Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    Ај бе нека излезе сеа некој шо го познава семејството и од “сигурни” извори нека каже нека им дале 2000 евра за да го водат ко починат од корона и да ја затвориме темава...
     
    На queen19 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.453
    Пол:
    Машки
    Почивај во мир легендо!

    dragan-vucikj.jpg


    (автор на најголемиот македонски евергрин)
     
    На LadyC, темјанушка, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  3. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.638
    Пол:
    Женски
    Ова не е одговор на прашањето кое што го поставив Камелија.
    Ништо не спречуваш со тоа што починат од дијабет го ставаш во официјална бројка на починати ОД Корона.
     
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.455
    Допаѓања:
    190.855
    Не сум гледала филм со пандемија. Сум гледала видео, кајшто госпожата се спрема за пандемија- вели, очекувано времетраење на пандемијата- 3 недели. Видеово пред Ковид.
    Точно, најефикасен систем на справување е 100% изолација и шат-даун. Ама тоа важи за секоја инфекција, вирус, ватевр. И во реален живот е неизводливо.

    @tijanana , за маркетингот- како знаеа од прв ден дека ОВА е ТОЈ вирус. Уствари уште пред првиот ден, кај мене уште немаше регистрирани случаи, тие (медиумите) излегоа со фанфари за некаков пандемиски план и потенцијално 70% заразена популација. Мислам, врз база на каков вирус им е проектиран тој фамозен пандемиски план, спремен уште пред ковид, да не е случајно базиран на ебола? Не сум следела никакви конспиративни извори, ниту знам што е со Бил Гејтс, ниту какви биле неговите воркшопи. Зборувам за официјални информации, и Меркел се повика на тие 70%.
    И после ова, не затворија граници, не превземаа самоизолација на вратените скијачи, не ги контролираа на граница, чекаа да се рашири па да затворат.
    Каква игранка е ова?
     
    На ostoun и Herrera им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Северитетот на мерките зависи од тоа колку знаеме за одреден вирус и колку брзо се шири, како се пренесува, колкава е смртноста, кои се последиците итн..итн..
    А сега, сеуште не го знаеме сето ова.

    Клише, ама: Поарно да се спречи, отколку да се лечи.
     
    На tijanana му/ѝ се допаѓа ова.
  6. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Женски
    Да сум суетна Лили би ти кажала. Не сум. Нормален човек со обзир кон моменталната состојба.

    Налик на премин преку пајажина. Го имам тој момент наутро со мојот Ози додека го шетам. Мафтам околу себе редовно. Но си велам наутро во 5.40 никој не ги фатил кваките од врата кивајќи си во шака покрај три кесеци трубења кај се кива? Шознам, имам некаква вградена доверба за луѓето дека не се мороња 100% и сфатиле до сега кај се кива. Оној дел кој не сфатил е во мили проценти и е небитен за вкупниот процент.
    Иако ти изгледа дека се неодговорни сепак човечкиот задник е најбитен.

    Знаеш, интернетот не е доволен. Јас сум стара гарда каде ќе умрам со кодот “човечки допир”. Јас со месеци се прилагодував кон новото, можеби дојде време општеството да се прилагоди на нам?
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Ќе ја прашаме Меркел од каде тие информации, јас навистина не знам:D
    Муабетот ми беше и се' уште ми е дека не беше/е маркетинг, барем јас така гледам на сето ова.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Пак народот крив. :D
    Секаде имаше Цаци, Вајлд. Ама реално е дека колку повеќе време поминува, толку помалку реални вести имаме, повеќе дезинформации и зголемен број на лажни вести.
    Башка, новинари уште пред 3 недели се бунеа дека министерството единствено на КОД им дозволило да снимат за болниците, и дека се што можеш од информации да добиеш за коронавирусот е од пресовите кои ги води министерот. Во превод, министерот си отвори своја телевизија, оти нели, слободата на новинарството им е ептен битна.
    Ама вонредна состојба е, што зборувам јас. Кому му е гајле за новинарство и вести.
    Ништо не знаете, онака ве оставаат во неизвесност само мерка по мерка да чекате, да видат прво како ќе се однесуваат граѓаните па ќе ви кажат. :D
    To make someone wait is the prerogative of all power.
     
    На renata77 и zhap4e им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.002
    Ама па и не читаме само во земјава, оти така мислиш?

    Еве мене ме интересира за сите други земји, само према САД сум мех. Ама за Европа ме интересира.

    Не сум согласна баш со мерките, но далеку од тоа дека нашиве доктори зборат нешто поразлично од кои било други.

    Мислењето им е тоа, е сега, која држава каков пристап ќе има за справување, може да дискутираме.

    На крај ќе се преброиме, што би рекла @malerozna . Ама уште има време до крајот.


    Едит: еве од прва линија ти кажувам дека нема ништо спектакуларно внатре во болница.
    Се носи максимум заштитна опрема, се менува на 3-4 часа, за тоа време нема јадење, пиење, мочање. Истото важи за сите, од чистачка до доктор.

    Не знам што конкретно те интересира, ама ако знам одговор ќе ти одговорам.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.453
    Пол:
    Машки
    Тие се понашаа индолентно и непрофесионално на почетокот. Границите и аеродромите не ги затворија. Не се наручија на време респиратори и медицинска опрема. Војската не беше ангажирана. Жариштата не беа елиминирани.

