Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.396
    Пол:
    Женски
    Еве јас ќе кажам дека во Италија се затворени болниците освен за итни случаи, во Велика Британија исто, во неколку делови од САД исто. Од таму имам информации од лекари и пријатели од прав рака затоа и кажувам. Не знам за цел свет ама во многу делови од светот е едноставно така. Нашиве дури и многу подобро контролираа од некои светски велесили. Најнова вест од Шведска, на братучед ми забраниле да оди од работа и сега мора да работи од дома (многу се раширил вирусот тоа било објаснувањето зашто до вчера имале опција да оди на работа или да работи од дома).

    Така што ама не рипајте многу. Ако ви е психички тешко кај нас дури има и бесплатни линиии за помош. Ако мислите на економија подобро сега поцврсто и потоа скроз се да се отвори отколку да се влечеме до бескрај со полу-затворена економија.

    @Nigredo Odor полициски зашто ако речат нема кај нас со нашиов менталитет толку од било што друго ќе биде. Најголем дел од новите случаи во Тетово некни биле од погреб, а во Скопје вчера од семејна веселба. Е такви сме. За наше добро не почитуваме мерки. Ќе одат луѓе едни кај други на гости пошто нели не се виделе. Плус во делови од Македонија увелико е Рамазан, а адетот за Рамазан е одење по гости кога е ифтар (ифтар е ноќе). Затоа полициски од 7.
     
    На WildMk, Rozich, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.169
    Пол:
    Машки
    Ма ова е игра, ако се договорат за брзи избори сеа на лидерскава средба и мерките ќе се олабават за скоро, ако нема договор ќе влечат уште месец дена со мерките..
     
    На ЕденЧлен, Peperutce1115, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Јас не знаев дека полициски пречува погреби и семејни веселби.
    Не сфаќате дека сите одат по погреби, а семејните веселби си те тераат или преку ден, или се седи по цела ноќ?
    Битно не кршат закон, нели. :D
    Башка на Ифтар пак си одат, Наќе се погрижи за тоа после Струга. Не смееш да им се мешаш на верниците, за да не настрадаш.
    Бескорисна полиција и полициска држава. Каков парадокс.
     
    На WildMk, L.i.n.a.a, 1209 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.530
    Допаѓања:
    17.609
    Пол:
    Женски
    Ние не сме ниту Италија, ниту Велика Британија, САД и сите други кои ги наброја. Затоа што сите спомнати држави имаат неколку пати поголем број на жители, заболени и поразвиени ситеми. Па пред да се напише нешто и да се направи споредба, размислете дали држи вода направената компарација.

    Сега за нас, според последните бројки, и олабувавењето на некои мерки, нема логика зошто да има полициски час, болниците да не се отворат за сите пациенти, и општо се што забранува вонредната состојба, заедно со неа, уште да постои.
    Кога доаѓа и шлагот на торатата- избори.

    Така превентивата се нарушува вака или онака.

    Али вие споредувајте со развиени држави, каде работењето од дома не е научна фантастика и се светлосни години напред, имаат поразвиена економија и многу полесно ќе ја надминат кризата.
    Тука со се спортивно на горе напишаното, луѓето исто можат да си поседат дома до недоглед, да бидат затворени и ограничени со милион рестрикции, и да чекаат министерот за здравсто да има честита што издражале 84 часа затворени во 21 век, 2020.
     
    На tinka-mace, *Amethyst*, anastasijaki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Пендаровски ако не прогласи вонредна пак, значи дека нема простор за "вонредни" уредби веќе?
    Ај, ај, ај... Што ќе прават со вишокот тестостерон и потенција што со собраа за време на вонредната сега :(
     
    На *Amethyst* и manja666 им се допаѓа ова.
  6. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.392
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е јасно како полицискиов час придонесува за намалување на заболени. Ок, не дека не придонесува, но до 7 можеш кај сакаш да се изнашеташ и со сите да се видиш. Секако кога е полициски навечер спиеме :?:
     
    На vitamina, Lolipop23, Biljarkata и 5 други им се допаѓа ова.
  7. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.272
    Допаѓања:
    118.983
    Пол:
    Женски
    Тие и така од дома работат. Ма не само од дома од каде сакаат. Мохито може да пие на Ибица и да работи. И ќе си зема плата.
    Ама ко шо кажа жабата шофер дома камион не можи да вози :) и други Х такви професии.
     
    На WildMk, happygirl, An-na и 2 други им се допаѓа ова.
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Зоран Заев ви ги поби сите “факти“ дека не може да се изгради колективен имунитет и слично.. :D

    Да го седнете во некоја емисија и да го распрашувате, спонтано, ќе видите дека верува и дека сето ова е војна меѓу Гејтс, Абрамович и педофилите и шверцувачите на органи и Трамп и останатите кои сакаат да ги разоткријат.:D
     
    На tinka-mace и Biljarkata им се допаѓа ова.
  9. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.238
    Што бидна со лидерската? :)
     
  10. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.169
    Пол:
    Машки
    Најјако е вака кога ретерираат со ставовите, морало да се научиме да живееме со вирусот. Ма немој молим те, тогаш чуму рестриктивни мерки. Барем да го задржеа ставот до крај:x
     
    На tinka-mace, LovelyGirl3, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Пошто Македонија како полна со експерти и лаборатории можеше сама да испита и да одлучи како ќе реагира врз основа на податоците добиени од тие испитувања. И да не се предомислуваат за да не сумља народ во нив туку од едно испитување да дознаат апсолутно се' што е потребно да се знае за вирусот и да држат став до крај. Ама они ете, решиле светски организации да слушаат, мерки од комшиите да копираат, да менуваат ставови согласно со новите информации...стварно не ми е јасно зошто.
     
