Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    10 минути зборуваше за малтене да ги каже истите работи кои веќе многу пати ги повтори. Никакви новости, препораки и наредби за затварање институции.
     
    На Harper, smile:), темјанушка и 5 други им се допаѓа ова.
  2. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.054
    Допаѓања:
    225.402
    Пол:
    Женски
    Сите овде што сме медицински лица верувам можеме да речеме дека настапот и начинот на кој министерот одлучи да пријде во врска со Ковид е -строго коректно и сеопфатно.
    Јас како дијагностичар на болести, можам да речам само браво за неговата поставеност, и среќа, што е тој на власт. Да беше друг верувам немаше вака да биде бидејќи во овие 14 год сум видела многу, ама многу случаеви каде станувало збор за болести со поголема стапка на смртност и мува не ги лазеше.
    Проста маса секогаш ќе има, среќа немаше такви новинари, кои и политиката ќе ја вмешаат за време на вирус со пандемски размери .
     
    На Ivan4e04, glosipgirl, Alisa22 и 29 други им се допаѓа ова.
  3. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    А какви препораки да каже???Што друго да измисли?
    Тоа се препораките.Хигиена,избегнување на непотребни патувања,да нема масовни собири,повеќе внимание на секој од нас.Тоа се препораките и на СЗО.
    Останува на свесноста на поединецот.

    Добро се носи Филипче со целава ситуација,колку и да не ни е по ќеиф да признаеме.Транспарентен е и редовно известува.
     
    На Ivan4e04, ElenaOfRivendell, Mr. Right и 22 други им се допаѓа ова.
  4. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Препораки во контекст на затворање училишта, јавни центри и установи, па дури и затворање граници со критични земји. На тоа реферирав, не на нови мерки.

    Не мислам дека добро се носи. Тоа што редовно известува не значи апсолутно ништо. Teк топрвин ќе видите зошто.
     
    На bicycle му/ѝ се допаѓа ова.
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.513
    Допаѓања:
    251.452
    А ти експерт од СЗО си за епидемии?
    Не потфрли министерот туку несовесниот народ.
     
    На Ivan4e04, ElenaOfRivendell, LivingGlam и 11 други им се допаѓа ова.
  6. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.054
    Допаѓања:
    225.402
    Пол:
    Женски
    допрва ќе видиме не ради него, туку ради Нина и слични на неа што за 8ми морале да се шлаат.
    Филипче не може дома да ги врзе. Човекот следи сзо наредби, не може ради поединци да менува светски стандарди.
    Допрва ќе е јакото, ама ај да не ве потсеќам претходниот колку мува не го лазеше птичјиот кога дојде на репертоар.
     
    На Ivan4e04, Alisa22, VDT2906 и 19 други им се допаѓа ова.
  7. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Не сум знаела дека со известувањето на јавноста Филипче добро се носел со ситуацијава?
    Затоа имаме сега уште 200 потенцијални болни од корона после оваа со директоркава.
     
    На Asdasovski му/ѝ се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.116
    Допаѓања:
    67.103
    Пол:
    Женски
    Мене уште не ми се верува. Не ми се верува дека една докторка може до толку да биде, до толку нечовечна, несовесна. Да држи симпозиум еј, со толку многу доктори. Доктори од Штип биле присутни и тие сега во карантин. Каде одела, со колку луѓе била во контакт... Целиот народ покажа колку е себичен, затоа и толку се шири вирусот, се бега од карантин и се мисли на себе само. Голема работа, само старите умираат пффф...
    Никаква совест да се немало, никаква.
     
    На Nightwish11, Ivan4e04, glosipgirl и 34 други им се допаѓа ова.
  9. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Не ми се обраќај арогантно, немаш повод ниту причина.
    Инаку секако дека потфрли. Отворени граници, никакви внатрешни мерки. Се санираат последиците наместо да се превенираат. Масовна паника кај народот како резултат на мерките. Брат му по идеали Спасовски сеуште глуми добриот универзалец. Сите ги сакаме, па наводно почитуваме политички и човекови права во период на епидемија и затоа не затвараме граници. Мудро и одговорно, за пример.
     
    На veteruska му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    10.477
    Пол:
    Женски
    Не знам дали ти и сите оние кои нон стоп ги споменувате тие ризични групи го заборавивте фактот дека докторот во Кина што прв алармираше за коронавирусот почина од него.

    Точно е дека тие ризични групи најмногу страдаат,но не е дека нема ниту еден случај, затоа што 0,2% од 10-39 години и 0,4% од 39-40 години сепак починале од коронавирус, а 0,9% од вкупно заразените биле потполно здрави.

    Може да се случи да дојде до компликации, не треба да се паничи,но не треба ни несериозно да се сфати и да се мисли дека не е ништо.
    Сеуште нема вакцина,за разлика од грипот а и побрзо се шири од грипот, така да јас лично не би ги споредувала.
     
    На ~Allure~ и Purplelilac им се допаѓа ова.
  11. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.599
    Oвa е клaсичен пример кaкo не требa, aј дa речеме билa ден двa нa рaбoтa и и билo дoзвoленo, aмa не целa неделa сите и oделе пo гзoт.
    Oдгoвoрнoстa е и нa тие штo не пoстaпувaaт и ќутaт.
     
