Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.953
    Допаѓања:
    36.970
    Пол:
    Женски
    Јас денес одам на шопинг ^_^ Конечно го дочекав Ваикики, детево голо ќе почне да ми шета. А и маж :doh: Мене не ми треба гардероба, јас парите вчера на фризер ги потрошив :wasntme: (неодговорна, параспурка една)
    Читам некој многу загрижен беше за локалните дуќанчиња. Локалните дуќанчиња се за жалење, пишував мислам во темава. Немаат начин да набават роба при затворени граници и се што имаат им е ланско или зимско. Ги прошетав сите дуќанчиња низ Бисер, знам.

    А вака некој да ме слика, го тужам. Исто и со сликите на инфективна што беше. Тужба, па нека се сликаат они после. Особено за инфективна. Државата требаше сама да реагира, ама она нарачателот беше :^) Се додека сееме страв место едукација, ништо не правиме.
    На крајот едно сфатив од епидемијава. Секој е одговорен за себе. Јас ич не се секирам дали Петко или Трајко седи дома, е одговорен или не. Јас треба да сум одговорна и да се заштитам себе си. И да си го продолжам животот, со некои отстапки.

    Нема онлајн нарачка. Ниту еден од поголемиве бутици немаат. Во другите држави да, кај нас не.
     
    Последна измена: 16 мај 2020
    На Ivan4e04, DAngel, BloodElf и 12 други им се допаѓа ова.
  2. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.402
    Пол:
    Женски
    За поголемите бутици да, не сум сретнала за онлајн нарачка, ама помалите имаат онлајн и тоа повеќето бутици. Си нарачав од претходната недела некои работи, ми ги доставија до мојот град. Бутикот беше од Скопје во Лептокарија...ако сакаш да купиш онлајн можеш...
     
  3. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.953
    Допаѓања:
    36.970
    Пол:
    Женски
    Можеби, ретко користам такви услуги од локални дуќанчиња. Бројките не им се стандардни, па скоро е сигурно дека ќе утнеш, па ќе враќаш (а некои и не враќаат) па ем што ќе чекаш пак да ти стасува, туку и доставата пак си ја плаќаш. На крај ѓавол и пол ќе те фати. Од друга страна, големиве продавници имаат стандардизирани броеви, па потешко ќе утнеш број. Плус имаш опција и да ти ги вратат парите што во локални дуќани не е случај.
    Навистина голема штета е што големиве продавници кај нас немаат онлајн нарачка. Можеби сега после епидемијава ќе размислат за таа опција.
     
    На BloodElf, Mimmi39, Tan4ence и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.903
    Допаѓања:
    14.586
    Пол:
    Женски
    А сега бидејки не дозволуваат пробување алишта и во моловиве, од целава колона луѓе пола ќе се вратат да заменат нешто за 2 дена :D
     
    На P.S.love, cresa-jagoda, eli25 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.953
    Допаѓања:
    36.970
    Пол:
    Женски
    А ова па никако да го сфатам. Уште една од глупите одлуки. Само во моловите е забрането пробување? Јас бев во Ваикики Ретаил, таму мислам немаше забрана, а ни во локалните дуќанчиња. Или важи за сите продавници? Пошто глупо е само во молови да важи. Која е логиката?
     
  6. flawless_

    flawless_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2020
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Само информативно да се надоврзам, постојат онлајн страни на фејсбук (немаат бутици, си порачуваат дома) каде поголем дел од работите се стандард и нема грешки. Доколку ти треба и тоа ќе ти пишам :D
     
  7. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.402
    Пол:
    Женски
    Да и тоа е се случува, ама јас кога нарачувам еве сега дека онлајн, купувам само од таму каде знам дека ќе ми бидат и секогаш ми се точни. Од други каде не сум купувала не нарачувам. Овде си знам и до сега барем немам утка.
     
