1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.065
    Допаѓања:
    131.111
    Пол:
    Женски
    Не се игра.
    Ама сите имаат различни толкувања.
    Сепак,најправилно е да се каже дека постоечката не смее да ја продолжи,ама тој рече дека ќе донесе нова одлука и така направи.И по портали пишуваше дека со тоа се сфаќа дека прогласил нова,што не е забрането.
    Забрането ќе беше да пишуваше во Уставот „не смее да прогласи нова вонредна состојба за истата ситуација/состојба“,ама не пишува така.
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.305
    Дајте бе Уставот да видиме како точно пишува???
    Сега ептен ме интересира!
     
  3. Stache

    Stache Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Машки
    Реално не ми е проблемот дали сме следени од државните институции или други агенции, проблемот е што пропусти на ова ниво може да не "отворат" на потенцијални напади од трети лица. Јас, а сметам дека и добар дел од луѓето тука, постојано користам интернет банкарство, па не би ми било се едно дали некој има увид во истото или не. Обидите за напад на серверите на државните институции се бројат во илјадници секој ден (ова во Македонија).
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.305
    Сериозно???
    Не се заштитени информации од приватен карактер?
    Немаат некој начин на обезбедување?
    Енкриптирање... или како се вели...

    Не сум јас од таа бранша, иначе, па ако може да појасниш?

    ------------------------------
    Член 125
    Вонредна состојба настанува кога ќе настанат големи природни непогоди или епидемии. ​

    Постоењето на вонредна состојба на територијата на Република Македонија или нејзин дел го утврдува Собранието по предлог на претседателот на Републиката, Владата или најмалку 30 пратеници. ​

    Одлуката со која се утврдува постоењето на вонредна состојба се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници и има важност најмногу 30 дена. Ако Собранието не може да се состане, одлука за постоење на вонредна состојба донесува претседателот на Републиката и му ја поднесува на Собранието на потврдување штом тоа ќе е во можност да се состане.​

    Ќе да е ова 'спорната реченица' :?:
     
    На Amelia, cresa-jagoda и Stache им се допаѓа ова.
  5. Stache

    Stache Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Машки
    Така. Податоците што се разменуваат помеѓу уредите можеби, а податоците помеѓу уредот и серверите најверојатно се, енкрипритани. Проблемот наидува во моментот "што ако протоколот за комуникацијата има пропусти". Или пак да не одиме толку далеку. Што ако протоколот има лоша имплементација ? Епа резултатот може да биде "давање" дозвола на трето лице да направи акција којашто би им дозволила пристап до твојот уред. Пример да инсталира "malware". Е сега замисли само еден да се најде и да го закачи проблемот, а истиот може да се пропагира ни помалку ни повеќе преку блутут. Инаку ова е доста чест проблем и еден извор може да биде stack overflow - "јас ќе ти пратам нешто што мене ќе ми дозволи да пишувам во твојата меморија". Ова е само еден проблем даден како пример и не се заснова на разбивање на енкрипција, што е скоро и невозможно.

    "Решението" е фино и лепо да се отвори кодот и лицата коишто се експерти во областа да можат да видат што се прави (па и секој од нас).

    Ова со инсталирањето на малвер да не изгледа како научна фантастика може да се поистоветува со извршување на команда од ~30 карактери..
     
    На WildMk и Biljarkata им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.379
    Допаѓања:
    190.382
    Не ти се дерам тебе, ниеден извичник и прст не покажав. Само кажав не може да биде како порано. Или, не би требало.
    Друго, ние колешките од заедницата, повеќе од месец дена дробиме за аспектите на апликацијата, сега Сташе треба да ти објасни;(? Слабо колешке, длабоко сум увреѓена.
    Трето, @Stache читај до крај, пишав дека е зафрканција. Некој има специфичен речник, некој користи иронија, ама сите сме на истата страна;)

    Четврто- камо среќа апликацијата да беше главниот проблем за решавање. Абе ова не е можно, народот или одамна е чипиран или е без памет (иако второто не го исклучува првото) и се понаша како се да е рамно. Та литии, та избори, та кафичи и кладилници(facepalm) Вака ни до 2028 нема да можам да си ги видам родителите;(
     
    На WildMk, candy.cane, DAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Кинеските научници пронајдоа коронавирус во машката сперма

    ©Makfax.com.mk

    Тим од кинески научници откри дека новиот коронавирус останува во спермата на мажот дури и кога човекот ќе почне да закрепнува.

    Кинезите ги објавија резултатите од истражувањето во четвртокот.

    Во општинската болница во Шангај, 38 пациенти биле прегледани во текот на јануари и февруари. Кај 16 отсто од нив, коронавирусот бил пронајден во семето. Една четвртина од нив биле во акутна фаза на инфекција, а 9 отсто од нив биле во фаза на закрепнување.

    Ова не е изненадувачко откритие, забележуваат кинеските научници, затоа што многу вируси можат да живеат во машкиот репродуктивен тракт. Ебола и зика беа пронајдени во спермата на пациентите неколку месеци по закрепнувањето.

    Сè уште не е јасно дали коронавирусот може да се шири преку сексуален однос и потребни се понатамошни студии за да се утврди ова.

