Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.434
    Пол:
    Женски
    Нови 40 заболени, 11 излечени, 1 починат.
    На здравје бричење.
     
    На cresa-jagoda, Sejfullai, Tajnaotrovna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.502
    Допаѓања:
    35.226
    Пол:
    Женски
    И фамилијата на мм(татко му и двајцата чичковци,плус баба и дедо) живееме во лепенки куќи. За Велигден освен кршењето јајца на тараси, и пиење кафе секој на своја тараса,никој кај никого не отиде. Зошто? Свесни сме дека имаме стари,критична категорија, по минимум еден член излегува на работа и се среќава со многу луѓе, плус каде беа првите случаеви.
    Најпрво за себе,за моето семејство па и за моите блиски си седев дома.

    Денес почина вујко на моја блиска особа. Од Корона. Никој од фамилијата не може да го испрати за последен пат до својот вечен дом. Заболени се цела фамилија. Дедото е Ск, бабата, вујната и една од братучетките се во градскава болница.
    Језиво и жално и тажно е сево ова,особено кога ќе дознаеш дека животот го загубил човек што си го познавал.
    Не сакам да се повтори овој кошмар пак...
     
    На cresa-jagoda, Fleur-De-Lis и zhap4e им се допаѓа ова.
  3. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.451
    Допаѓања:
    126.914
    Пол:
    Женски
    Кога имало полициски за Велигден,зошто да нема и за Бајрам?
    Кога го издржавте едниот,зошто да не го издржите и другиот,кога ете според предлогот,би бил од сабота во 19 часот,што значи помалку од оној за Велигден?
    И смешни сте со тоа „ама и вака во полициски се собираат,а полицијата не ги казнува“,не сфаќате дека без меркиве уште повеќе луѓе ќе се движат и собираат,па ќе се види уште поголема белја.Ако забележите прекршувачи,не дремете на форум,туку пријавете ги во полиција.
    Се залетавте ко СЗО да ја фалите Шведска,земја во која нема дистанца оти се запна за имунитет што го нема,која нема мерки,земја со 31.523 заболени од кои 22.721 се активни случаи,и со 3.831 починати.
    Да,да,само Балканот не чинел. :rofl::rofl::rofl:
    Не можеле господата и дамите без шетња,ко да е малце времето за шетање од 5 до 19 часот.
    Ко да ќе побегне Сити Мол,поготово Зара.Кога брига за помалите дуќани.А,се запнавте за угостителите...
    Небитно е што Зара и Пренди не патат исто.
    Ај на здравје:
    Screenshot_20200521-123015_Chrome.jpg Screenshot_20200521-123024_Chrome.jpg
     
    На cresa-jagoda, Fleur-De-Lis, JoyJoy и 2 други им се допаѓа ова.
  4. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Ке видиш после избори колкава бројка ке имаме.
    Ако Заев успее да бидат изборите во јуни.
     
    На nextredstyle, bicycle и Bunny2 им се допаѓа ова.
  5. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.434
    Пол:
    Женски
    Битно укинување на полициски час да се имало, верувам дека без него бројот дупло ќе беше, ама па што знам јас и меркиве претерани биле, луѓево пекаат да се соберат по 20 души у кафана, ајмо весело Корона чао ајде чао ајде чао чао чао.:wasntme:

    Јас не одам да гласам па што сака нека е.
     
    На cresa-jagoda, Fleur-De-Lis, Peperutce1115 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.822
    Допаѓања:
    25.534
    Пол:
    Женски
    Катастрофа и срамота.
    Срамота е со вакви бројки да излегуваат на тв со зборовите 'ситуацијата се подобрува' и со тоа да дадат зелено светло и некаков мир кај луѓево и да се олабават и се да ескалира бетер од претходно.
    Истовремено имам многу да кажам, а некако и немам коментар и сум speechless.
    Неверојатно.
     
    На Ivan4e04, Nausicaa, oblace1 и 15 други им се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Не, полицијата да си ја врши работата
    Наќе Чулев од ВМРО ДПМНЕ за кои едвај чекаш да гласаш :D
    Професори по филозофија и социологија одма предупредуваа дека полицискиот час ќе биде само казна за одговорните и никаква посебна рестрикција за неодговорните ама... Кој да слуша
     
    На Nausicaa, An-na, Mishela и 5 други им се допаѓа ова.
  8. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Мислам дека веке е касно за било што,еве да ти кажам искрено и јас сум сега за укинување на полицискиот час пошто нема фајде,само да остане она обазно носење на маски.
     
