Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.978
    Истото сосема го зборував, ама нели, ќе си цитираме само она што ни' чини.

    Сепак, Лав инсистира дека ракот е итна состојба, а не е.
    Инфаркти и останати состојби беа кажани за да се објасни разлика меѓу итна и приоритетна состојба.

    Итно е само она што ќе те убие денес.
    Секоја останата болест, која е потенцијално смртоносна е приоритетна.
    Секоја болест која ти нарушува квалитет на живот, но не е закана по животот, е на последно место.

    Нели, зборовите, термините беа важни?
     
    На cresa-jagoda, WildMk, *Amethyst* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Важни се многу. Ама не и кога се губи поентата. Главната причина заради која збориме и толку се одалечуваме што испаѓа во ред ова пролонгирање на неитните. Никогаш нема да биде. Италија не бевме за да се ваадиме на "ама ако...". Отом потом. Ние имавме друга ситуација.
     
    На Nausicaa, An-na и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.978
    Да се самоцитирам, пошто јас добро знам што сум кажала и што мислам, а мразам да ми пикаат во уста работи кои ни сум ги кажала, ни сум ги инсинуирала :)

    Среќа па се' си стои. Имам уште пишувано на тема останати болести за време на корона, ама и ова е доволно.
     
    На cresa-jagoda, smile:), senjorita-v и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.978
    Точно, затоа прочитај ми ги цитираниве мислења.
    Јас не мислам дека тие со рак не треба да се оперираат, НАПРОТИВ.

    Ама никогаш во тријажа збор не губи поента. За збор се губат лиценци и се лежи затвор. Точно мораш да знаеш што е што, што е итно, а што не е, а не да си претпоставуваш и од ракав да си вадиш заклучоци.

    Само како информација, ради погрешен збор во програм за операции, колешка моја беше деградирана на раб. место со години. Немаше да се случи ништо ради тој збор, ама не смееш, просто не смееш да си дозволиш такво нешто кога станува збор за човечки живот.

    Кој е пред се'. На УГЦ комуникацијата е клучна работа, и тоа како имаат поента зборовите.
     
    На cresa-jagoda, senjorita-v, Цвет88 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Mia...Mia

    Mia...Mia Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    132
    Пол:
    Женски
    Што мислите, ќе има ли продолжување на вонредната состојба?
     
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.316
    Пол:
    Машки
    Да ке има,само мислам Полицискиот час ке го поместат од 21:00 часот да биде.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.905
    Допаѓања:
    14.589
    Пол:
    Женски
    И јас исто мислам.
     
    На cresa-jagoda, АнеАце и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  8. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.469
    Камс, пак не се согласувам.
    Буквално единствено решение е колективен имунитет.
    Без разлика дали ќе се отвараат институции во фази или не, дур не се изработи квалитетна вакцина сето ова е џабе. Изборот е или дома да се седи или да се живее на ризик. На нулта пациент никогаш нема да дојдеме, тоа се чисти лаги. Ниту на минимум од 1-2 на ден. Иако дојдеме, тоа ќе биде само кратко време. Сфатете дека сме во рана фаза на пандемија и ова нема да помине. Напротив, ќе цвета и расте насекаде во светот додека не мутира до степен да се самоуништи.

    Од аспект на медицинско лице те разбирам дека е тешко и сте во проблем бидејќи никако не може да се изменаџира, но да има и 150 позитивни на ден за жал мора да се продолжи да се живее и работи онолку колку што се може. Не може пандемијата да има приоритет, нехумано е и не етички.

    Освен тоа земи предвид дека до 19:00 е секој ден варварница, вирулентност lvl 1000, и ретко кој почитува социјална дистанца. Сега за некој ден и по моловите ќе почнат масовни собири и џабе мерките кога се ќе се врати на почеток. Не можеме да ја спречиме дикцијата на современиот динамички живот, дајте луѓе вразумете се. :)
    Мора да се патува со автобус, мора да се излегува, да се има интеракција и живее...

