Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.238
    Јас сум слушала и за т. н. вкрстен имунитет. На пример, бидејќи повеќето настинки се предизвикани од коронавируси, па ако човек прележал многу настинки, може да е донекаде имун и на овој вирус :) Исто, нека каже медицинско лице дали држи вода ова, мене ми звучи логично.
     
    На buba4e89, Feminka22, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.357
    Допаѓања:
    190.292
    Нејќам јас да кажам, епидемиолози пресметале така. Намерно или не, не би да навлегувам. Мислам тоа важи за било кој вирус, не само за овој.
     
    На green.eyes, An-na, DAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.453
    Пол:
    Машки
    Зошто полицијата има налог да не казнува?
     
  4. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.966
    Допаѓања:
    2.223
    Полицијата треба да буде поажурна и ја мислам така.
    Некако во последно време као да се повлекоа и ги нема.
    Треба да бидат повеќе на терен и да проверуваат кој прекршува закон.
    Вака ако дремат луњево нема да почитуваат доволно.
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  5. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.774
    Пол:
    Женски
    Вирусот нема да исчезне, ќе си го има и ќе мутира после 8, 20, 32 години. Тогаш повторно ќе станеме имуни откако повторно ќе се разболиме и се така натаму.
    Е сега овој Корона вирус за разлика од своите претходници има плус уште 4 молекули на вирусот на хив и тоа прави поголема стапка на смртност. Се претпоставува дека откако влезе во човечкото тело може да остане во него и ако се ослободи од 4те пептиди на вирусот на хив ќе си живее во телото секогаш т.е телото ќе си го прифати како свое.
     
  6. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.966
    Допаѓања:
    2.223
    Вирусов е факт дека мутира и многу лесно се шири.
    Само фала на Бога сепак што не е како Шпанскиот грипп тој беше бетер.
    Овојима помала смртност но и разни клинички слики кај поединец.Али па и не наивен чим има смртност.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.238
    Зошто постојано се споредува ситуацијава со шпанскиот грип? Сосема друга била ситуацијата тогаш. Опаднат имунитет и неухранетост поради војната, медицината била на сосема друго ниво на развој итн.
     
    На Ahoy, Feminka22 и Stache им се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.357
    Допаѓања:
    190.292
    Ај ако може некој линк за овие информации. Дали тоа значи може и цел живот да бидеш носител на вирусот, исто како со хив?:worried:
     
    На cresa-jagoda, happygirl и Angie1432 им се допаѓа ова.
  9. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.334
    Има 4 какви молекули?
    Генски секвенци или протеини од ХИВ?
    Башка ХИВ и корона за различни рецептори се врзуваат нели така да мислам не може толку да се истакне тоа дејство на ХИВ при зараза со корона како при зараза со самиот ХИВ. Али само моја претпоставка.
    Баш за ова со мешани вируси вака, скоро го дознав.
     
    На friendy, buba4e89 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  10. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Следно е Брако.
     
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.305
    Не реков конкретно за тебе.
    Кој не се придржува до мерките, тој е неодговорен.
     
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.305
    Ма немој |(
    Ебати народот, на кој закон и казна треба да му кажат дека нешто не е во ред.
    Пак да го земам за пример врзувањето појас во возило.
    Не се врзува појасот за да не те казнат, и не ти треба закон (ако си доволно запознаен со проблематиката) за да знаеш дека при нагло кочење, или удар, ќе летниш со глата низ шофершајбна.

    И не е проблемот само здравјето на тој што се однесува неодговорно кога се меша со луѓе, туку што и тие околу него ги загрозува.
    За да речеш: За мене само важи- треба во планина да живееш.
    Таму, навистина само твоето здравје ќе биде во прашање, пошто нема други околу тебе што може да ги заразиш.
     
    На bibiiii, H.VAGA, oblace1 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.260
    Допаѓања:
    31.238
    Пол:
    Женски
    Секако дека треба казни. Нека мрдне малку полицијата, тоа им е дел од работата. Си има и многу кои си почитуваат мерки. Не значи дека треба да страдаат ради другите. Животот продолжува понатаму и мора да се функционира.
     
    На prominent, WildMk, Bunny2 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.686
    Константен став од почетокот на пандемијата имаш. Испаничена и загрижена, ама си многу храбра личност, навистина. Имам една другарка, исто вака како тебе. Од почеток ја потценуваше моќта на вирусот, се додека не се зарази мајка и'. Наеднаш го смени мислењето.

    Вирусот нема да го снема магично точно, а се слагам и дека 70% треба да го прележиме за да речиме дека сме го победиле чудовиштето. Ама не знам веќе по кој пат се пишува тука на форумот, за да го победиме, тие 70% не треба наеднаш да се испоразболат, па да нема каде да се лечиме и кој да не лечи. Ние со по 20-30 случаи на ден, имаме лекари кои патуваат од еден град во друг за да помогнат во лекувањето. Што ќе биде кога ќе бидат 300 на ден? Епа ако не сакате да ве интубира дерматовенеролог, наместо анестезиолог, седете дома и почитувајте ги мерките.

    Друго, како мислиш да ги заштитат ризичните, а останатите да функционираме нормално? Па во Македонија во секое семејство има по еден ризичен, дали мајка/татко со притисок или дијабет на 50 години, баба/дедо над 65 години исто со некое срцево заболување, па дури и деца имаш со хронични болести како астма на пример. Сетете се каде живееме....во Македонија каде средношколците организираа протести и штрајкуваа за почист воздух, основно право за живот.

    Од ова стоење во место никој нема корист на економски план, ама сите имаме корист на здравствен план. Пак ќе кажам, колку толку, со средствата со кои располагаме успешно се носевме со бројки до сега. И зошто сме издржале толку долго, за сега неднаш сите да се упатиме по кафани и ресторани и да упропастиме се?

