Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.962
    Допаѓања:
    37.029
    Пол:
    Женски
    Јуле, никогаш нема да ме убедиш дека во сите држави се затворени сите болници и е оставена една мизерна установа со смешен капацитет да ги лекува останатите. Значи не!
    А еве и да е така, треба да се помириме со ова и да го сметаме за нормално? Особено што го гледаме исходот од сагава и билансот на истата. Реков и претходно, ќе видиме на чија страна ќе натежнат мртвите, на таа од короната или на таа заради короната :^)
    Можеа многу, многу попаметно да одиграат, а и поорганизирано. Штета навистина, многу добро почнаа :(
     
    На Harper, lovestoneddd, Mantub и 8 други им се допаѓа ова.
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.040
    Допаѓања:
    130.962
    Пол:
    Женски
    Не постои совршена болница,тоа го знам.
    @Snow-Star Не е грешка да се намалува шансата за ширење на вирусот.
    Од самиот старт целта беше да се избегне Италијанско сценарио.
    Без мерките бројката на заразени ќе беше многу поголема.
     
    На cresa-jagoda и Ahoy им се допаѓа ова.
  3. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.310
    Допаѓања:
    259.466
    На внук ми крлеж не сакаа да му извадат и да го третираат.
    Не било нивна работа.
    На мајка ми постоперативни терапии за р'бет и откажаа.
    Секаде е вака, освен итни, ништо друго не третираат.
    Дали е нормално?
    Не е. И не го оправдувам овој начин, повторувам на глобално ниво.
    Уште на самиот почеток пишував за ова, за другите болести кои бараат редовно третмани и контроли.

    Затоа мора да се вратиме во нормала.
    Заради здравјето на останатите, заради економијата и егзистенцијата.
     
    На Harper, Lilit, lovestoneddd и 6 други им се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Сакате да ви бројам колку пати е спомната фразата Италијанско сценарио во темата? :D
    Како филм да ви е, јбг. Како скрипти да пишувате.

    Мислам дека некои тука свршувата на фразата „Италијанско сценарио“. Врв им е, оргазам на паметна мисла

    Патем, да. Зошто се користи изразот „сценарио“ во овие ситуации, кога сценарио или е поврзано со театарска пиеса или филм, или е ПРЕТХОДНО ОСМИСЛЕН план за дејствување во некој настан.
    Значи ширењето на короната не можеш да го испланираш или осмислиш. Сценарио тука дефинитивно се окристи заради психолошкиот ефект, да си ги зацрташ сликите од Италија со мисла „леле, само тоа да не се случи“.
     
    Последна измена: 12 мај 2020
    На lovestoneddd, eli25, christinnn и 5 други им се допаѓа ова.
  5. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.273
    Допаѓања:
    118.994
    Пол:
    Женски
    Да споиме со Божиќ? :inlove:
    :rofl: |(
     
    На lovestoneddd, eli25, *Amethyst* и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.331
    Допаѓања:
    190.075
    МилеМиТекна:D- полицискиот час кој мора да продолжи, е клучен да го запреме вирусот да мутира. Само со ефикасно одделување на луѓето од лиљаците и бувовите, ќе спречиме голема трагедија. Од нас зависи:muscle:

    Ќе почнам да верувам дека шверцуваат мигранти, или садат џипет бандери или незнам... нешто матат по ноќе сигурно:?:
     
    На An-na, Snow-Star, 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    У вториот бран ќе го видиш. У овој бран, толку беа добри мерките што, го избегнавме пикот:))))))))
     
    На lovestoneddd, eli25, An-na и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.453
    Пол:
    Машки
    Толку беа добри мерките што по сите параметри сме едни од најлошите меѓу најлошите :D
     
    На Tajnaotrovna и zhap4e им се допаѓа ова.
  9. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.455
    Допаѓања:
    25.132
    Што се правите наудрени ко да не знаете што значи "пик". |( Немало пик? Или пикот не бил толку висок колку што некои мислеле?

    Туку, топ видео:

     
    На Bridget и Ahoy им се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.331
    Допаѓања:
    190.075
  11. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.333
    Ако сметате дека полицискиот што беше од 4 беше ефективен дефинитивно ви е испран мозокот.
    Од 7 и 9, ајде де...
    Гужвите кога беа најголеми?

    И уште читам коментари по фб- нека крахира економијата, не е побитна од човечки живот.

    Крахирана економија значи не само што не можеш да земеш плата, туку ни државата не ти помага.
    А со крахирана економија плус нема доволно производство и увоз па и маркетите ќе бидат празни.
    Па ондак трева ќе пасеме веројатно

    Мислам...глупи се или да?
    Секако не би требало да стигнеме до таму ама само посочувам колку плитко размислуваат.
     
    Последна измена: 12 мај 2020
    На Harper, Ivan4e04, crimson и 17 други им се допаѓа ова.
  12. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.469
    Не го гледам и јас зошто дркам на него или ми е симпатичен, туку овој пат конкретно морав да чујам дали ги укинуваат вонредната со полицискиот час. :)
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  13. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    724
    Пол:
    Женски
    А што друго очекуваш да видиш на слика од болница?
    И било кој друг пат да одиш во болницата, слична слика ќе видиш.
     
