Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    @Annath Има ли некое инфо кога би почнале со работа?
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.933
    Допаѓања:
    203.211
    Пол:
    Женски
    Ништо официјално нема. Неофицијално, наредна недела, најкасно 18 мај.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.300
    Допаѓања:
    1.734
    Леле луѓе се зафркавате ли, јас што одам кај мојот заболекар ми има вадено умник со анестезија, пази вадење не операција 600 денари. Не знам каде зимат 200 во здравен дом ли?
     
    На Nausicaa, cresa-jagoda и lost123 им се допаѓа ова.
  4. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.300
    Допаѓања:
    1.734
    А, што правиме со покачените бројки, а мерките се олабавени. Кафичи отвараат во понеделник, па и ми мириса дека и полициски час ќе се укине. Значи отидовме да дојдеме.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.791
    Допаѓања:
    41.886
    Пол:
    Машки
    Да, на 11 јуни ќе стартуваше, сезонска ама не чартер.
     
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.
  6. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.867
    Пол:
    Женски
    Денес нови 33 а они ќе олабавуваат мерки. На инстаграм се тагнуваат со кого ќе го пијат првото кафе, па замислете ја бројката по некои 2-3 недели од сега.


    Прерано е.
     
    На cresa-jagoda и Ahoy им се допаѓа ова.
  7. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Сега на прес кажа дека утре имаат состанок за викендов како ќе биде,а во сабота ќе одлучат што ќе биде од понеделник.
    Поентата е да видат дали бројот од денес е само варијација или ќе продолжи.

    Ама најјаки ми се они во коментари под лајвот што пишуваат не за отварање на кафичите и кладилниците не зошто има пандемија туку зошто младите се упропастувале:D
    Добро Славице,еве нема да работат ама ти давај им плата
     
  8. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.238
    Разберете дека не можеме вечно да седиме во стаклено ѕвоно.
    Никој не ви брани да седите дома ако толку ви е страв. Животот мора да продолжи, вирусот ќе си циркулира и со текот на времето сите ќе се сретнеме со него, на еден или на друг начин.
     
    На scorpias, orevokrsacka, Biljarkata и 4 други им се допаѓа ова.
  9. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.867
    Пол:
    Женски
    Не можеме да седиме дома вечно нормално, ама да се почитуваа мерките немаше да бидеме до овде.
    Повеќето луѓе се понашаа како ништо да нема и повеќе беа со друштво по станови и паркови отколку дома.
     
    На elenaxbbg, cresa-jagoda, Цвет88 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.859
    Допаѓања:
    44.129
    Пол:
    Женски
    Сепак треба постепено да оди се.
    Ако ги тргнат сите мерки и ограничувања наеднаш не сакам да помислам што ќе се случи и какви бројки не чекаат за две-три недели. Оти одма ќе се наредат сите на кафиња и ќе почнат на големо собиранки, таков народ сме.
    И не, не е само ние да излеземе, па кога-тогаш ќе го прележиме и веројатно на нога, млади сме нели. Ама скоро секој од нас живее со по некој од ризичните групи. Затоа да не бидеме себични само зошто не може да издржиме уште малку без дружби на големо.
     
    На CameliaMiller, Angie1432, Sejfullai и 2 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Немаме технологија за 'чипирање' со кое би ја контролирале народната маса.
    Знаете зошто?
    Не оти не ги знаеме компјутерите, туку оти не ги разбираме процесите во мозокот на човекот, па да може така лесно да се поврзе и инсталира и/или даунлодира па плус и конторлира (во) индивидуа
    Таков 'алгоритам' ни најдобриот математичар на светот не може да одгатне... сеуште...

    Дај Боже да ги разбиравме сите принципи по кои работи еден мозок.
    Ќе лечевме еден куп болести со една пилула/инекција.
    За жал... не е така....
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.933
    Допаѓања:
    203.211
    Пол:
    Женски
    За умници е друга цена.

    Само јас сум будала изгледа што вадам заби за 200 и 300 денари. Ако ми е.
     