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Autopsies reveal: Coronavirus is more than a lung infection
     
  9. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.903
    Допаѓања:
    14.586
    Пол:
    Женски
    Забрана има, ама не знам дали е само за молови или сите продавници. Реално треба да е секаде, особено со децава. Разбирам дека е тешко некогаш да се одреди големина, ама не го праќам детето во градинка, а го носам во продавница да чека ред 1 саат и да пробува алишта што сите ги фаќаат... Малку нон сенс ми е. И јас купував за малата, земав со мене алишта што ја фаќаат и така споредував. И се и погодив.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.374
    Допаѓања:
    10.524
    Пол:
    Женски
    Јас ќе ви кажам дека бев во New Yorker завчера зошто сакав да си купам некои работи што ги меркам одамна, плус на попуст и да ви кажам мирно спијам навечер.

    Не сакам да купувам онлајн зошто не сакам картици да пишувам на нет, подолго се чека и не знам дали ќе ми стигне точна величина, а и карго не ми се плаќа.

    Луѓето чекаат ред зошто има ограничување колку луѓе можат да бидат внстре, воопшто нема гужва, а ако правилно си чекаат редица надвор нема ни опасност. Така корона лесно се фаќаше со редица чекање, ахам..:)

    Ваму сите напаѓате "цел живот затворени ли ќе седиме", ваку осудувате по некој што заминал во Сити Мол.
    Што фајде ако се затворам дома а секако вирусот никаде не оди, уште година и пол минимум вакцина, а до тогаш сигурно барем 70% сите ќе го прележиме, а притоа се кога ќе се отвори и ќе мора да идеме на факс/работа кој ќе не осудува тогаш? Вака или така за месец два и да сакаме нема да можеме да не се измешаме со луѓе, се додека е со маска и со држење дистанца , чекање ред поради ограничен број на луѓе во маркети, аптеки, продавници и сл. Ок е
     
    На Ivan4e04, darcy, Leviosa2503 и 8 други им се допаѓа ова.
  11. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.772
    Пол:
    Женски
    Ако една Италија одлучи на олабавување на мерките, тогаш лека полека треба да се почне со нормално функционирање и кај нас сакале-нејќеле. Многу луѓе останаа без работа и приходи за живот и попрво ќе починат од болести како резултат на стрес отколку Корона.
    @An-na Секаде во јавност немаш право на приватност. Можеш да тужиш само дома ако те сликаат или во двор.
     
  12. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.085
    @An-na, ќе те замолам кога ќе си дојдеш, да пишеш дали и во Ваикики мора облеката да се пробува дома. Зошто мене фармерки очајно ми требаат, а обично пробувам 10 за едвај едни ми се погодат како што треба.

    Ако треба од тепка да купувам, сукњи ќе носам додека не се сменат правилата околу пробување.
     
    На crimson, H.VAGA, lovestoneddd и 3 други им се допаѓа ова.
  13. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    20.576
    Пол:
    Женски
    Новинарите нека си се занимаваат со сериозни теми, истражувачко новинарсто, корисни работи, а не трач рубрика, па ќе сликаме луѓе по молови. Многу матна сликата за да биде професионално новинарски сликана.
     
    На BloodElf, Leviosa2503, lovestoneddd и 3 други им се допаѓа ова.
  14. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    Зошто мислам дека си грешка? Колку што следам на инстаграм некои бутици имаат опција за нарачка, па дури и во мојот мал град кај што има помали бутици а не се како оние по моловите периодов имаше опција за истото.
    Сега не се сеќавам баш кои бутици, моментално немам инста за да кажам за кои точно имам начекано.
    Ако грешам јас сепак мислам дека ако немаат опција за онлајн нарачка тоа им е голем пропуст, не секој може да издвои време и да шета по бутиците и да разгледува.
     
  15. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.333
    Сите онлајн немаат, аман. А и све не купуваш без да пробаш.

    Па лично ми се случило да купам нешто од око и дома пробувам тесно. Последно со прслук ми се случи. Секогаш пробувам ама сега ај се брзав и евтин беше. Бројот беше таман, на око ми изгледаше океј. Мали гради имам, ама широки рамена и испадна тесно.

