Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.774
    Пол:
    Женски
    Ако доаѓаш во Мк тестот најверојатно треба да е правен од земјата од која доаѓаш и да го покажеш на аеродром?!
     
  2. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Да бев ко Филипче досега на прес ќе го отерав цел народ у пичку матер и ќе дадев оставка.
    Јавно ќе им пцуев и мајки и шајки посебно на оние што коментираат кај него.

    Зар вреди Филипче објави да остава или прес да држи на вакви тешки ретарди?

    Пиштеа за вонредна состојба, а не ни знаат што е тоа. Секој ден пишуваа уште колку да умрат за вонредна.
    Ете прогласија вонредна.

    Истите идиоти се чудеа што е тоа.

    После плачеа за полициски час да сме имале. Ајде ставија.
    Ама доцна почнувал. Дали бил нормален?
    Ајде го преместија и плус целосна забрана имавме по 3 дена.
    Е сега многу било. Полуделе дома што ќе правеле. Досадно им било, па викаа дали имате осет дека сме затворени и ќе полудиме.

    Ајде намалија полициски. Е сега викаат нов пик ќе има. Со кој памет намалува треба уште строго. Не бил нормален.

    Тој вика полека ќе се враќаме во нормала, тие бараат одеднаш се да се укинело за во кафана да оделе а некои свадби да правеле.

    Градинки да почнат....ама не знаат децата да држат дистанци...абе доста лажете вирус не постои...абе пари давале за да лажат...

    Само контра пишуваат, само бараат нешто, само врескаат, само кукаат.
    Битно мора да пишат некое срање.

    Знаев дека има многу глупи, ама вакви тешки идиоти не сум сретнала во живо.
    Ко митолошки суштества се. Да ти е мерак јавно да ги пцуеш.
    Кој се нема пристап до интернет.
    Оди пушти што сакаат нека прават, не вреди да се бориш за ваков глуп народ.
     
    На ohlalalala, Tirquoise, dunika и 50 други им се допаѓа ова.
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.114
    Пол:
    Женски
    Така разбрав јас.Среќа па овде е бесплатен,но доколку е потребно ќе си платам.
     
    На DraganFem и friendy им се допаѓа ова.
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    Колку разбрав градинките ИЛИ ќе ги отворат ИЛИ ќе ја продолжат мерката.
    На нет прочитав дека за да се врати детето во градинка ќе морало потврда од работа од двата родители и копија од ЛК од баби и дедовци (дека не живеат на иста адреса) за да се примеле само оние деца на кои навистина им е неопходно чување.
    Незнам колку е ова вистина.
    Имате слушнато?
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.991
    Допаѓања:
    37.155
    Пол:
    Женски
    Кај нас во градинка денес ни поставија прашалник колку деца би имале потреба да се вратат со меркава и без неа?
    Јас секако не ја пуштам. Чекам да профункционираат, да одам да ја отпишам. И така претходно планиравме до јуни да оди.
     
  6. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    Пипаат пулс дали ќе има многу деца кои ќе се вратат во градинка.
     
    На kukla21, WildMk, TrinityNeo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.747
    Допаѓања:
    176.014
    Пол:
    Женски
    Ако бабата е неподвижна, ако е дементна...
    Ќе треба и лекарско да се носи?
    Има и такви кои воопшто не ни зборуваат со старите, а живеат во иста куќа.
    Ќе им се наложи да мора да се смират за да им го чуваат детето?

    Глупости:doh:
     
    На LadyC, oblace1, cresa-jagoda и 9 други им се допаѓа ова.
  8. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.582
    Пол:
    Женски
    @JollyGirl народот не е ништо полош од СЗО, медиумите, Филипче, многу доктори и да не редам на таму. Како да размислува народот кога го слушаат ова:
    Вирусот убива само стари и болни луѓе... уствари не, вирусот убиваи млади и здрави. Децата не се ризични, ама сепак децата се ризични. Вирусот опстојува по 3 дена во воздух, уствари не, тежок е, паѓа на земја, и умира. Маските штитат, маските се штетни. Мора ракавици, не мора ракавици. Мора чист воздух, не смее воздух, забрана на шетање во шуми, на ливади. Мора колективен имунитет само така ќе се среди.... не смее да се заболи никој, само така ќе се среди. Вирусот почнал јануари, не... март почнал, не.... декември, не.... лани. Ова е постоечки вирус, ова е нов вирус. Починатата во Велес имаше позитивен тест, а починала во јануари... не... починала во март... ама полицаецот имаше позитивен тест, ама немаше.
    Треба масовно тестирање, тестовите даваат точни резултати, ама овие 3 негативни биле лажно негативни, ама оној бил лажно позитивен. Треба 7 дена изолација, не, треба 14, не.... 28. Шведска прави грешка, мора да има карантин.... пофалба за Шведска, не презедоа мерки, а супер се носат со ситуацијава.
    И сега, народот што треба да мисли и што треба да верува?
     