  13. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.075
    Допаѓања:
    131.231
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20200507-131511_Facebook.jpg Screenshot_20200507-131519_Facebook.jpg
    1.Во Инфективната Клиника во Скопје примени се 3 нови пациенти,а вкупно хоспитализирани се 44 пациенти,од кои 15 се на кислородна поддршка,а 4 се на механичка вентилација.
    Во ГОБ-8-СЕПТЕМВРИ примени се 8 нови пациенти,а вкупно хоспитализирани се 18 пациенти,од кои 1 е на респиратор,а 2 се со потешка клиничка слика.
    Во Битолската Болница се лекуваат 4 пациенти,а се следат и 3 лица на домашно лекување.
    Во Штипската Болница се лекуваат 6 пациенти,а се следи и 1 лице на домашно лекување.
    На инфективните одделенија во болниците во другите градови има вкупно 54 хоспитализирани лица,суспектни и позитивни на вирусот.
    2.Се тестираат лица кај кои има индикација за тестирање.Кога нема доволно пријавени лица за тестирање,нормално е да се види пад во бројката на новозаразени.Тестовите кои се употребуваат во државава се одобрени од СЗО(Германски тестови по Шарите Протокол).
    Во изминатите 24 часа направени се 332 тестирања,од кои се произлезени 33 нови случаи.Вкупниот број на направени тестирања до сега е 18.168.
    Министерот смета дека денешнава бројка на нови случаи е варијација,но вели дека состојбата ќе се прати од негова страна и од Комисијата за Заразни Болести и во следниве 2 дена,за да се дојде до некаков заклучок.Утре и задутре ќе се направи детална анализа.
    ИЈЗ и ЦЈЗ-Скопје направија план за скрининг со PCR-тестови.Закажувањето ќе оди преку матичните доктори и матичните стоматолози.Ќе се тестираат медицински лица,шоферите во ЈСП-Скопје,вработени во полицијата,вработени во градинките,пациенти кои примаат терапија за некоја болест(хронично болни), пациенти пред хоспитализација и пациенти пред интервенција.Според планот,се очекува да бидат направени 400-500 тестирања.
    Целта на скринингот е да се откријат асимптоматски носители на вирусот и нивни контакти.Нивните контакти ќе мора да бидат ставени во изолација.
    Запрашан за тоа кои лица треба да имаат предност за скрининг,Министерот вели дека смета дека најсоодветно е да се тестираат лица кои имале сезонски грип.
    ДСЗИ и ЦЈЗ-Велес ќе направат надзор во неколку фабрики за да видат дали работата во фабриките влијае на зголемиот број на заболени во Велес.Можеби во Велес се јавува кластер кој бил скриен до сега.
    Министерот нема информации за тоа дали 2 новозаразени од Битола имале контакт со починат од Битола и треба да провери.
    3.Апликацијата СтопКорона ја презеле 55 илјади лица и според Министерот,ќе придонесе за навремено идентификување на кластер.
    4.Лица од Комисијата за Заразни Болести и лица од МТСП преку нивни работни групи разгледуваат опции за тоа како ќе функционираат градинките,односно колку часови и со колку деца во групите.Решението треба да биде најдено до понеделник.
    Според Министерот,на состанок на Стоматолошката Комора било заклучено дека стоматолозите би требало да започнат со работа од следната недела.
    5.Во однос на новинарското прашање за тоа како медицински ракавици од Клиниката за Нефрологија завршиле во слободна продажба,Министерот вели дека ДСЗИ врши увид и соработува со МВР.
    6.Нема консензус меѓу државите за примена на здравствени пасоши(нема консензус по кој протокол да се прават).Тоа само се дискутира.Комисијата за Заразни Болести и МЗ немаат конкретен став.
    7.Има доволни количини од лекот за лица болни од артритис.Доколку некој смета дека во некоја аптека нема,треба да пише мејл на МАЛМЕД.
    Во однос на информацијата дека нема реагенси за скен на коски на заболени од карцином на кои им е потребна операција,Министерот вели дека дошло до застој во ПЕТ-Центарот бидејќи се прави сервис и поради затворените аеродроми(што ја отежнува набавката).ПЕТ-Центарот треба да биде во функција од понеделник.
    Вакцината за КОВИД-19 се очекува да биде достапна за сите земји во 2021,по завршување на клиничките студии.
    Пристигнати се 20 монитори како помош од ЕУ,а на пат се 20 респиратори како помош од Норвешка.
    Како помош од ЕУ се очекуваат и 25 илјади N95 маски,100 илјади хируршки маски,750 илјади медицински ракавици и 10 илјади заштитни очила.
    8.Утре на состанок ќе се одлучува каков да биде полицискиот час за викендот,а во сабота ќе се дискутира дали состојбата во земјава дозволува дополнително разлабавување на мерките.
     
    Последна измена: 7 мај 2020
    На cresa-jagoda, fana, queen19 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.238
    Па да де, постепено. Никој не рече веднаш концерти и натпревари со публика да се организираат.
    Грешка беше што не ги отворија училиштата.