    Со фармерки ист проблем. Кога одам да купувам во помали дуќани ме гледа продавачката ми вика аа ти слаба си, ми дава мал број што и мене ми се гледа таман. И пробувам - тесно во бутови зашто ми се крупни.

    И не ми се даваат 500 за гаќи на тие што даваат онлајн. Купувам од локални дуќани или пазар што не би имале онлајн.
    И једино гаќи погодувам од око

    И сега да не биде 300 оправданија имам за да шетам, такво ми е телото што морам да пробам прво за да купам и неќам за џабе да се поарчам. А обувки? Без да пробам јок. Може да е точен бројот, ама неудобна обувката.
    Чизми барав лани и носам 39, на крај испадна од тој модел што ми се бендиса да ми се точни ни 39, ни 38, туку 37.
    Другарче има ортопедски проблем со стапалото и мора да прибира какви обувки носи и мора да проба.
    А да не зборам кај дете што брзо расте и летната облека од лани сега може да му е мала.

    Така да смалете со сликањето и јадењето трици
     
    Последна измена: 16 мај 2020
    На DraganFem и Nausicaa им се допаѓа ова.
  16. DACIA

    DACIA Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2017
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    159
    Пол:
    Машки
    Од кога е полицискио денеска?
     
  17. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.764
    Допаѓања:
    21.477
    Пол:
    Женски

    Истите проблеми ги имам со секаква облека. Се дешава 20 парчиња облека да пробувам и да се разочарам од се.
    Да ти се одмили и шопинг и све со овие мерките безвезни. Така лесно од парче облека се фаќал грипот.:^)
     
    На H.VAGA, FancyGirl*, bicycle и 2 други им се допаѓа ова.
  18. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    221.746
    Пол:
    Женски
    Синоќе односно цел ден имаат советот за министри состанок. Касно синоке околу 22 ипол се донесоа одлуките што не изненасија сите односно пресвртот за италија.
    Оти, јасно беше дека не можеме веќе вака. И оти јасно беше додека другите еу држави печалат кај нас никој да не дојде.
    Државата јасно е дека е срамнета па после повуци потегни не овака ќе биде не онака не нема да дозволиме ова не нема она на гувернерите што го одбиваа за секое нешто дека било рано вчера најверојатно увиделе дека повеќе не може да се продолжи вака.

    Италија од понеделник смее да се движи слободно секој низ свој регион.
    Додека 3 тата фаза на италија или крајот на локдаунот завршува на 3 ти јуни. После 2 недели од сега.
    Се ќе фунционира, границите ќе бидат отворени за граѓани од еу, додека ќе почекаме уште 2 недели други до 15 јуни за останатите држави.
    Туризамот е пред почнување.
    Од 3 ти јуни смее да се влегува во италија без бриз без карантин без ништо.
    Слободно е .
     
    На cresa-jagoda, Ahoy, DraganFem и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Во изминатите 24 часа направени се 462 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-9, Куманово-1, Прилеп-4, Тетово-6, Велес-1 и Охрид-1. Досега во земјата се направени вкупно 21010 тестирања на ковид -19.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти.

    - Скопје 8
    - Прилеп 2
    - Струга 2
    - Велес 2
    - Гостивар 1
    - Кратово 1

    Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 171 тест е направен во рамките на скринингот од градинките. Преку ИЈЗ тестирани се 80 лица од Битола, а преку МАНУ тестирано е 91 лице од Скопје и сите се негативни.

    Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (79г), хоспитализирана како сомнителна на ковид-19 на 13 мај, а потврдена позитивна на 15 мај.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1762, бројката на оздравени пациенти е 1267, на починати е 98, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 397.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  20. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.867
    Пол:
    Женски
    Кога веќе се отворени моловите, нема што да се буниме, нормално дека ќе има луѓе. Не е во ред да се ставаат слики од рандом луѓе пред Зара.

    Денес 22 нови не е малку. Истите градови се вртат со недели.
     
    На cresa-jagoda и bicycle им се допаѓа ова.