    :wasntme:

    ©Makfax.com.mk
     
    На WildMk и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    Може сте напишале, а не сум прочитала.
    Тестовите од Систина што испаднаа кинески, се тие тестови антитела што детектираат? Пример, сум прележала и сакам да проверам антитела, за тие тестови зборуваме?
     
  9. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.899
    Да
     
    На WildMk и Mantub им се допаѓа ова.
  10. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.016
    Допаѓања:
    9.841
    Пол:
    Женски
    Цените почнаа да скокаат, платите тешко дека ќе растат сега.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.016
    Допаѓања:
    9.841
    Пол:
    Женски
    Иначе маски не носат четириесет посто и во групи поголеми од двајца така се движат, не знам кај е тој вирусот лесно пренослив.:bandit:Изгледа во кафана седи.
     
  12. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.966
    Допаѓања:
    2.223
    Ќе видиме какоке биде ситуацијава до завршување на вонреднава.
    А Избори мислам дека не се толку битни во моментотв, подобро е ситуацијава да се смири според мене Август средина најрано нека бидат или септември..Не е само на избори да се оди кога има уште заразени.
     
    На Lima24, marchi-cool и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  13. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.469
    Како не ти е проблем бе брат?
    Зарем би ти било сеедно ако утре по некоја случајност се здобиеш со повисок општествен статус и некој само случајно ти прикачи приватна фотографија или видео? Не мора да е нешто експлицитно, еве сте пиеле со друштво, реметеле судија јер гледате утакмица и некој тоа го публикува одеднаш, додека ти имаш функција на директор/министер/шокурнеебитно. :D

    Изгледа, вие и даље не сфаќате колку е приватноста битна, а истовремено колку е нарушена денес у сајбер светот.

    Има уште милион примери, дури и поврзани со темава.
     
    На *Amethyst*, WildMk, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    Се скратува забраната за движење за време на викенд. Апелирам до граѓаните да се воздржат од било какви собири и да се придржуваат до сите мерки на Владата.

    Почнувајќи од утре, во сабота и недела, граѓаните ќе можат да се движат во периодот од 05 часот до 19 часот.

    Во сабота и недела, сите млади лица под 18 години ќе можат да се движат од 13 до 19 часот, а сите возрасни граѓани над 67 години ќе можат да се движат од 05 до 12 часот.
     
    На WildMk, Biljarkata, Feminka22 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.016
    Допаѓања:
    9.841
    Пол:
    Женски
    Ако нејќиш некој да те следи и шпионира едноставно не носи смартфон со тебе и не користи персонален компјутер зошто нивна употреба нужно вклучува шпионажа, секогаш ќе има некој таму шо знае како и лишување од овие направи е единствената заштита. Убо се живееше порано ама моравте да се закачите за интернет од јутра до сутра и сега ќе трпиме прекршување на нашите права..

    Можете да ми го пренесите мислењето во посоодветна тема ако не е за тука.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.456
    Допаѓања:
    25.156
    Малце оф, ама... Не е само евентуален општествен статус во прашање, туку општо приватноста.
    Утре не знаеш што може да се случи на глобално ниво и што може да им текне на тие посилните, а тебе ти е сеедно што ќе те пратат?
    Искрено, треба во школо од 1во одд. да ги учат колку е важна приватноста и зачувување на истата поготово од влада. Од таквите што не се способни да размислат и да сфатат колку е сериозно, еден ден ќе започнат вистински да не' пратат.
    Демек за некоја година кога ќе се тргне фокусот од ковидов, они ќе речат "ајде, гасете пратењето, заврши вирусот, нема веќе потреба."?
     
    На WildMk, темјанушка и An-na им се допаѓа ова.
  17. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.790
    Допаѓања:
    41.883
    Пол:
    Машки
    На cresa-jagoda и WildMk им се допаѓа ова.
  18. Stache

    Stache Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Машки
    Фактот е дека апликациите коишто ги користиш се сопственици на податоците. Можеби лошо се изразив со "не ми е проблемот", туку не можеш да направиш ама баш ништо со тој проблем.
     
    На WildMk, Spidy и Biljarkata им се допаѓа ова.
  19. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.065
    Допаѓања:
    131.111
    Пол:
    Женски
    Упорно си правите филмови.
    Screenshot_20200508-210219_Firefox.jpg Screenshot_20200508-210253_Firefox.jpg Screenshot_20200508-210400_Firefox.jpg Screenshot_20200508-210435_Firefox.jpg Screenshot_20200508-210443_Firefox.jpg Screenshot_20200508-210458_Firefox.jpg
    Screenshot_20200508-210512_Firefox.jpg
    Никој не ве прати!
    Зошто да ве прати?
    Да не сте Сноуден или Асанж? :rofl::rofl::rofl:
     
    На darcy, staycalm, M.B. и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.379
    Допаѓања:
    190.382
    Мислам дека метеле на темава, првичниот коментар му е избришан:?:
    Со други зборови, проблем му е исто така, не го тепај за џабе:lol:.
     
    На WildMk и Stache им се допаѓа ова.