Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Нормално дека треба. Нека ги изложи да видиме сите :D
     
    На zhap4e, An-na, ЕденЧлен и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.469
    Сума сумарум - Филипче делува малку несигурно во изјавите и нема конкретен одговор околу стекнувањето
    имунитет бидејќи во првиот дел од говорот рече дека се стекнува, за потоа да каже дека има некои и по
    два пати кои го добиле вирусот, и се истражува зошто е така. :drunk:
    Исто така, не се изрази доволно концизно и по некои други прашања, но тоа е така веројатно поради целокупниот комуникациски хаос и информациите кои тек допрва ќе бидат изготвувани во финална форма...

    Јас нема да се осмелувам да давам прогнози, но мислам дека за сега поминавме релативно добро.
    Можеше подобро, тоа е факт, но лично сум задоволна од мерките и како се заврши овој "прв бран"
    иако не ми се допаѓаа доста работи за кои напишав овде.

    Конкретно во моментов, една друга работа ќе пишам за крај, која повеќе ќе биде во форма на прашање..
    Кога може да се очекува комплетно укинување на полицискиот час на цела територија?
    Со оглед на тоа што е многу дискутабилно како ќе успеат да изменаџираат за оние сектори кои се
    II смена на работа?
     
    На candy.cane, Tajnaotrovna, GirlRose и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.530
    Допаѓања:
    17.609
    Пол:
    Женски
    Тоа го кажа во случај ако има протести. Значи прво простести, после изалгање на научните факти зошто и како во надеж да се задушат протестите. :smirk:
    Како поинаку, ништо нема џабе...
     
  4. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.469
    ^
    Не рече научни факти, туку претпоставки. Парафразирам, не се изрази баш со зборот "претпоставки" ама тука беше. :)

    Многу, многу контрадикторни изјави имаше, гледам и вие забележавте со Сноу.
     
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.530
    Допаѓања:
    17.609
    Пол:
    Женски
    Еве јас сум несвесна, нека ми ги изложи фактите, особено научните, зошто уште има полициски?

    Житија, какви варијации...
    Рече научни факти сигурно, е сега дали имало "и претпоставки" у иста фраза, не знам. После парадоксалното излагање во врска со тие 84 часа, тешкичко ми беше да се заслушам повеќе...
     
    На Lanadelreyyyyyyy и An-na им се допаѓа ова.
  6. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.238
    Ќе дадат предлог за отворање на некои дејности од неделава (автошколи, едукативни курсеви, молови без угостителска дејност, спортови на отворено).
    Полицискиот час, за жал, се' уште важи :| Што е апсурдно, според мене...
    А за вонредната сега во 13h мислам ќе одлучуваат.
     
    На candy.cane, Lanadelreyyyyyyy, An-na и 4 други им се допаѓа ова.
  7. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    221.757
    Пол:
    Женски
    Ние и сега шетаме, се е нормално скоро освен што пазиме и издржуваме што можеме повеќе дома, но од понеделник кај нас официјално се ќе се отвори буквално се.
    Слободно ќе се движиме секако со мерки и заштити и дистанци.
    Некои региони како болцано веќе од вчера се отворија.
    Во подготовка се исто така и плажите, средуваат површина, местат чадори лежалки и слично. Се спремаат за сезона.
     
    На Harper, P.S.love, candy.cane и 20 други им се допаѓа ова.
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.040
    Допаѓања:
    130.962
    Пол:
    Женски
    Апсурдно ви е што е намалено движењето на граѓаните,што не можете да идете на кафе,што е намалена можноста да го добиете и ширите вирусот,што не се целосно исполнети болниците,што Старата Градска Болница е одредена за третман на лица болни од друго? (facepalm)
     
    На cresa-jagoda, Peperutce1115, oblace1 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.530
    Допаѓања:
    17.609
    Пол:
    Женски
    Да, биг тајм и тоа. Особено луѓе кои веруваат во болдираново, оти ако не сакаш полициски час, одма одиш на кафе и сакаш да доиеш/шириш корона...

