нели.
    Зошто не беше воден како починат од грип ?

    Логика нема.
     
    На candy.cane, elenaxbbg, renata77 и 7 други им се допаѓа ова.
  8. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.638
    Пол:
    Женски
    Од каде ?
    Од официјалната бројка на состојбата во нашата држава.
    Да не можеби ти ја имаш вистинската бројка ?
     
    На candy.cane, Herrera, prominent и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    За тие што практицираат она што е препорачано како мерка за заштита, не е проблем.
    Проблемот се оние кои 'не веруваат', или не сакаат да веруваат.

    Да бевме сите одговорни, немаше да има потреба од полициски час и такви глупости.

    Дури и социјализирање не е проблем, се додека нема гушкање, бакнување и кашлање во лице.
     
    На candy.cane и mal.ecka им се допаѓа ова.
  10. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    Официјални се и изјавите на епидемиолозите кои тврдат дека секаде има многу нерегистрирани.
     
    На candy.cane, CameliaMiller, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.606
    Допаѓања:
    63.328
    Пол:
    Женски
    Ич не ми е намерата да се расправам. Најискрено. Немам намера да се карам зошто не мислам дека е погрешно што луѓево сочувство изразиле.

    Ниту па мислам да се карам и да се правдам зошто ги имам моите ставови. Тоа ти што си го пишала јас никаде не сум го рекла. Никаде, никогаш не сум рекла дека сите ќе изумреме. Ниту пак сакам да се затвориме уште месец, два, до Нова Година. Ама дека сакам да се подигне нивото на свест и заштита кај народов сакам. Според мене нехумано е да натераш човек да работи сега а си му обезбедил само една маска за секој ден. Исто според мене ниту еден сектор не треба да продолжи да работи без да има барем за 1 месец залиха на маски и ракавици. Кај нас докториве ич не сакате да знаете колку заштитени работат. Имам директни информации за ова - знам. Тоа ми е најголем проблем - што мислам дека немаме доволно заштитна опрема за работниците. Ако обезбедат секој човек обезбеден да работи уште утре нека тргаат карантин шта се мене тиче.

    И јас сум да се враќа постепено се во нормала, ама од друга страна свесна сум дека ако пукне многу полошо се враќаме на нулта точка. И не ме прави хистерична тоа - туку едноставно по 100 ти пат ќе повторам сакам да ги знам сите опции пред да донесам некоја одлука. Ене ти ја @CameliaMiller кажува каква е ситуација по болници. Од прва рака информации. Девојчето сигурно не те лаже. И сеа мене ако тоа однесување ме загрижува не мора одма да ми се пишува дека шитам паника.

    Ај прекинувам, на себеси више си станав досадна. Истово го верглам по 30 пати.
     
    На candy.cane, ohlalalala, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.334
    Уште не сфативте дека гужвите по маркети и банки беа БАШ ЗАРАДИ полицискиот час?
    Па уште се бараше и да сме имале само два-три саати во ден да одиме до маркет:drunk:
    Не знам како е кај други, кај мене во маало сега многу помалку гужва има по маркети отколку претходно кога беше од 4 полицискиот.
     
    На candy.cane, SandStorm, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.
  13. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.638
    Пол:
    Женски
    Тоа е само нагаѓање.
    Каде се ?
     
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Никој не знае точна бројка на заразени.
    Доправа ќе се смета и пресметува.

    За да знаеме, треба секој еден човек да биде тестиран дали прележал или е во моментот инфициран.
     
  15. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.941
    Допаѓања:
    53.178
    Пол:
    Машки
    А што има врска како го водат, работата е што вирусот може да доведе до фатални компликации Стоунд, без разлика дали ќе влезе у статистика на починат од ковид или од дијабет.
    Разликата од грип и ковид. За првото има вакцина за второто нема. Толку.
     
    На темјанушка, candy.cane, ohlalalala и 11 други им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    И смртноста е поголема.
     
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.002
    Ех, треба, ама јас не сум нешто воодушевена од тоа како до сега се организираа.
    Раштркани се пациенти во две болници, цело здравство на штрек...

    Не е само да намалат термини, а ќе намалат, кај мене конкретно се на 20мин. но на други оддели, зависно, можат да се подолги или пократки.

    Оди објасни му на дедото закажан во 12 да не доаѓа во 8.

    Не можам да ги држам пред болница на 50 степени летоска. А внатре е таков ходникот, нема прозори. А и да има, голема работа кога ќе се згушнат.

    Повеќе ми се свиѓа да ни организираат работа на отворено, него тука да примаме редовно пациенти, жими се'.

    Да се земе во предвид и возрасна група, на спортска медицина пр. одат помлади и очигледно поразбрани, со моиве малце потешко, и пред коронава колку имам пишувано дека на таа возраст нема многу разбирачка, а премногу ми е жал.

    Друга работа е што гужвата која нормално ја имаме на пролет, сега ќе се случи сред лето, а лето и покрај намалена работа луѓе ни колабираат, иако не чекаат долго.

    Не знам, не знам што ќе биде, од една страна веќе предолго чекаат, од друга страна не сакам ни од вирус, ни од топлотен удар да ни поумрат :(
     
    На candy.cane, ohlalalala, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.458
    Допаѓања:
    190.860
    Сега може да тврдите дека полицискиот час ја решил утакмицата, јас гледам подеднакво таков ,,неодговорен,, народ, па поминавме без истиот. Соодносот на случаи, регистрирани, фатални е тој. Ама ако тешка артилерија ви дава чувство на ситуација под контрола- ок.

    @CameliaMiller се надевам дека вирулентоста ќе му опадне. Ако лажат, сегде лажат дека бројките опаѓаат. Или вистина му поминува силата.
     
    На candy.cane, DraganFem и DAngel им се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.934
    Допаѓања:
    163.984
    Ако мислиш дека можеш да го контролираш тоа, ок.
    Ти сугерирам на тоа дека - абе не се мешаме со никого може да е точно, но седам и на клупа во парк, само ние двајца, на која плукнал тој пред тоа, а бил асимптоматичен на корона, во дел од секунда се фаќам за лицето и одам на гости потоа...
    Па дури и на отворено ќе речам, пеки... ама дома ...

    Јас лично се фатив колку микро и несвесни движења правам во тек на пазарење во маркет. Ужас. Па јас не се однесувам со страв себе да не се заразам, туку други да не заразам, зошто секое одење во маркет, едно микро несвесно движење ќе отиде се по ѓаволите. А сите ги имаме, нормални се.

    Ние сме социјални, точно, ама во време на интернет, тоа е лесно решливо. Но има друг момент кој не ни се задоволува во моментов, а тоа е суетноста. Така да, суетни сме...
     
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    Дома. Може се само омалаксани и мислат дека се метеопати. Може асимптоматски се.
    Зависи што сакаш да постигнеш. Ако сакаш политички да ја нападнеш власта, ок се сложувам дека 1500 заболени, не е многу. Ако сакаш да ја видиш реалната слика за вирусов од држави кај што има масовно тестирање па излегуваат малку повеќе од тоа што се мислело, тоа е друго. Зависи што ти е целта со пресметкава од 0.08, дали политички напад или засекирана си за вирусов :)
     
    На candy.cane, queen19, fana и 1 друга личност им се допаѓа ова.