Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.865
    Пол:
    Женски
    И како ќе го укинат полицискиот после Бајрам? За 2 недели по 80 на ден ќе имаме, па уште и кафичите да ги отворат од среда ко шо се збори(facepalm)
     
    На cresa-jagoda, Tajnaotrovna, Ahoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Мислам дека и 200 нови ако имаме за 24 часа, некои поединци ќе си продолжат да го гледаат светот со розови очила. Не знам како не разбирате, дека ситуацијата ваква каква што е, воопшто не се нормализира, како вие што сакате да ја наречете, туку излегува надвор од контрола.

    За мене е поразитален фактот што два месеци седевме дома и успеавме од 60/70, а во еден момент и 100 новозаразени на дневно ниво, да ги вратиме бројките на по 7/10 новозаразени, за да потоа со првото паѓање на бројките сите се опуштат и сега пак се враќаме на 40 заболени за 24 часа.

    Рачунајте дека од овие 500 тестови, 200 се од скринингот по градинките. Процентуално сме навистина лоши. Не, ова не е само обичен вирус и ова не е нешто слично како грип. Не поминува за една недела, туку за да добиеш негативен тест треба да поминат три до четири недели.

    Срамота е ова што се случува во државата. На овие бројки, планираат избори, а студентите се оставени без било какви информации. Еден ден едно се соопштува, друг ден друго. Па наместо да организираат избори, може да организираат јунска сесија (ЕЛЕКТРОНСКИ, таму кај што може).

    И преку глава ми е веќе од муабетите наши и ваши, Албанци или Македонци, Вмро или Сдсм, па нели може барем еднаш во животот да бидиме сложни сите и да се избориме со нештото како што треба? На сите ни е во прилог да сме здрави и живи.

    Ниту полициски час, ништо нема да помогне, се додека си гледате со розови очила. Џабе е се'.
     
    На Ivan4e04, oblace1, cresa-jagoda и 19 други им се допаѓа ова.
  3. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.148
    Пол:
    Машки
    Мора да се укине, не може вечно вака да тераме. Тоа се цирка 100 иљади луѓе што може да останат без егзистенција. Бројкава е резултат на нашата недисциплина а економијата мора да се активира инаку отидовме курбан сите. Не можеш да издисциплинираш 2 милиони луѓе па макар ги држел 2 години у карантин.
     
    На Nausicaa, Ahoy, JuLleE и 7 други им се допаѓа ова.
  4. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    11.476
    Пол:
    Женски
    Уште нема дефинитивно инфо за викендов?
    Дај ако одлучуваат полициски 58 часа, бар да знаеме на време, да не правиме во сабота пред полициски гужви по маркети.
     
    На raww и happygirl им се допаѓа ова.
  5. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.506
    Допаѓања:
    113.991
    Пол:
    Женски
    Јас мислам не дома, не во подрум, туку по една скривница да си ископаме( по една за секоја фамилија нем да се мешате таму со комшии роднини, никако :!: ) бајаги под земја како во војните што беа и таму да се пикниме и никако да не излегуваме наредните 5 години. И ко ќе влезиме внатре Филипче и компанија да дојдат и со камена плоча да не затворат одозгора, за ние да не може да излгеуваме се додека препаметната СЗО не измисли вакцина (или лек, пошто тие препаметни се и за вирус лек ќе најдат :rofl: ).
    (facepalm)
     
    На BloodElf, orevokrsacka, An-na и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.884
    Допаѓања:
    13.517
    A што препорачувате вие? Вие разбирате дека многу луѓе се без работа? Според вас рестораните не треба да се отворат до септември нели? Т.е. од септември викаат нов бран, така што...Ало, некој рани фамилија од тие ресторани.
     
    На scorpias му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    10.478
    Пол:
    Женски
    Епа ондак се' се сведува на колективен имунитет, ја не знам што се мачиме :)
     
    На Среќичка му/ѝ се допаѓа ова.
  8. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.749
    Допаѓања:
    21.434
    Пол:
    Женски
    Ете колку има корист од полицискиот час.
    Нека укинат све досега, ова нема смисла да трае кога и онака нема резултат. Маски, дистанца и секој нека си биде препуштен на своја одговорност. Нема потреба повеќе од мерки кои не вродуваат со плод, а го осакатуватаат народот на други полиња. Тој шо сака да си шета и да се собира во групи, ништо нема да го спречи.
    Доста не чуваа затворени, нека не си играат поќе со нас.
     
    На Snow-Star, Bunny2, Zaljubena26 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.865
    Пол:
    Женски
    Сите сме економски погодени, буквално целиот свет. Државата треба да си го реши тоа. Социјален надоместок.

    Прават многу нелогични работи, карантин 3 дена, а после тоа се пуштено како што беше во февруари:?:

    Си играат со нас, нека пуштат се подобро би било.

