Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.015
    Поради повеќе причини, меѓу кои:
    1. Позитивни на корона имаат потреба од уролог, офталмолог, дигестивен хирург, гастроентерохепатолог, кардиолог итн. Истиот тој персонал не треба да работи со лица кои не се позитивни.
    Затоа требаше во една болница сите специјалисти да работат САМО со ковид позитивни, а останатите болници со сите останати.

    2. Чекањето во ходник, гужвата, е опасна. Маски не се доволни.

    Требаше вака или онака, после војна сите генерали сме :) не можеше да се претпостави дека волку малку ќе имаат потреба од хоспитализација.
     
    На cresa-jagoda, Snow-Star, Ivan4e04 и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.011
    Допаѓања:
    14.827
    Пол:
    Женски
    Јас сум стоматолог. Дома бев 2 месеца, зошто секоја медицинска гранка е ризична. А од еден доктор во денот може да се заразат десетици пациенти зошто имаме близок контакт со секого. Ниеден доктор не може да ти помогне ако не ти се доближи и да те допре.
     
    На cresa-jagoda, Ivan4e04, smile:) и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.686
    Па нормално дека ако на некој шансите за да се спаси и да преживее му се 0.5%, а на друг 20%, ќе идат на сигурно и да го стабилизираат едниот. Во медицината има ПРИОРИТЕТИ.
    И ако имаш 70 годишен дедо и 25 годишен дечко, кој да го спасат прво?

    Тоа ви се збори од самиот почеток на пандемијата. За да не дојде до состојба во која сите треба да ги спасуваат и нема да има место, приоритети постојат, посебно во вонредни услови.
     
    На cresa-jagoda, Waverly Raven, *Amethyst* и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.649
    Допаѓања:
    192.327
    Абе сега, кожни доктори не се итни а и не може, јер цаца тајм. Ама другите?
     
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.015
    На секое место има чекална, од затворен тип, 99% нема услови за потребна дистанца.
    И ако дојде некој со херпес зостер, да ќе го третираат.
     
    На cresa-jagoda, LejlaD, Peperutce1115 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.457
    Допаѓања:
    120.100
    Пол:
    Женски
    Исто.
    Само на нив ми текна конкретно во моментот. Да не пукнеш ме потсети на цаца, ја имав заборавено сиромашката :rofl:
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.649
    Допаѓања:
    192.327
    Јасно ми е. Ама, сега веќе не постои тој ризик или како?

    Мислам, мене лично ми е ризично и не одам од бес, ама еве, се се враќа во некаква нормала, со мерки, со се. А бројките се исти ако не и повисоки како пред рестрикциите.
    Маж денес беше на забар, од екстра мерки му ги дезинфицирале рацете:?:(facepalm)

    Не се расправам лично со никого, логика се обидувам да најдам.
     
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.015
    @Annath баш објаснуваше дека и тоа што смеат да го работат е минимално.
    Три заба сокапав за време на коронава.
    Ама не одам... не се' уште.
     
    На Peperutce1115 и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  9. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.011
    Допаѓања:
    14.827
    Пол:
    Женски
    Сега работам маскирана како астронаут, со пола саат пауза меѓу пациенти, со 5 литра дезинфициенс на ден. Тоа што повеќето не го прават тоа, ќе видите кога ќе почнат да искачаат случаи заразени при поправање заби. Во Словенија на почетокот им умре еден стоматолог од корона што си работел лабаво.
     
    На cresa-jagoda, Бисерка-С, *Amethyst* и 3 други им се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Да местеа немаше 99% од случаите деновиве да им беа на море. Скоро сите случаи се Брач, Сплит, Шибеник. Еден од Загреб ако имаше деновиве.
    Не шминкаат. Скоро никоја жупанија нема нови случаи освен тие 3-4. Реално, за локално движење нема ризик, додека не го увезе некој пак од надвор вирусот. Ги спаси локализирањето на заразите. Забранија одма одење од еден во друг град без пропусници, мислам тоа најбитна мерка им беше. После поопуштија на жупании, и дури овој понеделник пуштија низ цела држава, ама со задолжителни маски во јавен превоз.
    Многу локализирано ширење и многу голема анализа на случаите, ни во Загреб кога беше земјотресот не им дадоа на луѓето да се повлечат по викендиците, па речиси и да немаа кластерско пренесување, Сплит и Шибеник И Брач им се кластери, во домовите за стари што им влегоа.
    Кај нас во жупанија на 100000 жители секој ден се прават 30-50 теста, во последниот месец дена само 2 позитивни медицински сестри имавме, и толку.
    Мерките им беа насочени кон локализирање на заразата и намалување на можноста за кластери.
    Ништо не работеше освен продавници за храна, ни молови, ни пазари, ни цркви
    Немаше излегување од градот
    Немаше задржување на јавни површини, детски игралишта беа оградени, во некои паркови им беа клупите затворени. Не дека не седевме и пиевме пиво покрај река, де...
     