    Бичплиз, и повторно не ме освести, останувам во мрак и понатаму зошто е потребен полицискио час.....
     
    На Harper, candy.cane, lovestoneddd и 6 други им се допаѓа ова.
  10. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Ако е преку ден е се дозволено, полицискиот час не менува ништо, освен ако немаат сознание дека вирусов преку ден е успан.
     
    На Harper, candy.cane, Ivan4e04 и 12 други им се допаѓа ова.
  11. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.040
    Допаѓања:
    130.962
    Пол:
    Женски
    Ради тоа што е кажано милион пати на пресови и во темава,за да се намалат шансите за ширење на вирусот,за да не се исполнат целосно болниците со болни од КОВИД-19 и за да има места за лицата кои се болни од друго и за да не се намали бројот на достапен медицински персонал-за да не крахира здравствениот систем кој е веќе дестабилизиран.
     
    На Peperutce1115, Ahoy и JuLleE им се допаѓа ова.
  12. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Сега чекаме извештај од седница на влада?
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    1.464
    Допаѓања:
    4.390
    Пол:
    Машки
    Ништо лично....јАс сеуште си го чекам пикот, кој беше најавен. :D
     
    На candy.cane, *Amethyst*, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.962
    Допаѓања:
    37.029
    Пол:
    Женски
    Само препрочитај си го болдираниов дел, па ќе праиме муабет што е апсурдно, а што не ;)

    Приказни за мали деца. Ги затворија сите болници (освен бивша градска) за да бидат подготвени за болните од корона, оти нели не плашеа дека умираат по улици. На крајот билансот каков е? Од сите заразени (официјално) можеби 90% се дома лечени. Зошто побогу се затворија сите болници и се оневозможи да се лекуваат останатие кои немаа “среќа” да имаат корона па со тоа и пристап до болниците :doh: Ова е се, само не успешно справување со состојбава.
    А толку убаво почнаа :(

    Да не почнувам пак со тоа колку ги има што го имаат вирусов, а не се детектирани. Колкумина го прележале зимово, кога короната не беше главна вест? :^)

    Ново за случајот од Велес има ли? ^_^
     
    Последна измена: 12 мај 2020
    На Harper, glosipgirl, Milan93 и 11 други им се допаѓа ова.
  15. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.040
    Допаѓања:
    130.962
    Пол:
    Женски
    Поентата ми е дека поради полицискиот час не е сè исполнето и во Скопје има болница која прима лица болни од друго,а они со бунтот против мерката покажуваат дека им смета што се намалени шансите сите да се разболат од вирусот.
     
    На cresa-jagoda, *Amethyst* и JuLleE им се допаѓа ова.
  16. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.530
    Допаѓања:
    17.609
    Пол:
    Женски
    Јеп, затоа што со тоа што дозволија да работат некои објекти и автошколи, како и отварањето на џамиите, одат во иста насока со полицискиот час и се правопропорционални. Сите отстапки уз полициски час... (fingers)

    Браво, дај пет :handshake: , како некој што изучувал/изучува политички науки, очекував повеќе и скроз различно мислење. Пробагрешка.
     
    На Harper, *Amethyst*, anastasijaki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.962
    Допаѓања:
    37.029
    Пол:
    Женски
    Каков црн полициски, бегај таму :D Сигурно ради него не се полни болниците :^)
    90% од официјално заразените се дома лечени, чуму тогаш се се затвори? Требаше барем 8-ми септември да функционира, старата градска е трагедија.
    Не знам дали скоро си била таму за да знаеш во каква состојба е болницата и колкав и е капацитетот? Ако болниците претходно беа преполни и се чекаше ред, сега којзнае како е кога само една болница со смешен капацитет ги прибира сите заболени.
    А ова со бунтов и бунтовниците ти е низок удар ;) Ако сакаат да се заразат ќе одат да волонтираат на инфективна. Дај уозбилете се и обидете се да ја сфатите и другата страна. Со ниски удари ја покажувате вашата ограниченост.
     