    И да се отворат рестораните зарем би седнал некој да јаде увијач и плескавици :^):^) Јас не.
     
    На cresa-jagoda, Peperutce1115 и raww им се допаѓа ова.
  10. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.319
    Пол:
    Женски
    40 нови болни.
    УКИМ т.е УСС: Мора да се полага со физичко присуство, против онлајн полагања сме!!!111

    Нека се одржи сесија јунска у амфитеатар и нека има избори у јуни, бројката ќе биде огромна.
    Ова ќе биде дури добра бројка.

    Ќе биде катастрофа да има толку мешање низ ЈСП, да се полага 2ч у иста просторија и слично.
    Или па избори, толку луѓе да се испомешаат, па успат коа ќе се сретнат, кај си шо си, бош муабет, маските извадени ко по обичај на 80% од нашиот народ и така...
     
    На Moon.Girl, Ivan4e04, oblace1 и 11 други им се допаѓа ова.
  11. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.434
    Пол:
    Женски
    Џизс, треба да работат, ама пола од угостителите нема да почитуваат мерки, туку ќе собират гости, и колку што знам и периодов имаше опција за порачки, достави и слично.
    Луѓето едвај чекаат да отидат по кафичи, да се собираат.

    40 БРОЈКИ НЕ СЕ МАЛКУ БЕ ЛУЃЕ, 111 починати, секој ден бројката варира, престанете да бидете себични и мислете малку и на други, и тие заболени и тие починати се нечии деца и родители, имајте малку осет.

    Прво баравте полициски час сега не ви одговара, што не е во ред со вас?
    Како да ви се погоди? Или треба да ви се случи на ваша кожа па да сфатите дека е сериозно?
     
    На oblace1, nextredstyle, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.884
    Допаѓања:
    13.517
    Ај олабај малку. И јас го изгубив татко ми лани, така што ти за смрт немој да ми зборуваш. Полицискиов час е чиста глупост зашто и пред 19 часот се собираат по куќи ако сакаш да знаеш. И не можеме цело лето да бидеме со полициски час. И не само угостителите, туку и други работници се спречени. Еве плочкари, молери, тие мора да одат и по куќи во групи за да работат, а три месеци се дома поради ситуацијава.
     
    На Golden, gladiola37, zhap4e и 7 други им се допаѓа ова.
  13. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.779
    Допаѓања:
    53.223
    Пол:
    Женски
    И сега за викенд како ќе биде со полицискиот час?? Сите различно велат
     
  14. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    60.888
    Пол:
    Женски
    Не се само кафичите во прашање. Не дека за нив не ми е жал, меѓутоа огромен број на луѓе се афектирани од ова, музичари, актери, сите што се занимаваат со туризам, туристички агенции... Пола друштво ми се музичари, имам и такви што свират по кафичи и такви што се дипломирани пијанисти, имам и по некој актер. Ниту ќе имаат газдиве сеа пари да платат музика да им свири, ниту па ќе имаат услови сега да спремаат театарски претстави. Ништо. Угостителиве знам дека ќе се опорават, тешко, мачно, ама мислам дека ќе застанат на нозе. Не дека ќе им е лесно, ама народов пак мислам дека ќе си седи и дека со тек на време ќе успеат да се вратат во нормала. Музичариве од друга страна... Не знам како ќе се тера со нив работава.

    Ех а колку блиску бевме да излеземе од сето ова, да се стрпевме уште малку и да се издржеше Мај, ќе продолжеше таа надолна линија, сеа ќе прогласевме крај и ќе си се враќавме во нормала. Го направив муабетот со лечено - недолечено. Ќе ја повторам пак. Кога те совладува болест ти даваат антибиотик кој треба да го пиеш 7 дена. Ако го испиеш 5 и малку ти се подобри и почнеш да се понашаш како ништо да не е, може само да те повтори па пак од ново 7 дена да треба да седиш дома. И губиш 12 дена. А ако го испиеш сите 7 ги губиш само тие 7. Епа ние антибиотикот 5 дена го пиевме само.

    Многу, многу ми е жал за сите кои се најпогодени од се ова. И пак ќе речам дека веќе нема услови за тие луѓе да не работат. Не е воопшто хумано од мене да барам некој да затвори бизнис кога и онака народов се понаша несовесно. Нека отворат, барем луѓето да не пропаднат целосно. Веќе коа седат у парк у група нека седат у кафич и нека платат кафе.

    Се у гз да му ебам на тие од кои искочи вирусов и од старт не ставија обемни карантини за да не го зафати цел свет. Ама ќе се дознае се, Чернобил се дозна, така и тука ќе се открие вистината. Може не одма, ама ќе се открие. И сакам сите да одговараат кои криеле, од прв до последен. Цел свет на нозе го клекнаа, мамицата нивна.
     