    На WildMk, Purplelilac, M.B. и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.856
    Допаѓања:
    41.160
    Пол:
    Женски
    Тоа што има полициски час влијае повеќе психолошки на луѓето затоа што ако го тргнат, наеднаш магично сите ќе го сфатат тоа како опасноста да е помината и веќе нема вирус.Кога го преместија од 4 на 7 тогаш настана многу поголемо рашетување и групирање токму поради фактот што тоа олабававување во главите на сите се преведува како "ајде готово нема веќе корона".

    За болниците се согласувам дека можеле и требало да направат подобра организација за сите останати пациенти, ама ако не се спремеа однапред за прием на поголем број пациенти заразени со корона, а имавме многу поголем број што ќе требаше да се хоспитализираат, тогаш што ќе им правеа на луѓето? Вистински проблем ќе беше ако на време не беше ништо спремно.Ама сега е полесно да се каже како болниците биле блокирани затоа што поминаа недели , но никој на почетокот не можеше да предвиди иднина и да изиграва Баба Ванѓа.

    Инаку ве читам од почеток, некои од вас кои се залагавте да затворат сѐ, да нема помрднување од дома, сега наеднаш се просветливте и мислите како ништо не чини од мерките, па еве искрено ве прашувам каков план би направиле вие ако сте на лидерска позиција? Или требаше да се однесуваме како Шведска па моментално да имаме сосема друга слика во земјава? Тогаш ќе бевте уште погласни како не презеле мерки, како требало строга контрола и сл., ама добро знам дека никогаш ништо на никој нема да му се погоди.Едноставно такви сме, никогаш ништо не чини, ние сме супер.
     
    На WildMk, tinka-mace, Purplelilac и 8 други им се допаѓа ова.
  13. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.169
    Пол:
    Машки
    Ми ја сфати поентата или ме цитираш само паметна да излезеш као?
     
    На Mantub и bicycle им се допаѓа ова.
  14. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    Не се договориле за изборите.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  15. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.962
    Допаѓања:
    37.027
    Пол:
    Женски
    Дури и да е вака (а не е) тебе ова ти е нормално? Мене ете не ми е! А и смешничко е да се споредуваат болници за итни случаи во Италија, САД и Англија со бивша градска во Скопје.
    За рипање... ти очигледно немаш никаков проблем, па затоа вакви совети делиш? Знаеш ли ти што значи хронична болест и неможност за следење на истата? Канцер? И останати болести кои се маргинализирани и луѓето се оставени буквално да умираат... Ај, те молам!
    А ова со издржете уште малку ми е :envy: да не е трагичен муабетов ќе се изнасмеев. Ова го слушаме цел месец, а и ќе го слушаме уште долго ако не преовладее разумот.
    Шведска не ја спомнувам, оти сосема е различна ситуацијата од скоро сите останати држави. На крај ќе видиме кој ќе биде попаметен, они или ние?
    И за крај... чуму седењево дома и карантиниве, ако се испостави дека вирусов си циркулирал уште во декември, а не испоумревме сите? Хм?
     
    На Milan93, L.i.n.a.a, Tan4ence и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.686
    Отвараат обложувалници, а спорт нема.... :D
     
    На TrinityNeo, Biljarkata, tina2018 и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.402
    Пол:
    Женски
    Сега зборува Оливер Спасовски кажува дека веќе некои објекти од утре ќе почнат со работа..
     
    На prominent му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.455
    Допаѓања:
    25.131
    Не е толку до полицискиот час, колку што е убавото време. Во сите паркови низ Капиштец и Тафталиџе по Гологанов врие народ помеѓу 17.00 и 19.00. Зошто добар дел (како мене) работат до 16/17.00 и ги имаат само тие 2-3 саати да прошетаат (како мене). Кога не би имало полициски, не би се создавала до толку голема гужва и автоматски ќе има повеќе дистанца.

    Е сега тоа што се групираат, тоа е друга тематика. Мнозинството се до 40 години, еден куп тинејџери, мали деца, домашни миленици. Нема слободна клупа и има поголеми групи што стојат со тие што седат на клупите. 2-3 дузина групации седнати на трева мнозинството со деца. Останатите кој трча по патека, кој пешачи, кој вози велосипед кој тротинет, кој вежба на рачките кој на трева. Тротоарите измеѓу подеднакво полни, невозможно е да се одржува 2 метри дистанца. Сите придонесуваме за таа гужва, но не и сите за групации и заседнување. Затоа, подобро би било да се откаже целосно полицискиот, јас прва ќе излегувам накај 21.
     
    На eli25 и zhap4e им се допаѓа ова.
  19. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.704
    Допаѓања:
    175.483
    Пол:
    Женски
    Од сабота почнува бундес лигата:)
     
    На tina2018, zhap4e, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  20. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.272
    Допаѓања:
    118.983
    Пол:
    Женски
    "нација што отвора кладилници пред школи, не можи да биде уништена"
    (fingers) :inlove:
    (facepalm)
     
    На tinka-mace, Miss91, Mantub и 15 други им се допаѓа ова.