    Население ќе се разболува и умира, тоа е факт кој треба да се прифати, иако во пракса е hard to swallow. Во сите спротивни случаи ќе молиме за корка леб многу, многу скоро. На крај ќе стекнеме имунитет ама ќе живееме во беда и сиромаштија и што фајде oд таков живот?
    Владата секако ќе има резервни пари ама нема никогаш ние да ги видиме, како и досега.

    Аеродромите исто така, не може да бидат вечно затворени, кога - тогаш вирусот повторно ќе биде импортиран, и што тогаш?

    Исто така, имајте предвид дека милиони евра се во загуба авио компаниите моментално, па сте се запрашале ли како ќе патуваме во иднина, со какви герилски цени за билет?
     
    Последна измена: 15 мај 2020
    На happygirl, candy.cane, Ivan4e04 и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.085
    Здраво дечко :)
    Најпрво да ве прашам, како издржувате со маските? Во маркет сум на раб на паѓање во несвест. Надвор секако не ја носам ама таму каде е задолжително многу, многу, многу ми е тешко да издржам.

    Следно, и ова го пишувам со најдобра намера. Вие девојки, кои се уште осеќате страв и се залагате за продолжување на острите мерки, знајте дека не е толку страшно се додека самите сте одговорни и внимавате.
    Односно, ќе одите во маркет сабајле, веднаш откога ќе отворат. Тогаш е најмала гужва и најчесто единствени други купувачи се локалните бабовци и дедовци дојдени по леб и млеко.
    Ако работите, работодавецот е одговорен да ви обезбеди услови. Во спротивно, имате бројчиња на кои може да пријавите.
    Кафичите и рестораните ќе се отворат, но секако дека не мора да одите да пиете кафе, ниту пак да купувате облека кога ќе проработат и моловите. Да, луѓе ќе одат таму и ќе се мешаат со народ но вие не морате-едноставно ќе си оддржувате социјална дистанца се додека не ви стане поприфатлива ситуацијата. Сакам да кажам, вие ќе си превземете одговорност за вашето здравје, а другите ќе си тераат како што тие сметаат дека треба.

    Нешто што се надевам дека на сите ни е јасно дека голем број наши сограѓани НЕ ВЕРУВААТ!!! дека воопшто постои короната и мислат дека се тоа е еден огромен глобален заговор. Мислите дека ним ќе им прави разлика полицискиот час, мерките на претпазливост и држењето растојание? Не, зошто според нив нема вирус, нема болест, нема ништо, туку Кина, Русија, Америка, Марс тераат мајтап со нас поради икс причини. Затоа, на нас е да се заштитиме.

    Друго, и ова веќе го имам пишано, затворија кафичите и кафаните, ама дружбите си продолжија по станови и куќи. Немојте воопшто да мислите дека до разлабувањето на мерките народов во целина нешто многу-многу се потресуваше и внимаваше. Повеќето во најдобар случај си имаа по една, две другарки/ комшики со кои по дома си пиеја кафе, во најлош случај цели друштва си се собираа на пијанки. Затоа и не ми е страв кафичите што ќе отворат, зошто дружбите реално не престанаа.

    Исто, читав дека ги спомнувате луѓето кои шетаат во парк, природа, локални планини? Луѓе, два месеца бевме дома. Некој од нас живеат во станови, немаме дворче каде може да си седнеме, да се излуфтираме. Многу нормално дека ќе го користиме секој слободен момент да излеземе и да одмориме очи и душа во зеленило.

    Коронава нема да си оди, ние ќе мора да се научиме да живееме со неа.
    Чувајте се, бидете одговорни и се ќе биде во ред :)
     
    На ohlalalala, candy.cane, rainbowmama и 19 други им се допаѓа ова.
  10. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.454
    Допаѓања:
    25.104
    Една теорија е дека луѓето кои тешко го издржуваат вирусов (и дел умираат) е поради недоволен внес на витамин Д:



    Стварно мислам дека на глобално нивно недоволно се зборува околу важноста на зајакнување на имунитетот, а кај нас конретно воошто и не се зборува за тоа!
     