    На Ivan4e04, LovelyGirl3, tina2018 и 13 други им се допаѓа ова.
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.010
    Допаѓања:
    45.832
    Пол:
    Женски
    За викендов како е со полициски, јас оти у карантин не ме занимаше, сега поим немам како е...некој инфо?
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.487
    Допаѓања:
    22.821
    Пол:
    Женски
    а има и такви што едноставно не сакаат да чуваат...
    Имам блиски заедно се, ама неќе да чуе да чува..
    Јас сум дома па дете идеше во градинка, сега чекам состојбава да помине да почнам да работам..
    Зошто би чувала баба у тој случај....
    На иста адреса се водиме, не живееме заедно.. тоа е глупо...
    Не можат да кажат кој да ни чува деца....
    Ако не почнам на работа, ок ќе си седи дома..така и е најлогички....
    И немаат сите баби у цутот на младоста.
    Ако има некој постари.. 80 на пример... не е ни фер нив да им остаиш дете...моите се по 67со баба дома од 90...
    Сепак, не сум за се уште да одат во градинка... од друга страна мора да се работи.
     
    На LadyC, Mantub, eli25 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.899
    Тоа со бабите е рекла-казала, бидејќи баш во ситуацијава сакаат двете старосни групи да ги одвојат. Секако нема да се бара баба да чува внуче во ситуации кога никогаш го нема чувано (зборуваме за деца кои одат во градинка).
    Спомнаа опција со потврда од работа, спомнаа и опција за септември (што мислам, и се надевам, дека е помалку веројатна), секако веројатно и испитуваат пулс колку деца би имало.
    Лично сум засегната со датумот на отворање, не со потврди и слично, бидејќи мали оди во приватна градинка, а таму секако ќе си ги примат децата што се запишани.
     
  12. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.352
    Допаѓања:
    119.370
    Пол:
    Женски
    Aбре какво продолжување, се знае како ќе биде. Родителите назад на работа децата во градинка. Толку е едноставно. Ќе продолжеле мерки како не |(
     
    На LadyC, tina2018, lovestoneddd и 4 други им се допаѓа ова.
  13. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.286
    Пол:
    Женски
    Они и можат да продолжат мерки, кои се само препорака за приватниот сектор во многу фирми знам дека се вратени родителите.
     
    На fana и kikin им се допаѓа ова.
  14. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.155
    Допаѓања:
    221.775
    Пол:
    Женски
    Читав и јас за направен тест при влез, ама тоа од сега е, јас зборувам дека читав тука, а тука доволно се поврзани со хрватска дека од крајот на месецот почнува туристичка сезона и се ќе биде скоро нормално.
    Нема шанси да носат тест за ковид.
    Ќе видите дека така ќе биде, читав сега и тука за во италија дека од почеток на јули ги чекаат русите, може германците и австријците и порано или пак од јули бидејки имаат многу германски и австриски туристи

    Тука на медиум беше ставено за хрватска, исто така читав и за кај нас дека од 1 јули се очекуваат странски туристи
    Ова и очекувано ми беше не ми е ни чудно.

    Каде и да е ќе излезе и кај нашите медиуми.
     
    На senjorita-v, LejlaD, buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Јасно е дека сите се збунети. Прв пат се соочуваме со ова, се е ново и непознато.

    Разликата е што на обичниот народ не му е работа и не е платен за да предложува мерки.
    Некој Стојан цел живот што се занимава со сточарство или е професор или е кројач, застанал да пишува какви мерки треба за доброто на сите. Појам нема, а коментира.
    Толку ли е тешко да следат што ќе кажат од министерство и да се придржуваат кон тоа?

    Соопштуват нова мерка, ако ти се свиѓа следи, ако не, оди против неа.
    Еве преживеавме и карантин и полициски. Ништо не е страшно ако пазиш и следиш што се случува.

    Не мора да колнат, да пцујат, да преувеличуват и да плачат по коментари кај него.
    Ако мислат дека се заштитени дома, тогаш нека седат...Ако сакаат воздух, нека одат на воздух.