  12. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    А каква врска има министерот со совеста на граѓаните?
    Мислиш тој очекувал од докторкава вака да се понесува, а и што може да направи тој за да би го спречел ова?
    Мислам, далеку од тоа дека го бранам. Пропусти милион. Воопшто салам министер не сме имале.
    Ама за во овие случаеви најдобро е да не ја префлуваме вината каде што ја нема, него да се чукнат во главите оние пто треба да се свесни, а тоа сме ние луѓето.

    Сам по себе еден единствен човек не може да направи ништо. Ама баш ништо. Не министер и претседател да е пак не донесува сам одлуки. А пак во вакви случаеви каде се зависи од широката маса....ха, незнам дали постои некој кој би ја контролирал ситуацијава
     
    На Ivan4e04, Alisa22, KateKane и 13 други им се допаѓа ова.
  13. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    26.477
    А што е виновен Филипче? Човекот две недели труби да не се оди во Италија. Ама ние гледаме да тргнеме до Италија за 8-ми Март и да идеме на скијање. Иако препораките се да не се оде во Северна Италија, никој не слуша. Важно е да се стави слика на Инстаграм дека за празникот сме биле надвор од државата.:|
     
    На Mencia, Nightwish11, Ivan4e04 и 16 други им се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.140
    Допаѓања:
    180.979
    Ама тој е министер за здравство, толку му е ресорот. За такви мерки што збориш ти, треба премиер да излезе (ваљда имате таков?). Сите граници се критични. Затворање установи, карантини, тоа се мерки што треба да се осмислат, кој-што-и како треба да прави. Ако се умни, ќе препишуваат искуства од други земји, мислечкиот капацитет на политичарите, за жал, ми е под знак прашалник.
     
    На smile:), темјанушка, emiliana и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.759
    Допаѓања:
    172.993
    Пол:
    Женски
    Одговорноста е на докторката а не на филипче. И одговорноста на сите ненормални кои без потреба одат во црвени зони. Ајде да имаш итна потреба ќе разберам, после да си се изолираш и самиот, ама свесно да одиш..за што? За скијање.. Големото чудо, нема снег на друго место, мора во италија..

    Што може човекот? Да ја врзе во карантин? Тогаш може да тужи за киднапирање


    Министерот поприлично добро си ја врши работата, тоа му е работа..да организира оддели за карантин, да излезе на прес..
    Прашањето е колку другите околу него си ја вршат работата.


    Патем Венко рече и во штип кожното ќе го затворат најверојатно.. а тие од 8ми септември што не биле на конференцијата ќе останат да се ротираат за да има кожни лекари ако е итно

    А за затворање школи, граници, музеи и сл треба кризниот штаб да заседава и да донесе одлука. Не е тоа одлука на Венко
     
    На Ivan4e04, tigarce, NarCis@ и 20 други им се допаѓа ова.
  16. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Мене ми е јасно дека идентична ситуација би била и со вмро. Ова со Џули дописката не ми е напишана со таква намера. Зборувам за факти. Никој не ги спречува да ги затворат границите (ако сакаат), со оглед на тоа дека немаме капацитети за карантин. Какви човекови права какви бакрачи, луѓе гинат. Човековиот живот е приоритетен, не странската наредба.
     
  17. P.S.love

    P.S.love Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    1.054
    Допаѓања:
    9.156
    Пол:
    Женски
    Настрана госпожата докторка што не се пријавила, туку, зошто воопшто се одржа таа конференција во саботата? Нели сите јавни собири се откажани до 13ти март? А, сега, сигурно и се продолжи забраната.
    А, за докторката, немам коментар-крајно нехумано, несовесно и неодговорно!
    Јас работам во ординација за кожни болести, докторот беше поканет лично од претставничката на таа фирма, ама среќа што не присуствуваше. Ама затоа присутна беше началничката од кожното одд.во мојот град Бт, и кажа дека имала контакт со заболената Цаца. Денес таа е дежурна и покрај препораките, не сакала да си оди дома:!: иако имаше контакт со многу вработени, пациенти и други рандом луѓе.
    Сопругата на мојот газда е исто вработена во кожното одделение и таа и многу други вработени таму, од утре нема да одат на работа додека не се реши случајот.
     
    Последна измена: 9 март 2020
    На Doozy, Nausicaa, Thallia и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Сериозно мислиш дека одлуките за такви големи работи ги носи еден човек? Не е така, плукни залепи, затворај граници, школи со 4ца заразени
     
    На smile:), темјанушка, 1209 и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    На затварање граници со критичните земји и мислев. Не целосно. Не можеме комплетно да се изолираме, тоа е повеќе од јасно. Затоа реков брат му по идеали - Спасовски. Се подразбира дека мислам на него и целокупната врхушка.
     
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.513
    Допаѓања:
    251.452
    Кој затвори граници и тоа заради еден случај?
    И Италија не е целосно затворена, никија држава која е исто така ризична.
    Не се затвараат граници туку така. Си има процедури, препораки ама ние сме експерти за се.
     
    На candy.cane, smile:), vitamina и 6 други им се допаѓа ова.