    На eli25, An-na, anastasijaki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    И што одлучија, дека нема?
    Овој полицискиот час апсолутно нема смисла, со оглед на тоа што навечер на улици секако не се создават групи граѓани, посебно кога ништо не работи. Собирите се преку ден воглавно. Башка што полицијата не ги спроведува мерките
    Мене ми личи дека е за подгревање на меѓуетничка тензија моментално полицискиот час, затоа што фукнцијата никако не си ја врши, а муслиманите и онака воглавно живеат навечер, и си отвараат продавници навечер, и се си работи. Нормално, полиција не ги казнува за да не ги навредат верниците, оти ни оние во Струга не ги казнија...
    Многу лоши работи ќе излезат од тој полициски час, многу подгреани тензии.
     
  15. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.284
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    Што одлучија за вонредна и полициски?
     
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Во Сингелич не живеат само албанци.
    Може и македонци да биле за мајот.
    Акцентот на: Нефункционален
    Тоа се' објаснува.
    Некои стекнуваат, некои не.
    Се чекаат тие 70% имуни.
    Ама без вакцина, има 100 години да чекаме на пален имунитет :@
     
    Последна измена: 12 мај 2020
  17. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.469
    Требаше во 1 да гледам, ама искрено поховав палачинки за ручек па заборавив да видам што одлучиле. :D
    Иначе, нема да се укине уште оваа недела максимум, тек таму следна недела рече на првиот денешен прес.

    Околу другово немам одговор, прашав вчера, сакав некој да даде насоки, макар у форма на претпоставки зошто уште се држи полициски, ама некако луѓево или се плашат да не забегаат во конспиративни дијалози, или стварно мислат дека е за наше добро. Не навлегувам даље, знаеш и сама.
     
    На Tan4ence и DAngel им се допаѓа ова.
  18. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    Не сум детиште, имам 4 години работен стаж и се уште работам, моментално од дома.
    Јас сум за да се олабавуваат постепено, чекор по чекор, не наеднаж.
    Затоа што видовме колку има свест кај народот кога ги олабавија мерките за мај.. скари во секој двор, собирање на викендички со по над 10 души, луѓе кои не почитуваат носење на маски и прават гужви во маркети, пиљари, бутици и после секој ден се чудиме и креваме паника за секое покачување на бројот, за секој починат, за секој скок на бројките кај новозаразените. Луѓе кои кашлаат и киваат на секое а не се заштитени и мораш да внимаваш да не налеташ на некој таков.
    Пред некој ден, човек во години без маска кој ја беше тргнал да разговара со касиерката буквално и се искива во фаца, касиерката избувна, поради тој човек таа мора да седи 2 недели дома, од несовесен човек а такви ги има многу. Поради таквите, мерките се овие.

    Не брзам да излегувам иако сакам да отидам да се видам со друштво на кафе, на планина, во пицерија ама ќе почекам затоа што дома имам луѓе кои спаѓаат во ризичната група и нивното здравје ми е поважно отколку кафе средба со другарчиња, имам осет.

    Да, сакам да излезам и сакам да се врати нормалниот живот, исто сакам постепено да се отворат ресторантите, кафичите, пицериите и многу други работи.
    Ама исто така знам и дека дистанцата нема да се почитува, ќе се собираат друштва и нема да почитуваат ништо, доволно е еден да се зарази и потоа да го пренесе некој друг.


    Доаѓам од мал град каде што ако се заразат минимум 10 до 15 луѓе, нема каде да одат да се лекуваат, болницата е мала, останатите болници во околните градови исто и речиси се исполнети.


    Италија од тоа задоцнето реагирање беше прва која што едвај се справуваше, една Италија а гледам дека и Германија моментално е во лоша состојба.
    Нема полициски час во Италија, ама со дозвола писмено можеш да пазаруваш или да вршиш други работи ама како што ја следев ситуацијата многу ги почитуваа мерките, затоа и бројот нагло падна.


    Нека се отворат ресторантите и се што треба, ама да се почитуваат и мерките, не се дадени за џабе.

    Инаку мања, ништо против тебе.
     
    Последна измена: 12 мај 2020
    На Purplelilac, Rozich, manja666 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Па еве.... ви кажав веќе, дека сите големи софтверски компании, официјално изјавија дека до Нова Година, од дома ќе работат.

    Па сега вие видете...
     
    На *Amethyst*, Ahoy и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Што да видиме, Вајлд :) Можеш да ги замислиш шоферите како работат од дома? Или луѓето во продавниците. Или тие во фабриките за производство.
    Луѓето од IT секторот и така и овака можат да работат од каде год сакаат. Се' дур имаат проекти ќе работат и ќе зимаат пари. Еден куп такви фирми функционираат на принцип аусорсинг од цел свет.
    Шофер кој не вози луѓе или роба нема да зима плата. Исто и со другите. Да продолжат рестриктивните мерки ќе се изгуби работа и за останатите пошто, и она што функционираше и во вакви услови ќе престане пошто, ситуацијава ти го стеснува просторот за работа.
     
    На Harper, WildMk, Shmizla94 и 18 други им се допаѓа ова.