Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    Мора еден ден да излеземе од "дувлата'.
    До недоглед неможе да оди.
    Се плашам со градинкиве како ќе биде.
    Се мислам дека тоа ќе биде новиот бран.
    Невозможно е да седи администрација дома и да зема плата.
    Нека седат дома до септември, нека бидат на 70% ..ама што во септември кога ќе мора се да влезе во нормала?
    Плус...кога ќе ги отворат границите никој неможе да ме разубеди дека нема да се оди во Грција на пример.Луѓето се збеснати дома едвај чекаат да се отвори граница, плус некои си имаат и свои приколки по кампови за кои плаќаат лежарина...ќе ги сопреш да не одат??
     
    На cresa-jagoda, Ivan4e04, P.S.love и 11 други им се допаѓа ова.
  2. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.896
    Допаѓања:
    59.625
    Пол:
    Женски
    Не ги следам редовно меркиве, па би сакала да прашам дали нешто кажаа во врска со полицискиот час за викендов?
    Ми спомнаа нешто за целосно затворено, дали има таква информација? Имам конечно закажано за стоматолог па да знам на време да презакажувам. Фала однапред
     
  3. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.284
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    Полицискиот час сега за сега останува ист. Од 19ч почнува секој ден од понеделник до недела.
     
    На lost123 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.385
    Допаѓања:
    279.186
    Пол:
    Женски
    Околу (не)стекнување на имунитет не е ни чудно да нема.Како што нема траен имунитет од сезонски грип така и од овај вирус.
    А околу собиранкиве ќе биде интересно две недели од сега.Не само ради овие вечери за Ифтар,туку за Бајрам имаат обичај да одат од куќа на куќа сите кај секого цела фамилија се посетува тие 3 дена....
    А пол час веќе никаде не се почитува.До 9 10 седат возрасни кај нас пред зграда а ноќеска во ниедно време млади галамеа .
     
    На cresa-jagoda, LejlaD, emiliana и 4 други им се допаѓа ова.
  5. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.385
    Допаѓања:
    119.623
    Пол:
    Женски
    Апсолутно ќе е џабе да има 3 дена полициски час за бајрам. Само ние дома ќе седиме, тие секако ќе одат каде што наумиле оти им се може. Гледаме како е деновиве, нема ни тогаш поразлично да е.
     
    На bibiiii, oblace1, Nausicaa и 7 други им се допаѓа ова.
  6. TrinityNeo

    TrinityNeo Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2013
    Пораки:
    464
    Допаѓања:
    835
    Пол:
    Женски
    Добро ви утро на сите
    За сите кои пристигнаа со летот од Малта за Скопје еве едно патишествие за нашето патување:
    Со пристигнување на аеродром си купивме билети на шалтерот на Air Mlta кој кошташе по 50 евра како што беше најавено за 1 куфер од 23 кг. И мала кабинска торба. За некои патници со прекорачена килажа си доплатија( овде можи некој да го сподели своето искуство).
    На аеродромот во Малта се беше во ред. ( Ако има некој друго искуството и не се согласува со моето нека сподели).
    За патници со прекорачен престој им се даде забрана за влез во ЕУ од 3 год.така наречен црн печат ( И овде би било убаво некој да сподели искуство) .
    При влегување во авионот секој патник имаше бесплатно шише вода .
    Авионот беше речиси полн со патници.
    Персоналот на Аир Малта се грижеше колку што можи за сите 145 патници. ( Бројката ја слушнав од стјуардесата која даваше извештај за патниците).
    Со каснење од 45 мин. Конечно тргнавме во 11:45
    Летот Малта - Скопје траеше 1 час и 15 мин .
    Во Скопје слетавме во 13:00 часот.
    Не поздрави полицаец кој што не извести дека треба да се излегува од авион во група по 20 патници. Така и бидна.
    На излегување од авион ни беа побарани пасошите . Сами на пистата си ги земавме куферите кои беа на транспортните возила . Си се товаривме во автобис. Имаше 7 автобуси . Секој патник седеше на две седишта , ни беше оставена ужина од смоки,корисна и вода од 33 ml.( Покасно слика).
    Ни се вратија пасошите во автобусот.
    И после 2 часа чекање во автобусите конечно тргнавме 3:15. Со полициско пратење колоната од 7 автобуси тргна.
    Се возевме без информација каде точно . Од аеродром преку Тетово ,Кичево пристигнавме 4 автобуси Охрид( хотел Климентица) 2 автобуси Струга( хотел Дрим) за 1 автобус немам инфо каде се ( ако некој знае нека пишува).
    Кога пристигнавме во 19:15 не пречека воена полиција пред хотелот. Љубезно не поздрави. Од страна на медицинско лице ни беше измерена температура и бевме анкетирани .
    Причекавме се додека да се сместиме сите .
    Во 20:35 добивме оброк кој што требаше да е ручек и вечера :) следи слика :).
    Добивме инфо дека во денешниот ден ќе дојдат волонтери на црвениот крст да ни излезат во пресрет и да ни набават потребни намирници секако сами ке си платиме што и да си нарачаме . Забрането алкохол :)
    После долгото патување кое обично би траело од 1 ипол час до два , ова карантинското траеше околу 9 часови :) .
    Конечно кревет Одмор. Одмор кој ке трае 14 денови . Што после ќе почекаме за информација :)