    За да има постепено олабавување на мерките мора да има разбран народ!!! Се обидуваме ете последните неколку дена, има постепено разлабавување, ама бројот на луѓе без маски во градот исто така порасна. За мајот? Имаше разлабавување на мерките, па скараџиите од раните утрински часови ништо не ги спречи да прават скара и да се веселат...

    Зошто мислите дека ние кои размислуваме вака, сме себични и површни? Мислите дека ние што сме против отворање на кафани и ресторани, нас не не' погодува кризата? Луѓе, сфатете дека сите заедно сме во ова, тука нема ниту титули ниту ништо. Сите сме луѓе од крв и од месо и сите сме едднакви пред вирусот. За доброто на сите нас е да ги почитуваме мерките. Колку сме подисциплинирани и одговорни, толку побрзо ќе се избориме со вирусот.

    Знам дека постојат семејства на кои единствените приходи му се од угостителството. Ама еве и да ги отворат кафаните и рестораните, мислите дека голема ќе му биде заработувачката? Јас мислам дека повеќе ќе имаат давачки и трошоци отколку профит. Сепак, има добар дел од населението што е свесен за последиците и не би се стрчале во кафичите и рестораните при првото нивно отварање.

    Наместо тоа, зошто владата не направи нешто за овие луѓе што живеат од угостителство? Финансиска помош или предлог за работа по нарачка и со достава. Кафичите може да работат со кафе за носење.

    Одењето до парк и одењето на планина според мене би било во ред, се додека луѓето носат заштитни маски и не станува збор за поголеми групирања.

    Се споредува затоа што е заразно заболување. Точно е дека ситуацијата била многу поразлична тогаш, а медицината е многу понапред. Баш од таа причина треба да не загрижува фактот што медицинските лица се уште не нашле конкретен лек за вирусот. Без разлика што медицината е далеку отидена, кога станува збор за заразна болест, немаш многу опции, освен на било кој начин да го сузбиеш ширењето на вирусот.
     
    На BoaVista, LovelyGirl3, BlackHole и 19 други им се допаѓа ова.
  15. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.582
    Пол:
    Женски
    Ти свесна си дека луѓето не можат на доктор раат да отидат заради коронава? Знаеш колку луѓе испострадаа дека не беа примени на болница оти короната била приоритет. Луѓето на забар не можат да одат, а не па за нешто повеќе. Каква корист имаме на здравствен план, жити Бога?
     
    На Harper, buba4e89, BloodElf и 22 други им се допаѓа ова.
  16. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.686
    Поентата ми беше дека вие не сте свесни дека сите сакаме животот да биде како порано и се' да се врати во нормала.

    Инаку, да, свесна сум. Заради короната баба ми со аортна стеноза веќе три месеци е затворена дома. Ако случајно се зарази од некој, тогаш шансите да преживее и' се многу мали. А знаеш колку такви има како баба ми?

    Да, не можат да отидат на лекар заради короната, тоа е факт. Ако би оделе, бројките на заразени и смртни случаи би биле многу поголеми.

    За да не биде така, не треба да не радува разлабавувањето на мерките, затоа што процентот на невоспитани меѓу нас е голем.
     
    На dayla, bicycle, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.305
    Конкретно за третирање на останатите пациенти, мора да има барем по една здравствена установа во секој град, која ќе се грижи за нив.
    Може и да се ротираат доктори: Денес кардиолог, утре ендоктинолог, задутре интернист... итн...
    Ама скроз запоставување на останатите болести, не е ич од помош.
     
    На Harper, HaleemO, LovelyGirl3 и 17 други им се допаѓа ова.
  18. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.686
    Апсолутно. Одлична идеја. Со подобра организација се' може да се постигне. Ама на повторно зголемување на бројката на заразени свесно да алудираш на отварање на кафичите и рестораните е апсурд.
     
    На allaround, Amelia, nextredstyle и 3 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.305
    Сосема се согласувам со тој дел.
     
    На cresa-jagoda и Peperutce1115 им се допаѓа ова.
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.987
    Допаѓања:
    45.749
    Пол:
    Женски
    Треба владата да преземе мерки за финнсирање за кафичите и рестораните, ама не се случи тоа, па не им останува ништо друго освен да отворат и да работат. Мислите вработените не се плашат да работат со народ? Келнери, шанкери, музичари и останато? Јас сум келнерка и знам колку ме беше страв да работам кога почнаа првите случаеви во Лондон, ама работев безразлика, морав да земам плата оти владата не даваше пари, во иста каша се и нашите угостители. Така да пак ќе кажам, ако не ви се оди во бар не одете,многу едноставно и јас нема да одам, ама нема да ги спречам тие што сакаат да одат.


    И да, не примаат пациенти или пробаат да ги мавнат побрзо, на другарка баба и почина пред месец од удар, цела недела одела на доктор дека и е лошо, ја враќале со инекција дома, ни снимки ни ништо да видат од што и е лошо, си почина жената сама дома. Значи секако е крахирано здравството кога тие што немаат корона не ги лечат ни погледнуваат, штом доктор не е спремен да преглед пациент, свесно дека може е заразен и да постапува како со потенцијален ништо не првиме. Пандемија е, за секој пациент постои ризик да е болен, па не знам што се чудат кога некој болен отишол, па не знаел дека е болен, па запрепастени дека бил болен, па ги заразил оти тие не внимавале доволно, како некои од случаевите што беа...Ти си должен да примаш пациент и да го третираш и притоа да си заштитен, а за во случај да еве болен, а не да го враќаш дома така.
     
    На Harper, Nausicaa, k.frosina и 11 други им се допаѓа ова.