    Тек тогаш кога изби во Дебар, Скопје и Куманово пандемија се вклучија алармите.
     
    На BlackNight му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.455
    Допаѓања:
    190.855
    @WildMk e ко така, да си купиме космонаутски одела и да тераме со животот. Со климатизација некои, пошто лето иде;)
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.085
    Допаѓања:
    131.301
    Пол:
    Женски
    Кај едниот дел од починатите вирусот бил директна,а кај другиот дел индиректна причина за смртта.
    Нормално е и 2-та да се внесуваат во статистиката.
     
    На темјанушка, candy.cane, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.941
    Допаѓања:
    53.178
    Пол:
    Машки
    Ако беа затворени ќе плачевме зошто само кај нас се затворени, ако војската излезе на улица такоџе ќе хистеришаа луѓето. Не ни се наоѓа крајот и на нас друже.
     
    На candy.cane, elenaxbbg, pdb123 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Индивидуалната слобода е битна, се додека не е на штета на другите, а и себе си.
    Не му верувам на Филипче за се'.
    А за користа/штетата од мерките, доправа ќе има извештаи.
    Новинарството не замре, ако не смеат да влезат во болница.
    Што е со истражувачкото новинарство?
    Нека идентификуваат заразени, нека ги интервјуираат секој посебно, нека интервјуираат доктори.
    И надвор од болниците ги има и едните и другите.

    Новинарите ни се пасивни.
    Од нив зависи колку одговорно ќе си ја извршуваат должноста.
    Сигурно не влегол некој во Овалната соба и да слуша што се зборува, па да извести во Вашингтон пост или ЊуЈорк Тајмс(карикирам). Наоѓаат извори, на кои им го проверуваат кредибилитетот.
    Односно... би требало да е така.
     
    На ohlalalala, cresa-jagoda и tijanana им се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.928
    Допаѓања:
    163.966
    Не си ти, велам генерално луѓето се.
    Мороњи се. Жал ми е, ама се.

    Вајлд, не е индивидуалната слобода најбитна. Тој став ни го уништува животот и тоа е про западњачки концепт кој се докажа дека е ужасен со оглед на бројот на војни кои ги предизвикаа. Заедничката слобода е најважна, а тоа значи ропство за одредени индивидуалци кои не се прогресивни, ами суетни.
    Индивидуалност од една страна, а човек ко социјално суштество од друга. Парадокс.
    Функционираме во комплексен систем во кој сме лесно заменливи, а најважен е заедничкиот добробит.
     
    На Dennings, pdb123, LivingGlam и 3 други им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.002
    Затоа и реков дека треба појасно да биде кажано.
    Дека тие на домашно лекување може умреле од мозочен удар нели.

    Ама факт е дека сите тие заедничко - корона имаат.

    Отом - потом ќе видиме во кои инстанци било недвосмислено влијанието на вирусот, во кои немало влијание, во кои бил директна причина за смрт.

    За такво нешто - рано е.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.334
    А чеејте...има случај некој да се заразил од тоа што си го допрел лицето после допирање на облека која пак случајно ја допрел до ѕид/клупа на која случајно некој се искивал и тако даље? Или да видат во дом на заболен дали стварно вирусот е во толкава концентрација по кваки, постелнини, прибор (измиен)?
    Зашто првично паниката беше од тие кажувања.
    Јас освен дезинфекција и миење на раце и само менување облека за дома и надвор, друга некоја посебна хигиенска мерка не практикував, а кога читав овде коса ми се креваше, се осеќав ко убиец.
     
    На candy.cane, Nausicaa, christinnn и 3 други им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Не мора до толку :lol:
    Само да избегнуваме физички контакт и да носиме маски.
     
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    @CameliaMiller па имаш грото домашно население, посебно од постарата популација кое седи дома пред телевизор и не чита ништо, не слуша ништо, и не зборува други јазици. Ним извор за инфорамции им се македонските и српските телевизии.
    Исто се однесува и на голем дел од населението кое информациите ги црпи од социјалните мрежи.
    Деновиве излезе истражување според кое Македонија е најподлежна на лажни вести од цела Европа и дека има најнеквалитетно новинарство во Европа.
    Значи не се сите интелектуалци кои непристрасно на 5 јазици ќе прочитаат и ќе одлучат во што ќе веруваат. Државата мора да обезбеди информации на своите граѓани, нема сите од надвор да си ги најдат.
    @WildMk не знам што е со истражувачкото новинарство. Прашај ја Менче Точи на пример, што најактивна беше за се што се случуваше во здравството и сега замре, падна, онака, млитаво. Уште и без веза прашања поставува. Има тука нешто, не знам што е.
     
    На ohlalalala, candy.cane, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.002
    Тоа за никој не можат да го докажат, баш Трпана ќе се сети оти фатила супа у маркет а после цигара пушела :)

    Тестираа колку долго е жив вирусот на различни површини, оттаму беше и препораката за често миење на раце, дезинфекција и недопирање на лице, т.е. уста, нос, очи.

    Ова би требало и во нормален живот да се применува, доволно има вируси/бактерии/разни микроорганизми/паразити/габи итн. што можат да не' разболат и убијат.
     
    На ohlalalala, candy.cane, pdb123 и 2 други им се допаѓа ова.