    Е сега и онаа друга страна...
    На шалтерот на Аир Малта во Малта се туркаа како што сме учени и покрај препораката од 2 м на владата на Малта. Па бидејќи не можеше аеродромската полиција да не нареди, повикаја полиција кој љубезно ни се обрати да се дистанцираме и не предупреди дека ќе го затвори шалтерот . Добро е што поминавме само со предупредување а можеше да не олеснат сите по 100 евра . Но не не казнија . И сме благодарни.
    На влегување и излегување во авион исто се туркавме кој побрзо да влези или да излези . Никаква култура . Предност да се даде на родители со мали деца и постари лица и тие патуваа со нас.
    Како што беше малтешката полиција љубезна така беше и нашата полиција љубезна тие само пратат инструкции и протокол како и секое вработено лице во некоја компанија.
    Која беше причината за долгото чекање на Скопскиот аеродром не добивме инфо. Само нагодувања ... ( Ако некој има инфо нека пиши)
    Не потпишавме никаква изјава. Наредено мора да се биди во државен карантин иако е против законите за човекови права . Но што е то е тука сме во 14 дневен државен карантин.
    Персоналот на хотелот, полицијата што не чува се нај коректни и љубезни.
    Храната ја добиваме на стол кој е пред врата . Персоналот на хотелот ни ја остава тропнува да не извести дека е послужени оброк.
    Е сега да се издржи и ќе помини
    By natasha
     
    На CameliaMiller, LejlaD, Spidy и 3 други им се допаѓа ова.
  7. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Денес ке се одлучува за полицискиот час?
     
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.307
    Да е до мене, ќе се воведи перманентен полициски час. Од 10 навечер, до 6 наутро.
    Убава ми е тишината ноќе :lol:
     
    На cresa-jagoda, Ivan4e04, riba79 и 10 други им се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.007
    Допаѓања:
    37.249
    Пол:
    Женски
    Има решение за ова Вајлдке, планина, никој жив нема, уживанција ;) :lol:
     
    На Biljarkata, ЕденЧлен, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.758
    Допаѓања:
    126.893
    Пол:
    Женски
    А од каде излезе ова за Бајрам дека ќе има 3 дена пол час? Има некое официјално инфо? Инаку Турција за Рамазан бајрам од 23.05 ќе има три дена полициски час. А Џамиите ќе отворат дури во петок за Џума на 29.05.
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Забрана добија затоа што седеа на црно повеќе време и мислеле дека со ситуацијава ќе се извлечат. Тоа е она што го зборувам долго време овде и никој не веруваше.Ма да секој е сам на свој ризик.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.307
    Договорено.
    Купи ми куќа :inlove:
     
    На Biljarkata и mal.ecka им се допаѓа ова.
  13. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.007
    Допаѓања:
    37.249
    Пол:
    Женски
    Чек прво кредитов да го отплатам, после ;)
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.385
    Допаѓања:
    119.623
    Пол:
    Женски
    https://www.google.com/amp/s/alsat-...%81%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%BD-%D0%BF%D0%BE/amp/
     
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.758
    Допаѓања:
    126.893
    Пол:
    Женски
    Аха.. е па ајде сега ќе билдаат бројки на заразени па да имаат оправдување. Божем некој па и ќе го почитува.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  16. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.385
    Допаѓања:
    119.623
    Пол:
    Женски
    Па тоа викам. И сега има полициски час од 19. Нив не им менува обвиосли |(
     
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.758
    Допаѓања:
    126.893
    Пол:
    Женски
    Не знам што да кажам..
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  18. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.239
    Допаѓања:
    48.602
    Пол:
    Женски
    Слично па и бетер патешествие имале и оние кои стигнаа пред некој ден од Америка, се вртеа снимки по фб.
    За пречекорувањето на дозволените 90 дена треба да се обратат до бирото за странци, без проблем го продолжуваат престојот.
     
  19. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    26.449
    Пол:
    Женски
    Ма која тишина во 2ипол сионќа, се гагалеа тинејџери по улицава :( јас не можев да спијам, све отворено дека пекол, запаѓаат од смеење
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  20. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.239
    Допаѓања:
    48.602
    Пол:
    Женски
    533 теста и нови 22 случаеви.
     
    На mal.ecka и ЕденЧлен им се допаѓа ова.