    Доктори, СЗО, медиуми...тоа им е работа.
    Нешто ќе излажат, нешто вистина ќе кажат, некоја мерка ќе предложат, нешто ќе воведат.
    Од тоа плата земаат.
    И тие се збунети и никој од нас не знае што е правилно, ама барем знаеме колку толку да се заштитиме.

    Никој нема полза од колнење и злобни коментари.
     
    На mkdvesna, CameliaMiller, Dennings и 6 други им се допаѓа ова.
  16. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.582
    Пол:
    Женски
    Не му замерувајте на обичниот човек, не знаеме кој во каква ситуација е. Јас и ти преживеавме ама некој може изгубил работа, на некој можеби му се влошило здравјето оти не го примиле на болница оти немал корона, некој може пррживувал на леб и маргарин без работа овие 2 и кусур месеци.
    Секогаш ќе има луѓе до различни желби и ставови. Таа збунетост повеќе му доликува на обичниот човек, отколку на "големите експерти". Повеќе замерувам кога Филипче, или СЗО, или Даниловски ќе тресне некоја глупости, отколку сточарот Стојан, затоа што сточарот Стојан ќе си каже и никому ништо, ама кога експертот ќе каже глупост, тоа влијае на психата и на стравот на голема маса на луѓе.
     
    На BloodElf, kikin, lovestoneddd и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.963
    Допаѓања:
    14.722
    Пол:
    Женски
    Во Америка повеќето градинки што се во делови кај што е lockdown примаат деца на есенцијални работници, на другите не. И тоа е опција, да ги отворат градинките, ама да редуцираат кои деца ќе можат да одат. Па така тој што нема избор, барем ќе има опција што да прави. Реално сите што можеме да си дозволиме не би ги праќале, ама на некои ептен ќе им се најде градинката.
     
  18. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Преживеавме во смисла дека не полудевме.
    Многу пишуваа ќе полудиме со полициски час, еве досега никој не полудел.

    А за другото што си пишала дека некој е без работа, некој умрел, некој се разболел, и јас цело време го викам истото и нема потреба да испревртуваш зборови.
    Пошто и мене многу планови ми пропаднаа, мои блиски изгубија работа, и многу познаници останаа без плата...така да, не мора да ми објаснуваш каква е ситуацијата.

    И големите експери и доктои и научници се обични луѓе.
    Задача им е да најдат решение и верувам ќе биде набрзо, а останатите нека си бркаат своја работа.
     
  19. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.238
    @JollyGirl, не полудевме, но во која смисла?
    Ме плаши порастот на психичките заболувања по сево ова. Или влошување на состојбата на оние што веќе страдаат од некаква состојба.
    И не, не е доволно да свртиш еден телефон и да добиеш совет. За да не му влијае на човек ваква состојба на менталното здравје воопшто, па треба да е од камен...

    Јас се обидувам да останам присебна, да си го терам животот колку што можам, ама од вакво ,,бомбардирање'', постојано и од секаде, и тоа само со паника, страв и контрадикторни вести, секој би попуштил. И не сметам дека се обрна доволно внимание на овој аспект. Запоставена е психичката состојба на луѓето, исто како што се игнорираат и други болести, се одложуваа прегледи и операции итн.

    Додека се затвораше една дупка, се отворија безброј нови...
     
    На lovestoneddd, SeaMermaid, An-na и 4 други им се допаѓа ова.
  20. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.582
    Пол:
    Женски
    @JollyGirl , не ти испревртувам зборови, најсериозно. Си дискутирам со тебе како што би дискутирала со мајка, пријателка, сестра, без никакви лоши намери. Си правиме муабет.
    Полудевме и тоа како... семејното насилство е во пораст, имавме 2-3 самоубиства поради коронава ако не се лажам. Самиот начин на кој луѓето веќе не знаат што зборуваат и ништо не им чини е одраз на полудувањето :D Тоа е, лошо време е... и дома затворени е лошо, и болни од корона е лошо, ништо не е црно или бело за жал.
    Најмногу што замерувам на властите е што наместо разни шпекулации секој ден да кажуваат, требаше да посветат повеќе внимание на едукација за заштита. Повеќе емисии да има на таа тема, повеќе доктори да објаснуваат, почесто тоа да се врти на медиумите. Освен шпекулации, и неинформативни вести, како и турски серии, ништо нема на ТВ (ова неповрзано со претходниот муабет).
     
    На kikin, SeaMermaid и An-na им се допаѓа ова.