    Ама олабавување мора да има. Пак ќе кажам, нема како да се скриеме од вирус, ни од овој ни од кој било друг.
     
    На fana, Bunny2 и poenta им се допаѓа ова.
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.004
    Допаѓања:
    45.808
    Пол:
    Женски
    Многу сте себични, ама многу, кафичи ќе се отварале, ненормални биле. Луѓе тие што работат во кафичи и ресторани се без плата буквално 3м, тие луѓе треба ли да ги оставиме без леб цело лето? Ете со некои рестрикции ќе бидат за почеток, доволно е, кој сака да оди нека оди, кој не сака никој не го тера. Јас нема да одам барем уште месец, ама грев ми и е за келнери и за кувари и за сите, па нема да ги убедувам да не одат тие што решиле да одат. Не ми е јасно како замислувате вие да функционираме додека нема лек и вакцина, стварно не ми е јасно, еве најискрено ве прашувам како? Во ред ќе одиме со маски, ќе држиеме дистанца ама нема и тоа да биде со месеци, луѓето ќе ги маанат и нив, ќе им скисне, значи ќе мора да го ставиме стравот некаде во заден план и да почнеме да живееме со вирусов, нема друг начин.Оти макар и еден да има и да е без симптоми пак може да има заразени, нема друг начин до вакцина или лек, тоа е помирете се.
     
    На Ivan4e04, Waverly Raven, LejlaD и 18 други им се допаѓа ова.
  16. queen19

    queen19 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    1.845
    Пол:
    Женски
    Мало важно кафиќите ако се почитуваат мерките. Туку искрено ме интересира дали би го пуштиле детето во градника/училиште?
     
  17. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    Ок е дечки, никој не ви става нож под грло да одите на кафе. Останете дома, дури и до крај на животот. Никој не ви брани.
    Но, мора да се почне со работа.
    Се запрашувате ли како му е на 4 члено семејство со 2 мали деца, маж келнер, жена салатерка?
    Ако газдата ги отпуштил, плата нема. Ако не ги отпуштил, можда зеле пола, можда цела. Но, тука следи прашањето до кога газдата има да дава? Не се сите кафанџии мултимилионери ко шо ги замислувате. Особено во помалите градови. Најчесто е семеен бизнис, газдите работат исто колку и вработените и од тоа живеат. Нема работа, нема приливи, нема пари. Од готовото еднаш ќе снема.
    Не се сите “среќлии” да работат администрација или бизнис што моментално не страда (маркет, аптека). Светската економија мора да продолжи исто така. Во мкд фабрики што извезуваат за странство работниците се на 70% и со знак прашалник дали ќе ги викнат на работа тие што се пуштени на принуден одмор.
    Не бидете себични. И јас се плашам за моето здравје и се штитам колку можам. Но, исто така, свесна сум за немаштијата во која живееме. Ако јас овие месеци јадев што сакав дома, некој гледаше да купи две поефтини паштети наместо една аргета зашто не знае дали, кога и колку ќе земе плата.
    Не знам дали ќе појдам во понеделник на кафе и не ми е гајле кој ќе појде, а кој нема. Но, време е да се вратиме во нормала колку можеме. На сите ни треба тоа.
     
    На Ivan4e04, Waverly Raven, 1209 и 13 други им се допаѓа ова.
  18. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.861
    Допаѓања:
    41.187
    Пол:
    Женски
    Како е грешка што не ги отвориле училиштата?
     
    На WildMk, oblace1 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  19. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    Неколку страни назад - Нормални се со меркиве, ќе паднеме во депресија, ми се оди на кафе, досадно ми е дома.
    Ме мрзи да пребарувам назад ама воглавно тоа е.
    Денес - не требаше со олабавување мерки, рано е.

    Се читате воопшто?

    Рано е за олабавување ама не можеме вечно да седеме дома.
    Скријте се во подрум ако не.

    И дај еднаш одлучете се за што сте.

    За бројката не би да коментирам.
    Ме радува што се повеќе се покачува бројот на излечени.
     
    На Nausicaa, jacqueline.s, Ambitious и 5 други им се допаѓа ова.
  20. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.238
    Децата во најголем број случаи, најлесно ја поминуваат инфекцијата. Голем број се без симптоми. Подобро е тие први да се сретнат со вирусот, отколку прво да се заразат ризичните групи. Со отворањето на училиштата, децата ќе беа ,,предводници'' за стекнување на имунитет на целото население. На тој начин и ризичните ќе бидат заштитени.

    Ова е мое мислење, не сум медицинско лице, еве нека ме поправи некој, не знам дали успеав многу јасно да се изразам.