    На Ivan4e04, Maslany, Nausicaa и 23 други им се допаѓа ова.
  15. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.434
    Пол:
    Женски
    А само ти имаш изгубено некој? И жал ми е за татко ти, прими сочувство.
    Се е океј, ама колку пола од тие почитуваат мерки? Пошто јас лично знам луѓе кои кои шетале додека чекале тест, кои работеле додека чекале тест што со нив? Пред два дена бев во соседниот град за контрола за протези, до ординацијата имаше кафич, вриеше од луѓе.


    Не можеме, и јас бев за да го укинат ама што ако има повеќе заразени без тоа?
     
  16. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.927
    Допаѓања:
    2.149
    Луње да бидеме реални денеска бројките се големи па и деновиве, и државата не треба да попушта.
    2 дена да биде карантин недела сигурно да има.за понеделника како одлучат.
    Кога кај нас за Велигден имаша 4 дена карантин незнам што е проблем и кај нив.
    И ние во саботата и на празникот не одевме црква седевме дома.
    Мое мислење пошто и така видовме слики дека се собираат и немаат свест треба да има полициски.
    Премногу се опушти народов и затоа се бројкиве вакви како што се.
    Али и полицијата да прави обиколки и контроли.Ако нема џабе е се.
    А и казни ако некој прекрши. За во џамија ако требада идат незнам нека одлучат.Али сум за карантин , здравјето пред се мислам е број 1.
     
  17. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Ма што е битно ако бројките идат нагоре,големо чудо,најбитно е избори дека ке има :(
     
    На Fleur-De-Lis, Cherry333, Tajnaotrovna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.865
    Пол:
    Женски
    Можно ли е бе, после изјавата на ивз дадоа и предлог само полициски да има викендов :rofl: Шутраци упм.
     
  19. Rebele

    Rebele Активен член

    Се зачлени на:
    11 април 2020
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Во Турција ќе бидат во карантин за празникот.

    Цел свет почна да живее нормално колку што се може. Ќе треба да се навикнеме на некоја нова нормала, вирусов нема да го снема за 1 месец. Ќе мора да живееме со него.
     
  20. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Па ако дошло ред ние да препорачуваме на форум, не знам зошто поединци се седнати во функционерски фотељи и два месеци спијат безгрижно, земајќи плата за тоа, а обичниот народ ќе страда. Така не се води држава и така никогаш нема да добијат поени од народот, без разлика колку и да се обидуваат да замачкуваат очи. ВМРО, СДСМ, ДУИ, ЛЕВИЦА кој и да е.

    Упорно ги зборите угостителите и како истите немале никаков приход. Ако отворат, со преполовени капациети, со поскапи цени, со по 40 заразени на ден, дали мислите дека некој НОРМАЛЕН ќе оди да пие винце и да ужива во вечерата? Зошто наместо тоа не се поддржува рестораните и гостилниците да работат по нарачка? Па како ќе платат поединци за тоа, нели се нема пари? Сите не погодува кризата.
    Инаку, се' може да се организира и за се' има начин, само треба да се размислува и да се работи во корист на народот. Па 21 ви век сме мајка му стара, ќебапчиња и плескавици можете по телефон да си нарачате, или пица или цезар салата. За угостителите, еве на пример може храната за болните во болниците тие да ја подготвуваат, па државата да му плаќа нив. Moлери, плочкари и градежници, би ги ангажирала за реновирање на болниците, таму кај што се може.

    Друго, скринингот мора да биде проширен. Во секој град има епидемиолог или инфектолог, па и да нема има други медицински лица, доктори, зошто не се мобилизираат и да се прави скрининг на неколку стотици дневно само во еден град? На ниво на Македонија, да бидат неколку илјади. Со по 500 тестови на дневно ниво, стварно ништо не правиме.

    Трето, секој поединец да биде самосвесен и одговорен, дека своите контакти треба навистина да ги сведе на минимум. Тоа не значи да бидете затворени 24/7 дома и да ве држат со полиција, туку тоа значи сами да бидете свесни дека можеби вие сте потенцијално заразни и го загрозувате животот на луѓето околу вас.
    Наместо да се секирате за угостителите, вие кои имате било какви примања сега, бидете хумани и донирајте дел за тиe што немаат! Со омраза и препукувања меѓусебни ништо нема да постигниме. Историјата има навистина прекрасни лекции за тоа.

    Наместо избори, организирајте електронска сесија за студентите. Бесмислено е, со по 40 заразени дневно, да ги терате студентите физички да присуствуваат во жариштето на Македонија. Дури тогаш, бројката нагло ќе се зголеми.
     
    На Ivan4e04, oblace1, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.