    На Lima24 и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  9. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.434
    Пол:
    Женски
    Какво лабавење бе, Италија од задоцнето реагирање дојде до тој степен, толку да се не почитувале мерки и се.

    Знаеш колку видов без маски? илјадници луѓе изминативе неколку недели.

    Ќе биде ко преживи причаче.
     
    На H.VAGA, raww, Peperutce1115 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    По бројкиве се гледа колку има ефект Полицискиот час,џабе само го форсираат кога нема ефект.Секој ден се повеќе и повеќе има заболени,наместо со мерките од Владата да опаѓа бројот,тој се качува,значи нешто смрди и тоа јако.Дали пробуваат да си бустаат бројки,за да се исполни квотата за да лапнеме паричики од Европа или е сосема нешто друго.
     
  11. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.822
    Допаѓања:
    25.534
    Пол:
    Женски

    Не им одговара сега да си бустаат бројки затоа што не им оди во прилог за да си ги одржат изборите што решиле да ги има по секоја цена.
     
    На Nausicaa, cresa-jagoda, Fleur-De-Lis и 3 други им се допаѓа ова.
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    wow, кој gaslighting, одма во кризен штаб да те стават.
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    14.788
    Пол:
    Женски
    Бројкиве сега ниту се напумпани, ниту се лажни. Можеби се само повисоки реално.
    Ама факт е дека се зголемија откако се опуштија сите, и факт е дека кога беа намалени беше резултат на седењето дома и предолгите полициски часови, ви се допаѓало тоа или не.
     
    На Annahhh, TheGoldenPeach, Ivan4e04 и 23 други им се допаѓа ова.
  14. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.434
    Пол:
    Женски
    Од новозаразените 26 се од Скопје, десетмина од Тетово и по еден од Куманово, Прилеп, Велес и Битола.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.549
    Допаѓања:
    39.531
    Пол:
    Машки
    Подобро ни беше кога тестираа по 150-200... :rofl:
     
    На Ivan4e04, cresa-jagoda, Waverly Raven и 13 други им се допаѓа ова.
  16. Tajnaotrovna

    Tajnaotrovna Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    3.133
    Допаѓања:
    33.879
    Пол:
    Женски
    Епа оти нема вирус и не постои бројкиве си растат и некако слабо на повидок да дојдеме на 0.
    Се е до народот и свеста.
    Џабе е се друго што се презема, џабе за овој народ кој ништо не почитува, лабавко си тераат без маски. Само опуштено, другите сме будали.

    Еве и Бразил си шеткаат претежно без маски, не веруваат во вирусот па стасаа до 300 000 заразени, на трето место во свет.
     
  17. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.737
    Допаѓања:
    9.263
    Пол:
    Женски
    Е доста е веќе, кога ќе заврши ова? Освен старите лица другите сите си играат курташак со маските, дури ни во маркет не ги носат, да имавме работа со ств опасен вирус досега заболена ќе беше популацијата. Во Америка една мед сестра кажуваше дека луѓето не им умираат од корона туку од небрежност. Овдека болниците не ни работат онај од Муртино запнал на избори. Нека им наложи на докторине да работат прво!
     
    На Fleur-De-Lis му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.549
    Допаѓања:
    39.531
    Пол:
    Машки
    Во изминатите 24 часа направени се 549 тестирања, а регистрирани се 40 нови случаи на ковид-19.

    - Скопје 26
    - Куманово 1
    - Прилеп 1
    - Тетово 10
    - Велес 1
    - Битола 1

    Досега во земјата се направени вкупно 23316 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 209 теста се во рамките на скринингот. Денеска е потврден 1 позитивен случај-вработен во градинка во Скопје.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти.

    - Скопје 2
    - Штип 1
    - Прилеп 4
    - Велес 2
    - Кочани 2

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во Скопје состојби почина 56 годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 12 мај.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1898, бројката на оздравени пациенти е 1378, на починати е 111, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 409.
     
    На Tajnaotrovna му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    10.478
    Пол:
    Женски
    Ајде машала, 40 нови денеска, Скопје и Тетово хаос!

    - Скопје 26
    - Куманово 1
    - Прилеп 1
    - Тетово 10
    - Велес 1
    - Битола 1
     
  20. Stache

    Stache Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Машки
    Ај да се множат