    На KateKane, *Amethyst*, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.457
    Допаѓања:
    120.100
    Пол:
    Женски
    И јас.
    А не наоѓам :x
     
    На lovestoneddd и Biljarkata им се допаѓа ова.
  12. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.188
    Допаѓања:
    27.411
    Најубаво ќе биде оние како @nextredstyle @Ahoy @bicycle (извинете на тагот)
    што пишуваат колку заболени има, нови мерки и нови информации да се ставаат во темава: https://forum.femina.mk/threads/Коронавирус-Вести-и-информации.31375/page-10#post-4939160
    Стварно оваа темава е парампарче направена. Секакви глупости и теории на заговор да се изначита човек. Кажав и во друга тема ќе кажам и тука, цел свет се справува со ова само во Македонија се најдоа најекспертите. Па Корона не постои, па пол.час има за да се ставаат 5G антени, па било обичен грип и што уште не.
    И во другите држави знаете зошто се намалува бројот? Оти има мерки и се почитуваат. Оти не се стока народ па да одат по литии и по бесови. Оти сфаќаат дека е озбилна работата. Ама, што разбираат они?
    И нека отворат казина и моловови и се. Ама стокава од народ пак нема да разбира да стави маска и да држи растојание и после ќе пишува статуси дека Корона имало исто како гас во WW II.
     
    На ohlalalala, cresa-jagoda, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.649
    Допаѓања:
    192.327
    Ама пак се враќаме на истото, ќе тераме со присутниот ризик или нема да тераме никако. А не може да не тераме никако. Само 2 месеци пауза што имавме, демек го успоривме вирусот. Дали стварно ќе видиме.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.015
    И тоа колку има, ама ти одбиваш да разбереш :)

    Имаш пациент што се гуши и имаш пациент со рак.
    Првиот го третираш прво оти е поитен.

    Не може да има доктори колку што има пациенти. Тријажа мора да постои.

    Ни на мој грб не ми се допаднало што на мое работно место со саати сум чекала. Ама не зуцнав затоа што мојата болка е голема, ама пред мене имаа човек со инфаркт. Колку и да ме боли мене, колку и да ми се колеги, се знае што е поитно и побитно.

    Ама што знаеме ние нелуѓево.
     
    На ohlalalala, cresa-jagoda, *Amethyst* и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Magik

    Magik Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2016
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Здраво, можи прашањево не е за тука ама неможев да најдам друга тема. Дали еднократната помош од државата од 7000 ден за невработени важи и за студенти?
     
  16. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.457
    Допаѓања:
    120.100
    Пол:
    Женски
    Се сложувам. И ќе го прифатам дека е ок.
    Ова не е!
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    2.034
    Пол:
    Женски
    Прва работа што веднаш ти е грешка е дека ракот на дебело црево нема да усмрти за 2 недели, но вонредната состојба трае скоро 3 месеци. Значи не станува збор за 2 недели. За 3 месеци неработење на здравствените установи итекако може да се промени ситуацијата. И сега кога ќе почнат со работа ќе биде кој попрв односно кој ќе фати подебели врски. Дур му стигне ред на овој со неопасниот рак тој или ќе умре или ќе биде во состојба каде е предоцна да го оперираат.
    За овој со ракот на дебело црево барем можат да направат нешто а за другиот и самата велиш смртноста е голема. Ама бидејќи нели приоритерот е таков каков што е на крај и двајцата исто ќе завршат. И така се се врти во круг во нашето здравство.
    Што со тие што неможат да дојдат ниту во фаза за да го дијагностицираат. Ама не, сега постои само корона и ништо друго. Битно е да работат кафаните, обложувалници и сл. Останатите може да седат дома, нели од дома можат да работат.
     
    На tina2018, jacqueline.s, christinnn и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Mia...Mia

    Mia...Mia Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    132
    Пол:
    Женски
    Што мислите, дали ќе ја продолжат вонредната состојба?
     
  19. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Лов колку што разбрав, не ви зборува за избор меѓу инфаркт и рак. Не знам зашо упорно елаборирате за ситуацијата кога не е тема. Во овој период не беше избор едното или другото, пошто болнициве ко шо знам не беа пребукирани. Нит од корона, нит од други. Лав ви зборува за нетретирање пациенти. Рак,хронично болни ... операции,редовни терапии, контроли. Пошто, ко да ви се промакнувс ситуациите со луѓе кои требало да променат терапија поради влошена состојба; кои биле на х терапија за да се види подобрување, па после требало други испитувања. Ако дојдеме до итен случај за да не примат, касно ќе е Каме. Поентата на тие терапии и контроли е да се превенира. Јас доктор не сум ама, куп состојби има кои предизвикуваат проблеми со срце, пример. И ред други работи. Кога ми откажаа термин, немаа ни погледнато резултат, ситуација...се јавија со мисла ради бла, бла ќе одам на ендокринологија. Тоа беше у март. Сега сме средина на мај, Каме. Куп луѓе имаш кои се влечат по испитувања за да откријат шо им е. Симптомите ич не се ок. И во моментов државата ко и сите држави си игра руски рулет со тие луѓе. Чекаме наезда на ковид, не се дешава и не се дешава, ама чекаме. За тоа ви збори, Лов.
     
    На Ivan4e04, 1209, Nausicaa и 7 други им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.015
    За се' што си напишала - се сложувам, и сама истото неколку пати до сега го напишав.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.