  11. АнеАце

    АнеАце Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    364
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Женски
    Незнам дали ова е прашање за овде но ако може некој да ми каже повеќе околу мерката 10 000 денари за невработени дали само треба да си пријавен како невработен или треба да се поднесуваат некакви документи?
     
  12. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Од кај оваа мерка? Официјално ја донесоа или само си бладаа по портали?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.454
    Допаѓања:
    25.104
    Пројде времето за едитирање, па еве вака посебно мислење.

    20200515_111440.jpg
     
    На dayla, lovestoneddd, jacqueline.s и 5 други им се допаѓа ова.
  14. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.374
    Допаѓања:
    10.524
    Пол:
    Женски
    Јас не мислам дека во темава некој пишува теории на заговор како „има полициски час да се стават 5G антени и дека корона не постои“.

    А и од каде тоа дека во странство сите почитуваат мерки? Пишуваше @vitamina за Италија колку почитувале..
    Исто така не знаеме дали секој граѓанин почитува или не, како што има кај нас непослушни има сегде, не е до државата до мајндсетот е (иако се согласувам дека можеби поголем процент непослушни има кај нас, но далеку од тоа дека сите други се послушни).
     
    На jacqueline.s и Ahoy им се допаѓа ова.
  15. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.743
    Пол:
    Женски
    Не знам дали е реторско прашање, ама и мене ми е многу мачно да се навикнам на маските. Секогаш гледам да завршам работа најбрзо што можам.
    За маркет, одам рано и често за да пазарам помалку продукти. А ако мора повеќе да испазарам, правам план што се ми треба и влегувам во поголемиве маркети каде што знам кој артикал каде се наоѓа и е климатизирано.
    Ако некоја со маска зјапа и спринта ко ненормална по рафтови во маркет, јас сум. (facepalm):D
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.333
    Така. Ама за да некој си го дозволи второво треба да зимаш плата. Здравјето е побитно од парите али немаме сите огромни бавчи и лични фарми за да не мораме да одиме до маркет.
    Не зборам за тебе, него тие што сметаат дека парите не биле битни.

    А за вакцини како и да е треба. Не велам конкретно за корона ама општо, требаат.
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  17. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.184
    Допаѓања:
    27.374
    Оти во Словенија, Малта и слични држави се намалува бројот?
    Инаку имаше синоќа бааги офтопици што сега се избришани :)
    Нема сила со која ќе ме натера да мислам дека ние сме народ со култура.
    Оди прошетај по градот и види колку се групирани, колку се со маска.
    И моево беше предлог ништо повеќе.
    За 5G антените конкретно читав на фб. Ама и тука има добри теории на заговор. Не до толку во крајности, ама има.
    Не би да ја полнам темава со офтопици и ретко сакам да пишувам пошто владее ептен тензија.
     
  18. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.454
    Допаѓања:
    25.104
    Се согласувам комплетно. Башка, поентата ми е, сега кога почнуваме да се враќаме блиску до она на што бевме навикнати, односно места се отвараат, луѓе кои не работеле со месеци, се враќаат назад на работа, или во превод, има повеќе мешање со луѓе; мораме да се фокусираме на подобрување на имунитетот најдобро што можеме. Според мене, тоа е најважното нешто во целава ситуација. Бидејќи дури и да заболиш, со добар имунитет најверојатно нема ни да го осетиш вирусот. Заболување не значи автоматски хорор искуство, а најмалку од се' смрт!
     
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Јас прва сум што ќе речам дека ние за многу работи сме назад, и сме некултурен народ, ама за ова цел свет исто се однесува. Цел свет не почитува мерки. Доста идолизирате други држави, странство па странство на секое. Накај 4 милиони заболени се движиме, од што многу се почитуваат мерките во странство изгледа
     
    На Bunny2, S.W.A.G, Mimmi39 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. АнеАце

    АнеАце Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    364
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Женски
    Ке побарам каде прочитав и ке ти кажам
     
    На cresa-jagoda и Bunny2 им се допаѓа ова.