Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. magnolia4

    magnolia4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2015
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    9
    Точно, логично би било, ама на пример пред два околу два месеци пред затворањето, имаше забрана за државјани од земји со висок (а подоцна и среден) ризик, што во мојот случај значеше дека за мене не би било проблем, а за некој што не е од Македонија ни кажаа дека нема да го пуштат. Затоа помислив и сега да не прават некои такви работи, барем на почетокот, иако не би требало оти нели, самиот лет доаѓа од конкретна држава па така логично би било и за нејзините државјани да биде во ред.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Не знаат.
    Нов е вирусот и во 'од учат за него.
    Јасно и гласно беше кажано уште на почетокот и постојано се повторува тоа.
    Како што веќе реков 'пресметката' ќе ја имаме дооолго откако ќе заврши пандемијата.
     
  3. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    Толку и треба за вирусов. Колку и да изгледа смешно после три месеци заклучија сите земји дека само тоа е доволно. Ако имаш свесно население се разбира.

    Пребришување производи оддамна е тргнато. Нема вирус таму. Само 2 метри оддалеченост и миење раце се засега на сцена.

    За маските не гледам проблем да се задолжителни на затворен јавен простор, али на отворен во никој случај.

    Денес ме разбудија прекрасни вести од канцеларот наш веројатно авионските летови ќе ги пуштат од 31.05, а од понеделник се отвара се. Во случај да се покачи број на заразени целата област се става под изолација.
     
    На green.eyes, Doozy, mal.ecka и 8 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Акцентот е на 'свесно население'.
     
    На oblace1, Doozy, mal.ecka и 4 други им се допаѓа ова.
  5. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    57.130
    Пол:
    Женски
    :D

    Верувај, овде сме многу поопуштени од Швеѓаните ако го ставиш така.
     
    На oblace1, green.eyes и Doozy им се допаѓа ова.
  6. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.582
    Пол:
    Женски
    Ако не знаат, нека не знаат... ама тогаш не се исмевајте дека народот еднаш вели вака, еднаш така, и ништо не му се погодува.
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Според мене, народот само треба да ги следи мерките.
    А тие не се сменати уште од почетокот на пандемијата: социјална дистанца и миење раце.
    Ама и тоа не се почитува.
     
    На oblace1, mal.ecka, mkdvesna и 3 други им се допаѓа ова.
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Тоа не се почитува бидејќи не се стави акцентот на тоа, туку на забраните и казните.
     
    На Bunny2 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  9. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.899
    Како тоа не се стави акцент?! Па со секое пуштање на телевизија, на сите канали, само тие спотови се вртат, што за возрасни, што за деца, секој доктор што дал изјава тоа го труби, не знам уште што треба?

    Забраните и казните многу помалку се спомнуваат на официјалните канали, ама луѓето нормално нив повеќе ги перцепираат и зборуваат. Препораките за дистанца и миење раце најчесто предизвикуваат реакција "е арно де" и на тоа останува.
     
    На Unicornus, oblace1, Doozy и 12 други им се допаѓа ова.
  10. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.303
    Допаѓања:
    226.917
    Пол:
    Женски
    Нешто грешка си.
    Од тоа што не се почитуваше се стави акцент на казни.
    Да не заборај кај живееш:D
     
    На oblace1, P.S.love, Mishela и 7 други им се допаѓа ова.
  11. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.890
    Допаѓања:
    59.559
    Пол:
    Женски
    Дали има информација како ќе биде временски полицискиот час викендов?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Се стави акцент, се појавија Цаци, се воведоа ригорозни мерки.
    Со рестрикциите, се појавија теории на заговор, оти не им се допаѓа да бидат во рестрикции.
    Паралелно, цело време се спомнува тоа: социјална дистанца, миење раце... ама и покрај мерки и нагласување, чекаат 'ред' натуткани на куп, пијат кафе со комшии, роднини, пријатели... дрн-дрн.
    Да не беа мерките, Италија немаше рамна да ни биди.
    Вака, во пакет оние кои секако се одговорни, а и оние кои се плашат од казни 'ја завршија работата' да не се шири рапидно и неконтролирано вирусот.