    На candy.cane, Snow-Star, BloodElf и 2 други им се допаѓа ова.
  18. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Тврдам дека оние кои се за да продолжат рестриктивните мерки се само дечурлана која ден стаж и работено немаат па не ја сфаќаат реалната слика или луѓе чии работни места не се афектирани со кризава си седат дома и им легнува платичка па би сакале меркиве да продолжат до декември отприлика затоа што чинам дека ова седење дома со прилив на пари им се уарни на многумина.

    Сфаќате ли дека е апсурдно веќе да се продолжи со карантин и рестрикции? Малку ли ви беше, до кога мислите дека треба, уште едно две години?
    Впрочем што ве засега вас тоа, ако сте толку загрижени за себе, повелете дадете отказ, седете си дома, изолирајте се до 2025, никој тоа не може да ви го забрани. А ние кои што сме ''несовесни'' според вас оставете не на наша одговорност да си продолжиме со животот.
    Што ве интересира ако се отвори се, апсолутно никој не ве тера ни во молови ни во кафичи да одите. А јас ќе отидам оти треба да се помогне на секој сектор, греота е за угостителите, деца хранат со таа плата и бакшиш.
    Стана грев да се отиде на кафе со еден пријател а погони со 200 работници не ни престанаа со работа.
    Пресмешни сте.
     
    На Harper, candy.cane, Ivan4e04 и 20 други им се допаѓа ова.
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.310
    Допаѓања:
    259.466
    Ова е вака на глобално ниво.
    Баш секаде болниците се затворија и секаде се спремаа за Италијанско сценарио. Треба да бидеме среќни што вака поминуваме.

    Светот се отвара. Мора.
    Секаде. Не може да бидеме со месеци затворени.

    Не беше идеално, пропусти има. И овде и секаде. Нова ситуација, нов вирус, се импровизира.
    Особено на ситем како нашиот и на руинирано здравство како нашето.
    Дали сум задоволна со оглед на ова? Да.

    Лично, кризата ме погоди многу. И мене и еден куп луѓе низ светот.
    Сега мора да се враќаме во нормала.
     
    На Ambitious, LejlaD, Peperutce1115 и 6 други им се допаѓа ова.
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Јас не го гледам, таман работа да си трујам мозокот со непотребни муабети, драми и тотално бескорисни информации.
    Само потенцирав неколкупати дека не даваат анализи за ефектите од акциите што ги презеле и не мерат процентуално нивна успешност.
    Искрено драми и прес конференции на кои некој плаче, некој кука, некој е разочаран некако ич не ме интересираат. Личните чувства и емотивната состојба на надлежните баш па не ме занимаат :D

    Еве како изгледа извештај тука, по жупании и на крај се собира до 15 часот, па вкупен извештај се дава.

    upload_2020-5-12_14-3-1.png
    Прочитам овој понекогаш, понекогаш групниот... и терам даље.

    Инаку, ние од денес немаме ни една личност во самоизолација, на сите им истекла. И имаме уште само 1 позитивен, сите други се оздравени.
    Исто, на поновите извештаи има и колку се во денот тестирани личности, не само вкупно.
    Друго, страните на неколку општини, а и владата имаат чет клиент што ти дава информации што те интересираат, ти дава можност да си направиш сам епидемиолошка анкета, ти дава инфо за мерките кои се спроведуваат и кој е планот за нивно попуштање (пошо имаат план, нели), а ти дава и можност да дадеш твој предлог за мерка. Анализите покажале дека владиниот четбот им го смалил оптоварувањето на епидемиолозите за 25%.
    Погледни „политика на приватност“ и „услови за користење“ на четботот, мислам дека ќе те интересира
    https://andrija.ai/
     
    На zhap4e и Biljarkata им се допаѓа ова.