    За другата опција со масовно тестирање и трекинг на контакти, секако не сме способни како држава.
     
    На oblace1 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  13. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.284
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    Ќе одржат седница мислам денес или утре и ќе се дискутира за да почне од 19ч, тоа е предлогот, би требало да го усвојат. Да се надеваме :)
     
    На Bunny2, lost123, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.890
    Допаѓања:
    59.559
    Пол:
    Женски
    Сабота и недела да започнува од 19?
     
  15. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.542
    Допаѓања:
    11.736
    Пол:
    Женски
    А во работни денови како е предлогот, од колку да почнува полициски час?
    Не сум во тек.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  16. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.582
    Пол:
    Женски
    Ставовите се контрадикторни и се менуваат секој ден. За тоа се правеше муабет. Зошто на народот ништо не му се погодува.
    За раце миење не знам дали се почитува, ниту вие можете да знаете. Дома не му сме на никој, се друго е шпекулација. За социјална дистанца, гледам и луѓе што држат дистанца, и некои што не држат. Тоа го има секаде во светот, и послушни и непослушни. Оригиналниот пост кој ти ми го цитираше се однесуваше на друга дискусија. Зошто коментарите на народот се еднаш вакви, еднаш онакви. Тоа е затоа што информациите кои ги примаме секојдневно се такви.
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Не само тоа.
    Туку кога ќе се исплашат, сакаат драматични рестрикции, ама пред да бидат спроведени, не знаат како ќе се чувствуваат, затоа што никогаш претходно не биле принудени толку луѓе да бидат 'во домашен притвор'.
    Отпосле сфатија дека им е тешко... па се премислија...
     
    На mal.ecka и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  18. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.991
    Допаѓања:
    37.152
    Пол:
    Женски
    Какви теории на заговор се појавија како последица на рестрикциите? Многу ме интересира :^)
    Сакаш да кажеш дека не ја укакаа со случајот во Велес, туку тоа е производ на фантазијава на народов оти бил со рестрикции? Ова само еден пример. Кажи ми ете, кои теории на заговор се појавија?


    Во врска со мерките и препораките. Да, на почетокот прилично за тоа се збореше, ама како изминуваше времето фокусот се стави на казните, полицискиот час, а некако се подзаборавија мерките и препораките кои требаше да бидат главни. И да, ни фали едукација од тој тип. Многу ни фали.
     
    На tijanana и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  19. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Какви ви се претпоставките за понатаму? Што мислите како ќе се враќа животот во нормала? Во моја близина мислам нрма ни еден реален или се премногу песимисти или оптимисти:D
    А да,дали мислите дека ќе има втор бран?
     
    На TrinityNeo му/ѝ се допаѓа ова.
  20. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.991
    Допаѓања:
    37.152
    Пол:
    Женски
    Мое мислење (поточно надеж) е дека нема да има втор бран. А и да има нема да биде толку фатален како што не плашат. Првенствено затоа што имаат искуство и (се надевам) нема да дозволат да се прошири како што дозволија сега. Намерно или не намерно, нема да навлегувам, ама дозволија да се прошири. Да се реагираше на време, немаше ни К од корона да има.
    Јас лично сум ептен скептична за сите информации кои ни ги сервираа до сега. Од една страна еве вирусов е заразен како што го прикажуваа, а има земји каде што нема никакви рестрикции, па ете гледаме не паѓаат мртви по земја. Значи и не е така заразен, а ни смртоносен судејќи според нашиве случаи, 90% дома се лечеле.
    Мое мислење е дека треба се да се врати во нормала, со будно следење на ситуацијата, па ако има потреба да се реагира. Животот мора да продолжи, а со параноичните размислувања, апокалиптичните сценарија итн. нема ништо да смениме, напротив. И претходно имам кажано, ќе видиме од што ќе биде поголема смртноста, од вирусот или заради вирусот и сите сра*а околу него.
     
    На Bunny2 му/ѝ се допаѓа ова.